1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога животот ви е уништен?

Дискусија во 'Психологија' започната од lasthope, 19 февруари 2018.

  1. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Имаше една девојка која заврши лани, нејзе вака и правеа ама не знам ни кај е ни што е, од клас машкиве знаат да ја спомнат и оговараат, но таа беше на дистанца и немав контакт со неа освен гледање по ходници, и еднаш неколку прашања поврзани со еден тест.
    Инаку само јас ова го трпам, друг за сега немаме, сложни се сите меѓу себе.

    Немав како :(
     
    Последна измена од модератор: 19 февруари 2018
  2. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Едноставно луѓе мора да разберите дека има хиени кој малтретираат некој кој е физички послаб, посиромашен, некој кој вербално не враќа на навреди и таквите се плодна почва да бидат зае******. И да, не мора ништо погрешно да си направил тие ти набиваат чувство и дека нешто не е во ред со тебе, а напротив нешто не е во ред со нив. Ти да немаш друга занимација надвор од часови освен да се изживуваш на некој... Што луѓе ќе се тие. Поминав низ ова, знам и посебно е тешко кога од домашните немаш поддршка. Инаку, да и класни раководители и другите служби се прават „наудрени“ околу проблеми кои ги имаат деца од чии родители утре-заутре тие класни раководители, педагози, психолози и сл. со сигурност нема во иднина да им треба услуга.
     
    На SV1911, Asistentkа, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  3. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор си реален, верувај ми дека класната не се замара, а за децана на едни познати личности од клас, за синот на градоначалникот, и за уште неколку не дава збор да се чуе лош, а не па да стигне до полошо, дури не ги ни запишува ако каснат, и од кога сме тука не се испрашани ништо, а се бунат за мене.Ова ми е како гледање туѓ живот, не знам како да го опишам, сум пробала да се бранам не успеало, искрена сум и претешко ми е, уште ме прават ментална, ретардирана, болна, а класнава мене ме обвини пред моите, не знам како ќе биде..
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Знам многу добро како е, сум го осетил ова на своја кожа. Мене исто така (згора на ова) една оценка плус ми фалеше за со одличен успех да поминам во прва година, и не ме направија одличен. А, на некои што беа нивните родители моќни 8 единици имаа до пред крај на школска година и ниту на повторување отидоа, ни ништо... :( И до системот е.
     
    На kikkki и RAF Camora им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Ги игнорираш ако успее тоа добро . Инаку и јас бев во средно во таа позиција да бидам топовско месо односно боксерска вреќа во која сите вербално се празнеа. Бидејќи носев мустаќи и брада ми се шегуваа, но мене тоа не ме тангираше. Но почнаа со посериозни навреди на кои јас не одговарав вербално туку поради целиот бес и лутина собран во мене реагирав физички а еден од мојот клас доби слива под окото и на самиот капак. Сега кога ќе размислам што направив се смеам како ненормален, Разбрав дека сум направил голема грешка и дека не требало да реагирам така. Луѓе решавајте го проблемот на било кој начин само со насилство не се обидувајте. Ќе навлезете во уште поголеми проблеми.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што нема начин, како ќе ги затнеш?
    Ако ме ингнорираа немаше да ми смета, едноставно сакам раат, се кладам дека доколку некој во иднина ги праша било што за мене ќе му јадат г... исто може и за вас зборат, и за некој сосема трет невин, уште син му на градоначалникот со нас учи и се фалел како ме сокапал од секс, а ни здраво немам со него!
     
    На kikkki и RAF Camora им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Епа тоа е реалноста што да правиш. Мене сета таа перипетија ми влијаеше на самодовербата и самопочитувањето. Дури и денес знам да бидам несигурен за многу работи во животот. Мене ме спаси разговорот со мајка ми која најмногу ми помогна да се справам со оваа средношколска болест. Ама ете не успеав да се изборам со лутината и бесот, па сето тоа резултираше со лош исход и секако мрчење од страна на директорот.
     
    Последна измена: 19 февруари 2018
    На kikkki и Mari-Ja им се допаѓа ова.
  8. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.089
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место јавно на тв ќе излезам... За сите лажни обвинувања, тужби! Мамичето нивно.
    Си враќам филм, вакви гниди беа и тие у мој клас.
     
    На joy1, SV1911, MynameisHelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Како може тоа со тв да се реализира?
    Инаку кај нас ако снимаш со камера се дерат, а кога син му на градоначалникот се глупираше со мобилниот на сред час и си правеше селфиња и снимаше глупости им беше ок

    Истото и јас го трпам, искрено знам дека не е убаво да мислам на одмазди ама тоа го посакувам...
     
    Последна измена од модератор: 19 февруари 2018
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Запиши се на кик-бокс,тренирај напорно,за до матура да се шетаат модри.Најдобра одмазда ти е тоа.:D

    Се шалам,ама мораш да ојачаш малку.Те разбирам како ти е ,не сум доживеала слично ама можам да замислам како ти е .
    Ти ќе одлучиш дали ќе продолжиш со истиот начин или ќе им се спротиставиш.
    Се чудам што си дозволила така да се однесуваат.Абе кој се тие да те ругаат тебе?
    Можиш да го решиш проблемот сама,собери сила.Не биди мамина галеница,спротивстави им се.Да видиш како одма ќе е поинаку.
    На која основа те исмеваат?Ако си малку паметна(пошто тие се тапа очигледно),исмевај ги и ти.
    Сними ги како што ти кажаа,патем добар совет,21 век сме,и врати им со иста мера(социјални мрежи).
    Бори се храбро,ќе те ојача ова,очигледно си кревка штом си го дозволила ова да стигне до овде.
    Како тоа немаш нити една другарка или другар,па макар и да е надвор од школо?
    Нема ли некој што може да те подржи малку,да застане зад тебе?
    Многу ми е жал мене ова ако ти се случува навистина,ама ми е малку чудно што немаш подршка нити од родителите.
    Како не ти веруваат? Направи ли нешто за да ја изневериш нивната доверба?
    Ако не,би требало да ти веруваат и подржуваат,а не на директорката или слично.
    И учи повеќе,нека стават и 2ки,ама ти учи повеќе,ќе ти треба за тебе, за на факс. Не можам да замислам како си дозволила да ти ставаат ниски оцени,само ради некоја си таму недорасната,за да утре ти е тебе ограничен изборот на факс,те. да не успееш да се запишеш на факултетот што го сакаш?
    Не можам да замислам,не,не...:doh:
    Пријави во институции?Мислам дека е доцна,нема ништо сега да постигнеш.И онака ќе ги гледаш уште 2ипол месеци школските.

    А сега,секако матура не е на ниво на школото,така да не одлучува класна или директорка,запни повеќе извади јаки оцени,и за да им покажеш на тие што ти ставаат 2ки,а и за да ти крене просек(колку-толку),за факултет.
    Па со среќа девојко,и храбро.Утре на факултет,или работа нема да има мама/тато,да те галат,правдаат...
    Научи да се бориш храбро и постави се со луѓето онака како заслужуваат.:muscle:
     
    На Ladybbc, CameliaMiller, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Моите заради класната мислат дека јас сум крива, и децата лажат...ради тоа
    Што и да правам пак замараат, немам како да возвратам...
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Биди малце посигурна во себе. Ти не си жртва. Тоа што тие те третираат како таква не значи дека си. Жртва си само ако прифатиш да бидеш тоа. Прво убеди се себеси дека не заслужуваш таков третман а потоа барај чаре. Дали ќе ги седнеш твоите и сериозни ќе им кажеш да превземат нешто, дали ќе снимиш и ќе одиш кај директор па и ќе бараш во друг клас да те префрлат, дали ќе се одбраниш на друг начин пред нив твое е. НИ ова што го кажуваш очигледно трае долго. Човек ко мене 5 мин не би трпел такво нешто. А зашто ти трпиш?
     
    На Someonespecial, Mari-Ja и kikkki им се допаѓа ова.
  13. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Немам како да вратам, пробав да ги изругам, станаа полоши, физички ако пробам пак ќе бидам виновна, ако им се развикам и тоа не помага.А ти како би вратила?
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    ^Саркастично :D
    Смеат да те допрат?Дали кренале рака на тебе некогаш?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    За жал да....
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Би ги седнала моите и би барала заштита од нив. Ако не ми веруваат ќе покажам снимки на нив па со тие снимки Тие да одат кај директор да се бунат зашто тебе директор може да ти сврти ум сепак си мала и ќе проба да ти влијае .. да направат твоите драма во школо па ако треба да речат и дека си пробала да се самоубиеш ради нив. . па нека ги дадат сите на дисциплинска и на психолог.
    п.с. Значи не ти советувам да глумиш самоубиство туку твоите тоа да го речат само. снимај и покажи и прашај ги твоите дали нивното дете заслужува таков третман само зашто сака да учи стручно?!?
    од друга страна таквите така што се однесуваат се за греови.дека си подобра од нив е автоматски јасно. биди и попаметна.
     
    На simonka93, Someonespecial, Mari-Ja и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Еј девојко,се шалиш ли?Како можеш да го толерираш тоа?Ок ајде навреди,ама насилство?!

    Те прашаа дали си размислила зошто е ова вака,не одговори.Размисли,зошто е вака?
    Мора да има причина.
    И морам да те прашам,од каде си?
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    А тебе исушено ти е рачето па не можеш да мавнеш? Валјда треба да покажеш малку заби и ти.
     
  19. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто е вака, што и да мислам не знам која е точната причина.
    Инаку од Скопје сум

    Да ама сигурно син му на градоначалникот нема да дозволи да го натепам, нема ни другите да дозволат, ради компликации ми е страв а би вратила
     
    Последна измена од модератор: 19 февруари 2018
  20. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Не мора многу, барем два конци нека има, и кога ќе дојде чичко градоначалник кажи му снимка и предупреди го дека може да се множат конците8)