Муабетиве ми се морбидни и језиви Навистина ми е чудно да љубоморам на сестра му на тој начин...... Да ми смета ако е досадна, злобна, ако ме навредува разбирам,ама ситуацијата да ја гледам како инцест ми е ту мач...
@Cleopatra . Мила, штом кај тебе се појавиле вакви сомнежи кој сите ние ги сфативме како ненормални, дури и ти сама и како сеуште си со тој човек? Бегај што подалеку, што побрзо, тоа подобро за тебе.
А и ти мислам е претера со прашањето ... одвратно невкусно прашање , а да не имаш преголема љубомора ? Навистина ова што го читам не е здраво или тие не се нормално или ти си љубоморна па секој детал си го ставаш на срце трето нема.
чек дечко ти е или маж? ајде ги направивте оти се ебат брат и сестра ја мислам преувиличува од голема љубомора
И јас имам помал брат 5 години,мажена сум имам дозвола од сопругот кога сакам да одам кај моите.Се разбира фалат и ќе ги посетиш,ама пак паметот ми иде за мојот нов дом да одам да средам,да зготвам и времето на мм да му го посветам.Кога одам кај моите да поседам нормално се поздравувам,муабет малку ќе прозбориме ќе се пошегуваме.Некогаш од милост ќе го штипнам за образ гледам пораснат е сега самостален си има свој живот,а до вчера што се вика јас го чував.Секогаш го советувам убаво да се однесува со девојка му,да ја почитува да ја изненади и со подарок кога нема повод.Јас со брат ми многу сум поврзана ама такво однесување не е нормално како што ти опишуваш @cleopatra .Не му го одземам времето или такви испади.Има девојка многу имам почит према неа ја гледам како сестра и пријателски сум према неа уште од почеток.Знам како е кога си девојка и дури се вклопиш во тоа семејство,никогаш не би можела да ја зезам на сметка на брат ми или да се однесувам према неа лошо,и таа е нечие дете,има чувства .Се знае врска брат и сестра,дечко и девојка.
Ај да прокоментирам и јас за случајов. (Не ги прочитав сите коментари погоре) Правење нешто од инает - не! Не е тоа решение. Смета, разбирам, за сѐ што смета треба да се разговара а не да се менува однесување. Односот меѓу нив двајца не е нормален како за брат и сестра. Тоа треба отворено да му се каже. Иако, според некои лични примери, мислам дека тој не гледа ништо ненормално, за жал. Да не одиме сега во крајности, како што сте спомнале инцест... има роднини кои се однесуваат така но тоа не значи дека во другиот гледаат нешто ,,примамливо''. Треба да се знае границата, овие двајца веројатно така се воспитани. Штом двајцата се однесуваат така... Сите деца се однесуваат онака како што се научени и тоа си го носат цел живот. А овие двајца се исти. Каков е нивниот однос со другите членови на семејството? Ако тој не се менува а ти тоа не можеш да го трпиш, бегај од него.
Искрено мене ми личи дека ти е страв да не останеш сама, дека ќе бидеш повредена и не сакаш да го загубиш од што го сакаш. Ја знаеш таа поговорка - Волим тебе али више волим себе. Епа искористи ја, што си ти должна да трпиш исмејување од нејзина страна и трпиш само заради дечко ти? Незрела личност е, нема што. И друго, тој е свесен за тоа што го прави сестра му а се прави глуп затоа што не сака да избере страна, со други зборови - не сака да и сврти грб на сестра му. пошто нели, утре ти ќе бидеш злобна, си сакала да ги скараш а таа ќе биде жртва. Трета работа - си му рекла дали ја има манијачено сестра му а тој се налутил. Знаеш кој урла без потреба? виновните луѓе, а ти го имаш прашано, тој те нападнал без причина. Ајде да речеме дека не требало да го прашаш тоа, како тој може тебе да ти се извика за тоа прашање а да молчи кога сестра му си игра мајтап со тебе?
Со насилство ништо не се решава, туку баш уште полошо може да направиш Замислете коментаров некој маж да го пишеше... Жена ми и нејзиниот брат имаат близок однос... еднаш и кажав дека ми смета ама таа не се разбираше, па и кажав убаво кога и акнав една заушка пред братот. Одма ќе скокнат сите дека станува збор за семејно насилство, дека човекот е кукавица што кренал рака на жената, дека е психопат, дека сигурно редовно ја тепа дома. Без разлика дали маж удрил жена или обратно, сепак насилство си е насилство и ништо не се решава со него. П. С. Пред мои очи идната снаа да му удри шамар на брат ми, има косата во раце да си ја најде после нека не има по новини Во никој случај не поддржувам насилници, но доколку некој прв ме нападне мене или моето семејство, богами нема да останам рамнодушна.
Добро да не преувеличуваме сега, не беше тепан помодрен или не знам што. Да не правиме од мравка слон косата ваму ќе ја најде косата онаму. И тоа е насилство што ти го кажа ако така гледаме..
Па кажав не поддржувам насилство ама доколку некој прв ме нападне мене или моето семејство, нормално нема да седам со скрстени раце.... Ако не на ист начин, тогаш барем со зборови ќе и вратам нешто. Знам дека не било страшно во твојот случај, не си ваљда насилник само сакав да потенцирам дека ништо не се решава со шамари и боксови....а богами и незгодно е за гледање.
не до толку фала богу сеуште добро се држам хахах. повеќе смешно делуваше ама он знаеше дека чим така сторив ќе да не ми е смешно. доволно за да му падне незгодно за да не мора пред неа да кажам што не ми е во ред..
А стварно на односот брат/сестра гледате во сексуална конотација и блискоста ви смета од тој аспект? Можеби сум слепа,проста ,глупава бре луѓе, ама вакво нешто ни на крај памет не би ми паднало.
Абе од кај знаеме ние на форумов...Те читаме како фина, културна, приземна, ама дома со мажот може си ваква.... Се зезам Во врска со проблемот на членката погоре, како што прочитав не си зборнала ништо со него...Па пробај зборни некако насамо со него, ако не бива тогаш игнорирај ги. Неа ја сака како сестра, а тебе како жена/девојка...Секоја си има посебно место кај него и нема потреба од љубомора. Има брат и сестра што се поблиски и имаат осет, а има некои без осет...Братот ја шлапка сестрата по газ на зезање, таа му седи во скут, се бакнуваат по образи...Не знам што да речам...Сигурно не мислат лошо со тоа, ама не е пријатно за гледање. Кога мојот дечко/маж би правел така со сестра му, јас не знам како би реагирала освен да ги игнорирам. Ќе ми биде незгодно да почнам разгворо за тоа со него и ваљда ќе ќутам.
Во некои односи треба да сте на чисто дека ни вие, ниту некоја друга да дојде нема да биде на соодветната позиција. Секогаш мајката или сестрата ќе бидат први. И тоа е тоа... има начин, но сме затворено општество што не верувам дека некој ќе си признае и ќе оди да си го решава проблемот. Пре ќе одат на бајачки. Најубаво е девојче да си го фатиш патот и да си бараш друг.