1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога животот ви е уништен?

Дискусија во 'Психологија' започната од lasthope, 19 февруари 2018.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    И пак ќе ја избркаат. не е тоа така. Со насилство ништо не се добива. демократија бре ;)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Ок,а прашај ги другарите негови дали ги тепаат сестрите,и како би им било ако ги видат нивните сестри истепани?
    И те молам собери сила,возврати им,немој да се плашиш.
    Инаку,од каде си те прашав зошто да се случува ова во голем град ми е многу чудно,мислев е некое село/мало место,каде нема ни ссодветни институации.
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Утре ќе пробам со директорот и класната, ќе видиме и мон ако може да помогне, навистина ми е грдо, проблемот е ај да е еден ќе му вратам, ама знам дека групна тепачка ќе биде..
     
  4. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Тогаш не мора на училиште, затекни ги еден по еден у некој ќош :D така нит ти знаеш што се случило, ни тие кој ги набуфтал.
     
    На sjdgo и kikkki им се допаѓа ова.
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    @lasthope физички беше малтретирана и твоите пак 4 години не ти веруваат? Класната 4 години стои во одбрана на насилниците? Па имаш докази како по интернет те исмејуваат, како може твоите родители сеуште да не веруваат?
     
    На SV1911, buba4e89, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Мислат дека тоа се случува затоа што јас сум виновна и демек ми возвраќале со тоа....
     
  7. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Иако поминаа пет години од средно, внимателно го прочитав овој пост и се пронајдов, но јас поминав малце подобро од тебе, сакаш послушај ме, сакаш не. ТИ НЕ СМЕЕШ ДА ЌУТИШ ЗА ОВА! Да ти кажам од мое искуство јас и ден денес имам "трауми" уште потрагично е што тие личности живеат во моја близина, не се среќаваме често ама сепак, изгубив самодоверба и ред други работи за кои не би сакала да пишувам овде, само ќе ти кажам дека класната твоја која не сака да ти помогне е кокошка од која може да се направи супа! Која година си? Зашто не се префрлиш во друго средно? Јас се жалев кај класната, која на почеток не ме сфати сериозно, потоа на други професорки, па на крај татко ми дојде па да видиш како се смирија, ме префрлија во друг клас и таму бев мн прифатена, а проф секогаш ме поздравуваа, исто и класната, сакав да кажам дека по ова твојата класна е идиот да не речам како мојата кога сериозно изреагира тек кога умешав родител, убаво те советувала членката @LiliBoz , немој да дозволиш уште да го трпиш тоа како стоиш со родителите? Мораш да реагираш, дали професорки,дали директор, педагог итд ти мораш ова да го решиш! Затоа што некои "етикети" траат вечно, затоа реагирај! И какви родители се тоа што не ти веруваат??? Навистина понекогаш не разбирам некои раб, дали навистина постојат родители кои не се замаараат со сопственото дете?
     
    На sjdgo, buba4e89, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    @lasthope Мене ми фали малку поќе вистина, објективност во приказнава. Девојче, не си умислувај дека ЦЕЛО ШКОЛО се замара со тебе, сите тебе те следат, дека нема ниедно нормално дете во тоа школо да се дружи со тебе, дека оценките ти се незаслужени, дека класната ти била партиски определена и со цел клас се свртела против тебе, дека твоите не ти веруваат, другарките ти ги уценуваат итн. Има исмејување, понижување, недружење ама ова е ту мач. Би те советувала да поработиш малку на својот карактер, своето однесување, по потреба побарај стручна помош.
     
    Последна измена: 19 февруари 2018
    На Neophodna, kikkki и crimson им се допаѓа ова.
  9. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Во секое средно учулиште има психолог, отиди кај него/неа, објасни ја целата ситуација, и со класната и сите со име и со презиме. Тој мора да преземе нешто, доколку не преземе кажи му дека целата сторија ќе ја напишеш до медиумите со име и презиме на силеџиите но и на директорот и класната како одговорни лица кои не преземале ништо. Инаку и јас се согласувам дека не ни ја кажуваш целата приказна. Не може никој да не ти верува, ниту родител ниту другарка. Во прва година средно стручно училиште пробаа да ме малтретираат психички, го имаше и тоа земи убиј се, фрли се од зграда, ама мојот одговор беше ако се убивам ќе дојдам тука во школо пред вас, по можност со доволно експлозив за и вие да отидете, по што бев пријавена кај класната, па оттаму кај психологот и таму со убаво а и со лошо на психологот му објаснив што ми се случуваше првите два месеца и како на моите поплаки класната не реагираше. Дури реков и дека на следната родителска ќе бидам присутна со татко ми и се ќе кажам на сите родители. Следно силеџиите беа викнати кај психологот, а класната застана во моја одбрана.
    Инаку да додадам бев одлична ученичка, првенец на генерација сите 4 години.
     
    На RoseRain, Mari-Ja и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  10. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Благодарам за советите, инаку не знам што повеќе да додадам, што и да мислите прашајте ме не кријам ништо а и гледам дека и други феминки претрпеле вакви проблеми.Се мислам утре пак да разговарам со класна, психолог и сл. навистина сето ова е непријатно и гадно.
    Не им ја знам причината и криво ми е што сето ова ми се случува, ќе беше сто пати подобро доколку ова не ми се случеше, со моите се караме бидејќи мислат дека ги лажам, гледаат како сите се меѓу себе друштвени, класната не се замара и мислат дека проблемот е во мене, криво ми е што кај на школо малтретирана па и дома.Сакам да можам да направам да е убаво и да ме остават на раат, знам дека и во иднина ќе ме зборат, како што се зборени многу случаеви со други познаници и блиски.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    И јас бев без партнерка, па еве фала му на бога уште сум жив.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Издржи уште три месеци и после не им се замарај, игнорирај се што е поврзано со нив, за твоите родители немам зборови, добро ајде еден ден два дена, па и три ако им се жалиш до тој степен немаат осет дека нешто не е во ред? Верувам дека за жал повеќето од нас се соочувале со овој проб, ама девојче кај тебе е мн поизразен, послушај не и иди утре, срам не срам мораш! Можеби тебе не те сфаќаат сериозно, ама кога ќе се појави родител сепак друго е, дали можеби ја знаеш причината поради која започнало ваквото однесување од нивна страна кон тебе? Еве за мене беше дека бев доста мирна па мислеа можат како сакаат со мене, јас со родител го решив овој проб, пробај и ти да ги убедиш, зборувај им секој ден ако треба.
     
  13. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Уште од старт пробав да ги сакам, да видат дека сум фина, и место да ми возвратат, они се свртеа против мене, искрено ништо им немам направено лошо, баш напротив во почетокот зборев колку се фини и се и на крај ова го трпам.
    И да ставам ингнор не помага, утре ми е последна шанса да видиме што ќе се деси.Која е поентава на волку оговарање,како им се замара и како памтат толку работи воопшто не знам.
    Со тебе како се сменија? И што потоа?
     
  14. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Едноставно некои родители (еве моите беа такви) не гледаат дека со нивното дете нешто не е во ред. И во еден дел заедно со просв. работници тие се највиновни за ова што му се случува на девојчево.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Не ја игнорирај @Abeja, размисли и за тоа што ти го напиша.
    Со самосожалување апсолутно ништо не се постигнува во животот.
     
    На kikkki и RAF Camora им се допаѓа ова.
  16. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не се саможалувам, сакам да се спасам и да бидам раат од нив, што толку се опседнати со мене не знам..ти како би им вратила?
     
  17. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    @lasthope
    Џабе и директори и се', тие пак ќе си продолжат по своето. Знам деца што се соочувале со ова, траеше до самиот крај. Опомените немаа никакво влијание. Единствена опција ти е да ги издржиш последниве месеци или да ги одиш вондрендно.
     
  18. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Доцна е за вондредно за 3 месеци завршуваме, нема да има како, сега ни се последни оцени, подготовки и сл.
    Џабе опомени, и пред класната ова се случува, да сакаа ќе помогнеа.Само не ја знам причината зашто ова се случува кога може да биде убаво..
     
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Прво жали се кај директорката, ако нема слух за тебе, пријави во општина кај надлежните инспектори, ако и тоа не функционира пријави во полиција, во Меѓаши и.т.н .
    Барај институционална помош. Ако немаат слух и тие, убеди ги родителите да се отпишеш од тоа школо и поднесете приватни тужби !
     
  20. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    Прашај, сигурно може да се направи нешто да одиш само на тестови.