Според мене најпотребни се: -искреност и лојалност -почит -добра комуникација и меѓусебно разбирање -доверба -баланс на двата карактера или пак надополнување -посветеност и сериозност -верност -слобода меѓу партнерите -слични интереси и гледишта кон одредени работи -трпеливост
Доверба, почит, искреност, верност, љубов, и секако, партнерите да се на исто рамниште, да се еднакво сериозни во врската.
Во основата на успешната врска има многу нешта, ама за започнување и воведување успех во врската треба само едно- искреност.
Комуникација и искреност на прво место. Лојалност. Почит. Добар секс. Овие едно без друго не одат, според мене. Што ќе ми е искрен и лојален а секс нема или е катастрофа. Или пак обратно, одличен секс а комуникација и почит нула. Во овој момент мислам дека си ги исполнуваме гореспоменатите норми меѓусебно.
Да сте на иста фреквенција, да имате исти планови и замисли за иднината, да имате цело време муабет, лојалност, доверба, искреност.
Основа за успешна врска е да се познавате доволно добро за кога ќе се погледнете да знаете точно што мисли другата страна. Доверба на високо ниво, комуникација, споделување на секој важен и неважен момент, искажување на чувства, интимен живот кој ве исполнува, љубов, разбирање, поддршка, а и конструктивна критика по потреба. Компромис, флексибилност, а понекогаш и ставање на потребите на другата страна пред вашите. Кога партнерот го гледате среќен, вие ќе бидете уште посреќни. Изгледа баш комплицирано кога е ставено на ‘хартија’, ама кога сакаш некој вистински коцките сами се редат на свое место.
Свесност оти кога човек е свесен и се осознал сам како функционира, ќе знае да процени дали може да функционира и со другата личност. Муабет може секој да ви прави и да имате добри комуникациски вештини, но што ако не ви даде поддршка кога највеќе ви треба? Довербата не се гради така лесно, не сме на пазар па ај да се испазариме.
Отворена, брутално искрена комуникација. Согласување и/или компромис. Разбирање, грижа за добробитта на партнерот и љубов. Како се чувствувате покрај партнерот. Дали ве прави да се чувствувате слободно, исполнето, задоволно, смирено?... and vice versa. Сексуална компитабилност.
Љубов, доверба, почит, разбирање, искреност, толерантност, трпение, подготвеност за компромис, отворена комуникација. Но, на прво место е љубовта, ако ја има, проблемите можат да се надминат со доволна ангажираност од двете страни.