Како да речам а да не навредам некого... дечкото не ви е родител па да мора да ве превоспитува. Секоја зрела личност за врска, за брак со нормално пристојно однесување знае што треба што не треба да прави, без некој друг да и посочи граници на однесување.
Кај го најде дечкото ни да пуши ни да пие? Јас ваков барам, ама не можам да најдам, дури се разочарав.
И мојот не пуши и не пие. Има многу такви. Не пијам ни јас, нема што да ми забрани. Последно пиев на свадба пред една година. Претходно имав дечко што често пиеше, но по малку, па кога бев со него излезена пиев и јас.
Епа кога ќе прочитам вакви работи се ежам.Дечко да ми забранува нешто? Па кој фактор е он да ми забранува? Нема ама баш никакво право.Ако сакам да пијам,ќе пијам колку ми душа сака и никој не смее да ми забрани.
Епа ете, спортист е, кикбокс тренира, и јаде само здраво. Еднаш го зезав демек не е модерен, треба да откачи некогаш, ама нема шанси бре кај него. Ќе си најдеш немај мака.
Каква врска е тоа ако се има забранување во неа. Не можеш да пиеш, не можеш да пиеш, не можеш да излегуваш со другари, другарки итн. Јас не му забранувам ништо, а ниту па тој мене. Си излегува со другарите и другарките, си пуши, си пие чат-пат, јас исто си излегувам со другари, другарки а тоа што не пијам и не пушам е друго.
И мојот исто ни пуши,ни пие, си тренира се тоа океј само здраво не се храни многу благо јаде, сок газиран црн од печен шеќер место природен да пие од природни шеќери што се од самото овошје и никако да ме послуша и само месиште И мене ми се наљути еднаш многу јако дека сум се напила дома пиво а јас не пијам ептен ретко а и неможам малку само ако се напијам и никогаш досега се немам опијането и не преферирам алкохол не ми ни убав за пиење ми горчи. Пак со мене лесно му е што не пијам но да е со некоја што би пиела незнам што би било
i jas sum vo nedela na svadba i imene mi zabranuva da pijam ... mislam nemam kef jas da se pijanam ,nikogas ali idi red ke se napies edna caska dve ....mi veli samo koga ke si so mene togas mozis da pies
Ако сакам ќе се влечам по улица мортус пијана. Јас си одредувам дали ќе пијам, кога ќе пијам, колку ќе пијам, со повод или без. Ако ми сака душа вечерта со другарки да испиеме не знам колку, на глава нека се преврти ама да ми забрани никогаш. Јас си го знам пијанството. Ако сметам дека имам лошо пијанство кое би се одразило на нашата врска (љубомори, неверства, исклучување со паметот) не би пиела по сопствен избор. Ама немам такво пијанство, баш напротив. Знаеме да излеземе двајцата на пијачка (пијачки ) и да си испиеме повеќе. Единствено нешто за кое јас сум му пререкла се цигарите затоа што премногу пуши, мене лично не ми смета и јас знам да си запалам 1-2. Ама кога го гледам дека си ја труе душата беспотребно страшно ме нервира и пробав на секаков начин да го одвратам ама ко магаре да тераш. Не се разбира, епа нека се труе.
Ех ни мојот ни пуши ни пие. Пиеше - сега ептен ретко и многу умерено, на ептен исклучително весели настани. Пушеше - со тек на време едноставно почнаа да му стануваат цигарите одбивни со намалување од ден во ден, сега не пуши ич. Го средив јас него. Некој да ми речи во смисла „еј претера, дај пробај да не претераш следен пат“, нема да се налутам, напротив ќе прифатам позитивно тоа што ми го рекол, за мое добро. Ама да ми - забрани - да пијам, или било што друго, нема шанси, нема смисла. Како ќе ми забрани? Ќе ме уцени, ќе се караме? А полошо од уцена во врска е кога не постои љубов.
Нема да ми забрани.Мене моите дома не ми бранат да се напијам чашка до 2 не па некој си од надвор.Мое лично право си е тоа, ако ми е убаво ќе пијам.Нема да сум мортус ама колку да се расположам може.
Не ми дозволува никако ако се напијам капка право камшик и ме заклучива надвор хахаха се шалам далеку од ова што е он господар на моите органи и на мојот црн дроб па да одлучува што да правам? А дали си ти видела пијан маж како доаѓа дома и ја тепа сопругата и децата? Извини што од дамна си пишала сега мош друго мислење имаш ме интересираа назад коментарите и ѕирнав.
И бившиот мој ни пушеше, ни пиеше. И ми ги забрани цигарите и алкохолот, за цигари се откажав со години немам пробано , а за алкохол не успеа да ме убеди.
Ако ми се пие ќе пијам, ако не нема инаку не дозволувам никој да ми забранува ништо. Доволно сум возрасна, зрела и совесна па знам како да се носам со одлуки ама и со последици, па нема потреба никој да ми кажува како и каде треба да се однесувам. Ако некој не верува во мојот карактер, довиџења. За вакви работи сечам од старт, за подоцна да не има недоразбирања.
Што и да ми забрани, му ги мавам клоците. Како може некој да 'забрани' нешто-некому? Не сме нечија своина па да не контролира некој со забрани... не сме робови ..
Сите ги знаеме последиците од алкохолот и цигарите, треба да бидеш среќна ако покрај себе имаш партнер кој сака да те одвикне од овие лоши навики. Јас не пијам алкохол, ниту пушам цигари.