Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Ќе ми забрани,ама ќе биде наречен бивш. Може има мал милион работи кои и мене ми сметаат кај него,ама не му кажувам.Затоа што сум го засакала таков како што е. И ако на секое му попуштам,ами каде ми отиде своето ЈАС во врската?! Само,се со мерка.А да престанам заради него,не доаѓа во обѕир.
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете се пие со граница ако гледа дека претерувас има право да ти забрани,посебно ако си само со него излезена
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Ќе ми забранува..... да, сигурно! Си ја знам мерката и силата, кога ми се пие ќе пијам колку сакам, кога не, нема да пијам воопшто. И мене ми сметаат цигарите негови, па не можам да му ги забранувам. На крај краева, секој за себе си одлучува
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Никој ништо нема мене да ми ЗАБРАНИ. Кога некој ќе се осуди на таков чекор, добивам уште повеќе желба да го правам тоа што ми го забранил. Може да ми даде до знаење дека претерувам, или дека не му се допаѓа тоа што го правам, а да ми забрани, ни под разно.
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете imomentalno nemam momce, no i koga bi imala da mi zabrani nesto????? E KE SE PRASAME!!!!!! so mene ne postoi poimot zabrana, iscezna resil veke da ne se pojavi, oti nitu moite roditili ne mi zabranuvaat nesto, a ne NEKOJ SI l vo nepoznat pravec SAMO BI MU KAZALA KOJ SE ZAISLUVAS DEKA SI TI BE DA MI ZABRANUVAS NESTO NA MENE A???? [mod-kirilica:99249r4w][/mod-kirilica:99249r4w]
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Мене моите од дома несмеат да ми забрануваат па не некој друг. Кога ќе дојдеш на возраст да имаш дечко веќе си имаш свои сваќања и погледи кон животот и нечесто некој може да го смени тоа мислење исто како и начинот на живот и однесувањето. На 18 годишна возраст си имаме создадено наша слика за тоа што е добро а што е лошо . Правилна била или не тоа е наша слика т.е наш став и размислување Кога би ми забранувал нешто -не би ми бил дечко туку би ми бил маж За да ми биде маж -треба јас да му го дозволам тоа -а ако несака да ме прифати таква каква што сум ноу тенкс нека си бара жена скроена според неговата мерка ако најде воопшто ...ретко кој сака да му го управуваат и менуваат животот и Да !!! - забранетото е најслатко
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Како што разбрав кога ќе влезеш во врска треба да се смениш целосно, да не пиеш, да не пушиш, и се со цел за да бидеш мис гуди ту шус.... Аха утре по сабајле. Шанси нема мене никој не смее ништо да ми забрани. Јас не разбирам како може да сакаш некого и да го смениш. Кога сакам некој го сакам со сите доблести и мани. Стварно не можам да разберам. Не се работи за пиењето, за забраната се работи..... Денес едно утре друго... Јас златна рипка можи сум желбите ќе му ги исполнувам. Свашта...
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Боже Господе дечко ми ќе ми забрани да пијам!!! Зборовите дечко ми и забрана не може да одат во иста реченица! Како може воопшто некој нешто да ми забрани, не ми е јасно? Дека јас немам мозок за размислување, па ете тој така грижлив ќе донесе одлука за глупавата негова девојка и ќе ја спаси од лошите сили на алкохолот... Глупости на квадрат! Јас да сум алкохоличар тежок, ќе разберам, ама нормална, здрава, права девојка И јас си пијам алкохол и дечко ми исто така. Си пиеме кога излегуваме навечер, си пиеме кога ќе си седнеме на ручек, си пиеме на вечера... Не знам што има лошо во тоа, кога и двајцата си ја знаеме границата. Не можам да се изначудам, сега кога во главава кога си правам ситуација, дечко ми да ме седне и да ми рече „Боки, од сега па натаму ти не смееш алкохол да пиеш! Ми смета тоа што ТИ пиеш алкохол! Забрането ти е!“ И јас се поклонувам и му велам „Да господару, само Вие да сте среќен!“
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Mи има речено да,и се мурти прави фаци,ама јас за инат пијам повеке,да му докажам дека не ми е гајле што мисли зашто да ми забрани? ај и јас сега ке му бранам да оди на спортска ама нема да издрже,така не смее забрани он на мене
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете па,ако си веќе премногу пијана,почнеш да се срамиш и себе и него,ако немаш контрола секако дека ќе ти забрани да ПРОДОЛЖИШ да пиеш вечерта исто како што јас нему би му забранила.ама за општо да ти забрани нема логика,чиста глупост
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Има да го врзам и жена да не виде Па дечко ми не ми забранува да пијам, ама не сака кога сум сама да се правам летва летвосана, не за другото, ама не личи И кога сум со другарки се пазам (иако тешко ми оде , ама морам). А заедно кога сме, мака си немам, заедно пиеме колку шо ни душа сака
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Дечко ми не пие повеќе, веќе неколку години, ама јас се поднапивам повремено, секако во негово друштво и без да претерам, да се изгубам. Доколку би ми забранил, не знам што би направила, ама и јас ќе му забранам (доколку пиеше). Не дека ми е многу важно да пијам, ама добро е одвреме навреме да заборавиш на се, па доколку ми биде отстрането тоа задоволство, јас него ќе му вратам со тоа што ќе му забранам и јас нешто што него му е ќеиф и ќе бидеме на истото . Ама и кога ќе размислам подобро, доколку има причина за тоа, односно стварно штетно ми изделувало тоа пиење еднаш месечно, може ќе го испочитувам неговото барање. Сепак сметам дека не треба да си забрануваме ништо, се разбира додека е во граници на нормала и сами треба да се контролираме, да не дојдеме до степен да претераме. Како рекле, златна средина
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Леле девојки не знам како изгледа тоа , но мене нешто чудно ми се случува, одкако се омажив престанав да пијам алкохол не знам зошто, излегуваме со маж ми, одиме на вечери, излегуваме со другарите но јас цела вечер ќе ја држам чашата и до половина не можам да ја испијам. Не велам дека пред да се омажам пиев ко будала но секако испивав по 4-5 водки
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Си се презаситела на млади години И јас не ќе можам да пијам кога ќе се омажам, ќе бидам предозирана
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Да не се залажуваме...ниедна врска не функционира ако нема отстапување од многуте навики кои партнерот не ги прифаќа! Ако ти си сакаш пијанчење до бесвест а тој си сака девојка која ќе му биде за озбилно верувајте дека нема да се помисли двапати пред да ви каже дека пиењето треба да го заборавиш! Сите можеме овде на форумот да се покажеме како најсамостални, да ги убедите другите дека нам никој ништо не ни забранува, но во реалниот живот е малце поинаку! Нити дечко ми сака јас да се правам дрво пијана нити јас сакам тој таков да се прави! Пијачка, една, две, па нека се и три...но да останам здрава на нозе и доволно трезна во размислувањето! Тогаш не верувам дека било кој нормален партнер би ти забранил да се напиеш неколку чаши алкохол...но да се докрајчиш со алкохол и да очекуваш никој да не ти преговори ...е тоа ми е малце ненормално! Успешните врски не се темелат само на љубов и разбирање, туку и на промени кои се случиле за доброто и спокојот во врската! Ретко која врска е прекрасна ако двајцата само се сакаат,покрај љубовта потребно е и да се прилагодат еден на друг,да променат нешто, да вложат труд за да врската има перспектива! Во спротивно, доколку секој си тера по свое...тогаш не верувам дека би опстанала таквата врска! Барем јас така ги разбирам работите!
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Не ми забранил, но не ни пијам многу. Ретко една пијачка. Тој многу ретко пие, ама па и не се прави летва. Ако забележам дека постојано пие , се разбира ќе му преречам, не во смисла да престане, туку да се контролира. Исто така и тој ако некогаш забележи дека ги преминувам границите, се разбира дека ќе ми пререче. Па на што ќе личи да не можам да стојам или одам или пак тој?
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Логично ми е да постои забрана ако се претерува во нешто а вака без потреба ми е безвезе. А и да забранува пак не го разбирам, ќе ми забрани нешто....не верувам, кога сакам можам да направам. Доволно е да се соберат другарките по дома и да се напијат по некоја чаша... Ние секогаш се зезаме на таа тема - ај ке те напијам па после ке те искористам .
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Не пијам алкохол, многу ретко, а и дечко ми исто така, значи ептен ако нешто е повод, така да и нема што да ми забрани, ниту пак јас него Инаку мислам дека на ниеден од партнерите без разлика дали машко и женско, не би му се допаднало да ја гледа својата половина пијана камен
Што кога дечкото ке ви забрани да пиете Не пијам ни јас, ни тој, ниту пак моето или неговото друштво. Само друштвото од училиште ми се хронични алкохоличари па само кога сум со нив се поднапивам, но само една чаша, колку за друштво. А, јас лично би му забранила да пие претерано (доколку пиеше) и сметам дека е во ред тој мене да ми забрани ако претерувам, бидејќи како што кажа мина, па никој не сака да го гледа својот партнер камен пијан-се пие толку колку што можеш да „крепиш“, да имаш здрав разум, а не колку што можеш и не можеш, како прв пат да гледаш алкохол.