Здраво феминки, не најдов слична тема, па мислам дека оваа е соодветна, слободно канта ако не ви се допаѓа, но навистина морам да се искажам. Додека сите вие во моментов уживате во ова попладне, јас едвај го преживувам последното пеколно полугодие, кое наместо да ми е најубаво, ми се претвори во кошмар. Се започна кога поради силна желба се запишав во стручно средно наместо гимназија, и мислејќи дека е ми биде убаво како и на моите другарки кој што продолжија во различни училишта, кај мене беше спротивното.Уште од старт кога пробав да се здружам и да се запознаам со останатите добив одговор-Девојко не замарај,постојано ме ингнорираа,не ме викаа за никаде,не ме сакаа на екскурзии, и таман си реков нема да ве молам, се посветив на други работи, видоа дека ми е убаво и почнаа да ме навредуваат без потребно, почнаа да се смеат на се што ќе направев, секогаш кога бевме без проф.до нас на глас збореа што би ми направиле, како требало да се самоубијам, додаваа дека баш би било убаво да се фрлам од зграда, пробуваа на секој можен начин да ме оттргнат од таму, низ цел град збореа дека сум била нископрофилна к...., ретардирана, умрена, секакви погрдни имиња, муабети, невистини и прикаски се изнаслушав, постојано за секоја моја оцена стануваа едногласно и се бунеа, протестираа, за жал овој семестар имам две двојки заради нив, посакуваа да направат апел да ме префрлат во друго средно заради што според нив не сум била за таму, уште зборат дека сум се лепела по нив, секакви невистини, многу пати пробале ''несакајки'' да ме удрат, да ме бутнат, да ми наштетат, знам ќе речете сум требала дома да кажам, кога кажував моите мислеа дека измислувам, инаку класната се замара со партии, сл, и исто и она на моите им вртела муабети како јас сум виновна, се за да ги заштити нејзините, неправедно добивам оцени додека знам дека можам подобро, едноставно се осеќам дека тонам, постојано ме оговараат како ме следат на фб, инста, иако никој немам од нив на социјалните мрежи, замарале неколку мои другарки да се тргнеле од мене ги предупредувале, не сакам на сите вака да им зборат, инаку не сакам да одам на матура, и се молам да се запишам далеку од мк, не знам како да издржам, инаку цело школо е против мене, верувајте ништо не сум направила, како да им вратам, и што ако беше полошо? Што ако ме избркаа, што ако нешто ми направеа? Не можам да функционирам нормално, ме измачува постојано ова..совет? Некој со вакво искуство има ли?
Читам и се чудам. Дали тие деца имаат родители да видат во какви гадови израснале нивните деца? Да порачуваат некому да се самоубие или да скокне од зграда?! Девојче, ти си жртва на психичко насилство. Во никој случај не смееш да дозволиш да ти влијаат врз самодовербата. Знам колку е тешко, и дека не е за потценување оти и јас бев во таква ситуација со години, само заради тоа што бев сиромашна. Имаш две опции: или да се фокусираш на твојата цел, да си го завршиш училиштето што го сакаш, а да ги оставиш тие да си лаат. Загреј столица за инат, начукај петки, ако знаеш, кој сака нека збори, ти ќе имаш убави оценки. Втора опција ти е да се запишеш во друго училиште (општа гимназија), за рает да си завршиш, па на факултет да се насочиш кон тоа што го сакаш. Во двата случаи, нека не допираат нивните зборови до тебе. Ти остани си фина, културна, (верувам дека таква и си), и ќе видиш дека порано или подоцна ќе се види кој е кој
Фала ти многу! За првото-Знам дека сум жртва, но ни класна ни никој не го интересира, а за префрлање касно е, за 3 месеци ми е матурата, така да тоа отпаѓа. Пробувам да ги ингнорирам, но проблемот е што освен на мене, муабетите се уште кај 100 души, на фб, инста, на твитер, на мемиња (тагнуваат пријатели во слики) ме опишуваат и исмеваат, имаа скоро статуси и вицови за мене на твитер, на статуси на фб ме зборат, по нивни други пријатели ме зборат, цел град ми ги знае макиве. За второто-Колку и да се фокусирам, секогаш има подобри, има една што е ќерка на позната личност, никогаш не ја испрашуваат, поред неа користат и двете незини бфф, имаме гласни во клас што се бунат за мене, ради нив имав двојки, не сум била за повеќе, се бунеа сакаа да направат да ме избркаат, не им успеа, а што ако можеше? Пробувам да се смирам, навистина не го посакувам ова на никого, многу се извинувам за темата... Ќе пробам нареден пат, ако и утре замараат ко по обичај, ќе ги снимам
Немој да мислиш што би било кога би било. Не успеале да те избркаат и тоа е најважно, биди си спокојна. Ако така анализираш беспотребно си правиш немир и си предизвикуваш болка. Ти си издржала толку време, ќе издржиш уште три месеци. Избриши ги од Фејсбук сите што те исмеваат или крај краева деактивирај го. Не заборавај дека тоа што тие го зборат, кажува многу повеќе за нив, отколку за тебе. Ако ти треба човек за разговор, слободно пиши лп.
Одиш кај директорот му кажуваш што се дешава и додаваш дека ако не превземат мерки, ќе го тужиш училиштето, класната, него итн бидејќи не одиш во школо за некој да те малтретира. И додај дека имаш целосна поддршка од твоите, бидејќи си малолетна нели.. И кај мене во клас ова се деси, девојчето во трета год се префрли во др клас, после па на друга и се нафрлија... Сиромашно девојче, работеше на тезга со мајка и на пазарче, ја виделе гнасите и ајмо...
Оф ајде ќе пробам, верувај ми во катастрофа средно учам, проблемот е што е стручно и немаше како да бирам клас, тука класовите се по струки и е комплицирано. Пекол ми е, не сакам да имам стрес од вакви, директоров ни е хаос ама ќе средам..
Не може заради нив да имаш двојки. Едноставно е неприфатливо. Или не учиш доволно и си наоѓаш изговори, или не се бориш доволно за себе. А, бе двојка да ми ставел некој во средно, а сум заслужила повисока оцена, ќе се бунам и ќе замарам додека не ми се поправи. Имаш уште само три месеци, фокусирај се на учење и на оцените, таму треба да се буниш. Уште малку и ќе се тргнеш од соучениците.
@lasthope Не ти е животот уништен, здрава си, права, имаш родители, кров над глава, јадење и топол кревет. Па за другиве што ги опишуваш не вреди да се самоуништуваш. Нека зборуваат, сами си ставаат етикети дека воопшто не вредат нивните животи. За жал се сменија времињата и тоа е. Можам само да ти кажам да си се посветиш на други активности, дотерај се за матурската и блескај. Немој за овие да се замараш не вреди.
Проблемот е што и низ цел град ме зборат, замараат по статуси на инста, фб, на твитер ме ругаа, ме понижуваат, ме оговараат кај други и трети луге, ме оцрнуваат, и викаат, абе не те оговараме, вистина е тоа. Сакам раат едноставно! Не знам дали да идам, ако идам ќе бидам скрос сама....
Де, ќе ти падне ли круната. Па и јас бев за матурската без партнер и најубаво и најлудо си поминав. Еднаш е матурска, ќе се каеш покасно.
Нема да има партнери никој, така се договорени, туку ќе нема со кој муабет да направам од тоа ми е, знам какви се..
Како може толку сурови суштества да постојат. Да му посакуваш на некој да се самоубие и да уживаш кога тој се мачи? Цел клас се за на психијатар под итно, стварно имаат сериозен проблем со такво однесување. Зар сите 4 години вака ти правеа? Префрли се во друг клас ако има посалам деца, друга опција ти е да издржиш дури не заврши средното. Имаш некоја другарка поблиска надвор од школото? Нека ти биде поддршка во овој период. Исто така добро те советуваа погоре да ги снимаш кога те навредуваат, па ако никој не превземе ништо да тужиш. Па потоа запиши се на факултет во друг град, ќе запознаеш нови луѓе, ќе имаш нов живот подалеку од тие гадови што те озборуваат. Ти посакувам се најдобро, се надевам наскоро ќе помине овој тежок период за тебе.
Што е тоа толку лошо што го пишуваат за тебе? Секој со малку здрав разум не би се приклучил на таков сајбер булинг, а луѓе ко овие не ти требаат во животот. За три месеци ќе си одиш од таму. Не се замарај за славење матура и тагови по мемиња, замарај се да ги поправиш оцените и да се тргнеш од околината.
Оф мила, од прв ден е, како трн во око, се колнам дека немам ништо погрешено, не знам кој им е филмот, уште викаат штом си сама до тебе е.Инаку имам другарки и кога ми гледаат слики ми се смеат, минатиот викенд бев излезена и во понеделникот-Абе ти гледавме инста, кој ти се тие другарките, некој ко тебе ли се? Или онака се имаш сликано, сето тоа со смеа и сарказам... Нема како да се префрлам, стручно сум и другите класови се други смерови така да таа идеа и да сакам нема како..сакам само раат и ништо друго, низ цел град ме зборат, дури и некој нивни пријатели шират на сосема други луге за мене. Тогаш зашто ми се смеат кога на голем одмор јадам сама, или било што правам? Ми се смеат дури и дека искачам, дека пак се трудам да не ги мислам.. Секако дека нема да учам со нив во иднина, здравје сакам надвор од мк, или сеедно само усвет од нив. Како да се тргнам, кога они не се тргаат, замараат се живо за мене, дури мислам дека ако најдам дечко во иднина ќе го тргнат од мене, знам дека нема да се отарасат лесно..