ам.. 1. Здравје 2. Љубов 3. Пари Здравје - живот. Љубов - смисла на животот. Пари - средство за живот.
Сте се запрашале ли некогаш што би било доколку не сте здрави? Па, дефинитивно би сакале да бидете. Така да, прво и најважно - здравје. После, среќа, пари в џеб. Не дека сум материјалист, но верувајте, неопходни се, потребни.
Порано не мислев така, но сега конечно сфатив, најважно е здравјето.Најмалку еднаш неделно, по некоја случајност, имам прилика да видам нешто што ќе ме потсети дека здравјето е најважно-луѓе што се парализирани, не можат да одат, не можат да зборуваат нормално, деца со Даунов синдром, луѓе што се слепи...Во моментот кога ќе се најдам во таква ситуација, секогаш помислувам-Што ќе беше ако и мене ми се случеше вакво нешто?Ако и јас не можев нормално да си го живеам животот? Дефинитивно здравјето е најважно.Се друго можеме да средиме, ама ако ни се наруши здравјето, ништо не може да ни помогне.До пари може да се дојде на разни начини, љубовта е насекаде околу нас, само треба да ја најдеме, а среќата, сами си ја создаваме и од нас зависи дали сме среќни или не.Затоа, чувајте си го здравјето, тоа е најскапоценото нешто, што еден ден можеби нема да го имате повеќе ако не се грижите за себе...
Според мене најважно е здравјето и семејството. за мене најважна е сетра ми, и за неа би го дала и животот
За жал на бродот титаник сите биле здрави но малку имале СРЕЌА ДА ПРЕЖИВЕАТ НЕЛИ? За мене најважни се здравјето и среќата па после се останато љубов пари семејство хармонија радост...
1.Здравје 1.Љубов 1.Среќа Сите се подеднакво важни,но сведоци и самите сме колку само невини души бараат помош-доктор во странство, болници во странство,лекувања во странство...Значи, до некоја доза и парите играат многу важна улога во животот на човекот...
Здравје! Има една многу убава изрека што секогаш ми доаѓа во памет : Здравјето е круна на главата на здравиот која само болниот ја гледа.
порано ми беше најважно да се забавувам да лудувам, ама после болеста најважно ми е здравјето нештото што секогаш најмалку му обрнуваме внимание се додека не го изгубиме и сватиме дека тоа е всушност најважно нешто, без него се друго е залудно
Највежно ми е да имам МИРЕН И СПОКОЕН ЖИВОТ,без разлика дали ќе го живеам 1 година или 100 години само да живеам мирно ......
да знаеш да го живееш животот без ограничувања и во слобода,ако тоа го нема ни здравје ни љубов ни пари не те спасуваат
Најважно во животот е за мене прво здравјето. Ако немаш здравје немаш ништо. Џабе ти се сите пари на светот ако не си здрав. Друго најважно е љубовта и среката. Да сакаш и да бидеш сакан, да си опкружен со луге кои вистински те сакаат и ценат, да знаеш што сакаш во животот, да имаш цел која ке знаеш како да ја постигнеш. Да си срекен малку треба, не многу, но сепак зависи за кого како. Најважно е да знаеш како да живееш исполнето, да бидеш срекен со она што го имаш, да ја делиш среката и тагата со лугето што ги сакаш и те сакаат.