Едно е сакање друго е љубов. Според мене љубовта се раѓа ако физички не привлекува некоја личност, зошто ги има сите карактеристики кои ги сакаме. Уствари се заљубуваме во тоа што го сметаме за идеално. Би рекла ова е најстрашната форма на копнеж и страст, вака се раѓа љубовта. Секако дека ќе исчезне. Исчезнува кога личноста ќе си го покаже вистинското лице, уствари кога самите ќе сфатиме дека не постои нешто толку совршено, се е тоа во нашите глави. Следува и разочарување. Вистинска љубов не постои, зошто никој не може да го исполни 100 % она што очекуваме. Јас верувам само во сакање и тоа прво некој да те сака и да го сакаш како човек, а подоцна како партнер. Љубов може да чувствувам спрема домашните миленичиња, а сакање спрема сите блиски личности во животот.
љубов е давање не е љубов он кога ке направи нешто за тебе , љубов е ти кога ке направеш нешто за него
Da ve Prasam Dali Ima Razlika Pomegju Zaljubuvanje - Sakanje i od Samo Zatreskuvanje i ako da sto e razlikata ? spored mene ne e logicno da postoi ljubov sakanje bez zatreskuvanje i zatreskuvanje bez sakanje ??/
Љубовта е сκапоцен κамен κој не може да се κупи со мани мани можеш човеκ да κупиш но љубов ниκогаш љубовта е најголем даρ во животот тρеба да саκаш а и да те саκаат κаκо на пρимеρ на моето κуче или домашните миленици ја имаат нај исκρената љубов пρема нас лугето κој ги чуваме κога одам неκаде κвичκа не јаде со денови тоа е љубов исто љубов на нашите ρодители бρат сестρа љубовта е најдобρото во животот аκо е од сρце исκρена и чиста и возвρатена без ниκаκва цена
Ух.. дајте озбилно. Не сум толку романтичен како повеќето на темава. Се кажа сто пати: хормони, хемикалии итн. Видеово го имам постирано и порано ама ја погаѓа поената во центар. Иначе, да дадам еден мал допринос. За тие идеи дека љубовта не е заљубеност, љубовта не е ова, не е она. Имајте предвид дека е процес, а не е настан. Не е фиксна состојба, туку нешто што континуирано се менува. Како метаморфоза, почнува од една состојба, па преминува во друга, па трета. Ако е успешна, на крај завршува со двајца најдобри другари што од време на време се ебат, а башка како резултат на претходните фази имаат и деца и брак итн. Мислам дека може безбедно да се заклучи дека не сум претерано импресиониран од љубовта. Ама јеби га, нема боље. Барем за природно ако збориме. Кокаин е боље од окситоцин.
Можеби ова ќе биде разочарувачко за безнадежните романтичари ама она што останатите луѓе го нарекуваат ,,љубов,, е само хемиска реакција на хормони ( адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин) која се случува во мозокот, принудувајќи ги животнските видови, вклучувајќи го и човековиот вид, да се размножуваат за да останат живи на оваа планета и да го забават процесот на еволуцијата. Ништо посебно ...
Напротив, мене многу ме импресионира. Особено кога некој што отсекогаш бил ко "хемиска реакција, ништо посебно", а баш него ќе го здрма хемискава реакција најјако и полудува. Често си ги потценуваме телата.
Љубовта е безвременска димензија, бесценет процес, бескомпромисен влог насочени кон некој и нешто. Таа е се што треба да има една личност.
Јас сите работи, верувања и процеси ги согледувам на рационален начин базирани врз факти, логика и наука, а едно од нив е и љубовта која јас можам да ја сфатам единствено како систем на природата која не принудува да се размножуваме за да го продолжиме векот на постоењето на човештвото и притоа се успорува еволуцијата. Можеби ова не е од големо значење за останатите животински видови, но сепак е мошне важно за човековиот вид бидејќи homo sapiens самиот се прогласил за најинтелигентното суштество на оваа планета и секако не би сакал во скоро време некој друг вид да ги ископува и проучува неговите коски кога може да постигнува уште многу достигнувања и развој. Инаку, јас лично за себе од психолошки аспект знам и сум потполно свесна дека сум отпорна на оваа хемиска реакција од хормони бидејќи сум мизантроп, макијавелист и скоро и не чувствувам емпатија и сочувство за другите луѓе, туку сум главно фокусирана на своите животни цели и потреби. Искреноста, сепак, е вистинска доблест во денешно време ... Но претпоставувам дека луѓето само сакаат да го слушнат она во што тие веруваат.