Значи да си човек кој не потпаѓа под влијанието на всеопштите хистерии на било која тема, во било која насока... значи дека си го приметил оној goupthink кој прави и умни луѓе да се однесуваат доста неумно, да не речам ретардирано. Нормалното го диктира мнозинството,а мнозинството денес, не промовира и демонстрира многу нормалност. Па, честито нормални, ви сте посебни, спешл сноуфлејк која, ја би ја љубела и грлила и пазела.
Да си ја гледаш работата, да ги оставиш луѓето да живеат со сите свои карактеристики со кои се создадени и начин на живот што никого не навредува или повредува, и да ги почитуваш како такви. Да веруваш во логичното вистинито за кое некој многу попаметен од тебе пред години и векови го посветил животот да го направи очигледно и разбирливо - а не во секакви небулози од рандом луѓе што решиле да се снимаат на интернет со нешто контроверзно за да привлечат внимание и да се сметаат за „просветлувачи“, а тие што идат по нивниот памет - за посебни и независни умови. Ако ме праша некој да одговорам без сарказам, е ова би било нешто најблиску... Ма да и тоа не е баш до (не)нормалност, туку до квалитет на личноста, информираност и интелигенција.
Нормалните не се лутат и мрморат против се и секого,не се мешаат секаде,не се издигнуваат, не осудуваат,,не презираат,не омаловажуваат,не потценуваат,не се тврдоглави се,нормалните не хулат на луѓето и на Бог.Нормалните љубат,почитуваат,опростуваат,имаат во себе многу љубов,трпение,смирение,знаат дека не се совршени и безгрешни,но се трудат секој ден да прават добри дела,злото го мразат,а го сакаат човекот што прави зло и посакуваат да се покае и да ја спознае љубовта за да биде радосен а не гневен...
Според мене отсекогаш нормално било она што го прават сите. Проблемот е што она што за сите било нормално пред 20, 50, 100 години и сега не е исто.
Не знам више такви Сите околу мене се мрднати на свој начин. Прво јас не сум таква, за да зборам кој е нормален кој не. Не знам, нормална особа ми е особа со приземно понашање, воспитана, одмерена, особа шо знае шо сака во животот, што знае како да разговара, што ги почитува другите и се грижи за нив.