е ја пиам само кога ке сум со него дома коа ке сме,а надвор у јавност никоао алкохол,срамота било женско да пиело он требал а ја не ,еднашка кај другарками си се напивме по едно ликерче,и коа му кажав ,збесна
Како бе да ми забрани да пијам? Прво, во ред е да сум алкохоличар, да ми забрани да пијам, за мое добро е. Тоа да. Второ, да се начукувам до онесвестување, и тоа е за мое добро. Треба да ми го забрани. Ама ако се мисли, јас да искочам со другарки, да не се напијам коктелчиња, или винце, или било што во умерена количина, до тој степен што би се расположила... Е тогаш има со шише вино по глава да го мавнам. Жими се.
Што коа ке ми забрани да пијам ?!?!?!?!?! -ке му забранам да ми се доближи поблизу од 100 метри ! И не само за пиење,, било што да проба да ми забрани. Љубовта не е гестапска работа. Љубовта е кога двајца се тим. Така да чим ти забранува нешто, сигурно не го прај тоа од љубов.
Eбаго, ќе ми забрани! Прво и најосновно, јас кога пијам имам усул колку пијам и не претерувам ниту пак дозволувам да се влечам по улици, да се понижувам и омаловажувам поради тоа што не знам да пијам со мерка. Знам да се напијам чашка-две, ми се десило и повеќе и ништо повеќе од добро расположение, пеење, смеење, не ми се случува. Многу добро сум свесна што правам, и сигурно не правам работи што него му сметаат, ниту пак работи со кои си ја газам гордоста. Всушност, тогаш сум најинтересна за муабет. Второ, што е врската, и терминот „дечко“ ако мене ми забранува работи. Не сум во окови ниту пак ропство па да ми забранува нешта. Доволна сум свесна и зрела и знам до кај можам, и сум способна да поднесам алкохол.
Пази, не викам сега дека треба ти да се налокаш, а тој да ти каже-браво душичке ,таква те сакам! Ама, да ти забрани да пиеш во јавност? Никој тебе не може да ти забрани да бидеш таа што си!Ако те избрал тебе,значи дека во пакет со тебе ги избраал сите твои мани и доблести. И пази!Една забрана води кон друга,па кон трета....Не ќе да е тоа добро... Или јас сум многу предпазлива и сомничава кон маживе?!
Може да ти забрани само доколку претеруваш и воопшто не е убава сликата да гледаш дечко и девојка и дечково ја носи девојката зш претерала и се опијанила. Јас пред да се фатам со дечкото и откако се фатив си пиев со друштвото,ама не претерував. Дури откако се фативме ми викаше како некогаш си помислувал - Со кого ќе имам јас работи,оваа си потпивнува . Ама во никој случај не ми забранил таман работи,иако знае дека сум мераклика да си се напијам алкохол ама со мера.Штом осетам дека веќе јазикот ми се дрви,оп одма менувам пијачка.
ма мојов кога си иде од искачање се познава дека е дупка пиан па уште и умен се прави јас пиан не бе маче тебе ти играат очите тој од што смрди на (ракија,вино,пиво) не се стои до него а не пак ли да си легнеш...Така да кога си иде таков веднаш го пракам под туш дури после можи да си легне
Никогаш не ми забранил, ама па и јас не сум многу по алкохолот така да неможе да ми забрани 1 или 2 чашки коњак. Е, сега ако ми го забрани некогаш и тоа, е тогаш ситуацијата станува алармантна и ќе треба да го затворам во wc се додека не го смени мислењето!
Партнер не може да ми забрани ама апсолутно ништо. Забрани може да ми даваат само родителите, и тоа само додека сум финансиски зависна од нив. На дечкото ако му смета моето пиење, може само да ми каже, или евентуално и да ме замоли, а со добар муабет да си ги разјасниме работите, да видиме дали може да се превземе нешто или не, и ако не се согласува со мојата одлука слободно може да си замине. Јас не знам какви се тие врски со забрани, а ги има и тоа многу. Ми забранил дечкото да пијам, ми забранил да пушам, па ајде криј се во кафич да не те види некој негов другар па да му каже. Абе ајде, на што личи тоа, врска или затвор? Разбирам се грижи, за здравјето, да не се бламираш и слично, ама се може да се постигне со добар муабет, нема што тука некој некому да забранува.
Прашањето е што кога ќе ви забрани да пиете скроз, ниту една единствена чашка? Или кога ќе ви забрани пијанење?
Кај смее да ми забрани да пијам бе!? Имаме разговарано за тоа и сам заклучи дека несмее да ми забранува работи!
Јас лично скоро и да не пијам, па немам ваков проблем. Мое мислење е дека ако девојката пие во границата на нормалата, дечкото не смее да се дрзне да забранува било што. Ама да бидеме реални, во денешно време има се повеќе и повеќе девојки што се напиваат до степен да не се свесни што и со кој прават. Во ваква ситуација ок е дечкото да си ја посоветува девојката да поднамали со пиењето, но не и да и забранува. Обично кога му забрануваш нешто на некој, има некаков контра ефект.
Нема право ништо да ми забранува, може само да ме посоветува. Но јас во секој случај самата си знам колку ми е доста и не сакам да правам будала од себе. Разбирам дека алкохолот во големи количини е штетен, но со забраните се постигнува само револт, караници и спротивен ефект. И додека секој си ја знае границата, се ќе биде во ред.
Ќе му кажам: не знаеш што пропушташ кога сум пијана шала настрана, 21ви век сме, ако сака некоја со сокчето пред неа и која ќе клима со главата и ќе се смешка, нека си побара, има сеуште и такви. Уживам да се опуштам со малку алкохол, некогаш и повеќе, и се додека не правам глупости, нема право на збор!
Си ја знам јас границата, нема потреба никој, особено не тој да ме контролира. Освен тоа, вообичаено кога сум пијана сум весела, не се карам и бламирам, немам такво пијанство. Може само да се случи обратната ситуација - јас да му викам да не пие толку, ама само ако треба да вози. Не сакам пак да го имам тој доживљај кога при пијана состојба со колата ги собра контејнерите.
Ќе го оставам, или и јас него ќе му забранам и готово. Доколку несмеам да пијам од здравствени причини, ако наместо дома цела плата ја давам за алкохол, ако детето плаче а јас не го слушам од што сум клен пијана, ако немаме за леб а јас се пијанчам,се ситуации во кои би ставила прст на чело да подразмислам дали е во исправма забранава. А додека се е во граници на нормалата, се е ОК, и секој си ја знае својата граница до кај треба да оди. А како тоа женско не личело да биде пијано, ако од тој агол гледаме ниту маж не личи дома да помаг(да мие, чисти, пегла) а пошто не го личи забранете му да ви помага и утепувајте се од работа од јутра до сутра. Ако ми се пие ќе пијам, ако ми се погодило друштвото и моментот ќе се начукам и ќе уживам, не живеам за да оставам добри впечатоци, живеам за себе и сакам да уживам во секој момент.
Јас обично не пијам а и тој не е по алкохолот,кога пиеме пиеме двајцата а кога би се ставила во ситуација да се решам да пијам а тој да ми забранува,би го поканила со мене да пие не би ме одбил
Ке му скршам јас тогаш шишето од главудрата јеа рајт ке ми забранува...Мој живот е бе ке правам шо сакам јас а ако не му се допага чао пријатно маче... Сега сериозно,не пијам претерано само по некогаш вино со ручекот така да нема причина нешто да ми забранува.А ако планирам да се напијам некогаш ке биде онака за расположение и знам кога да речам доста.
А зошто да ми забранува, јас сум толку расположена кога пијам, доживувам една од моите фамозни епизоди , со мерак си се сеќавам на секоја една од нив, тие ми се едни од најфините спомени. Пеам, играм, искажувам љубов, емитувам сексуална енергија... да ми забрани? Ќе го здробам бе, ќе го шутнам! Мене моите од дома не ми забраниле такво нешто, некој си влечко ќе ми проповеда морал и етика за пијанство. Самата сум свесна колку ми треба и која ми е границата. Оп - доволно е, и прекинувам. Не сум дозволила да се резилам, да се влечкам по улици, да повраќам, да се тетеравам. А и да ми се случи некогаш да речеме, очекувам џентлменски да ми пристапи, да ме смести удобно во кревет, да ми свари кафе и да ми направи лимонада. Јас би го сторила истото за него, се дешава еднаш во животот и тоа де, чудно ми ти чудо. Се' што е во нормалата, поддржувам. А оние парови што се буцкаат под маса ми се најсмешни. Де оваа го бутка со нога, де овој ја штипе за половина, да не пиеле пред народот многу. Абе ајде магла!
со забраните во врската се почнува од банални работи пример "неможе да пиеш, неможе да се дружиш со таа курва е, неможе дa одиш кај братучетка ти"... и отпосле ако попуштиш еднаш секогаш ќе ти се качува на глава. кога ќе добиете забрана во врска знаачи дека тој вам не ви верува ниту пак го интересира вашиот став околу тоа, ниту пак сте му битни. Првата забрана кога ќе ја добиете, а не се сложувате со тоа мислам деа цврсто терба да се остане на својот став и никако да не се попушта. треба да се седне момчето и да му се објасни дек тоа е твој живот и дека он треба да те прифати таква каква што сте.. Тоа што си му девојка/жена не значи дека си негов роб, туку посебно,разумно самостојно суштество кое знае што е добро а што лошо. објаснете му дека повеќе ќе го почитуввате доколку ве советува пример "абе душо моја немој бе толку да пиеш знаеш дека потоа те боли глава, мамурна си цел ден, претходниот пат повраќаше, сети се како ти беше".... И ти ако увидиш дека стварно е така треба дa му се заблагодариш за советот и да се обидеш да промениш некои работи... Никогаш немој да се менувате под присила и притисок. Бидете свои, вистинската љубов пред се е прифаќање на партнерот со сите свои амни и доблести