браво за темава! Од кога си ја тупам главава да си објаснам што е љубов, но дефиниција нема! Според мене Љубовта е една комплицирана, симултана, ептем сложена комбинација на емоции,чувства, ставови, доживувања, перцепција, симпатија,емпатија...насочени кон одредена личност, предмет, појава, состојба.. Најкористениот збор на светот и најкомплицираната особина која психологијата уште ја проучува. Според мене е една низа и склоп на сите психолошки феномени и е само една состојба на умот. За мене најблиско и најпознато е дефинирањето според библијата. Љубовта е несебична, трпелива, доверлива... Љубов е давање без очекување за возврат. Љубовта е простување... Онаа најубавата, најискрена, најблагодарна, несебична, вечна е љубовта кон нашите деца. Љубовта кои тие ни ја даваат нас. И секако, исконската љубов меѓу двајца, за мене е еден флуид и размена на енергија, кога ја чувствуваш и насочуваш кон некого љубовта, иако нели 'даваш' симфонија на емоции,чувства... т.е. енергија, всушност ти самиот 'се полниш' со нова енергија. Што води до мој заклучок, дека љубовта е ЕНЕРГИЈА! А со таа енергија владееме самите ние, нејзините создавачи. Ако правилно ја насочиме ќе ја репродуцираме или спротивно ќе ја уништиме.
Љубов е кога сакаш да бидиш со некој и да го сакаш и во неговите/ нејзините најлоши моменти. Секој заслужува љубов и сака љубов, ама не секој знај да дава љубов. Буквално се, ама баш се, почнува во семејството. Семејство кое не знае да пружи љубов потекнува од родители кои нему пружале љубов, па затоа нивното дете исто така, нема да знае да пружи љубов. Не значи дека тој човек не заслужува, едноставно незнај како треба да биди добар, да сака и да прифати дека е сакан. Љубов на родител кон дете мислам дека е најчистата е најневината љубов, исто на дете кон родител, но сепак мислам дека малку спротивно е некако поголема, посигурна, подлабока. Како што родител можи да си го сака своето дете, абе ни сопругот/ сопругата на детето што ќе биди 100% посветен нема да ја постигни истата љубов која родителот ќе ја подари. Љубов кон партнерот, кога си го одбираме - мора да си го сакаме. Ако не го сакаме нема смисла да бидиме со него нели. Оваа е силна љубов зошто се решаваме еден ден да бидиме со човек на кој му сакаме многу работи и дур сме биле заедно сме маскирале или не ни пречеле некои негови карактеристики и навики или пак сега некои ќеизлезат на виделина па мора да се трпиме. Љубов кон првото дете/ девојче кое сме го сакале во градинка/ основно/ улица. Таа љубов е битна зошто од старт можи да се види каков стандард сме си поставиле за во иднина, мислам уште сега кога ќе го видам детето си прам дека од мала сум знаела шо сакам. Љубов кон животни, зошто тие стануваат дел од семејството, па за нив важи она првото како родител кон дете зошто тие се мали и во многу наврати безпомошни па ги сакаме безусловно и дефинитивно ни враќаат на истиот начин. Љубов кон храна, мислам ајде да бидиме искрени кој не е љубовител на храна нема душа. Мајтап на страна, какви што чувства најискрени и најдебели можи да предизвика храната, абе ништо. Љубов кон пријателите зошто тие се таму секаде со нас, не поттурнуваат кога сакаме да се откажиме, не бодрат и ги бодриме, некогаш сме слични некогаш сме различни и најдобрата работа е кога сме различни, но успеваме да останиме едно и заедно, со години. Мислам дека во пријателството секоја година, или барем за роденден, да си потплатуваме и да си купуваме скапи подароци зошто меѓусебно се трпиме и во најлошите наши моменти, само што тогаш не е ете задоволство, зошто би било лошо да чувствуваме задоволство да помагаме кога на некој му е лош, а уште полошо ако речам одговорност, туку ќе речам рамо за плачење и желба да помогниме кога на некој му е лошо и да направиме се во наша моќ за да усреќиме половината која и нас не прави среќна. Или третина, или четвртина. Знам дека овај дел звучи најгрешно, ама не знам како подобро да се изразам, ама ете јас секоја година на другарка ми ненајавено ѝ купвам поклон, а веќе со години не чека роденден зошто секоја помината година е со мене и чувствам дека го заслужва тоа. Љубов кон fictional ликови дали од серии, филмови или игри. Не вервам да сум сама во ова, дури сакам син само за да можам да му дам име Владимир од една од моите омилени игри. Секогаш, многу често онака мислам дека овие се најинтензивни „љубови“ кои ни се случуваат иако знаат да траат една недела, ретко повеќе. Накратко, сакајте и ќе бидите сакани.
Љубов е единствено кога е возвратена со внимание, чувства и искреност. Било да е спрема човек, куче маче, ги сакаш само ако вистински ти се радуваат лично тебе.
Ода на љубовта Кога би зборувал на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам како гонг што одѕвонува, или кимбал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера што и планини ќе преместува, ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, и да го предадам телото да ми изгори, штом љубов немам, ништо не ми користи. Љубовта е долготрпелива, љубезна, љубовта не завидува; Љубовта не се фали, не се вообразува, не е непристојна, не го бара своето, не се срди, не памети зло; Не се радува на неправда, а се радува на вистината; Се премолчува, во се верува, на се се надева, се поднесува. Љубовта никогаш не пропаѓа, а пророкувањата ќе престанат, јазиците ќе замолкнат, знаењето ќе помине. Зашто делумно знаеме и делумно пророкуваме, а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. (1 Коринтјаните 13, Библијата)
Едно нешто, е тоа што сите се залажуваат дека постои љубов од прв поглед, а за другото, љубовта е убава работа, само многу личности на глупав начин ја доживуваат и искористуваат.
Љубов е да даваш. Љубов е да дадеш, не само тоа што не ти треба, тоа е лесно да се даде, љубов е да го споделиш и она што ти е најдраго. Љубов е да си среќен, кога другиот е среќен. Љубов е желбата да направиш некој друг среќен. Љубов е една форма на надеж. Всушност, накратко, љубов е несебичност.
Што е љубовта? – накратко, коктел од хемиски соединенија во нашиот мозок – адреналин, тестостерон, естроген, допамин, окситоцин и вазопресин. Но, како и секој добар и вкусен коктел – дали тоа што му ја знаеме „тајната“, односно рецептот на подготовка, прави помалку да уживаме во неговиот вкус? Секако дека не. Cheers!
, убаво кажано од дечките. Инаку ваква тема веќе постои, таму имам дадено одговор, али еве пак ќе го напишав истото и овде. Љубов е кога сакаш некоја/некого, а незнаеш зошто. http://forum.femina.mk/threads/Љубов-е.7922/page-26
Љубов е кога некого сакаш со најмалиот свој атом, кога си спремен буквално на се за таа личност па макар и целиот свет да е свртен против тебе, кога се тресеш од самата помисла дека би можело да му се случи нешто лошо, кога и да го направи најголемото можно злодело нема да ги промени твоите чувства кон него и кога можеш без некого ама ете, едноставно не сакаш затоа што се е магично и поубаво кога сте заедно!
Љубов е кога се радуваш на секој негов успех,кога се трудите да си помагате меѓусебно,кога се поддржувате во се, кога се борите за вас заедно без разлика колку е тешка ситуацијата.....
Љубов е причината заради која се будам секое утро. Љубов е единственото нешто што ми дава натчовечка сила. Љубов е ова што го чувствувам
Љубов е кога ќе го прифатиш некој со сите негови маани и доблести, и свесно ќе го занемаруваш секој негов хир, колку и да звучи ова наивно и патетично... * Љубовта кон родителите, и браќата или сестрите е некако наметната, оти цел живот ти минал со нив, сакал - нејќел. * Љубовта кон детето е нај реална и нај пристрасна, оти е твое, и што и да стори, ти си го родил/а. * Љубовта кон милениче е најголем показател на вистинската човечка нарав, оти да можеше да ви збори кучето, и да се каравте секој ден, еве на што ќе го чувавте, па уште и ќе го сакавте. И од ова произлегува дека љубовта е уствари навикааа... Според мене де.
Некаде имав прочитано цитат од Буда, кој гласеше нешто во стилот дека ако вистински сакаш некого, нема срцето да ти чука брзо кога си крај него, да се препотуваш или да си потресен, туку ќе бидеш потполно смирен. Тоа е вистинска љубов. Мислам дека ми се има потврдено ова.
Ljubov e koga sin mi me baknuvashe i galeshe na stomakot dodeka bev bremena so kerkata . Ljubov e koga sin mi denes ja gali i gusjka sestra si , i iako i samiot e malecok , ne si dozvolil na sebe si da ja povredi , duri i nesakajki . Ljubov e koga mm mu objasnuvashe zoshto mama izgleda kako balon Ljubov e koga ke vdomis zivotince i ke se grizis za nego kako da e covek . Ljubov e koga ke pomognesh na nekoj koj e vo nevolja . Ljubovta ne se gleda , se cuvstvuva . Zatoa zatvorete oci , i pocustvuvajte ja
ЉУБОВ Е ПРОИЗВОД од добра душа и чисто срце За голема жалост на човештвото, ваков производ се уште не е направен , иако деноноќно се трага по него, се уште не сме целосно 100% задоволни ...
Љубовта е почитувањето и разбирањето кое останува и по 10 и по 20 години се до крајот на животот. Љубовта е во малите работи во една малечка честитка, во едно цвеќенце скинато од дворот. Таа е во грижењето за некој друг и во желбата за насмевка на лицата.