Сестра ми никогаш не сум ја гушнал вака не знам како да искажам љубов ама зато сега ќе ја гушнам... Оти велеше досега не осеќавме ама сестра ми ќе си замини од куќата
Па добро она се мажи оди само во друга кука не оди во кланица Да сум на твое место (јас немам многу живци , имам низок праг на толеранција) би се држела на дистанца ,а кога ке ме нападне директно ке и плеснам. На пример не е нормално срце мое и чофте да го вика , па кажи и :Не вели така пред маж ти ке стане љубоморен " . Кога ке прави "смешки" на твоја сметка или дека дечкоти требало да се швалеросва со други , ти погледни ја само остро и кажи и :"Те замолувам да не ми се мешаш во мојот/нашиот живот ". Тоа е она на како би јас би реагирала .... Вакви личности со недостаток на ОСЕТ познавам многу , и со нив тешко дека на фин и културен начин би се разбрала , бидејки тие мислат дека се тие све нај нај Срекно
Да ти кажам право и не толерирам веќе ,ќе почнам да и плескам како таја мене..се надевам кога ќе роди деца ќе има занимација..
Ti mozes da ne toleriras i da "pleskas" sto sakas ama stom tie tebe kolektivno te potsmejuvaat togas e mnogu jasno. Vreme e za raskinuvanje,te potsmejuvaat uste samo devojka si, a sto ke pravis potoa? Seriozno Ako sama dobrovolno ne si otides ke ti napravat scena koja ke ja pamtis cel zivot i ke dignes race od niv. Znaci kako i da e ke te otkacat pa podobro Ti niv da gi preduhitris.
Заради него трпев се и сите а тој си го тргаше газо на страна и јас поцрвенета седев на маса устрамена...зборував со него а тој као демек не можи свето да се прилагоди на тебе туку ти мораш на него да се прилагодиш...ако не прат мајтап ќе седат на маса ко за сликање...
Па да де не може да се прилагоди она на тебе. Затоа ти ќе и речеш следен пат "Што се лигавите ко дечишта пред јавност". Што си ќутела,јас ич не би.
Јас па мислам дека ти претеруваш. Еве јас сум мажена а сестра ми не е. Јас сум во друга држава. Ние сме 24/7 на скајп, и никој нема право да ми противрече на тоа. Да дојде мм и да ми рече сега ама ти висиш со сестра ти на скајп незнам како ќе си помине прво и основно. Ај за другово и некако горе доле држи вода ама и запрашај се зошто имаат таков став према тебе. Може си намќор па затоа. Јас сум намќор на пример и знам дека едно чудо луѓе од на мм фамилијата не ме трпат, ама знам дека тоа си е до мене не е до нив, и ич не се секирам во врска со тоа. Свесна сум и за себе каква сум па затоа не ги кривам луѓето. А по приказнава ми изгледа дека не си ни ти нешто подобра од мене, зошто се живо ти смета.
И јас мислам дека претеруваш, посебно ако се во голема разлика со години дечко ти и сестра му. Сестра му била таа постарата што цело време го пазела и чувала и факт е дека се многу блиски. За тоа што викала дека може да се швалерисува немам коментар, таа не треба да си дозволи да каже такво нешто, плус па и женское. Инаку и јас имам сестра, постара од мене 8 години и со неа сум поблиска отколку со мајка ми бидејќи кога бев мала по цел ден бев со неа и таа ме чуваше. За секој проблем што го имав трчев прво нејзе да и кажам па после дома. Сега е мажена, и се гледаме поретко. Ама кога ќе отидам кај неа се гушкаме, си лежиме на тросед испружени и бидејќи е бремена јас ја ставам раката на мешето и чекам да клоцне. Можеби на некој нашиот однос му е претерување и лигавење ама ние не можеме да се замислиме поинаку. А и да, нонстоп се викаме по прекари. Најчесто вака кога сме сами или со блиска фамилија. Можеби неговата фамилија уште не се навикнала на тебе или пак те чувствуваат тебе како за ептен блиска па затоа си прават и се понашаат како што си прават нормално. И нормално е штом таа ќе се мажи да сакаат повеќе време да поминуваат заедно. И јас сестра ми кога се мажеше на почетокот секојпат кога ја гледав обавезно имаше некој друг со нас, не можевме на раат муабет да си направиме и тоа многу ме нервираше. Мислам дека постарите браќа или сестри секогаш ќе гледаат на нас како мали деца, плус ако има повеќе години разлика тоа е уште поизразено.
Зато јас пробав да се прилагодам на неа за да имаме разбирање али то е Никој нив не е должен да ги толерира со нивните глупости и да неќеш намќор ке бидиш. Сите од неговата фамилија ме прифатија само таа не,јас пробав со неа да сум како шо треба за да си најдиме некое разбирање меѓу нас,очигледно таа не сака. 4 години се разлика. Нив никој не им брани да се гушнат или било шо ама на маса со цела фамилија таја го шлака него? Дали знаеш колку е прво невкусно од страна ко ќе гледаш... Не знам ама таја не можи да се помири со мене...
Ne mislam voopsto deka preteruva takvoto detako odnesuvanje uzaeno smeta, samo koj go osetil. Sekako nikoj ne moze da ti zavrani da zboruvas so sestra ili brat, ama ne preterano cel den, jas bi se nalutila. Zarem ti nemas semejstvo, nemas drugi obvrski osven cel den da visis na skype? ( da se razbereme ova na mm mu go kazuvam). Se znae zboruvas kolku sto sakas, ama osvesti se deka i jas sum tuka, moze treba jadenje, cistenje, pazarenje..cuvanje na dete, ili nosenje-zimanje od gradinka..i t.n Mislam malku oset treba da se ima sto ima da si kazete cel den? Ti veke imas semjstvo, sekako ne znaci da se otkazes od brat,sestra......ama treba covek da si gi znae odgovornostite, a ne cel den da visi na skype. Premnogu e, jas uzasno se nerviram. Koga zboram jas...minimalno 1 saat i majka mi sama mi veli, ajde ke spustam imam rabota (znaci sekoj so svoite obvrski) posle preku den pak mi se javuva edno 10-15 min zborime i tolku. Da ne begam od temata... Devojce ne preteruvas treba da prevzemes nesto. Mm seuste e takov so sestra mu se ponasaat ko mali uste vo krevet da i se pikne, a i taa isto. Jas ravbiram sestra ja sakas, ama ne se ligavi tolku ko mali deca. So nea zboruva kako malite deca sto ne mozat da gi pogodat zbotovite... Pa eee koga bevme mali... Ednas bevme vo more toj ne ostavo nas...taa ajde dojdi kako koga bevme mali...toj trrrk so nea vo voda, jas so sin mi sama...i toa cel den...uzasno nesto i dvete se decista. Zatoa devojce kazi si se pred da bide docna ( ako ste seriozno i planirate brak) inaku ne biva vaka. Odlicno te razbiram, znam kako e.
споредувате ваша љубов од сестра кон сестра,со брат кој ја фаќа сестра му за задник и ја крева во раце.Мало морген дека е нормално.
Maz mi raboti, ne sedi doma. Jas nautro stanuvam, gledam ako sestra mi e uklucena t.e. ako ne e na rabota i zvonam ona se javuva, skajp si stoi uklucen a jas si brkam domasnite raboti, hranam deca, mijam sadovi, spruziram i.t.d. Ko boze mora covek da sedi samo i da drndori samo, ili ko na vremeto adsl internet pa pazis 2 GB internet da ne gi potrosis.
Сериозно сме и да,планираме брак,а таја ако ми иди секој ден дома како шо иди сега кај нејзините...Значи мажот и така ја немам видено да го гушка или шлапа или да му речи срце мое итн..не барам многу само граница да се има ,а дека ќе му речам то сигурно ќе биди нареден пат ко ќе дојди таја ко ќе ме изнервира и ко ќе имам пресна причина на мм да му речам. Нормално? Извини? Преслушај се.Денез за газ утре на друго место,неќам неа да ја фаќа а после мене . А ако се брат и сестра не мора да значи дека треба да прат шо сакат.Има ненормални луѓе што го прават тоа ,јас не го поднесвам.
не би била воопшто со таков во врска.Претпоставувам за нив (од кој знае кои причини) ова е ок,па затоа така и прават.Да се луѓе со малце осет би си впериле прст на чело. имаше на темава и друг сличај сличен на вашиот.Братот ја фаќаше сестрата за задник,цицки,во скут му седеше и што уште не.Испревртено скроз според мене
Разбирам јас љубов помеѓу брат и сестра и се то,јас сестра имам така не се гушкаме...ама таја како небаре женска да му е, не јас