1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи да си НОРМАЛЕН во денешно време?

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Значи да правиш тоа што ќе ти го кажат другите! :D
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мене во денешно време не ми е јасно што е да си нормален! (Знам темата е и за тоа наменета, ама мене не ми е јасно)!! :D
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.989
    Допаѓања:
    166.686
    Пол:
    Женски
    Никој не може да напраи граница меѓу нормалното и ненормалното..денес. Има мал милион работи шо за некои се нормални а за други не. Се сложувам дека доброто воспитување и грижата на совест е до негде некој си репер за нормалност, но, шо за некој е добро воспитување за други е само просечно, но не и добро. Јас имам грижа на совест и кога ќе убијам пајаче на ѕид, а некој ќе убие кутре (да не речам па и човек) па мирно ќе спие навечер... дискутабилно е.. но, оваква дискусија би се водела вечно :D

    Колку и да се обидуваш да живееш во границите на она шо за тебе ќе е нормално, секогаш ќе постои некој кој ќе посочи кон тебе и ќе ти рече дека не си нормален! Факт!
     
    На Serafima и julie77 им се допаѓа ова.
  4. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Знам што е да си ненормален-иако во денешно време ако си ненормален те сметаат за нормален но ако си нормален те сметаат за ненормален.Но на прашањето што е да бидеш нормален тешко да се одговори бидејќи денес тоа е редок вид на човек во изумирање.
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Да си нормален е да размислуваш, да се однесуваш и да бидеш како најголемот дел од луѓето. Да бидеш копија.
    П.С Не сум баш „нормална“( според мојата дефиниција).
     
    На something.nice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    дааа... ;)
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Луд е оној човек чијашто лудост не се совпаѓа со лудоста на останатите!-Оскар Вајлд
    А нормален..значи спротивно,да се однесуваш во согласност со однесувањето на останатите..
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Тешко прашање кое си бара комплициран одговор, толку комплициран што можеш да се заплеткаш самиот во него и на крај да останеш без него.
    НОРМАЛНОСТА е релативна работа.
    Може за некој е нормално да шета со чорап на глава, не знам :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Нема универзална дефиниција за нормално исто како што нема универзална дефиниција за совршенство. Е сега, совршенството се дефинира индивидуално, додека нормалното може да се однесува и на една индивидуа и на една заедница.
    Во нашето поднебје, на пример, под нормално детство се подразбира дете кое е навидум послушно и добро воспитано, кое во моментот кога неговите родители ќе го свртат погледот ќе те истриже, ќе те полее со зејтин и ќе ти фрли пердуви, и кога неговите родители ќе го искараат ќе се расплаче толку силно што целата сага ќе заврши со купување на АјФон 5ка за да се смири детето.
    Под нормална индивидуа се подразбира индивидуа која посветува оскудно време на учење и себедоградување, на 16 години вади партиска книшка, лепи плакати до кај 24, и на 24 кога ќе заврши факултет, најчесто со врски, се вработува преку партија...или преку роднински врски. Друга верзија каде што факултетот не е вклучен, има обезбедено место во државна администрација или е во Авганистан. Таа индивидуа доколку е машко има девојка симпатизер на неговата партија која не е умствено многу стабилна ниту пак нешто особено способна и редовно оди на маникир во рандом маалско козметичко студио, девојка со која има врска која трае од 7мо одделение каде владее верна и изузетна љубов, освен секако периодот од 10ти јуни до 1ви септември, посебно ескалира во „сезона“ од 10ти јули до 1ви август, кога едниот од двајцата заминува на летување со друштвото. Но, сето тоа е занемарливо, бидејќи потоа двојката оди на втор одмор на крај на август или почеток на септември, кој е романтичен и интимен. Мажјакот како вистински алфа мажјак, редовно се истура на кафански певаљки, каде неговата понежна половина се обидува да му го одвлече вниманието од цицките на артистката што во моментот ги забавува, најчесто неуспешно заради што момакот најчесто мора да потроши минимум 500 денари на извинување. На свадбата се чука у груди на некоја од многуте патриотски песни, и сето тоа завршува со мало античко Македонче кое доаѓа 3 месеци по свадбата и е опишано малку погоре.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Мене едно ме интерсира а каде тоа пишува што е нормално а што не е?
    Некаде е запишано и дефинирано и кој тоа си земал за право да го дефинира и разграничи нормалното од ненормалното?

    Толку субјективна работа ми е тоа и ме неривира кога некој си зема за право да коментира како нешто не било нормално.

    Има за некои работи кои можеме голем дел да се согласиме дека не се нормални и дека луѓе при здрав разум не го прават тоа(инцест, некрофилија и тн.) но за некои работи ми е едноставно нон сенс да коментирам дека не се нормални зашто јас така не правам или не го мислам тоа.
    Зборот се злупотребува и погрешно употребува според мене.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1covek

    1covek Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Чиста нула за одговорот, тоа не е вистина.

    Од кога да си нормален значи да си ист како некој друг?

    Да си нормален значи да си добар, да го почитуваш човекот, да му пружиш помош некому кога таа е неопходна, да знаеш да се радуваш на туѓата среќа, да знаеш да усреќиш некој кога за тоа нема потреба.

    Да се биде нормален, значи да бидеш добар. А ако некој од вас се прашува или уште подобро ако некој го праша „Што ќе добиеш ако бидеш добар?“, одговорете со ништо, а потоа прашајте го истиот тој човек „А што ќе добиеш ти ако бидеш злобен?“
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Девојчето убаво си кажа, да си нормален е да си како другите, значи да пцуеш, вреѓаш, да си идиот и се останато што е денес нормално...

    Ако си добар, поштен, фин, тогаш си ненормален.

    За жал така е денеска. И ретки се добрите луѓе, а уште поретки се оние кои ги ценат нив.
     
    На Sara123, ivona48 и QueenElena им се допаѓа ова.
  13. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Да си заостанат, со сфаќања од 16 век сеуште :!: , да исполнуваш некому желби, да немаш свое сопствно ЈАС (бидејќи очигледно ќе те направат сите тешко ретардиран) и слично.Не знам, ете премногу се изместени границите, на наше поднебје, тука, морам да нагласам, македонско,балканско which is sad actually...Како понормални да се индиските серии отколку ете некои понапредни цивилизации...

    Мене искрено ми е жал за таквите со ограничена перцепција, колку и да сакаш да ги смениш, не можеш.Се трудиш од нив да направиш човек, да ги промениш, ноо, не иде. :|

    А за тоа што би значело да си НОРМАЛЕН во денешно време,немам идеја, секој си дава свое размислување, хаос е! Некој ако би се одвојувал од толпата, би размислувал инаку,па можам слободно да кажам атентат би му извршила простата маса. :puke: :( Да не беше тажно ќе беше трагично... :worried:
     
  14. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Нема дефиниција за тоа, по какви и правила да се водиш за некого повторно ќе бидеш НЕНОРМАЛЕН. :D
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не се согласувам.
     
  16. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Нормален си ако бидеш единствен, со единствено размислување од останатите. Не си нормален ако одиш секаде каде што одат другите како овца во стадо. :toivo:
    Не велам дека народот не е нормален, но што е тешко да се биде еден и единствен? Замислете, сите ние да сме единствени, со посебни идеи, колку би биле понапредни. :hai:
     
  17. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    А што значи да не си нормален? Во кој смисла?
    Другар ми не е нормален, бидејки од сите нас најбрзо ги решаваше задачите и имаше натросечен IQ.
    А сите ние останати бевме нормални.
     
    На Sara123, Hipica и london-girl им се допаѓа ова.
  18. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    ^Баш така-тоа е дефиниција за не-нормален :^)
     
  19. ivona48

    ivona48 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Зборот "НОРМАЛЕН" занчи да се однесуваш според правилата кои ги одредило општеството.
    А на денешно време ако немаш Фејсбук не те сметаат за НОРМАЛЕН ЧОВЕК!
    Не е нормално да си нормален во овој ненормален свет!
     
  20. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Да си нормален значи
    1.Да не учиш многу
    2.Да не се грижиш дали ќе бидеш запишан на час
    3.Да не се секираш ако немаш домашна
    4.Да кисниш секоја вечер по дикотеки
    5.Да носиш штикли на 15 години, 20ка
    6.До 15 години секако ама секако по секоја цена да се имаш смувано
    7.Да бидеш шмизла во училиште
    8.Да ставаш 300 кг пудра,кармин,шминка за во школо
    9.Да носиш отворени деколтеа на училиште
    10.Да ги оговараш,навредуваш и понижуваш другите ако не го правиш ова не си нормален
    11.Да не ги слушаш родителите(ова е тинејџерство ќе ни простеле немало гајле :^) )
    СЕТО ОВА ВО НАВОДНИЦИ
    значи ако не ги правиш следниве работи не си нормален а ако ги правиш нормален си!!!!!!!!!!! :devil: :swear: :x