Мотивирана од темата "жената штотуку породена, а мажот во кафана", мислам дека темава ќе биди интересна и сакам да слушнам што за вас претставува славење и веселба, а што не е. Пошто кон крај на темава се разви тоа прашање. Што е веселба. Што е "веселба". И од кога пишав коментар сфатив дека можи да е засебна тема. Лично, веселба и славење за мене е присуство на најблиски особи за мене кога сум среќна. Големи групи луѓе, веселби и кафани ме гушат и носат до престимулација. Едноставно не можам да ги трпам, а не па да речам дека е нешто шо ме прај среќна. Кога се работи за бебе, оти од таму ми е мотивацијата, веселба ми е да спремам мали пакетчиња со крофна, мекица, слатко, и до дома на луѓе да носам. Ова уствари во темата сфатив дека едноставно м о р а м да го напрам. Аман нека роди некоја да спремам нешто вакво. В парк на трева со пиво ми е веселење. Накратко чил атмосфера, помешана со блиски луѓе = на искрена и вистинска забава и веселба и славење за мене. За Нова Година и Божиќ спремав мали пакетчиња, кога беше корона, со божиќни колачиња, чоколадни колачиња, какао и маршмелоус и имав еден "Дедо Мраз" со маска и капа дедо мразовска шо размениваше поклони за Secret Santa и ги однесе и моите поклончиња. Та Нова Година и Божиќ останав дома, сама. Ама самиот чин дека јас ова го напрајв, го памтам поќе од било која Нова Година шо сум ја поминала низ луѓе. Од тука, ме интересира: што претставува славење за вас? Дали кафана е основ за вистинска забава? Дали сметате дека алкохол е клучен за добар повод? Нарочно темава ја одделив пошто ме интересира славење на различни и секакви пригоди.
Зависи што се слави, со кого и како сум расположена. Исто така, зависи од возраста/периодот. Едно сум мислела на 20 години, друго мислам сега 10 години покасно. На 20 години сме славеле родендени, возачки, вработувања, собрано друштво во парк со еден куп пиење и грицки. Нова Година и 1ви мај сме славеле у викендици со уште повеќе пиење и грицки и секакви музики. Сеа деценија покасно не ме привлекува тоа. Генерално не сакам кафани, гостилници, народна музика, оро, ништо во тој стил. Јас лично никогаш не би организирала славење од тој тип. Во последниве пар години преферирам: 1. собирање најблизок круг на фамилија и пријатели дома, со јадење и пиење; 2. собирање на најблизок круг на фамилија и пријатели во кафуле/ресторан, со јадење и пиење. Нека има музика, ама нешто чил. Едино друго нешто што ми се допаѓа е пример paintball или escape room за роденден, чисто да се размрдаме. Или изнајмување базен некаде, на пример. Да не биде класично седење и кркање само. Така да, сеа на 30+ години вака би рекла: Да се обележи битниот момент со собиранка на најблиски, со вкусно мезе/јадење, пиење, чил музика. Без разлика дали е дома или во некое кафуле или ресторанче. За мене не е. Јас не бирам кафана ни за обичен ручек, боље ќе седнам на пица. Ми бил клучен на 18/19/20 години. Сега не ми е, ама сакам да има опција за алкохол. Ако јас организирам прослава дома секогаш нудам алкохол на гости, па кој како си сака.
За мене славење е седење дома во тишина. Немам ништо славено со години. Кога ми беше матура, не сакав дома славење. Која е поентата да славиш нешто што секој го достигнува? Кога би завршил факултет, можеби. Ама фешти за полуматури и матури скроз ми се без врска. Исто и за родендени, меѓутоа разбирам доколку некој го гледа ко повод да си направи некоја журка, ништо лошо. Јас најчесто кога има повод, частам најблиски и тоа е тоа. Последниот роденден носев една другарка во кино, бидејќи само што излезе филм што долго го чекав. Со првите пари од фриленс, дел дадов дома да покријат нешто, бидејќи во екот на пандемијата не беше најсјајно за луѓето што имаат свој бизнис. Така да, моето славење секогаш е базирано на ситуацијата и моментот. Не гледам потреба по секоја цена да биде кафана и пијанчење.
За мене славење е собирање и пиење алкохол и музиче во позадина дали дома дали некаде. Ама не мислам сите да пиеме и тоа ми е клучно туку да има за понуда, за разлика од обично собирање или седење на кафе. Не сум баш casual drinker и затоа у глава алкохол асоцирам со некој повод. Оставам простор да се сменам, ама славење во кафана ми е океј (неколку пати годишно да отидам), ама ако славиш во диско... не можам да обеќам дека ќе дојдам. Сакам да сум тука за другите, но диско не е за мене. Сум премногу обожавател на интимни атмосфери. Тоа е што се тиче дефинирање на глаголот 'славење' и први асоцијации. Радост, веселба, одбележување на нешто, музика, храна, алкохол... Но, славење роденден (или било што) може да биде и одбележување без традиционално славење, на пример јас имам славено роденден со куглање. Се надевам бев јасна.
Пијанчење за мене не е славење, туку претерување. Јас не пијам алкохол воопшто. Кај нас се и сешто се слави. Мене пример ми паѓа смешно кога некој едвај ќе дипломира, и кани гости во ресторан како да се работи за свадба и слави дипломирање. Некој слави што завршил основно. И моминските забави не ги сакам. Се променив многу. Си сакам скромно одбележување на некој важен датум само со најблиските и толку. Кај нас славење се подразбира како обилно јадење и пиење, музика, зулуми, да има утре што да се раскажува, а дали ќе имаш утре за јадење не е битно.
Славење е за мене сѐ што подразбира дружење со луѓе по некаков повод. Не мора да е кафана. Колку веселби и прослави сум имала во двор. Ама се зависи од поводот ! -За раѓање на дете маж ми прослави во двор со пријатели и музика. -За крштевката на детето прославата беше обичен ручек во ресторан, на седење, без музика. -За роденден на детето прославата беше дома, со подготвено храна, торта и пијалок. -За матурски,дипломски и сл. сум била на прослави од различен калибар, со алкохол, со музика, некои помирни прослави во интимна атмосфера. -Исто и родендени, се славело како на вечера во ресторан, на пијачка во кафич, на журка во диско. Се е до преференциите, но и поводот. Не ми смета алкохол на прослави, па дури и да се поднапиени луѓето, убаво е се веселат (сеа не да се камен пијани и да повраќаат, да не знаат што прават, да кршат).
Прослава со мал број блиски луѓе што би вклучувала шетање и патување. Идеално, да изрентаме место со дворче, покрај езеро/море и да имаме активности преку ден за шетање и собиранка со храна, пијалоци, музика навечер. Знам дека многу сакам.
Одбележување на некој важен момент со најблиските. Не мислам дека алкохолот е ,,клучен,,.Има и други начини на славење.Сепак ова не важи за сите славења. Ако е во кафана,нормално е клучен.
А,ако те покани некој кој што не пие алкохол,или нема средства за тоа.Може те викаат на кафе или сок?
Дојдов да склопам мислење ама 100% се пронајдов во ова, би било најидеално. Најбитно ми е луѓето да ми се погодени, другото полесно се погодува после. Дури и да нема во моментот можност за многу шетање или изнајмување место, пресреќна би била и со едноставна собиранка во парк, грицки, пијачки, екс ју хитчиња.
Прослава со најблиските, најважно ми е тоа да сме добро друштво, да е убава атмосферата, да има вкусна храна/мезе и добра музика. Може да се прослави и дома, во lounge bar, кафич, повеќе преферирам вакви локации него кафански славења кога јас организирам прослава. Кафана и алкохол не ми се дефиниција за славење.
Демек повеќе вреди прослава за женење отколку дипломирање На темата, за мене славење е споделување на иста енергија или еуфорија околу одреден настан, момент во животот. Не ме интересира каде и како.
Фрлање пари во ветер ми е. Кој е поводот? Па конечно дипломирал. Свадба не би правела, регистрација со најблиски, ручек и толку. Од финансиски аспект ми е недомаќински луѓето да земаат кредити за свадба, ќе се веселат еден ден, и после стартуваат во брак со долгови, отплаќаат кредит две три години. Не сме толку богати за да славиме се и сешто, како народ мислам, не како поединец и друго не сме толку кохезивни, напротив отуѓени сме. Бев на свадба каде најмалце 30 гости не дојдоа. Да не бевме ние колегите, немаше кој да игра на оро, а фрлени пари.
Значи решил интроверт да редефинира веселба и славење по свој терк и да поистоветува со правење пакетчиња. Па дури и тема отворил -што е веселба и славење? Демек може веселба да е и моето лично чувство дури седам на кауч и се радувам за нешто. Не сакам кафани и затоа кафана за мене не е веселба и славење Ама во парк со алкохол може. Група луѓе собрани и слават за весел повод. Со или без музика, со или без алкохол. Само да не се сите во црно облечени и некакви чудни ритуали да изведуваат. Така некако и крај на смотанава тема.