фамилијата,здравјето,завршување на образование.за утре другиден да знајш кој си и што си! ии љубовта да е секогаш покрај тебе
Најважна сум си јас..моето здравје и здравјето на сите луѓе што си ги сакам. Се останато е помалку важно.
пред се здравјето,пошто ако не си здрав џабе ти и пари колку сакаш имај ги ако си болен неможеш ни да бидеш среќен целосно,секогаш ќе имаш грутка некоја внатре така да здравјето за мене е нешто најважно во животот,после семејството,љубовта......
Сопствената среќа и задоволство. Здравјето, парите, љубовта, пријателите...се е тоа релативна работа која под влијание на околината и нејзините вилјанија може да се движи во позитива или негатива. Најбитно е човек да е среќен и исполнет, тоа што го прави во животот да му носи задоволство, секое утро да го започнува со насмевка и да се радува на секој нареден ден. Здравјето кажав за мене релативна работа, ако не се грижиме правилно и ако не си го посветуваме потребното внимание , не дај Боже може да се случат непосакувани работи. Пари, потполно релативна работа, денес ги имаш-утре не, и ако цел живот трчаш по нив, каква статисфакција ќе имаш освен што материјално можеш да си дозволиш многу, но што е со емотивната страна? Љубов, па љубовта умее да те усреќи многу, но може и 3 пати повеќе да те повреди. Затоа најважна е сопствената среќа која кај секоја човек ја чинат различни нешта.
Мене барем, прво и основно ми е се разбира ЗДРАВЈЕТО. Затоа што здравиот човек се може. Потоа среќата и слогата, а се останато со голем труд и истрајност доаѓа само по себе.
здравјето дефенитивно ако имаш здравје имаш се бадијала да имаш пари кога ќе си болна или како можеш да си среќна ако си болна
Најважно во животот е да си среќен, денот да ти биде исполнет со вистинско пријателство, насмевки, љубов...
Најважно во животот е да го изживееме максимум што можеме, здравјето и мирот во душата. Благо кажано, да ја сфатиме поентата на животот Џабе се другите работи ако не ја имаме сфатена поентата на живеењето.
Да, се согласувам со тебе. А мојата поента на животот е љубовта. Тебе џабе ти е и здравје ако не љубиш и ако не си љубен. Вака, па и да се случи да се разболиш, има некој покрај тебе. Најважна во животот ми е љубовта, па по неа се. Таа влече се сама. И среќа, и здравје, и пари. За мене е доволно да сакаш и да си сакан, а другото е помалку важно. Било каква да е љубовта, да ја чувствувам кон било кого, таа ми е најважна.