Бевме пријатели пред тоа 2 години , се имаме упиено заедно па сеа да ми забрани алкохол се шегуваме понекогаш инаку забрани нема .
ако пиеш претерано секако дека ке ти забрани ...али ако не.. не е тој некој што треба да ти каже што да правиш ти...
Не реагирам убаво на никакви забрани, а оваа е една од нив да речеме. Мене ако ми се пие, ќе пијам колку што сакам во моментот, и нема да му ја мислам. Ниту јас му забранувам нему, ниту он смее да ми забрани нешто на мене. Би испаднала тотална глупачка ако мислам дека е ок дечкото да ви забранува нешто (макар во случајов алкохол), за ваше добро. Од љубов. Генетскиот материјал ви обезбедил мозок, па користете го колку-толку. Биди си сам свој господар и носи си одлуки, а научи да се носиш и со последиците. Инаку, во тие неколку наврати кога добро сум се начукала, дечко ми ми бил тотална поддршка. Па ја сум дупло позабавна и повесела пијана, нормално. А сега веќе не ми е ниту мерак да пијам којзнае колку. Ми создава главоболки, лицето ми го прави ала Б.Ц. и ми стагнира слабеење. Ама да ми забрани со таков некој заканувачки тон и сериозност ... кој не отвори некое виски низ дома старо 15 години, еве па на. Чисто за демонстрација како реагирам јас на забрани.
Еми ај да си забраниме да не дишиме што...овие „забрани“ како што ги нарекувате се многу глупава работа.Сум пиела јас до вчера и сега ќе си фатам дечко и ќе ми каже еј неможе да пиеш или неможе да излегуваш/да одиш на кафе и сл. ШИТ.
Мене дома не ми викаат ништо не па некој фраер да ми се замислува. Многу ги мразам таквите врски со забрани и со уцени. На ништо не личат. После ваква забрана или некоја слична ќе има кавга и крај на врската
Ако ми забрани, богами во право ќе е. Кога и да излезам пијам алкохол. Така да, ако ми забрани, за таа работа ќе го послушам.
Златна средина....Но ако потпинуваш малку повеќе во право е. Замисли се ти на негово место, девојка пијаница....
Ако ми забрани, за инат ќе одам и ќе се опијанам.... а тој ќе замине во историјата Мене никој не ми забранува НИШТО а ако му смета, може да разговараме...
Јас обично не пијам алкохол, ама ако ми забрани... пази молим те, ЗАБРАНИ, татко ми на времето не ми забранувал... уствари што се мислам и јас, клоците во газ. Денес алкохол, утре не излегувај во диско со другарките, задутре не смееш со братучетка ти да излезеш ќе биде. Ај веројатно нема да дочекам некој ваков.
Ако пиете многу и ако постои опасност таа навика да прерасне во зависност тоа значи дека дечкото навистина се грижи и има добра причина за тоа но доколку станува збор за сосема нормално конзумирање на алкохол во умерени количини тогаш значи дека тој е неизживеан и дека има мерак да команда и да ги наметнува некому своите глупави ставови. Зошто воопшто нормален човек да му забрани на партнерот да се напие алкохол ако притоа не се начука и не прави било какви сцени? Единствено разбирам да опомени доколку на пример девојката треба да вози потоа. Но и во таков случај чашка-две се дозволени.
Јас и онака не пијам алкохол. Никогаш алкохолот не бил кај нас тема на дискусија, „ми забрани“ да пушам цигари за мое добро. И мило ми е поради тоа што ги откажав.
Не е за сметање се работи за вистинска грижа, се грижи за тебе, мене една ми забрани цигари да пушам па морав да се кријам како тинејџер после пушење цигара да да се прскам дезодоранс и да џвакам Orbit мастики да не ми мириса здивот да не ме примети.
Posle ke bidat krokodilski solzi kako da go vratis Sala na strana voopsto ne izgleda ubavo vo maskite oci koga ke vidat devojka pijanica. So site devojki so koisto sum bil piele isklucivo koga sme bile izlezeni, no se vo umereni kolicini.
Е да ти кажам право баш ме заболе за да го вратам.. Колку мажи има, јас по некој што ми ЗАБРАНУВА работи ли да трчам...хах не.. Не сум ни луда ни глупава Јас забранив покер да игра...ама крива испаднав на крај. Така да, ако сака нека умре ама нема да забранам...
Hmm .. Bi mu kazala deka sum dovolno golema za da si ja znam granicata na pienje pokusa mm da mi zabrani pusenje cigari ( ama bev bremena toj period ) , i za prvoto skroz gi otkazav , alkohol nikogas ne mi zabranil do sega , bidejki neretko sum piela pred nego i znae deka koga kje kazam ovaa casa e posledna , navistina e .
Со замиов збор “забрани“ можеш да почнеш да предпоставуваш колку те почитува и кои други работи би ти ги забранил во иднина. Не станува збор за пушење и пиење, сите знаеме дека се пороци итн, но тоа треба секој да си го одлучи за себе а не да ти „забранува“ некој.Те молам не го сфаќај тоа дека тој се грижи за тебе. Ако се грижи и почитува ќе ти направи муабет и ќе ти укаже дека е лош порок или па зошто му смета. Второ мое лично мислење е дека чаша-две-три алкохол се тотално ОК за човек кој си ја знае мерката и дозата.
Јас еве признавам, еден период претерано пиев. Мислам, да не се разбереме погрешка, не се правев патос, туку така секој викенд бев заматена. Дечкото не ми забрани, туку ми рече дека бидејќи тој ни пуши ни пие, ако сум можела малце да намалам со алкохолот, и така и направив. Од лани, ноември месец, се немав ни една капка напиено алкохол, ама сега прекршив за атар на матурскиве.