Што би направиле доколку дознаете дека едниот ваш родител го изневерил другиот? јас дознав за мајка ми и многу ми е тешко..незнам што да правам..незнам дали да му кажам на татко ми. Од една страна многу сум револтирана од неа и мислам дека тој заслужува да дознае,но пак од друга страна несакам да се разведат..ве молам помош!
што за неверството на едниот родител? Vaka mome, jas bi te sovetuval da ne se zamaras apsolutno so seksualniot zivot na tvoite roditeli. Ako tvojata majka imala seks so drug, ne e nisto narocito i tolku strasno se dodeka e nejzina mala tajna. Zatoa ne zboruvaj nisto i nemoj da,baras soveti zasto so toa ke ja izdades i ako tvojot tatko e ljubomorna licnost sto povejketo maxi se, samo ke stane pekol vo familijata. Zatoa ti zamaraj se isklucivo so tvoite problemi ili interesi. Otkajznaes, mozebi taa dolgo vreme da strada i da ne e zadovolna od seksot pa zatoa se obidela da ja ugasi zedta so drug. A ti si malo seuste za taa problematika i svajkanjata za tie raboti kaj tebe se poinakvi, ljubovta ti e posilna i ne ti se svatlivi tie raboti. Zatoa, moj sovet, ako ne sakas zivotot da si go napravis pekol, batali go toa i zaboravi. Teraj na dalje normalno i da si gi sakas i dvajcata bez ogled na nivniot seksualen zivot sto ionaka ne e tvoja rabota.
што за неверството на едниот родител? А во колкава слога живеете вие дома? Има ли караници, пискотници и сл? Ја малтретира ли таткоти на мајкати? Или можеби она разбрала дека тој ја вара па враќа со иста мера? Според мене додека не ги увидиш работите и додека не си сигурна да не преземаш ништо. Просто: претворисе цела во уво и очите нека ти бидат од 2 - 4. сега ти како сакаш... позз
што за неверството на едниот родител? па живееме во слога и тие имаат супер однос,баш и тоа ме изненади..но сепак ништо незнам за нивниот приватен живот,којзнае зошто се случило ова и дали е прв пат и на 2цата..
што за неверството на едниот родител? а како дозна ти за неверството на мајка ти? Ја фати, ти кажа некој, она ти призна??
што за неверството на едниот родител? Лоша ситуација,не можам ни да замислам како ти е.И мене ме интересира како си дознала за неверството,сигурна ли си дека е така? Јас мислам дека треба да разговараш со мајка ти и натаму ќе видеш како ќе се одвиваат работите.Сепак поубаво е вистината да е на виделина.Не знам,стварно во тешка положба си.Натерај ја мајка ти да му признае ако навистина го направила тоа.Многу полошо ќе биде ако тој дознае од други или ако примети нешто.А такви работи се дознаваат.Но стварно си сигурна дека е така?
што за неверството на едниот родител? Ја прашувам зошто од РЕКЛА КАЗАЛА, до ГЛЕДАЊЕ СО СВОИ ОЧИ има голема разлика. Вели дека дома им е хармонично, дека не се караат нејзините. Затоа е многу битен изворот на информацијата. И нормално треба најпрво да разговараш отворено со мајка ти. Ако се сомневаш во нејзиниот одговор, можеш да ја пратиш ти сама ситуацијата, подолго време како ќе се одвива. И ако мислиш дека нешто чкрипи, ќе му кажеш на татко ти! Мајка ти отсутна е често од дома? Работи некаде? се задржува ли неиспланирано некаде подоцна од кажаното. сите тие работи се многу битни. Стави си прст на глава и размисли за се ова што ти пишав. Разговорот меѓу вас две е и повеќе од неизбежен. Со среќа
што за неверството на едниот родител? и прочитав на фејсбук,се точно пишуваше..а и ми беше сомнително бидејќи кога ќе кажеше дека оди до продавница ќе ја немаше многу подолго време.. :/
што за неверството на едниот родител? Големи се, нека си прават што сакаат. Тебе нека ти даваат да јадеш, да пиеш, да спиеш, нека ти ја даваат нивната љубов, а ти за ништо да не се секираш
што за неверството на едниот родител? Ако велиш дека односот им е супер и дека нема расправии по дома,тогаш молчи си.Дали размисли дека со самото кажување на татко ти можеш домот да го претвориш во пекол.Со самото кажување или ке дојде до развод или секојдневни расправии кои можат да преминат во физичко малтретирање и сл. Тоа е нивна работа.Нивен брак.Мајка ти е возрасна жена и знае што прави.Ти молчи.Можеш да разговараш со мајка ти ако сакаш,да и кажеш дека се знаеш.Види како ке реагира,што ке ти каже...Па пиши што си направила.
Јас куќата над глава би им ја срушила. Или би се ставила во надредена положба над нив. Не би смееле ни збор да ми писнат ако не сакаат да бидат јавно посрамотени. Ама за среќа моите родители се нормални луѓе
А да не си сфатила нешто погрешно од пораките на фејсбук? Којзнае, можеби само четувале, можеби се работи само за „виртуелно неверство“. Најдобро е да бидеш 100% сигурна пред да преземеш некој чекор, било да разговараш со мајкати или такоти.
Ве молам за помош и утеха. Татко ми е на печалба во странство, живеам сама со мајка ми. Мајка ми веќе 12 години пати од депресија (како што таа тоа го нарекува), секојдневно е на антидепресиви, и секогаш во глава и се вртат црни мисли. Никогаш со неа немам правено нормален муабет, не можам ништо да и кажам бидејќи она само се лути или ќе искоментира нешто негативно. Расположението и се менува константно, една недела ми вика срце злато, друга недела или две не ми прави муабет и само ми се дере. Како и да е, пред 2 дена видов дека мајка ми си пишувала со одреден маж на социјалната мрежа. Муабетите беа како нејзе животот и бил мрак, ова она, како не можела да заспие мислела на него, до степен каде што и мобилните телефони им се разменети. Многу се изнервирав, и не знаев ни што да направам. Се соочив со неа, и кажав дека ми е срам од неа, како може она така на тато да му прави и слично. Таа ми рече да останам на страна, да не се мешам во нејзиниот брак, и сега веќе не ме ни сметала за ќерка. Ме смета за непријател со тоа што цитирам СУМ СЕ ОБИДЕЛА ДА И ГО УНИШТАМ БРАКОТ, НО НЕМАЛО ДА МИ УСПЕЕ. Јас не сфаќам како може мајка така да се одесува со ќерка. Искрено очекував дека таа ќе се извини, дека ќе направи муабет со мене, но не и мене да ме направи крива за се. За неколку дена се враќа татко ми. Не знам што му кажала, не знам дали јас да му кажам, иако знам дека јас ќе излезам виновната, и ништо чудно и од дома да ме избркаат. Ми треба совет?
Навистина да не се мешаш. Да не била мајка ти 12 години депресивна немаше така да мислам, но ситуацијата е поинаква. Можеби тој човек и не и е ништо, само некој со кој може послободно да разговара кога и така татко ти не е тука за тоа, а од друга страна може има работи од нивниот брак за кои ти поим немаш. Така што, барем за одреден период стои на страна.
Јас искрено никогаш не би му простила на кој и да е пред неколку години имавме ваков сомнеж во таткоми тој ми е идол во животот кога почнав да се сомневаме и јас и братми тотално се разочаравме од него само од помислата беше тежок период додека све да излезе на виделина за среќа испадна дека грешиме дали беше период на прекин и точка или непоткрепени докази врз основа само на сомнеж како и дае ја видов болката на мајками која замижа и на тоа и проголта све повеќе никогаш ништо не се случи ваква работа во моето семејство,во ваква ситоација не би се мешала но знај дека секогаш ваквите работи излегуваат на виделина порано или подоцна а дали ќе има развод или не зависи од двата не од тебе...
Inspired, не им се мешај во бракот и никој нема да те брка од дома заради тоа. Значи болничка е од нерви ли, од депресија ли, од осаменост ли, ако не е дијагнозирана и сама го нешто нарекува не значи дека не пати, и тоа сама без поддршка, додека маж и е во странство. Можеби од тоа што е осамена бара разговор и внимание, жив човек сака да се искаже на некој да го ислуша. Ако разговарала со некој кој ја слуша како и е, не значи веднаш дека изневерила. Тоа дека ти се издрала, наместо да те седнува на муабет, не ги земај тие зборови толку на срце во тој момент на лутина. Како очекуваш од мајка да изреагира со 25 годишна ќерка која и чепка по приватните работи?
Искрено, мислам дека правење како ништо да не се случило е најбезболна варијанта, бидејќи било што ако кажеш или направиш, нема да ги подобри, туку ќе ги вложи работите и меѓу нив и меѓу тебе и мајка ти. Сигурно и мајка ти ќе се чубствува предадено од својата ќерка ако без грам разбирање ја осудиш и ги влошиш дополнително работите.
Како прво почитувајте ја туѓата приватност.Тинејџерите се особено осетливи на вакви работи,тешко е да сфатат дека нивните родители имаат емотивен,сексуален живот,а особено кога ќе се вмеша трета личност.Но мора да се порасне и да се прифати дека во животот не е се само црно бело,да се проба да се разбере нивното однесување а не само да се осудува.И на крајот на краиштата да се држи јазикот зад заби.Сепак е тоа туѓ живот.. И мора да сфатите дека било чија емотивна врска не е директно усмерена на вас лично и дека родителот може да ве сака без обзир на тоа кого сака во емотивна смисла или со кого е во љубовна врска. Јас пак ќе си кажам дека е многу поважна причината поради која се случило неверството отколку самото неверство.За причината одговорни се двајцата родители а за неверството само еден. Мама и тато се само луѓе нели.А човекот само по себе е најлесно кварлива роба.Само е важно како и колку добро е чуван. Не го оправдувам неверството,не осудувам, само се обидувам да бидам реална.Заземањето на еден став и линчување не помага многу.