Е на една другарка дечкото и ги броеше пијачките и и се лутеше секогаш, е оваа за „инает„ заврши на токсикологија Не гледам зошто би забранувале дечковиците да пиете, па тоа е индивидуално, колку сакам ќе пијам, ама тука многу голема улога игра и паметот на девојката, неможе пред негово друштво она да се праи камен да треска глупости и да се влече по земја. Лично јас не пијам многу, но знам да се расположам, срам ми е пред друштво или пред дечко, или уште повеќе пред друштвото на дечко ми јас да повраќам, да пијам ко цистерна, да се глупирам.... многу невкусно е тоа за девојче. Ај ми помина тоа време у средно коа се пијанчевме (среќа тогаш немав дечко за озбилно ) сега дури дечко ми ме тера да пијам поише Спојлер гарант сака да ме злостави
Мислам дека во тебе е проблемот што му дозволуваш да ти забрани нешто. Некој што може нешто да ти забрани (а и тоа не е морално) се твоите родители. Нормално е тој да се грижи за тебе и да те СОВЕТУВА да не пиеш премногу, или да не пушиш премногу, да не се разголуваш во Декември премногу, но сосема друго е да ти ЗАБРАНУВА. Не дозволувај да се однесува како да си негова сопственост!
Дечкото е некој кој ме запозна и засака ТАКВА КАКВА ШТО СУМ! Може (и треба) добронамерно да ме советува, ама да ми ЗАБРАНИ? Татко ми ја нема таа привилегија, та некојси што денес го има, утре може не. Јас не пијам многу, но и да сакам да пијам никој нема да ми забрани, и дечко ми кога пие, јас можам да го советувам да престане, ако не сака - не мора, која сум па јас него да му забранувам? Имав другарка, дечко и и забрануваше да пуши, да носи сукњи и фустанчиња, да се шминка, да има другари.... јас и реков - не е тој крива, ти си поглупа од сите глупачи во Македонија заедно.
Ако ми забрани....ништо. Си нарачувам водка А ако после 3-4-X чашки ми рече "Алиса, доста беше", тогаш престанувам
Чекај, чекај... сакаш да кажеш ти забранува затоа што така му текнало или затоа што ти пиеш „како цистерна“? Во никој случај нема право да ти забранува било што - твој живот: твои одлуки. Но сепак ако се лути за твое добро, ако ти вели да не пиеш затоа што е загрижен за тебе и не сака да си го уништуваш организмот можеби треба да подразмислиш дали е во право. Не велам дека има право да ти забранува, но сепак, ако е за твое добро треба да бидеш среќна што мисли да ти биде добро, тоа може да значи дека си му многу важна...
Леле аман и тоа има? Да ми забрани ,а тој да си пие? Е нема Инаку ако примерно си пиеш или ако сте заедно излезени и си пиете заедно зошо забрана?А ако претерува девојката со пиење е веќе незнам....ама јас да пијам сок а тој алкохол-no way само зошто нему му текнало,пфффф...моите што не ми забраниле ,нема шанси никој друг
Епа баш и нема некое право да ти забранува. Ако се пијаниш до тој степен да се влечеш по земја срамот е твој. Не негов. Тоа не му е причина да ти забранува. Ако пак пиеш по чаша, две, три, тогаш уште помалку има право. Е сега ако ти редовно завршуваш на вц шолјата, негов ред е да те посоветува, да ти укаже дека грепиш, ама не и да ти забрани. Ако тој не пие тоа е негово право, ама ти да не пиеш зашто тој не пиел...мислам нема логика!
Мислам дека нема дечко кој не сака девојката да му е во благо алкохолизирана состојба и целото тело и разум да и пулсираат во ритамот на секс. Ако ова би ми го забранил,тогаш јас ќе му забранам пристап до мене трајно . А околу претерувањето со алкохол,треба најпрво сама да си автозабранам,пред да дозволам некој друг т.е.дечкото или некој од друштво да дојде до тоа да ми сугерира такво нешто.
Кој е он мене бре да ми забрани? ако сакам ќе локам- има све да испијам. По природа не пијам, ама ако сакам ќе си пијам. Не ми рекол да не пијам, т.е да ми забрани, си знае он што ќе го снајде.
Jaс сум за да ми забрани ако пијам претерано, ако немам граница...не личи женско да се влечи по земја, да незнае што прави, што зборува. За среќа не сум од тие. И не пијам ... ќе се напијам 2 чашки алхохол во месецот и толку . Се си има граница, ако е во таа граница нема зошто некој да ти забрани и да ти соли памет.
бившиот таков беше тој не пиеше а кога пиеше не повеќе од 1 пиво.јас најчесто пијам по 3 вотки и сум малку располозена и него тоа му сметаше.мн ме нервираше и кога ќе излезевме поголемо друштво одевме со другарка ми до шанкот а ние демек до вц ке маневме по 2 вотки и си се враќаме а овај пак не ме сеќаваше хаха... со сегашниот немам апсолутно никакви ограничувања .
Кога дечкото ќе ви забрани да пиете???!!!! Какво прашање е ова? Ти изгледа си дозволила за повеќе работи тој да ти забрани уште на самиот почеток и сега тој така тебе те има научено. Во никој случај да не си дозволуваш некој тебе нешто да ти забрани. LIVE YOUR LIFE YOUR WAY. IT'S YOUR LIFE! )) П.С Едино можи муШ ти на 30 и кусур години да ти забрани да пијаш. А тогаш веќе и не не личи. Така да, пиј си Чао, Пријатно
Па не ми забранува туку кога ке ми тргни со пиењето ми вели намали не те личи да се долеваш.А тој си пие,и ми вика гледај ме и учи колку е е грдо да си опијанет вкрај.Ми се има десено неколку пати ко ке сум излезена со другарки да се напијам ама убаво и после да го барам да ме носи дома.И ради тоа ми вика да вардам дека не ме личи.А и вистина е така.Не го личи девојче да се опијанува дотолку.
И јас по природа сум таква не пијам алхохол, ама да ми забрани ЗНАЧИ АВТОМАТСКИ СТАНУВАМ ЛОКАЧ, сркач на се до што ќе се докопаат овие две раце http://www.youtube.com/watch?v=0dFKwChzy0A ах колку само ги НЕљубам овие шабаниш пејачи, ал’ пак, како само добро идат за вакви постови, да се самоотепаш дури... една салатица и ракиица моЛим ти се
Абе не ми забранил никад. Ама еднаш со другарки толку многу се испијанивме, што земавме микрофон од пејачката и почнавме да ја пееме “две пилуле’’ . Па после продолживме во друга дискотека и пиевме, пиевме... А после дома од wc не излеговме. Додуша јас у дискотеката завршив работа (што да правам, дојде и башка првпат ми се деси ), другаркиве културни беа, дочекаа дома да стигнеме. Е утредента, кога му ја раскажав вечерта на мојот љубен, почна да ми вика дека не ми личело девојче сум. И во право си беше. Ама пуста гордост моја. Му се налутив. И не му зборев. Он ми беше крив. Се на се, он не ми забрани ништо (и знам дека нема да ми забрани, таков добар е пустиот), ама јас си бев толку изгорена што пола месец после тоа, за нова год. цела вечер сок пиев. Ми се гадеше од помислата на алкохол
^^^ Во твоја чест хахаха. http://www.youtube.com/watch?v=umY1y-FsBzw и јас морав да чујам што чудо од песна е, пошто не ја слушам музикава хаха, ама ми се смота филмот во глава, макар не те знам Па човекот у право си е, не ти забранил, само ти рекол да не си се резилиш со песниве . Уживај бре, прави што ти се прави, што мислиш ти дека е во ред за тебе.