Сега знам, свесна сум дека требаше и порано и знам за во иднина. Овие ѓубрињава сакам да ме заборават, мислам дека и ако видат дека не сум иста пак ќе зборат.
@lasthope смири се - мисли за себе сега. Психички си стабилна, нема ништо лошо да си направиш, а ова ќе помине. Мене само едно не ми е јасно, како издржа речиси четири години вака?
Prvo ti mozes da imas vlijanie samo vrz svoite postapki, vtoto sto ti e gajle pamtele ili zaboravile, zamaraj se so bitni raboti ne so malogragjanstina.
Мирен карактер душо моја, наивност и доброта, мислев дека сите ќе бидат срциња, дека ќе бидеме како семејство, бидејќи неколку другарки го добија тоа. И требаше од старт заби, плус блискост со моите, за жал тоа е ама сега е подобро. Според децава јас немам психа и сум ретардирана.
Ама добро, зошто толку ти е важно нивното мислење? И верувај, не те збори цело Скопје, само десетина ретардирани идиоти на кои занимација си им ти. Натака во животот, секој ќе те памети по тоа каков впечаток ТИ им оставаш, а не што некој трет ќе каже за тебе. Луѓето кои што се опседнати со оговарање значи дека немаат живот, и зашто би ти било тебе гајле за тоа што такви безрбетници мислат? Значи, разбери: 1. Смири се 2. Издржи до крај на мај 3. Среди оценките 4. Запиши факултет надвор 5. Терај живот понатака и ти нив заборави ги Едонставно е. Не викам дека е лошо што си побарала помош тука, ама редно е после 10 страници поддршка да разбереш дека не треба ти да се опседнуваш со нив, туку да се фокусираш на себе и своите цели.
Јас се чудам како некои тука на девојчево му префрлаат како таа треба да се смири, како треба некому да врати. Ајде да видам некој од вас или на некој ваш близок ова да му се случува (не дај Боже) да видите како е? Како девојче, ајде да претпоставиме дека можи на еден да му врати, ама што кога ќе скокнат уште тројца хиени други да ја бранат таа гнаса. Зарем девојче може да натепа четворица, петмина? Најдобро е советите да му се помогне на девојчево да се насочат кон тоа како да се натера и да се изврши притисок врз институциите да помогнат (а, очигледно досега не помогнале). Знам многу добро колку е тешка ваквата ситуација. И да не и советувајте да се промени во однесување, да им враќа (без разлика дали физ. или вербално), единствено треба да се променат тие. Пр.Не е некој крив ако има вишок кг, не е никој крив ако е пониска класа, не е никој крив ако нема татко/мајка. Кога хиените ќе увидат недостаток на самодоверба кај ваквите прво вербално, па потоа физички напаѓаат.
Ne te razbiram, kako ocekuvas taa da gi smeni niv (dve, tri,pet neka se), a ne moze da im se sprotistavi zs mn se strasno e.
Ви благодарам сепак на поддршката, инаку така е, не за џабе има поговорка раздели па владеј, исто е и во случајов, заедно луѓето се посилни. Да ме сакаа немаше вака да биде со сигурност, кога и да ме видат сум им непосакувана појава, баш ме заденаа во стилот-со тебе никој нема со сигурност да се дружи на факс, види се каква си никаква. Се надевам само дека во иднина нема да малтретираат и други како мене, бидејќи се големо друштво.
@lasthope не ги слушај тоа што ти велат за на факс. По можност запиши се во друг град, ќе имаш многу поинаков живот подалеку од нив. Ако не им е ова пролазна тинејџерска фаза ќе имаат мизерни животи во иднина, никој нема да ги сака такви одвратни со скапана душа. Ти си добра личност и такви луѓе и ќе привлечиш околу тебе, кога тогаш. Биди силна сега, не се откажувај.
Фала ти мила, навистина не знам зашто се волку злобни, како да сум подоле од ѓубре се однесуваат што навистина е гадно. Знам дека по лошо ќе ме памтат и нема да ме заборават но тоа е.
Всушност за нив зборот ѓубре да ги наречиш е луксуз, тие се дно дна. Донекаде знам како ти е, во основно бев малтретирана и вербално и физички и знам колку боли. Тогаш немав ни на кој да му се обратам, дома не кажував а пријатели немав. Не е битно каква ќе те памтат тие, тоа е најмалку битно. Битно е да продолжиш со животот и нив да ги оставиш во минатото.
Уште одма би ги заборавила. Туку друго ме мачи. Другарка имам истово го помина, заврши поодамна.Пред некое време ја ребрале на групен чат, се направила во стилот-абе кој бевте вие? Следувало коментари-Како бе не заборави, толку си ги ладевме со тебе и те мачевме, сега се правиш над нас Ми го покажа муабетов, така да сведок сум и не сакам да ми се деси и мене утре пак да ме замараат како неа. Она имаше неколку такви дебили, ја замараа и освен тоа и на дечко и му пишуваа да ја остави и дека не е за него. Не го сакам тоа. Кажуваше дека кога и да ја видат и се потсмеваат, инаку се повозрасни од мене.
Блокирај ги сите такви од сите социјални мрежи, нема да ти се случи истото. А за дечко не се секирај, ако те сака навистина ќе застане во твоја одбрана и нема да го слуша нивното јадење г*мна за тебе. Ако би ги слушал нив не е тој за тебе, едноставно е. Толку мизерни животи имаат што за забава сакаат да уништуваат други животи и уживаат некој да прават да се осеќа несреќно ради нив. Тие се психопати мила, а најверојатно такви и ќе си останат.
Жално е тоа што ти се случува и поготово од млади луге кои би требало да се интелектуалци,а се обични алапачи.Собери докази ,копии од статуси коментари каде зборат за тебе и тужи ги ,или опомена пред тужба,сега постои закон и за малтретирање преку социјални мрежи,и посоветувај се со адвокат ,молчи си и собери докази и тужи ги невоспитаните.Жално некои шмизли да ти го расипуваат животот ,расипи им го ти нивниот.Не можам да поверувам колку е злобна младинава,место да се помагате дружите ,да се прават женски упропастувајки нечиј живот....но тркалото се врти ,ке дојде ден кога судбината ке им ги наплати гревовите. Крени глава,дотерај се и на секое зајадливо коментарче врати со насмевка...и подалеку од нив ке си најдеш ново друштво на факултет..поздрав и чувај се.
Па таквите немаат живот и само исмеваат некој и се мешаат во други животи и слабости. И кај мене во клас е слично само кај мене сите машки се слични само не до тој степен пробувам да ги истепам ама толку добри другарки што имам никој не ми помага. А во другите класови сите женски си се бранат. Класниот знае ама ништо не превзема. Ако пробам да одбранам некое девојче ми викаат што се мешаш ти и се караме цело време така ама не знам што да правам кога од почетокот не сум превземала нешто сега си имаат мислење ,, овие можеме да ги заебаваме ништо не ни можат''. Трагично е што на еден од нив таткото е инспектор нешто во полиција а мајката е докторка на високо место, а толку невоспитан. Најдобра опција е да ги снимиш кога ти зборат на тебе и други некои и да покажеш на психолог. Јас кога кажував на класен додека е тој со нив да збори ќутат и кога ќе си отиде низ нос ми вадат :колкави сте не можете сами да се справите на класен кажувате и сл.
@lasthope kid, во должината на животот знаеш кој процент зазима средно? хахаха сеа ти изгледа како уништен живот ама за многу брзо ќе се смееш. Не би те советувала да бегаш у друга земја или не знам што.. Единствена работа што ќе упали е самодоверба и гласно ругање ти нив. и да се совршени лепотици, измисли нешто за нив, супростави им се. или пак биди фина и културна и и иди им' насмеана и кажи им аман веќе досадни сте, ај најдете си живот. А инаку на факс ќе си запознаеш околу 100 - 200 нови луѓе од секаде така да ич гајле да не ти е. Ќе ги заборавиш овие ко ништо. А малку симптоматично ми е како мислиш дека со тебе се занимаваат толку многу па дури до твитер да стасало.. да не си преувеличуваш малку? нормални се симптоми на блага параноја у твоја возраст, само самоуверено и ич не им се замарај, најди им ги маните и све у фаца, Гласно на цел глас Пиши као прошло. И не е дека си скроз сама, иди збори со машките, глеј си клипчиња на мобилен, смеј се... мора бар некој од класот да сака да збори со тебе, ако не онда ти пријди му.. самодовреба.
Што се замараш со небитни работи? Кога ќе завршиш ич не ни помислувај на ретардосиве. Прво можеш да ги блокираш од секаде, второ и да ти пошат лесно можеш да истуриш куп навреди врз нив и да ги направиш од го*но подоле, изборот е твој. Не се тие тие само што можат да навредуваат. Втора работа, на факс. работите не се исти, може ќе бидеш во генерација со 200 души и верувај дека од толку народ ќе си најдеш и друштво кое ти одговара. Се менуваат некако нештата, не е застапено баш вакво изживување кон некој а и секој си ја гледа работата, тешко дека ваквите ќе успеат некого да заплашат или да се засекира ради нив. За некоја година, на улица да се сретнете нема глави да си завртите.
Знаеш дека тоа што објавувале слики на интернет можеш да го пијавиш в полиција? Ќе откријат се дури и да избришале. Можеш на пример со тоа да се заканиш на класната, дека ќе пријавиш, дека ќе го пријавиш училиштето и во инспекторатот за образование и дека твојата приказна ќе ја објавиш во медиуми.