Што значи да си НОРМАЛЕН во денешно време?

Discussion in 'Психологија' started by Snow-Queen, Apr 25, 2012.

  1. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Joined:
    Nov 15, 2011
    Messages:
    307
    Likes Received:
    81
    да си нормален во денешно време е стааарно мнооогу тешка задача......и мн тешко можеш да се справиш со целото ова лудило кое владее.....ако сме искрени сите длабоко во нас мислиме дека сме нормални...но стварно нормални личности има многу ретко за жал....
     
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2010
    Messages:
    1,018
    Likes Received:
    152
    а што е нормално ? Нели има разлика од ненормален во стил на психички болен и тие ненормални што не се совпаѓаат во непишаните стандарди на ова заостанато општество. Мислам дека е доволно да не се облекуваш нормално за да те направат ненормален. Такво ни е општеството таков ни е менталитетот и мислам дека никој не треба да се труди да биде нормален, сите треба да сме свои такви какви што сме и да бидеме прифатени како такви
     
  3. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    352
    Likes Received:
    633
    Нормален значи како другите. Тоа е просекот, како луѓето постапуваат во денешно време
    се гледа како нормално.

    Значи, се менува од година во година.

    Да си нормален значи да си во согласност со останатите од општеството.

    На пример, ако не носиш јакна во зима на снег, сите други мислат дека си ненормална. А и други да не носеа јакни во зима на снег, значи не само ти, тоа ќе беше нормално. Тогаш ќе беше сеедно а општеството што правиш ти бидејки има и различни луѓе, кои се како тебе.

    Се надевам дека се изјаснив.
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,404
    Ако си живееш баш онака како тебе ти се допаѓа,а да не се замараш кој и како мисли за тебе.
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Во денешно време за да си НОРМАЛЕН значи да си различен од сите останати ;) :rofl: :rofl:
     
  6. Elichka

    Elichka Популарен член

    Joined:
    May 4, 2012
    Messages:
    248
    Likes Received:
    545
    Gender:
    Female
    Е баш си аут тогаш, и во очите на другите си баш ненормален.
    Да не бидам оф топик, дефиницијата за нормален човек се менува со текот на времето. А и различните луѓе имаат различна дефиниција за нормалност, така да, тешко да бидеш нормален за сите. :|
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    763
    Likes Received:
    653
    Зависи од животната средина, околината која те опркужува. Аоко се дружиш со наркомани, а не се дрогираш - во нивните очи си ненормален. Ако се дружиш со алкохоличари, а ти не пиеш - исто.
    Нормална, во основа, означува просечена жена, комуникативна, има Фејсбук, работи и заработува, се облекува според некои наши стереотипи...блаблабла.
    Секој си е нормално-ненормален на свој начин, индивидуи сме, различни, и затоа нема никој да даде точна дефиниција на нормалноста.
     
    meow22 likes this.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Нормално е се‘ она што не е опфатено и категоризирано како некое растројство или девијантност, според тоа како науката ги дефинира овие поими...

    Иако, онака низ муабет, нема шанси да се постават обрасци за тоа што е нормално, нема од каде да се тргне и што да се земе репер, еве најелементарно каква само различност би се добила со целна група од различни возрасти или од различна локација.

    Инаку, како еден од најдобрите показатели кој ја мери нормалноста е нашата грижа на совест, доколку е мирна, значи во права насока е движењето, а кога човек е во мир со себеси, се ‘друго бледнее...
     
    Lilliana likes this.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    Се прашувам дали останале нормални?
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    5,573
    Likes Received:
    6,699
    Да си нормален значи да се однесуваш по некои стандарди кои се општо прифатени од поголема група на луѓе.
    Нормалното е многу, многу релативна работа... Тоа општо прифатеното во денешно време е многу лошо. Ужасни работи се сметаат за добри.
     
    luvena likes this.
  11. luvena

    luvena Истакнат член

    Joined:
    Mar 3, 2012
    Messages:
    161
    Likes Received:
    138
    Така е. Се поместува границата за тоа што е нормално. Се повеќе неморални работи кои порано се сметале за ненормални сега се нормални и обратно.Уште ако ви кажам дека сум верник...па што се за мене е ненормално. Па уште ако ви кажам дека пред една недела една колешка најдобронамерно ми рече дека сум наивна и се занесувам да ги ценам лугето според добрината, не требало, туку ми посочи од кои има моментално корист, иако едната не ја поднесува и тие и се другарки и јас така да правам. Епа навистина ми е се преку глава. Остана ли човек негде...ИМА ЛИ НОРМАЛНИ ЛУЃЕ ДЕНЕС?
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    615
    Likes Received:
    342
    Да имаш јаки живци :wasntme: за да ги трпиш сите будали околу тебе :D
     
    Chelsea likes this.
  13. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Joined:
    Jun 4, 2012
    Messages:
    390
    Likes Received:
    951
    Хм тешко е да си нормален на времево.. денес.. ако 2 пати те видат пијан АЛКОХОЛИЧАР си.. ако те видат со цигар,пафкач си,ако седиш во парк навечер НАРКОМАН си... ако седиш во парк навечер со машко се дуп*иш....Ич не се замарам живеам како што сакам.. секој има различни замисли што за него претставува да се биде нормален.Воглавно за мене е тоа човек со чесна работа,на којшто му е грижа за своето семјство,ги сака и почитува,има пријатели..премногу совршено за Македонија али нема везе .. ]:)
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    За жал општеството и средината не ни се нормални во денешно време,па и ние според нив сме шушурушу :lol:.Со оглед на тоа се трудам да не подпаднам целосно под влијание на тоа и да се однесувам во границите на нормалата колку толку. За сите луѓе различно е да си нормален,за некое тоа што јас го правам не е нормално или обратно.Во секој случај како шо ми налага ситуацијата така и се однесувам кон луѓето и за мене во овој извртен свет ништо повеќе не е чудно и се ми е нормално.
     
  15. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Joined:
    Apr 29, 2012
    Messages:
    69
    Likes Received:
    11
    Да си нормален во денешно време , значи да можеш да го фатиш колосекот на животот, да си во тек со се, даа прифаќаш нови изуми, начини, да биидиш мнозинството од луѓе, да припаѓаш на мнозинството кои се однесуваат така :)
     
  16. someone2

    someone2 Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2012
    Messages:
    168
    Likes Received:
    58
    според мене нормален значи да живееш во тек на времето :)
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2012
    Messages:
    654
    Likes Received:
    1,275
    Според мене реалноста е релативна и сите луѓе си имаат различни дефениции за тоа што е нормално.
    Нормален, според мнозинството си ако се придржуваш до етичките норми и се држиш до наметнатата моралност. Велам, наметната, бидејќи уште како мали слушаме дека убиствта, силувања, кражби и слични работи се лоши, со што всушност нас ни се наметнува да ја гледаме реалноста како што ни е прикажувана.
    Да тргнеме од самите себе. Ние сите го гледаме светот од само една гледна точка. Тоа ти е исто како читање книга раскажувана во прво лице. Не знаеме ништо повеќе од оние заклучоци до кои сами доаѓаме. Ретко кој човек може објективно да гледа на некоја работа. Како најпрост пример еве да земеме една караница. Значи секој од учесниците мисли дека има право што всушност покажува колку сите ние различно гледаме на реалноста. Според мене нема добри и лоши постапки, туку неутрални. Помагањето на човек и наштетувањето на човек се само постапки, но не само во денешно време, туку и од поодамна се создало некоја свест кај луѓето една од овие постапки да ја класифицираат како добра, една како лоша. Ако еден човек е пораснат со животно тој ќе се однесува како животно. Ќе мисли дека е во ред да убива други суштества за да преживее, што всушност докажува дека овој морал не е вграден во нас со самото раѓање, туку ние сме „присилени“ да размислуваме на овој начин опкружени со свет кој гледа вака на работите.
    Значи ако е нормално да го правиме она што другите го прават, ненормално би било да одиме контра овој начин на живот. Убиствата и другите неморални постапки строго се казнуваат и луѓето кои прават такви работи се најстрого казнети и сметани за ненормални. Всушност, тие си се сосема нормални во нивната реалност која ние не можеме да ја согледаме, бидејќи како што напоменав погоре, еден човек ретко може да гледа објективно на ситуација која се одразува врз неговите емоции, а особено ако е спротивна на неговата идеја за она што е нормално.
    Човекот пред се, успеал да стигне до овој стадиум на размислување бидејќи е најнапредно суштество за кое ние сме свесни благодарејќи на нашите одлично развиени умови. Верувам во овие „наметнати“ вредности и никогаш не би одела против нив, но за жал има многу болести кои еден човек можат да го оддалечат од општоприфатената дефиниција за нормално и да го натераат да изврши монструозни дела самиот убеден дека тоа што го прави е во ред.
    Од тука би заклучила дека нашата идеја за нормално е последица на постапките слушање, учење, читање и мислење. Уште еднаш ќе напоменам благодарејќи на нашите развиени умови, за разлика од животните кои се што прават е следење на инстинктот за преживување, ние имаме една голема предност - да размислуваме со што можеме сами (со одредено влијание на повеќе фактори како медија, родители, книги, образование) да дојдеме до јасни сознанија за што е нормално или добро, а што ненормално или лошо. :)
    Или уште попрецизно - ненормално е сето она што е спротивно од реалноста во која ние самите живееме.
     
  18. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Joined:
    Jan 23, 2012
    Messages:
    216
    Likes Received:
    220
    Незнам што значи да си нормален зошто и јас сум ненормална! xaxaax
    ( паа вистина како што имам забележано поголем дел од луѓево што се нормални изгледаат како ненормални )
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Да си нормален значи да го приспособиш животот според планот за живеење што го налага општеството, т.е. колективот околу тебе. Да живееш нормално треба да ги правиш работите што ги прават сите околу тебе на идентичен или барем на сличен начин, еден вид copy-paste, со што нема да дојде на воочливо отскокнување на човекот од останатите. Секој што право нешто поразлично, уникатно и ново не спаѓа во оваа група.
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,751
    Likes Received:
    6,766
    Се согласувам до некаде со постот на Секси. Треба да се облекуваш како што се облекуваат другите, како што налага модата во моментот инаку не си нормален и не можеш да се дружиш со фаците од градот. :!: Да слушаш музика која е т.н radio-friendly, која сите ја слушаат, тоа ти се добро познатите (пролазни) хитчиња кои сите сакале или неќеле ги слушаме секаде околу нас, на телевизија, по кафичи, клубови и слично. Не смееш да се осмелиш да направиш нешто ново, смело и уникатно, да се облечеш и да слушаш музика по твој вкус - зашто ќе бидеш етикетиран како фрик од страна на општетството.
    Пожелно е да си една мала овчичка, која се слејува со толпата.
    Ама па, како што изминува времево поместени се границите на тоа што е нормално. Тоа што порано било ненормално, сега е уствари - нормално.
    Имам сретнато мислења од луѓе што се облекуваат (и пак ќе употребам благ збор!) како курвичиња и богами се однесуваат како такви, не разликуваат морал од неморал, и понатака да не навлегувам во тоа што прават а што не прават, сите знаеме мислам, е според нив сето тоа е нормално.
    И за нив, секој што размислува поинаку од нив, позатворен е, има поконзервативни мислења е ненормален, тапа, неизживеан и така натаму, и така натаму.

    Абе у ова време, овој поим е ништо друго освен релативна работа..
     
    Lilliana likes this.