1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога блиска личност ќе се обиде да се самоубие?

Дискусија во 'Психологија' започната од JoxyTheFreak, 20 мај 2012.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ја отварам темава за да побарам помош и ваши ставови.
    Пред 3-4 месеци,една личност која ми е многу блиска и ја знам 13 години посегна по својот живот...
    Причината е благо кажано за мене-банална.
    Кавга во семејството.
    Имам многу пати присуствувано на некои од нивните расправии,и верувајте тоа се нормални несогласувања и спротивни ставови.
    Татко му му префрлил за некоја ситница,и тој испил 5-6 таблетки.
    За ова до ден денес знам само јас. И навистина се плашам.
    Што ако пак се случи истото и посегне по животот?
    Кој ќе биде виновен за тоа?
    Дали треба да му кажам на неговите родители и да се надевам дека ќе му помогнат? :|

    Можеби навистина звучи безсмислено причинава за самоубиство,но нема да изгледа банално ако се случеше нешто полошо...

    Долго се мислам дали да ја отворам темава поради тоа што многу членови ме познаваат овде,ама се одлучив да побарам помош.

    Ако темава е несоодветна,треба да се спои или заклучи,извинување од мене до модераторите.
     
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Значи ако стварно ти е многу близок другар пробај да го разубедиш, давај му причини за кои вреди да се живее, кажи му дека и во твојот дом има расправии (дури и да нема).
    Од друга страна ако не сте толку блиски иако се знаете 13 години може некои работи што му се случуваат дома ги крие од тебе и од сите околу него.
     
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Џокси најдобриот совет што јас можам да ти го понудам, доколку не си го направил ова досега, е да разговараш веднаш, но не со родителите, туку со него. Можеби звучи детски, но нема нешто што не се решава со разговор. Седнете, кажи му како се чувствуваш, дека после таа случка се плашиш за неговиот живот и за тоа што тој би можел (не)свесно да си го направи. Кажи му дека една обична кавга не е причината за неговиот живот да згасни. Нека ја почувствува твојата поддршка. Доколку не дејствува ни ова, најдобро решение е да му кажеш на неговите родители. Тие ќе знаат што би било најдобро.
    Се надевам дека на крај се ќе излезе добро! :hug:
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам дека ако е дојдено до таа мера да посегне по сопсвениот живот, за нешто како банална расправа, мислам дека му треба професионална помош, ниту ти ниту родителите не можете конкретно да му помогнете. Јас верувам дека тие дома со него разговараат, па дури и ти пријателите.
    знам сите сметаат дека срамота, според мене баш напротив, имам дригарче, колега кој на 21 година има сериозен преоблем со себе си, и посетува психијатар. Не е луд, фала богу, но е многу осетлива личност кој има голем проблем со себе си, и верувај ми дома има прекрасни родители кои неможат никаок да му помогнат да излезе од таа депресија.
    И е многу побро, иаку немал никогаш такви обиди и мисли, но сепак имаше голем проблем, кој успеава да го реши со разговор и стручна помош.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека ти како негов другар треба да го убедиш дека расправиите во секое семејство ги има и се сосема нормална работа. Натерај го да зборува за тоа да се исповеди, можеби има нешто повеке за кое не сака да каже. :)
     
  6. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Мислам дека треба да им кажеш и на неговите дома,
    Ако се навистина се обични расправии,ам баш поради тоа може ќе се смират,нема пред него да избувнуваат.
    Може па детето е во пубертет,нека се потрудат неговите да помине тој период
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Детето е во пубертет и за него тие што ние ги нарекуваме ситни домашни проблеми, што во неговиот случај можеби и не се ситни, за него се огромни.
    Јас мислам дека треба да разговараш но неговите родители и се да им објасниш зошто кој пробал да се самоубие еднаш голема веројатноста дека ќе проба и втор пат и во тоај случај што ако не се спаси? Цел живот на душа ли ќе го носиш?
    Одкако ќе разговараш со неговите родители тие се оние кои што треба да разговараат со него и дури и да побараат стручна помош што е и пожелно.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    за секој човек неговиот проблем најголем и нерешлив,но за да не дојде по посигање на сопствениот живот семејството треба да биде покрај него,депресијата во која ќе навлезе човек тогаш треба да му се помогне,да му се покаже на лицето дека не е сам/а дека нема потреба од страв и дека се е решливо проблемот не се решава со самоубиство,а што ако остане тој/таа жив со трјни последици,кои секако ќе ѓи има тогаш што се решило ништо само семејството игра голема улога со љубовта која ќе му ја даде,ако нема успех тогаш има стручни лица за таа проблематика
     
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Кога некој ќе проба да се самоубие со таблети или со сечење вени, сака да покаже на другите да обрнат внимание на него. Посебно децата во пубертет кои живеат во семејства чии родители постојано се караат. Значи немој да се грижиш, едноставно разговарај со него и пружи му подршка и внимание, ќе видиш дека се ќе биде во ред :)
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    -Мислам дека тоа е било момент на слабост и нема потреба од толку голема грижа. И јас еднаш се најдов во таква ситуација. Се скарав со моите дома, се скарав со дечко ми и преку глава ми беше испив 5-6 таблетки б-6 апчиња. Ништо не ми се случи и им кажав на другарките за тоа смеејќи се затоа што тоа беше голема глупост. Тоа беше момент на слабост и не размислував што правам. За среќа не ми се случи ништо и веќе не ни помислувам да направам нешто слично. Мислам дека нема потреба да се грижиш. Ако има проблеми другар ти најдобро зборувај со него отворено, посоветувај го како другар, мислам дека ќе е доволно.
     
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Не е ниту глупост, ситница или момент на слабост. Сите имаме моменти кога потклекнуваме пред проблемите, но не по цена на својот живот. Боли кога ќе видиш дека најблискиот другар сакал да си стори такво нешто. :(
    Прво зборувај отворено со него, можеби не е така како што изгледа. Навидум банална караница, но има некои работи што не ги знаеш и што го навеле на тој чекор. Ако не помогне тоа, следен чекор е психијатар. Без негово знаење, секако. И на крај мораш да кажеш на родителот, па макар тоа да е последната работа што си ја направил за него.
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.082
    ^ Б6 5-6 таблетки и 5-6 таблетки лексилиум или дијазепам не се исто.
    Се согласувам дека може да е момент на слабост, сепак и пубертетот си го прави своето.
    Ако понатаму не пројавува вакви претензии и се врати колку толку во нормала не гледам потреба од стучна помош.
    Голем дел од младите имаат бурен пубертет. Така се расте.
    Ама доколку толку многу му влијаат несогласувањата во семејството, можеби е добро да разговара со возрасна личност во која има доверба, пример професор, роднина, познаник. Стручна помош звучи многу строго на тие години и во средината во која живееме.
     
  13. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    А што доколку ваш близок ви довери сериозен проблем и ви се довери дека имал обид за самоубиство, а вие го игнорирате?
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Ако ми е толку близок а јас го игнорирам ќе имам грижа на совест. Ако ми е многу близок ќе пробам да му помогнам ако сака да ме слуша. На човек не можеш да му дадеш ако тој не сака да земе.
     
  15. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    А ако тој сака да земе а ти не сакаш да дадеш?
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Тогаш си себичен и лицемерен
     
  17. eveneznam

    eveneznam Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ШТО АКО ВАШАТА НАЈДОБРА ДРУГАРКА ПРОБА ДА СЕ САМОУБИЕ

    ПОМОШ!!! МОЈАТА НАЈДОБРА ДРУГАРКА ПРОБА ДА СЕ САМОУБИЕ ШТО ДА ПРАВАМ НЕ ЗНАМ КАКО ДА ПРИСТАПАМ И ДА ПОМОГНАМ, ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ
     
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    ШТО АКО ВАШАТА НАЈДОБРА ДРУГАРКА ПРОБА ДА СЕ САМОУБИЕ

    Прво и основно да им кажеш на нејзините родители, и најважно да се реши проблемот зошто сакала да се самоубие, сигурно не било без причина.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    ШТО АКО ВАШАТА НАЈДОБРА ДРУГАРКА ПРОБА ДА СЕ САМОУБИЕ

    Штом вака размислува сигурно сте по 12 години.Кажи и на другарка ти да не се млати,да размислува малку со разум.Трето,поздрав.
     
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Констатацијата дека само тинејџери посегнуваат по својот живот е сосема погрешна. Најголемиот број на самоубиства се случува кај лицата помеѓу 20-60 годишна возраст, што го побива тврдењето дека староста значи мудрост. За мене крајно кукавлучки чин на себичност и најглупаво „решение“ на проблемот. Тоа и всушност не е решение, туку бегање од проблемот, од соочување со реалноста, исто како што е и посегнувањето по алкохол и дрога од исти причини, ама тоа се веќе предмети за друга дискусија.
    @eveneznam - Среќа што обидот за самоубиство на другарка ти бил неуспешен. Сега знаеш дека има голем проблем или барем таа така го доживува, штом повеќе несака да живее. Разговарај со неа, анализирајте ја ситуацијата од сите страни, меѓутоа во вакви случаи, најпаметно е да ги алармираш нејзините родители, а оттука натаму, тие ќе си ја превземат ситуацијата во свои раце, па можеби ќе и ангажираат на другарка ти психолог или ќе применат некоја друга метода, тоа веќе не е важно. Постојат нешта што родителите мора да ги знаат, овдека не се работи да јакриеш дека пуши цигари или фатила дечко, за живот се работи. Единствено така најмногу ќе и помогнеш. Повеќе од тоа, неможеш да направиш. Не плаши се дали таа ќе ти се лути што си им кажала на родителите, бидејќи со текот на времето, кога ќе го надмине проблемот, ќе сфати дека ти е должна живот.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.