Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога дечкото ќе ви забрани да пиете?

Дискусија во 'Врски' започната од Ani-Honey, 26 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Сигурно има некоја причина штом ти забранува... Ама не сакаш да ни кажеш ;) се шалам...
    Како што кажаа другите, ако не претеруваш со пиењето, нема зошто да ти забранува. Голема си да си одлучуваш сама за себе. Не знам колку сте во врска ама така се почнува. Сега ти забранува да пиеш, утре ќе почне да ти забранува да се облекуваш како што сакаш, па после да не играш и се така по ред. Покажи заби на време :D
     
  2. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Па и мојот не сака да пијам бидејќи кога ќе се опијам се понашам чудно како да не сум јас....предизвикувам расправии затоа избегнувам да се опивам и си пијам по малку.
     
  3. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ani,obidi se da mu objasnis deka ete taka,sakas da se napies edna,dve za raspolozenie,deka si imas merka deka ne preteruvas,i deka ne go pravis toa za inat na nego,nitu pak ke prais gluposti i ke se izgubis ako se napies edna.kazi mu neka se osvrne okolu sebe i neka vidi deka na iskacanje site pijat po nekoja caska i maski i zenski deka ne e nisto sramota (dokolku ne se preteruva neli) ziveeme u 21 vek sepak.ama i ne si ni objasnila od koj aspekt ti zabranuva,dali ti veli deka ti si devojce i ne te lici(na sovinisticka baza) ili pak zatoa sto nemoze da go podnese mirisot i vkusot na alkoholot posto i samiot ne pie.posto realno kazano koga covek sto ne pie,ili ne pusi se baknuva so nekoj sto pie i pusi itekako se oseka razlika i nelagodnost,los zdiv.nekomu toa ne mu smeta i moze da se navikne,ama nekoj ne moze da se navikne.ti sepak obidi se da opstois na svoeto,na svojot stav,deka sakas da se napies edna,dve i deka ne etoa nisto strasno,ne mu dozvoluvaj da ti zabranuva zaso ako vidi deka popustas mnogu moze i da ti se kaci na glava..megutoa ako vidis deka stvarno mu smeta pienjeto tvoe,i deka prestavuva problem vo vrskata,a sakas da go zadrzis,togas menjaj navika i pij sokce ;) :D
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Да ти забрани не може , да те советува или така нешто може . Зашто ипак има тој некое поважно место во твојот живот . Не ми е убаво дечко ми пијана да ме види или како јас пијам многу а он едно пиво цела вечер . Лани на мојот роденден земав јас коктел , и другарките мои .. он пиво зема . Не ми се свиѓаше коктелот , многу алкохол имаше мислам и си земав џус . Другаркиве се начукаа , почнаа бесни глисти да изведуваат .. и вика што не гледаат од тебе а не само фраерки да се прават со коктелите ..
    Муабетот ми беше не мора да ми забрани , јас самата не сакам да пијам или да се пијанчам , особено не пред него.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ќе ми забранува да пијам алкохол? А личен нутриционист да не ти е случајно?
    |(
     
    На Zlatusko и Bokicka им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Џабе пишувате :lol: Изгледа дечко и и ги прочитал и предходните мислења па сега е ин дип шит :( А баш сочни мислења има... Ех, јас кога викам на оваков форум да имаш акаунт треба да остане тајна :lol:
     
  7. Severina

    Severina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    ne vervam da mu tekni da procita ne se tolku pametni maskite :D inace ani ne treba definitvno da ti zabranuva zato so ti ne si preteruvala, jas mn pretervav i deckoto mi zabrani ama si kutam i si pijam so drustvo a ne ko ke sum so nego ili retko so nego. a od edna caska pa nema da mu se sroni bisero na decko ti.....ubavo so si pisala na forumot za site da ti daat sovet zs iako deluva deka e lesen problemo ama posle mozi da se razdlaboci
     
  8. Neskrotliva

    Neskrotliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    7
    Хахахахахах истата сум и јас!...Кога ке почнам да пијам незнам колку ке испијам и после правам скандалиии....Мојот многупати ми има забрането да пијам ама јас не го слушам,секако тоа си е мое дали ке пијам или не....Виде дека не го слушам и кога ке испаднеме или кога ке седнеме да пиеме ке ми рече:пази колку пиеш да не ја расипеме вечерта...Веке се навикна он на мене!...Хахахаа а да ми забрани да пијам...ХА ХА ХА НЕМА ШАНСИИ !!! :D
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е во состојба билошто да ми забрани.Почитувам различно мислење,си има потполно право на тоа,може да и каже и сугестија,совет,критика,но имплицитно искажана и со достојна доза на почит.Притоа не смее да содржи елементи на условување или уцена,и да биде аргументирано основана и издржана.Мое си е да размислам дали ќе ја прифатам или не.
    Забрани!?!Апсурдно ми е да размислувам дека дечко ќе ми забранува нешто.
     
  10. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Дечко ми воопшто не пие...јас пијам и уживам во тоа. Не ми забранува да пијам, ама ми има кажано дека не може да ме поднесе кога сум пијана... Сеедно, немам намера да престанам да пијам, можеби само да внимавам како се однесувам кога сум пијана!!!
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.073
    Допаѓања:
    36.168
    Пол:
    Женски
    Јас не пијам алкохол, така што дечко ми нема потреба да ми забранува да пијам.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Па има 2 причини зошто да се забранува.....едно..никој дечко не би сакал да ја гледа својата девојка...камен пијана, друго не сака другите да ја видат и сл...ова зборувам за екстремно пиење! А за обично пивлуцкање не гледам причина зошто да се забранува! тоа може да се реши само со разговор!
     
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Не ми забранува да пијам воопшто, но не сака да се правам дамла и да не знам што правам. Во право е, бидејќи не сака неговата девојка да не личи на човек. Ми се чини дека во еден кафич нема нешто поглупаво и погрдо од женско дамла пијано, што не знае што прави!
    Средата во еден кафич една имаше фустанче уз тело и беше камен пијана, дамла, не можеше да оди, ја влечкаа. Дури и фустанчето и беше кренато и тангата целосно и се гледаше. Срамота. Мене тоа да ми се случи дечко ми ќе ме отпиши од живите :lol: :o
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Така е....Јас имам другарки кои многу пијат,а јас не ни можам да пијам бидејќи организмот ми етаков и не ми поднесува алкохол од малку и се опивам.Нема погрда глетка од тоа да бидеш пијан и да не можеш да стоиш.Кој дечко ќе и го дозволи тоа на неговата девојка.Ниту пак јас сакам тој да биде дрво пијан.Пиеме со мерка,за расположение.А овие другарките се нон стоп пијани па дури и се гордеат со тоа.Па и со машки се натпреваруваат кој повеќе може да испие.И какво мислење ќе имаат останатите за нив?И сега ги нарекуваат алкохоличарки...
     
  15. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Значи забрани такви работи не поднесувам ама ич :@ !!! Денес ќе ти забрани да пиеш, утре да искачаш сама, следниот пат да не се гледаш со другарките .. Сепак тоа е твој живот и ќе постапуваш како што мислиш дека е најдобро.

    Што се однесува на пиењето не може да ти забрани, особено не една чашка две колку да се расположиш. Е сега ако се начукуваш, се праиш лом на секое искачање во ред е да биде лут и да му смета тоа но може да те посоветува да намалиш сепак за твое добро, ама колку што прочитав не е таков случајов :?:
     
  16. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми забрани ќе му речам хах и ќе продолжам да правам тоа што сакам, ако не му одговара...тоа е сепак негов проблем. Ако ние се бориме за рамноправност, тоа не треба да го дозволуваме. На крај па што е неговиот организам повеќе од мојот?????
    П.С. Ова го зборам за пиење, а ако станува збор за претерано постојанопијанчење сосема друга тема е тоа.
     
  17. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    уфф позната ми е приказната, и моите другарки пијат и се гордеат на тоа колку многу испиле..а не гледаат дека другите само на шега ги имаат..Јас прв пат се опијанив прва година средно и тоа од пиво и за нив тогаш пробувањето алкохол беше кој знае што. Не знаеја ни да ги именуваат алкохолните пијалаци..И прво што пробаа во втора година беше мартини. Тие почнаа да пијат во четврта година и кога сакаат да се испијанат само текили пијат и се натпреваруваат која повеќе текили испиле! Се кладам дека во оваа една година што имаат пропиено имаат бидено повеќе пијани отколку што имам бидено јас пијана во целиов живот. Јас кога сум пијана утредента после ми е срам да ги погледнам в очи тие што биле околу мене и што биле трезни :$ :D
     
  18. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    128
    Девојче ,цела смисла на ова е што сака да те контролира ,дај те молам немој да паѓаш.зашо утре ќе ти рече неможе минич за викенд ,неможе шминка .бла бла .и.т.н
    Мислете малце со своја гла и изградете свој ЛИЧЕН ИДЕНТИТЕТ. Ако тој доволно те почитува нема ни да помисли да го рече тоа ,а ако не му одговара може слободно да се тргне ... немој да мислиш дека ти забранува бидејќи многу се грижи за тебе . сака да изиграва некој манга кој ги држи конците во свои раце .како тие кукличките . Треба да му докажеш дека треба да те прифати со сите твои доблести и мани .. Ако не ..ни прв ни последен ќе ти биде !
     
  19. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Неможе ништо да ми забрани а ниту јас на него.Често знаеме за викенд да пијнеме нешто сами или во друштво и добро да се опуштиме,но тоа незначи дека сме некои тешки пијаници.Неможам да сватам како некои девојчиња се откажуваат од се и да бидат под влијание на една личност.Тоа никогаш нема да си го дозволам а ниту пак сакам тоа да го правам ,да поставувам лимити.Може да сватам забрана само во тежок случај ако некој е алкохоличар инаку не.Секој си има свој живот и треба да го живее на начин на кој му одговара на него а не на другите.
     
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Леле глупости. Па тебе ако ти се пие, ќе пиеш. Ми се има случено кога ќе запалам цигара дечко ми да се смршти, не му е по ќеиф ако пушам. Не сум активен пушач, ама и да сум - сигурно нема да престанам само заради него.