Што е љубов?

Дискусија во 'Психологија' започната од КикиМаус, 15 јануари 2017.

  1. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога со сета почит, насмевка, отворена комуникација си се разбирате со луѓето кои ги сакате. :inlove:и си ги гушкате секој ден. Љубовта е како несогорлива свеќа.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    6.725
    Пол:
    Женски
    Љубов е да сакаш, да. Но е многу повеќе од тоа. Љубов е да минуваш и низ сите проблеми и потешкотии во една врска, без да бараш излез надвор. Било да е роднинска, пријателска или романтична врска. Љубов е да го дадеш поубавото и побогатото парче пица на твојот сакан. Да би го дала својот бубрег па и срце без размислување за да може тие да живеат.
     
    На hermosa, zemzela91, Trexane и 5 други им се допаѓа ова.
  3. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2025
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    60
    Љубов не е чувство што можеш да го измериш или опишеш со зборови. Таа е состојба на свесност тивка, но бескрајна. Се раѓа во моментот кога ќе се надминеш себеси и ќе почувствуваш некој друг како дел од својот внатрешен свет. Љубов не е само страст, ниту навика. Таа е разбирање без зборови, прифаќање без услови, и мир во присуството на другиот. Кога ја имаш, светот станува појасен, иако ништо суштински не се менува.

    Оној што ја бара дефиницијата за љубов, всушност ја ограничува.
    Затоа - оној што мисли дека ја знае дефиницијата за љубов, е само дел од микросветот на свесноста а љубовта е целината што го опфаќа сето тоа.

    Љубов не се учи, не се поседува и не се бара само се доживува а воедно и се живее.
    Таа е највисоката форма на постоење, најчистата енергија што човек може да ја почувствува.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.