Ме изнасмеа. Искрено ние изненадени бевме од нашите вокални способности. Како и да е.. Убаво беше, ама како за една вечер, онака за прочистување
во ред е да забарани доколку девојката пие повеќе од него. никој несака девојка му да ја гледа пијана и како лудува со другарките наоколу. Домашна пијанка да, неможе никој да забрани ама во јавност па и не е убаво ако веќе си во врска, нормално ова важи и обратно не би сакала дечко ми да го гледам пијан у дискотека и да се глупира.
ќе го треснам со флашата по глава.. ми се има случувано вакво нешто, да ми забранува да пијам, ама јас сепак сум тврдоглаво копиљче кое никој не слуша па си терам по мое.. не може мене некој да ми каже колку и како да пијам.. убаво е да се грижи, но не и да ми забранува.. убаво е да каже, но не и да уценува..
не да ни забранат туку да сватиме колку можеме да си дозволиме додека сме излезени со него у граница на нормала сепак, кој сака да го гледаат како си ја носи девојката дома секој викенд пијана? ама сепак коа сте си со другарките излезени нема зошто да ви биде забрането
Со тоа сто ми бранесе да пијам само полосо ми направи,пиев кога сум сама и тоа буквално сама како некоја пијаница,небаре јас на излегување ке се опијам до даска глупсоти зиви ама ете ми бранесе или ке ми дозволесе па по првата голтка ми ја земасе часата па следува лутење и вечерта поминала ко и секоја во кавга.Кој му е крив сто не пие уфф колку сум се нервирала
Зашо да ми забрани да пијам ? Јас сигурно нема да седнам цела флаша да испијам Колку да се располоам.Зашо ако и он пие и јас да не се напијам Секако пиење во рамки на нормала и јас се лутам некогаш ако он претера ама ретко се слуЧува зашто Он вози не јас . Дури се зеза ете сега мозеши за мене да пиеш
Он може само да ми каже немој да претераш..на моја одговорност си нејќам дома пијана да те носам, но не ми забранува или нешто такво.
негледам причина зошто да забранува некој на друг да се напие...ако ти си сама свесна тогаш што има он тука евиденција да води..ако он не пие незначи дека не сакаш ти една чаша да се напиеш...тоа е исто како едниот во врска да пуши другиот не и одма да му забранува....јас не пијам и мојот не е баш некој си пијач ама никогаш не сум го погледнала ни на криво ако рекол пиво вино или нешто друго дека ке пие....
Не е убаво девојка да пие, но тоа не значи дека треба да се пие сок. Доколку си ја знаете границата е ок. И никој не може да забрани. Ништо не ми е забрането. Со дечко ми си пиеме пивце, нит сум му кажала доста, немој, било што, ниту пак он на мене....Сакаш сакаш, неќеш неќеш. Тој е непушач, знае да направи фаца кога му мирисам на цигари, ама вика, не ми смета да пушиш туку не ми мириса убаво...ама јас пак те сакам Значи, не треба, пардон не смее да има забрани...Ај да си се начукала асално, па сеа да ти каже за твое добро да не пиеш. Ама да ти каже да пиеш само сок..абе ај.
Па вака си ја знам границата и знам дека не треба да правам будала ни од мене ни од него. И тој треба да си ја знае границата секако. И не би му префрлила за пиење а не па да му забранам исто и тој мене.
Што му е него од работа да ми кажува дали ќе пијам или не Тоа си е мој избор ,не мора некој да ми сугерира што да правам.Ни јас него му кажувам, ни тој мене смее да ми рече.Ако ми е до пиење ќе пијам ,сигурно нема да се опивам,чувал Господ!
Па што има тој мене да ми забранува дали да пијам или не, нити јас бранам , ниту тој.. Па доволно сме возрасни и си ја знаеме границата..
Ретко пијам алкохол, а и коа пијам си ја знам границата. Ниту му бранам да пие коа сака ниту смее да ми забрани
Фала му на бога порано не ми бранел кога сум знаела да си се поднапијам малку повеќе, а сега дури и ме тера и ми полни чашки/нарачува пијачки зашто не конзумирам скоро ич
Како да не ке ми забранел мене тој да пијам нема шанса јас сии знам колку да пијам а нии јас него не му кажавам ако сака да го боли главата другиот ден нека пие хе хе хе,секој си знај за себе и а си ја знај границата само таа лесно се поминва ха ха ха
ќе ми забране да пијам ?!? епаа со чашата ќе го треснам по глава дури и ако му наиде таква мисла...јас си знам кога ми е доста и дали ќе испијам едно или 10.....
Нешто вакво до сега ми се нема случено, ( можно е поради тоа што и двајцата сме љубители на алхохолот)али нема право никој да ми кажува што да правам. Тоа си е мој избор дали ќе попијам мало више Дали еднаш - двапати се има десено тој да не пие некаде кај што сме биле. Обожавал да ме гледа поднапиена. Сум му правела слатки фаци!
Се сложувам, ако некоја женска се опива до толку, па дечкото да мора да ја влечка до дома (како еден другар), нормално дека ќе и` прирекува. А, ако машкото сака да пие, не смее на женската да и` забрани да не пие. А, ако тој не пие воопшто, па сака и таа да не пие, е тоа е веќе друга приказна...
Мене не можат моите да ми ’забранат’ било што а најмалку дечко или било кој друг.Треба секој да си има сопствено ЈАС,од каде правото на некој друг да управува со вашиот живот?! Имам другарка на која дечкото и забранува да пие,покрај другите работи,понекогаш и одредува со кого да се дружи, и кој е ’’лошо влијание’’ за неа,така да тоа никогаш не би го прифатила.Ама баш никогаш!