1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи да си НОРМАЛЕН во денешно време?

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    се е психа денеска. нормален по мое си е чоек со свој став свое мислење кое не е заосновано врз то што мислат другите за некоја работа, па и ние ајде така.
    биди свој и прави како што мислиш дека е најдобро :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Тоа што ти го сметаш за „нормално“ би можело да биде точно само ако повеќето луѓе се добри. А јас не мислам дека повеќето луѓе се добри.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Ќе ставам некои текстови кои ги имам пишувано во врска со ова, каде што давам мислење.
    Што значи да си Нормален.
    Постојано одиме наоколку и гледаме тажни лица со лажна насмевка на нив. Секој вели дека нивниот живот е перфектен и вели дека не сака да му се мешате, а упорно гледа да ве вовлечи во неговите/нејзините проблеми.
    Кога детето оди на училиште не гледа кој професор повеќе го учи, од кој повеќе зема знаење, но кој повеќе му пишува повисоки оценки па дури и на крајот ако од 1 прескокнат на 5, најомразениот професор ќе стани омилен. Колку „убаво“. Воопшто не велам дека е лошо да се менува мислење, но засновано врз вакви вакти е просто апсурдно.
    На работа промоција добиваат тие кои се поблиски до шефот, а тие со напорна работа добиваат проекти и остануваат поттурнати.
    Тинејџерите пак се посебна приказна, нив не им треба причина да бидат тажни или среќни, пасивни или активни, нив се` што им треба е љубов. Се обидуваат да се пронајдат себеси, а притоа губат работи по патот до успехот и се обезхрабруваат. Многу од нив паѓаат на провокации и слаби и уништени посегнуваат по жилетот без борба вејеќи „ВИЕ НЕ ЗНАЕТЕ КАКО МИ Е МЕНЕ“, но верувај, можеби не сме поминале низ истото, можеби сме поминале, како ти знаеш?
    Не дај Боже да сте поразлични … Ќе ве осудуваат како едни од „најдобрите“ судии во светот, а што е поразлично освен твојата реалност со нивната? Што значи да си нормален? Некогаш се прашувам кога ќе речат „таа не е нормална“ или “ТИ не си нормална …“ дали тие мислат дека јас сум просек и дали нормалноста е во суштина просекот и секој кој е над или под таа просечна граница „не е нормален“?
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/2013/08/10/неперфектната-јас-што-значи-да-си-норм/
    Мојата реалност е само поразлична од твојата.
    Девојчињата на моја возраст повеќе се грижат за тоа како изгледаат него за тоа како се однесуваат. Ќе споменам посебно за едно девојче со кое извесен период се дружевме. На секој збор кој јас ќе до додаев таа велеше: „Не си нормална“ и тогаш почнав да се прашувам „Што значи да си нормален?“.
    Искрено и вие би почнале да се прашувате доколку на секои две минутиве прашуваат дали сте нормални, а што лошо кажував јас? Дека сакам сакам да почни учебната година (во ред тоа … ) и не го вадев Хари Потер и Доктор Ху од уста, но зошто тоа е толку чудно за луѓето кои ме опкружуваат? Што има НЕНОРМАЛНО тука? Супермоќно? Што е ненормално ако речам дека ја сакам НАРНИА?!
    Тогаш, како што и напишав во „Што значи да си нормален“ како еден вид на заклучок е дека во суштина да си нормален е да си просек, а се под и над просекот е „ненормално“ и тоа према мене е апсурдно. Запомнете, да си просек е додевно.
    Многу на моја возраст имам забележано кога ќе кажат „Јас сум поразличен“, а тоа го велат за да се чувствуваат специјално, но тоа е вистина, СИТЕ сме различни и сосем НОРМАЛНИ, зар не?
    Голем дел од тие на моја возраст, во лудите години, пробуваат да се сменат и да станат како остатокот само за да имаат пријатели и да бидат прифатени од околината, зборувам зошто лично сум поминала низ тој период, но место тоа треба само да се пронајдат себеси и да се грижат повеќе за себе него што другите мислат за нив.
    Има некои кои повеќе се грижат да бидат убаво облечени, а не се грижат за карактерот заборавајќи дека убавината ќе се уништи при првиот збор кој ќе го изговорат. Тоа е нивната реалност, но не и мојата, мојата реалност е поразлична од вашата, а вашата е поразлична од мојата. Сите на работите гледаме сосем различно, специфично и поклопување на мислења е само некоја интересна случајност на природата.
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress ... 08/10/322/
    to put it in a nutshell, сметам дека зборот „нормален“ се зема многу грешно, како на пример кога ќе речи некоја „Еј не ми замервај, не сум нормална“, а искрено не сфаќа што навитина значи тој збор.
    Како што рече професорката по психологија „И ние луѓето место да мислиме и да се разбираме меѓу себе, тие со кои имаме заеднички јазик ги викаме нормални, а тие што се малку поразлични - ненормални“
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Да си нормален во денешно време значи да си НЕНОРМАЛЕН хахахах, кратко и јасно :rofl: :rofl:
     
    На Sara123 и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Што значи да си нормален ? - Не знам
    Има ли некој нормален? - Сигурно
    Дали сум нормална? Ма јок :D :D
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Да си нормален во денешново време и општество е реткост, особено во Македонија.
    И секоја чест на таквите луѓе кои и покрај тоа што живееме во изместено време, остануваат на своето ЈАС.

    За мене нормален e тој/таа што:

    1. Не го вади телефонот да се чекира каде и да стигне или да направи селфи.
    2. Не живее за другите.
    3. Цврсто стои зад своите размислувања и ставови без разлика на туѓите осудувања.
    4. Не глуми лудило.
    5. Тој/таа што НЕ поминале со пола Скопје или пошироко.
    6. Не се обидува да се вклопи некаде или да биде ист како другите.
    7. Не го потценува пишаниот збор и книгата.
     
    Последна измена: 29 јануари 2018
    На hermosa, Vitaly, Luciferovog zlo♧ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    Да останеш доследен на себе и вистинските вредности не паѓајќи под влијание на никој и ништо.
     
    На BabyStyle и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  8. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Да сваќаш се нормално, да се понашаш нормално и да се понашаш како сите луѓе
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Очигледно е дека јас не сум нормален за да разберам некои работи и постапки.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш, можеби другите не се нормални. :D
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Не знам до што е работата, ама очигледно во погрешно време сум се родил.
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Самата перцепција во врска со"нормалноста" без разлика дали е во периодот додека постоиме на планетава или во било кое време е навистина апсурдна според мене.

    Нормалноста е ништо друго освен една обична илузија.

    Кога станува збор за луѓето, овој "стандард" е само креиран од страна на општетсвото и е засекогаш минлив.
    Луѓето само се обидуваат да се вклопат во оваа дефиниција поради страв дека нема ќе бидат посакувани во општеството бидејќи човекот по неговата природа е социјално, а не самостојно суштество.

    Во оние моменти кога луѓето не се обидувааат да се вклопат, кога се слободни да го манифестираат своето вистинско себе, тие се многу поразлични а ова докажува една многу важна работа која очигледно не сите можат да ја сфатат : сите сме премногу различни за да се ставиме во една категорија.

    Можеби во општеството луѓето имаат прифатени одредени однесувања кои со текот на времето станале многу чести во поглед на нивното применување, но тоа не би го дефинирала баш како "нормално" само поради простиот факт дека оние луѓе кои не ги применуваат прифатените однесување, се прикажани и се перцепирани во негативно светло од страна на останатите.
    Многу е погрешно мислењето овие луѓе да се сметаат за "ненормални/абнормални".
    А со самото ова настанува само уште една бесмислена причина луѓето да се поделуваат помеѓу себе, кога во реалноста сите ми се исти.

    Причината поради која нормалноста ја сфаќам како илузија е поради тоа што таа не ги гледа луѓето како што навистина се, односно како посебни индивидуи.

    Нормалноста е слепа кон различноста, кон разликите.
    Наместо да се прифати дека секој човек е различен, таа се обидува да ги стави луѓето во една иста група, што само по себе е премногу нејасно и круто од основата што може да се примени на луѓето.

    И сигурна сум дека никој не сака човештвото да се претвори во едно огромно стадо овци со испран мозок кое нема сопствено јас... (иако јас мислам дека ова веќе е остварено во пракса)
     
    На lovestonedd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.576
    Пол:
    Женски
    What is normal for the spider is chaos for the fly.
     
    На SnowWhite8, ELIDavor и Luminary им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Свесно да повредуваш некого-тоа е едноствено нешто што не е нормално, останатите постапки и однесувања за некој се нормални, за некој не, што воопшто не е битно
     
    Последна измена: 11 март 2018
    На Gosh, SnowWhite8, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    8499870333_7c8786d6dc.jpg
     
    На Amellie13, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да веруваш дека Земјата е топка.
     
    На Tan4ence, Amellie13, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Да немаш доверба скоро во никој. Во денешно време секој си го гледа интересот и кога најмалку се надеваш би ти забил нож во грб.
     
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.258
    Да се жалиш као демек само ти си кутар и повреден, па со тоа и нормален.
    Аман веќе пораснете, ми ја потековте веќе со тоа цркање како никој не чини, само вас некој ве заебува.

    Фмп.
     
    На Avery, Srckata28, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Да си нормален значи да си останеш доследен на себе во средина каде што ќе се издвојуваш од другите и ќе бидеш несфатливо третериран со тенденција да бидеш дежурен виновник.
     
    На RAF Camora и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не можам баш да опишувам со зборови, но лесно по фаца се забележува кој е нормален, а на кого му се одвртени шрафовите, евентуално после две реченици муабет.