Ни мојот не пуши и пие, освен пиво. Јас самата и онака не пијам алкохол, ама досега не ми рекол дека не смеам да пијам воопшто. Напротив, сам ми има речено некогаш коа сме излезени дека со некоја храна оди бело вино ако сакам да земам, ама не сум љубител на алкохол воопшто. Ако тој евентуално почне да пуши или пие често, не да речам дека ќе му забранам, ама ќе пробам на некаков начин да го одвкинам, од причина што не сакам да си го загрозува здравјето.
Има огромна разлика меѓу тоа да му смета нештото и да укажи дека му смета, па заедно да најдиме компромис и тоа да забрани нешто. Ова второто е погубно за врската.
Не пијам алкохол, ама ако некој ми забрани да пијам, има 100% шанса да почнам да пијам. Има секакви зависности и многу нормално е личност што те сака да те предупреди ако примети дека претеруваш со алкохолот/цигарите/апчињата/уатевер, особено ако тоа се одразува на твојата психичка состојба. Ама целосна забрана не е веќе ,,љубов и внимание" туку посесивност. Нормална возрасна личност си ги знае границите без некој да ѝ забранува.
Со забрани?? Утре може да му текне да ти забрани да излегуваш со тој-и тој оти 'лошо ти влијае', или да не одиш таму-и таму оти 'не чини за тебе'. Извини... ама ич не си во право. Ако партнерот ти забранува работи, или ти нему, тогаш не е добра врската. Ако се грижи и сака да помогне, ќе најде друг начин. Истото важи ... не зависи од полот.
Партнерот ти е најдобрар пријател и треба да те советува да не правиш нешто што има лошо влијание. Еве една хипотетичка ситуација пар излегува со друштво и девојката претера со пиење. Таа почнува хистерично да се смее, да флертува со неговите другари, започнува неповрзано да збори и.т.н. Како треба да постапи нејзиниот дечко? Треба да и раскине, но ако он премногу ја сака и не е спремен да ја прекине врската тогаш треба да и забрани да пие.
Пристапот и начинот е клучниот проблем, а зборот „забрана“ боде очи. Една врска се состои од две возрасни, зрели и еднакви личности. Партнерот не ви е никаков авторитет, па така нема право да ви забрани нешто. Јас преретко пијам, но не би му забранила да консумира алкохол во граници на нормала. Е сега, при моментално тешко пијанство секако дека соодветно се реагира и оттргнува личноста, а да не зборуваме веќе за посериозна зависност која штети на здравјето.
Не се такви, ама тоа нивното не се ни врски. Каква врска на 16 години. Едно е совет, друго е забрана. Неубав збор, омаловажувачки. Како што рекоа погоре, кога би пробале да ми забранат, веројатно уште повеќе ќе пијам
На 16-17 години може мајка ми и татко ми да ми забрануваат да пијам, а не некој 17-18 гоишен кој и самиот пие. Ако ви е океј дечкото да ви забранува да пиете, сигурно се согласувате и да ви забранува благо да јадете. Обработениот шеќер е отприлика штетен колку алкохолот и создава зависност. Исто така и брзата храна.
Не си забрануваме. Пиеме во граници на нормала. Доколку сум излезена со друштво ако се поднапијам веднаш му ѕвонам да ме прибере и да ме однесе дома.
Мислам дека и двајцата сте доволно возрасни и сте свесни за сите негативни работи. Ако гледаме така за не здравите работи и воздухот што го дишеме е загаден и штетен... Сепак ако сака да ми укаже дека е нешто погрешно од тоа што го правам во ред, ќе го ислушам да ми даде мислење но, не мора да значи дека тоа мора да го прифатам, а да ми „забрани“ слободно може да си оди во истата секунда не ми го треба веќе. Зошто секогаш тие „ЗАБРАНИ“ почнуваат од некои ситни вакви работи па преминуваат во многу големо на кое вреќе касно се освестуваш дека всушност целиот живот ти го контролира. Сите се имаме напиено барем еднаш во животот. Не е убав таквиот однос ако го направи девојката но, од друга страна се се случува, нема тука што да и забранува после да пие може да биде дури полошо да се крие од него... Најдоброто е да седнат и да си ја решат ситуацијата како двајца возрасни да и укаже на грешките, не да и ЗАБРАНИ тоа е тотално погрешен чекор за една врска. пр. Мене да ми забрани да направам нешто ако јас мислам дека е тоа во ред, веќе нема да е мој.
Епа вака, јас пушев од 11 год до сега скоро 18, на мојот дечко му смета да пушам иако и тој го прави тоа, секогаш наоѓа како да се извлече: " Девојче си, не ти личи" или " Многу си "дебела" за да пушиш" хехех но, понекогаш во нервозни ситуации ми дозволува да палам цигара, а за алкохолот не мо зборува затоа што ретко пијам и уште немам ваков проблем..
Ајде да се грижи за твоето здравје.. ај разбирам.. Ама 'Девојче си, не ти личи' и 'Многу си дебела за да пушиш' ???? Не му давај толку слобода. Утре ќе му текни, друго ќе ти брани.
Порано си пиев онака по 3 4 чаши вино. Сега немам некоја желба за пиење испијам една чаша, цела недела глава ме боли Инаку не ми забранил ништо до сега понекогаш ќе ми рече само пази колку пиеш со другарките оти знаете да се заборавите до 2 3 по полноќ ( дека возам а и не смеам од 11 до 5 да возам без него)
Човек треба сам да си постави граници колку ќе пие пуши и.т.н не ќе трча партнерот по мене да ми кажува што е добро за мене а што лошо. И обратно јас да трчам по него и да му забранувам таман работа. Сам ако не знаеш да се контролираш друг тешко дека ќе успее не е валда на се знаете колку треба да испиете.