1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што и правите на старата облека?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Barbie-mwa, 11 декември 2010.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Што и правите на старата облека откако ќе ја износите, ќе и измине модата или ќе ви стане мала? Дали ја давате во хуманитарни цели, на некој помал, ја фрлате или пак од неа правите нешто ново.
    Јас не сум многу креативна :D , па облеката или ја давам на помалата сестра или на братучетките, а нешто и фрлам во ѓубре.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ни јас не сум креативна.
    Во глобала тешко се одвојувам од старата гардароба. Имам едни омилени фармерки кои знам дека нема шанси да ослабнам 7 кг како во средно што бев (анорексично) за да ги носам, ама сепак не ги фрлам бе! :$
    Друга стара гардароба точна што ми е и убавка си ја чувам зашто модата се враќа, а и стално комбинирам постари парчиња гардароба со понови.

    А нешто ептен старо го подарувам. Прехлани дадов во црвен крст, лани на едни братучетки на кои им требаше помош навистина, а годинава еве стои полна кесата ама сеуште не сум ја однела. Во глобала 1 големка кеса полнам со стари алишта.
     
    На bebencetto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Обично облеката ја износувам максимално, зошто со сестра ми си менуваме СЕ, па така дупло износени се работите :D а сите знаеме каков квалитет се денес алиштата кои ги купуваме, после 10 перења неможеш да пронајдеш сличност со првобитниот изглед на парчето облека. Порано кога растев малите алишта ги носеше помалата сестра и потоа се употребуваа како стари крпи за бришење прашина. Сега зошто веќе не ги одрастувам алиштата, ги износувам за сите пари. Тоа не значи дека носам излитени или стари партали, но додека е носиво парчето гледам да го искомбинирам најдобро што знам и умеам. Имам во плакар можеби една четвртина алишта кои им поминала модата, а не се за фрлање па си ги чувам, се се врти и модата исто така :D Неколку пати имам дадено во црвен крст облека, но тоа беше одамна уште во основно кога правевме акции и 1-2 во средно школо. Значи најголемиот дел од старата облека се користи за бришење прашина по дома :)
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    He e :)
    Тоа е облека која сте ја сакале па ви минал меракот.
    Ние овде зборуваме за старата облека.
     
  6. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    повеќето ги берам во кеси и ги носам кај баба ми и таа или им ги дава на некој, или и служат за бришење на паркетот , или ги фрла, а некои си ги чувам, и да знам дека никогаш нема да ги облечам не ги давам ]:) па жал ми е со нив да си го бриши баба паркетот или да ги фрли
     
  7. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Старата облека која е добра за носење и ја давам на другарка ми која не може да си дозволи често нова облека,а тоа што е веќе ептен износено или крпа за прашина или во корпата на моето куче да си се топли :D или во ѓубре,два пати имам дадено и во домот за деца...има многу организации каде што може да донирате облека...ако веќе немате на кого да му ја дадете.
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас ја собирам во големи кеси и кога одиме кај баба ми на гости ја носам и ја оставам таму. Понекогаш братучедите кога ке отидат кај баба си ја носат, а исто така и си прави баба ми крпчиња :lol: Никогаш до сега не сум донирала, ама можеби и тоа ќе го направам :)
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Стара облека имам дадено во домот за деца без родители,едноставно несакам да ја фрлам,туку сакам да ја дадам некому кому му е потребна.Тоа е нешто што најчесто правам со старата облека :) постојат многу хуманитарни организации за вакви цели, поради таа причина која што ја спомнав претходно,сметам дека и на старата облека може да и се најде соодветна намена,отколку да се фрли.
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.533
    Пол:
    Женски
    Жал ми е облека , па и обувки да ги фрлам. Долго време ги чувам по дома, а после ги давам на едно девојче, кое нема никакви услови за живот. Многу често алиштата кои сум и ги дала неа ги носат и нејзините братчиња, па уште толку ми е жал. Само ако нешто се искинало, а не може да се закрпи, го користиме како крпи, па го фрламе.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    старата облека ја чувам во еден плакат..НЕ МИСЛАМ ДА ЈА ФРЛАМ можеби пак ќе ми чинат а можеби и не :)
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мајками си бриши прозори со нив или ги дава на едни комшивчиња помали од мене. Кога ке ги видам си играат на улица тетки со мојот фустан од полуматура :rofl: Исто имам и доста зачувана облека и обувки, и мене ми е кај баба ми.
     
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Секоја година одвојуваме околу 3 големи црни пластични кеси со стара облека. Здрава секако, само што ми е мала или не ми стои убаво, фамилијарно го правиме тоа кога ќе треба да се оддели зимска и летна облека. Па како волонтер на Црвениот Крст, се разбира дека дел ќе однесам таму, во Даре Џамбаз, а дел им го оставам на помалите братучетчиња и комшичиња на кои што им треба, или...татко ми ги носи кај некои луѓе кои што имаат потреба, затоа што таква му е работата, и се среќава со разни луѓе па знае на кои им треба...Чизмички, облека, било што.. :(. Некои па што ептен ми се приврзани за срце ги оставам, и што ми се таман и сакам и можам да ги носам. :)
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ја чувам, со надеж дека некогаш ќе се врати модата |( Колку очајно.
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Тоа што и се допаѓа и го давам на сестра ми а останатото во пакет и на таван. :)
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Мајка ми познава едно семејтво, пријатели ни се, маж и жена кои имаат мислам 4-5 деца, а по сиромашни се, и сета моја износена/мала облека им ја даваме нив :) а претежно облеката не ми е оштетена и слично,обично прекинувам со носење поради тоа што ми е мала или веке не ми се свига т.е купувам нова облека па мора да има место за неа..а фамилијата е срцка..и така :) :)
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.833
    Пол:
    Женски
    Па тоа што ми е смалено и го давам на братучеда ми помала е од мене, а некои работи ги чувам па се враќа модава можи ќе ми се најди некогаш грев ми да ги фрлам ;(
     
  18. Angiie

    Angiie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    50
    Јас од фармерките правам бермуди или шорцеви (односно мајка ми).
    А старите блузи ги сечам позади (кај грбот) и многу убаво излегува.
    Еве линк:
    http://www.youtube.com/watch?v=DtEoqwS5urc
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Старата облека ја давам на мајка ми да си брише прашина со нејзе.
    Не може нешто што сум го убила од носење да го чувам да му се врати модата, нема шанси !!
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Поголемиот дел ми заврши пред некоја година во една хуманитарна акција.
    Не сум ја носела, ниту ќе ја носев,само место ми зафаќаше.
    Другата го чека среќниот ден да биде и таа транспортирана натаму.
    Жал ми е да ја фрлам в ѓубре,кога некој може да ја носи.
     
    На LittlePinky и Angelche им се допаѓа ова.