Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    По ова што читам Испаѓа ние кафана што не сме направиле дека не сме се радувале.
    Не знам зошто воопшто дискутирате дека ако не слави во кафана тогаш не се радувал за бебето, пошто и темава не е тоа. Еве немам искуство како се слави во странство, па ако може форумџиките што се иселени да пишат кога нивни колешки, пријателки се породиле што се случува и како прославуваат баш ме интересира.
     
    На Anyshka, andromedae, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  2. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Секој различно. Обично таткото е со мајката за време на породувањето. Ако тоа трае со саати и тој е со неа, па после тоа е уморен нормално и ако не останува со неа во болница, оди дома одмара и пак иде. Некои се среќаваат со фамилијата, ако живеат блиску тоа, ама без прослави итаквимитиработи. Досредуваат ако треба нешто дома за бебе, јер живеат сами и свекор/свекрва & Со. не се мешаат, и се одмараат за кога ќе дојдат мајката и бебе дома да може да се грижи за двајцата. Ако родителите им живеат во исти град/исто место идат на денот кога си идат од болница да ги видат на кратко и ги оставаат да одмараат и да се навикнат на новата ситуација дома.

    Во првиот месец пристигаат подароци и картички за честитање од фамилија, работа, пријатели и/или комшии, па се спремаат картички со посебен текст за секој и слика/и од бебе (бираш онлине сам како да изгледаат и пишеш текст, па ти стигаат печатени по пошта) и се праќаат за благодарност. После месец дена се спрема пр. кошница со благо и сл. и се носи на работа кај родителите (со претходно закажан термин да бидат колку може повеќе таму од одделот твој само, не цела фирма) и се претставува бебе. (Да нема забуна, ние бевме за време на корона и колегите од двете страни носеа маски 8)). Слично без бебе се праќа и на матичен гинеколог т.е се носи на прв преглед по 6 недели. Се почастуваат и комшиите доколку сте блиски. Дома идење е ептен реткост посебно на почеток, ама се договараш надвор се среќаваш со пријатели, на кафе или прошетка да видат бебе.

    Така споделувањето на радоста за доаѓањето на нов член во семејството, со фамилијата, блиските и колегите се развлекува и "славењето" трае многу подолго :inlove:
     
    На andromedae, _beautyy_, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Бап интересно, а за која земја пиша?
    Мене така цел месец подароци и картички ми стигаа со честитки ептен интересно. Па по брза пошта или пред врата оставаа другарки, фамилија подалечна...
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Alexandrite и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Зет ми за внук ми славеше. И не гледам ништо лошо во тоа, зашто сите обврски си ги истера како треба. Беше на порагајот, остана во болница следните 2 часа (толку беше дозволено во короната). Вечерта си славеше, не во кафана, ама во изнајмена вила со машко друштво. Утредента сабајле беше нацртан во 8 во болница и пак беше и татко и маж, е сега ненаспијан он си знаеше како. Се додека е способен да си ги заврши сите обврски, нема ништо лошо ниту во славењето, ниту во алхохолот. Ем во странство ова. Мајка ми си правеше мекици дома, па ние жените си прославивме кај неа. Сестра ми беше пресреќна и постојано на камера, де со нас, де со зет ми. Се додека мажот сака да слави, и има кој да слави со него, не гледам причина зошто да се преговара за ова. Сепак за наше дете слави, а не за на комшијата
     
    На LiquidLuna и DarkStormm им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.820
    Пол:
    Женски
    Добро,ама во напишаното нема ниту прослава ниту славење,не се слави воопшто раѓање на дете?

    кошници и картички не е прослава.
    Прошетки со пријатели надвор на кафе исто така.
    :^)
     
    На baby-star, senjorita-v, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ако не е во кафана, не е славење? Не те разбирам што сакаш да кажеш Косми? Зар до таму дојде, да е задолжително кафана за да ср каже дека си се радувал, во спротивно не си се радувал и не си го прославил доаѓањето на новиот живот?
     
    На Anyshka, Celltica, andromedae и 7 други им се допаѓа ова.
  7. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Ок.

    Имаш некоја друга дефиниција за славење освен споделување на радоста со фамилија, пријатели, комшии и колеги? Јас не, така да еве да ти одговарам, не се слави раѓањето на дете во странство, затоа што се неуки што се однесува до тоа што е прослава.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.120
    Абе, за универзални вистини прашај го гугл:).
    Повеќе од 10 години сум во некое странство, еднаш сум била на прослава, јер еднаш во тој период се погоди да му се роди дете на колега со кој сме биле блиски. Се слави исто како што се слави и роденден на 80 годишен дедо, како што се слави и свадба, викаш луѓе што ти се блиски, се пие и јаде, во зависност од поводот. Немаше никаква помпа, ни се јавија, се собравме пар луѓе кои се израдувавме дека се родило бебето, испивме бар пијачки, бевме весели. Одамна беше, ама сигурна сум дека беше самата вечер откако се роди детето. Не можам да тврдам дека сите така слават, јер не ги познавам сите, нели, ама ја сфати поентата .
     
    На DarkStormm, CameliaMiller, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Нененене не можам да ја избегнам темава. :rofl:

    Screenshot_20220818-164132_TikTok.jpg
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ми се бендисва ова :inlove:
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.820
    Пол:
    Женски
    Не реков дека е задолжителна кафана,ама ова се пост породилни активности,праќање благо,корпи,поклони,картички не е славење ниту прослава.
    пиење кафе со пријатели и прошетка не е славење.
    Ако е славење тогаш по сто пати сме славеле шетајки со колицата.
    Не знам од каде сега неуки.Ете поинакви се нештата.
    Ако ви се допаѓа “славете” така.
     
    На baby-star, DarkStormm, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.120
    Толку го отупевме, и до српски инфлуенсери стигна глас, а:*:
     
    На cresa-jagoda, DarkStormm, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Прослава за раѓање на дете во МК е чинот на раздавање мекици по комшии, роднини за возврат се дава нешто благо на тој што го донел "добриот"збор за раѓањето на новиот живот и истото е традиција во наши простори, ова сега со кафаните е сега тренд. Јас ете баш на таков традиционален начин го прославив раѓањето на син ми со раздавање на мекици. Исто и за внука ми раздавав мекици дел купени дел од мене направени.
    Не можеш да кажеш не е славење уште па славење во наводници си го ставила.
    Ова моеш да го најдеш во стари народни книги низ библиотеките.
    А праќање корпи и сл не го има кај нас присутно ама си е традиција во други земји.
     
    На cresa-jagoda, Celltica, andromedae и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.820
    Пол:
    Женски
    Секој регион кај нас поинаку слави.

    Ама кафана и музика е од одамна и јас кога сум се родила татко ми славеле со жива музика во кафана.
    Како што реков посочениов пример за мене не е славење.
    Кој сака така да слави нека слави.
    Јас си сакам и музика и веселење со луѓе :rock:не кафепиење .
     
    На DarkStormm, joy1, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Така е никој не смее да наметнува ништо некому.
    Јас повлекувам граница меѓу културно славење со културна музика и пијанчење во кафана со аца лукас фазон. За мене лично тоа не е прослава...
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Screenshot_20220819-074119_Samsung Internet.jpg

    Уште тврдиш нешто на празно, а те прашав за дефиниција. Твоето е журка т.е. начин на славење.

    Можеш да се потсмеваш (ставајќи во наводници) колку сакаш за начините на славење на др. ама тоа пак зборува повеќе за тебе и за нефлексибилноста во размислувањето и прифаќањето на различности.
     
    Последна измена: 19 август 2022
    На Celltica, andromedae, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.514
    Допаѓања:
    166.113
    Пол:
    Женски
    Јас во врска со славење сакам нешто кратко да споделам. Баш ова е славење за мене:
    Активност која ми е enjoyable. Кафана не спаѓа таму. Гужва не спаѓа таму. Ме престимулира таква ситуација и ме тера да сакам да бегам. Се сем славење ми е. Не знам шо е тешко да се прифатат разлики.

    Едит. Мислам дека фалеше тема за славење и прослави.
     
    Последна измена: 19 август 2022
    На CameliaMiller и Alexandrite им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    87.820
    Пол:
    Женски
    Што ? Ми вадиш дефиниции од речник за да се докажуваш.(facepalm)
    Не знам што се расправаш,и ми натураш некаква нефлексибилност и прифаќање различности.
    Кажав за мене тоа што ти го напиша не е никаква прослава.
    Тебе ако ти е ,супер,слави си така и прифаќај различности.
     
    Последна измена: 19 август 2022
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Миле ми текна.
    Славете која-како сака, само мене не ме замарајте како да славам и да ви идам на слављата :D
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Па баш тоа е славење. Тоа што ти го опиша. Неславење е да се роди дете и фамилијата или таткото да не изреагира ама баш никако :D Као, whatever, исто како и секој ден :)

    Ни кафана, ни трубачи, немаат врска со екшуал прославата за раѓање на бебе. Точно, мекиците се. :)
     
    На Celltica, DarkStormm и Angie1432 им се допаѓа ова.