1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што знаете за луѓето родени под хороскопски знак вага?

Дискусија во 'Канта' започната од irenina, 17 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. irenina

    irenina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Дечко ми е вага, а јас лав.... има комбинација :lol:
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Имаш и на фемина општи карактеристики на хороскопски знаци, незнам дали си видела :)

    Вага - нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребно им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-кола или Пепси, толку се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат само ако сте финансиско истакнати. Подраги им се 1000 убави лаги, отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето па дури и кога се лажат сами себе !!!

    Таа е женствена, елегантна и неодоливо слатка. Нејзиниот заносен чекор, говор и нејзината интелигенција Ве оставија без здив. Во меѓувреме забележавте дека не можете да дојдете до збор? Во состојба е со часови да води расправи и дебати околу неважни работи за да реши дали утре ќе одите на театар или на концерт? Спремете се, со таквите нејзини „тешки одлуки” ќе се соочувате секој ден.

    Жената Вага има вродена потреба да води расправи и секое свое мислење да го представува на дипломатски начин. Поставете и најобично прашање и таа ќе биде во состојба два дена да дава аргументи за и против. Таа сака долги разговори и дискусии , па често ќе се расфрла со своите паметни заклучоци и кога не е време за нив. Вагата е родена да биде политичар и нема да и биде потребно Вашето охрабрување за да започне да ги споредува своите два става, така воедно ќе Ви го покаже и својот талент за реторика и за дебата . Темите нормално имаат доста широк опсег, од тоа какви треба да бидат реверите на вашето сако, до тоа дали сепак треба да го промените работното место. Во исто време додека нејзиниот глас Ви одѕвонува во главата, ќе бидете заслепени од нејзината женственост и можно е да нема да бидете во состојба да и противречите. Во едно треба да бидете сигурни, секогаш бидете во право, затоа што никој како неа на така прецизен и логичен начин не доаѓа до заклучок.

    Нејзината склоност за водење расправи е во суштина нејзината потреба да донесува исправни и праведни одлуки . Таа ќе биде Ваш идеален советник, доколку, нормално, Вашето машко его може да го поднесе фактот дека Вашата поубава половина секогаш знае најдобро. Можеби со огромна брзина ќе Ви ги троши парите, но знајте дека поженствена и поелегантна од неа нема. Нејзиниот шарм , нејзината насмевка, нејзиниот од, па дури и нејзините двочасовни монолози, се оличение на исконската женственост која една жена може да ја поседува во себе. Вашата Вага како Ваша супруга ќе Ве следи во сите Ваши активности, родена е за тимска работа, па и Вашата брачна заедница е партнерство и ќе бидете во се еднакви. Секогаш спремна на компромис, оваа жена само ќе сака да Ве усреќи и да ги тргне сите можни пречки кои може да Ви се појават на патот. Благодарение на Вашата драга со истанчен вкус, куќата ќе Ви изгледа како во списание за дизајн. Како и таа самата, Вашиот животен простор ќе биде исполнет со свежина и елеганција; тоа ќе биде совршен склад од бои, облици, украси и внимателно одбрано цвеќе. Вашите деца ќе бидат уредни и добро воспитани, како и секоја мајка ќе им даде посебно место во своето срце, но она што е карактеристично за жената Вага е дека никогаш нема да им дозволи да и го украдат делот во куќата кој само нејзе и припаѓа. За неа улогата на жена и мајка е нешто на што гледа како на најважна животна улога и немојте ни да се сомневате дека ке ја одигра перфектно.

    Во Вагата ќе најдете нежна дама која ќе се носи како права принцеза, но воедно и вредна и праведна жена за која сезоната на политички избори ќе биде идеално време за усовршување на нејзините реторички и аналитички способности. Во некои моменти тоа сигурно може да Ве замара, но малку и вреди да ги истрпите таквите ситуации, затоа што во Вашиот идеален дом, со Вашите идеални, слатки и воспитани деца имате и една совршена, женствена и стопроцентно наклонета жена Вага .

    Клучни зборови: женствена, елегантна, жена, Вага, аргументи, дискусии, реторика, дебата, праведни одлуки, шарм, праведна

    Се надевам ќе ти послужи :) , јас сум вага и скоро во сите карактеристики се пронајдов :lol:
    ОД НЕГАТИВНИТЕ ОСОБИНИ НАЈМНОГУ СИ ГИ МРАЗАМ ГОРДОСТА, ИНАЕТОТ И ТОА ШТО СИ ГИ ФОРСИРАМ СВОИТЕ МИСЛЕЊА :$
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.