Умереност во се е моето мото. Мислам дека умереноста е најважна. Човек не треба да претерува со ништо ни со јадење ни со пиење па ни со работење или одмарање. Убаво е да си среќен ама како ке ја цениш среката ако никогаш не си бил тажен. Убаво е да имаш пари да си ги дозволиш повеќето свои желби и потреби но не да бидеш милијардер со милионите доаѓаат и милион проблеми, сите ке ти бидат пријатели од корист, децата ке ти трошат и кај треба и кај не треба, се намалува твојата вредност секој тебе те гледа во облик на милионче. Дури умереноста е најважна и за здравјето може не за општата здравствена состојба ама за одделните органи и нивните функции. Се во телото е поврзано преку метаболичките патишта претераната работа на еден орган може да му наштети на друг. Мислам дека само со умереност се постигнува благосостојба на телото и духот.
јас под најбитно несто на свет подразбирам СРЕЌА! затоа сто во среката имас се со ти треба Да појаснам, за да си потполно среќен ти треба:здравје,лубов,пари,памет, и се останато... затоа ја под срекја разбирам најбитно НЕШто на светтт
Среќата е релативна работа. И во најтешки услови треба да си ја пронајдеме или да си ја правиме сами. Не би зборела за здравје, пари или не знам што. За мене најважно е што почуствував како е да си мајка. Можеби го почуствував на потешкиот начин и не е со мене. Ама благодарна сум на животов, што сега тоа чуство ме води дека треба да се борам, да создавам, да бидам рештелна, да газам преку многу работи, за да јас и таа си бидеме пак заедно. Почуствував како е да си лавица во одредени моменти поради нејзе. Најважно е што имам свој плод, кој ме љуби најискрено на целиот свет, и која ми ги дари најубавите моменти и зборови ( мамо никој не ме гали како и ти, никој не ме бакнува како и ти, и само ти ми викаш дека сум најубава на цел свет). Доволно ми е тоа. Богата сум. Нејзино постоење- мое постоење.
Мојот свет е моето -нце. Најважна е нејзината среќа. Најубава е нејзината насмевка. Најсјајни се нејзините очи. Најтопла е нејзината прегратка. Те сакам среќиче мое најмногу, затоа што ти си мојот живот.
здравјето, среќата, близината со луѓе што ни значат, топлината на домот и неговиот мирис после секое патување, местата што ќе се видат ,пријателствата.Подршката од семејствотот , разбирањето со родителите и вистинскиот пат до љубовта..... Ако просечниот човек го има сето ова, материјалните нешта сами по себе ќе дојдат.
Покрај здравјето како број еден фактор и услов за живот,следно е мислам вербата во Господ и во сам себе.Е доколку ги имаш овие три елементи,секоја цел замислена од списокот желби,полека и постепено,несомнено,ке добие своја реализација.
Секогаш да стоиш за тоа што ќе го кажеш, значи да си имаш свое мислење и свој став. Да имаш личности за кои што се грижиш и кои што се грижат за тебе. Да имаш непријатели.
Најважно е да го имаш семејството секогаш покрај себе.Без разлика во каква ситуација се наоѓаш . Исто така и здравјето. Среќата сама по себе ќе си дојде. Ова се работи кои неможат да се купат со пари. Барем семејството неможе. Семејството е најважно.
по една приказна која ја чув денес, сватив дека дефинитвно најважно прво е ЗДРАВЈЕТО! се запрепастив од тоа колку сите само плачеме и бараме се и сешто, незадоволни сме од се и сешто, нашито изглед, кој каоков мобилен има, кој каква кола има и гардероба. Да си г зуваме здравјето и паметот од тоа нема ништо подобро. Потоа следуваат семејството и пријателите-оние виситнските. Парите се битни не викам не не се живее од љубов, но не барам милиони. Средно, да си дозволиш основни работи и барем малку задоволство. Не барам лукус. Миллионите не ја купуваат среќата со сигурност. Ми доаѓаат солзи и во моментот кога ќе помислам колку сме среќни што имаме покрив над глава, семејство, солидно здрваје и можност да студирам таму каде сакам, а некој не можат ни тоа да си го дозволат. а уште плачеме кога нема да ни дадат 500 денари повеќе за некое парче облека ова го зборам и за себе, сум го правела мн пати. сега се срамам кога гледам луѓе со какви маки и немаштии се трудат да учат из а завршат факултет, а ние-или јас се жалам на банални работи-зашто пак да е одам во солун или Шпанија на одмор. Засрами се Хипстер.
Сопствениот поглед кон себеси,вербата во способноста на твојата личност се разбира факторите кои придонесуваат кон тоа т.е најтесниот круг на луѓе кои те опкружуваат.
Споден мене најважно е здравјето... што ако имаш пари и другарки, дечковци кога немаш здрвје... здрвјето пред се.
Да си жив и здрав, да си задоволен со она што го имаш додека се стремиш кон она што го посакуваш. Да имаш разбирање со блиските, неколку блиски пријатели и човек кој го сакаш ( не само за секс, нели? ) Да се најдеш во вистинското време на вистинско место и да го искористиш моментот. Да живееш сега и овде, а не вчера и утре- јас таа мајсторија сеуште ја учам. Роди ме мајко со к`смет и фрли ме на буниште Или не?!?
Здравјето и само здравјето. Сопственото и здравјето на најблиските. Ако немаме здравје џабе ни е се на светот. Потоа следи благосостојбата во семејството и ако ги имаш овие две работи според мене може многу да се постинге. Многу се лажат луѓето кои кажуваат дека денес од љубов не се живее (потребни се само пари), искрено го жалам ова мислење. Сложни (би додала и здрави) браќа планина поместуваат
Јас дефинитивно мислам дека најважно е здравјето....НО, за да имаме здравје и да си го зачуваме, тука влијаат еден куп фактори....во какви услови живееме, дали живееме во хармонија, дали имаме добри односи со семејството, дали живееме во катастрофални услови, со кавги, расправии, во средина каде немаме мир....јас ке кажам дека тука повеќе работи се испреплетуваат и едните зависат од другите. Нели ако живееме стресно, во постојани кавги и нервози, сето тоа знае и тоа како да влијае на здравјето....исто како и многу други работи. Значи сакам да кажам, дека ако сакаме да си го зачуваме она најважното - здравјето, тогаш треба исто така да внимаваме и на уште еден куп други премногу важни работи кои влијаат на него