Следен пат кога ќе седите вие тројца а таа вергла за другарка и кажи и фино лепо дека е досадна со такви детски муабети. А ако сака другарка и толку да се запознае со дечко ти како што кажува сестра му нека дојде на кафе, фино лепо сите 4ца излезете и нека се увери со свои очи дека не може да си пика носе во туѓа врска. Јас така би направила и би и ја затнала устата. Трпиш ама некад ти иде преку глава.
Нареден пат кога ќе се обиде така да ти направи, насмеј се и кажи и дека залудно се обидува да ги спои брат и и другарка и. А после тоа седни го дечко ти да и списка малце да не прави глупости како мали деца да сте. Не попуштај особено ако дечко ти воопшто не и придава важност.
@buba4e89 Таа се знае со него колку што се знае и со сестра му зашто се школски тие две од средно, па идела оваа и дома кај нив и дури на одмор се отидени заедно. И воопшто не ми смета нека си се дружи со кој сака, само не мора да ја спојува со дечко ми цело време. Инаку од кога сме ние во врска таа ниеднаш не е отидена дома кај нив. На почетокот сестрава дури го тераше дечко ми да ги вози до барови, по свадби, по слави, па да ја префли другарка и сам до дома. Рачунај колку трпев досега И уште и викала на сестра му "блазе си им на брат ти и девојка му шетаат секаде, одат по одмори". Јас на тоа и реков да и пренесе дека ако сака и неа ќе ја земаме со нас. Е тогаш само паднав на нејзина провокација и и одговорив. @Baby-bubu Дечко ми сто пати и има кажано да не се однесува така детски, ама изгледа на оваа така и чини. Дечко ми ми вика "остави ја нели гледаш малоумна е се понаша како дете" и да не се замарам. Тој мисли дека најверојатно зашто таа и нејзиниот дечко имаат таков однос, па оваа мисли дека сите се во врска како нивната. Да ја наречам "лабава". Фала ви на одговорите
Јас мислам дека тоа ти го прави зошто ти си почнала да ѝ пречиш со нешто. И според мене мислам дека дури и да се обидеш да направиш нешто, ќе биде бесполезно. Веќе ти дадоа совет, пробај зошто да не, не губиш ништо можеби навистина тоа ќе функционира, советот не е лош. Дали ти сметаш дека не правиш ништо лошо и дека дечко ти тоа го гледа? Ако да, тогаш ако е доволно свесен дечко ти ќе разбере дека сестра му не е во право.
Спојлер Како што напишав и во првиот пост, таа уште од почетокот на нашата врска го правеше тоа ама јас не сакав одма да се расправам, сакав да бидам прифатена и не ја напаѓав никогаш. А и помалку бев блиска со неа и не се гледавме често за да сфатам што и е целта. Сега почесто одам дома кај дечко ми или кај негови роднини, па увидов дека си зборува повеќе отколку што треба Да одговорам на твоето прашање: не сум и направила никогаш нешто за да ја изнервирам и да ја навредам, ниту сакајќи ниту несакајќи. Секогаш внимавам, умерена сум во зборување и не сум повредила никогаш било кој, камо ли неа. Ја почитувам и и честитам за секој роденден, успех и сл. Подароци и купувам од убави поубави (за мене немам купено толку скапи работи како за неа). Навистина се трудам и затоа и ми е криво како таа се однесува со мене. Благодарам за мислењето.
Нема потреба да се заблагодаруваш, тука сме да си помогнеме, луѓе сме на крај крајава. Е сега, според мене има дефинитивно што ѝ пречи нешто на таа, но ако велиш дека си внимателна со неа и дека ѝ посветуваш внимание тогаш дечко ти сигурно има малку свест и знае дека ти си супер и мислам дека не треба многу да се грижиш. Во незгодна ситуација си искрено, не можеш директно да му кажеш за неговата сестра, сепак сестра му е ама не би било лошо да се обидеш со тоа што членката Бубаче ти го кажа. И да, навистина боли кога ти ќе се трудиш со некого а тој ти возвраќа на таков начин. Ти посакувам успех.
Зашто да не може да му каже директно за сестра му, што има врска тоа. Нејзиното понашање си има граници, мора да се каже.
Погоре самата истакна дека и рекол да ја батали дека е малоумна, што ако му е сестра, не значи дека таа треба да се понаша со поголема слобода, а оваа другава да седи со прст во уста. Значи се знае права смисла на зборот сестра и што е нормално, а што не.
Преголема љубомора немам само не сакам неправди јас така да направам не знам што ќе ми се счучи. Така те тераат тие да мислиш братот ја фаќа сестрата за гз..Што повеќе? Подобро да бидам сама отколку да трпам и гледам несфатливи работи,го прашав дали ја има манијачено сестра му тој одрекуваше на моето прашање.
Е сега ја поткрена или ја фаќа за гз?? Не ви е срам зш нешто не ви одговара во врската да измислувате вакви бљувотини за брат и сестра, толку сте забегани па на сешто гледате во сексуална конотација? И тој уште е со тебе од кога си го прашала дали ја манијачел сестра му??????
Извини никој не измислува и нормално дека е оти знај дека не е во право и не беше поткревање,јас ја кажувам вистината и барам совет ,корист да ве лажам сите вас немам,на кој да му се обратам немам. .
@Cleopatra . Добро, еве ја да ти кажам да го оставиш, ќе ме послушаш? Сигурно не. Значи прво велиш дека ја поткренал да закачи нешто а после велиш дека ја фаќал за газ, а се плашиш дека можеби и некаде другде ќе ја фаќал, па уште си го прашала дали ја манијачи сестра си?! Мене ова ми е поболно од љубовта и поврзаноста на брат и сестра. Или јако ја тролаш темава или стварно имаш некој сериозен проблем во умот. Туку да те прашам, и во случај да се онадат братот и сестрата, зошто мислиш дека пред тебе, а и пред сите гости ќе се фаќаат и шлакаат? @Кена Рис Како тоа се обидува да ја "намести"? Еве мене не ми е јасно како некој може да намести некому партнер. Средношколци сте па со вакви работи се занимавате? Ако на дечко ти не му е проблем да им биде такси-служба, зошто тебе би ти било? Ти треба добро да размислиш со каква личност си во врска, јер ја за брат ми, таман никогаш нема да кажам дека е малоумен. Зошто има потреба да те прифати сестрата на дечко ти? Зошто и купуваш убави и скапи поклони? Почитта и допаѓањето не се купуваат со пари, ниту се глумат, едноставно луѓето кои се на иста бранова должина се наоѓаат и поврзуваат со обичен муабет.
Ниту ја тролам темава ниту имам проблеми со умот...Пишав тука со причина немам време за тролање извини госпоѓице побарав совет а не некоја овде да ми кажува дека имам проблеми со умот. Јас го опишав случајот а ако ти личи на тролање твој проблем,јас знам што видов од неа тоа и го пишав.
@Rebecca_R Не женска, не сме средношколци. Сестрата на дечко ми има 28 години и време е да се понаша така. На дечко ми му беше проблем да е такси служба и затоа повеќе не го прави тоа. А ти не си запознаена со цела приказна (нити има потреба) за мене, дечко ми и сестра му, нити пак не знаеш лично за сега тука да ја ставаш мојата врска под знак прашалник. Темата е "Што кога ве нервира сестрата на дечко ви?", а не "Напаѓај ги сите умноболни што имаат проблем со сестрите на дечковците". Не сум глумела никогаш за таа да ме прифати, каде воопшто прочита такво нешто? Кажав дека се однесувам со неа најнормално и никогаш и немам ништо направено. И на крај каева што има лошо да и купам поклон за роденден? Значи јас кажав дека таа се однесува детски и подло во врска со ЕДНА работа. Не реков дека се што прави таа ме нервира и дека не се поднесуваме. Јас тука побарав совет, а не да бидам испрашувана за мојата врска дали чини или не чини. Гледам одма бурно реагираш на двата постови, најверојатно зашто имаш брат па ти се јави некоја си потреба да ги браниш "сестрите". Ако сметаш дека "проблемите" што се пишуваат тука се детски, тогаш зошто воопшто ја отвараш темата? Секој има различен поглед на тоа што е проблем, а што не. Се сложувам со тебе дека има и "детски" размислувања, но кои сме ние да судиме? Ти кога си била помлада нели си имала глупави проблеми? И сега можеби твоите проблеми се за некого глупави. Ова е анонимен форум, се пишуваат мислења со цел да се добие совет од било каков тип, па дури и почести се членови со напаѓачки критички стил како тебе, но сепак и тоа е одговор и јас ќе ти се заблагодарам.
Како сестра на помал брат со повеќе години разлика (пошо прочитав дека поголемите сестри обично имале многу блиски односи со брат, пошо ги пораснале)... Да, у мои раце порасна брат ми, приврзана сум за него и он за мене нормално. Ама да ме фаќа за гз? Чекај шо збориш бе. Ова не е нормално 100%. Фаќај си го патот подалеку од овие дефинитивно.
Нема потреба да ми персираш, не сме во канцеларија или на шалтер, форум е ова. Каков совет бараш? Велиш ја кренал во раце а после велиш ја фаќал за гз, кое е од овие две? Еве пример, ја да се сомневам дека дечко ми е во било каков инцест сигурно нема да го прашувам, туку едноставно ќе си заминам. @Кена Рис Прво, јас никого не нареков умоболен, туку дечко ти така ја вика сестра си. Второ, никаде не напишав дека проблемите се детски, не се обидувај да ми ставиш зборови во уста. Не ме интересира целата приказна, од она што си го пишала може да се дојде до заклучок. На тема подарок, пиша дека си и купувала скапи подароци кои ниту за себе не си ги купила, а тоа е еден обид да и се допаднеш. Цената на подарокот е небитна кога го купуваш од срце, твојата намера била сосема друга. Пример, ја прво себе си удоволувам со скапи подароци, па потоа на сите останати. Ама ниту еден подарок кој сум го купила не сум помислила дека е премногу скап, бидејќи е купен за драги личности и со мерак. Јас не ти судам, ти поставив прашања кои ти самата треба да си ги одговориш. Не мора да пишеш ништо тука, ама запрашај се во какви односи си со дечко ти и сестра му. Инаку, моите проблеми не ги пишувам тука, а и не барам совет. Во случај да го направам тоа, спремна сум на секакви прашања и критика.
И двете, и ја фати и ја крена убаво објаснив јас.И никој не ти персира туку немаш потреба да ми велиш дека имам проблем со умот. И да,побарав совет за да знам дали му речам или едноставно да си заминам од него.Било каков совет,не побарав од тебе да ме навредуваш мене и другите,и те молам не сакам да преговарам повеќе ,не мораш да ми одговараш више.