1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога животот ви е уништен?

Дискусија во 'Психологија' започната од lasthope, 19 февруари 2018.

  1. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    И јас исто ништо не постигнав со самосожалување, јас сум жив пример за тоа. А како последица ја изгубив самодовербата и самопочитувањето.
     
    На kikkki, Sar-Ste и crimson им се допаѓа ова.
  2. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за ова што ти случува во средношколските денови кога всушност треба да ти е најубаво и најинтересно. Но штом си издржала толку ќе издржиш уште тие месеци што ти остануваат. Ќе се позанимаваш со матура, со матурска ии ќе ти помине времето некако. Само не ми е јасно како може некои на 18/19 години да се понашаат како деца во прво одделение. Немаат ли тие свои животи, проблеми па нашле да си играат со тебе. И како може никој да не е на твоја страна? Или проблемот е во тебе или целото школо со се се е пропаднато...
     
    На Someonespecial, Pandora-, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    За школово се збори дека е најтапа школо у ск, знам дека баш и на форумов, а и на други форуми многу е ругано, ради смер отидов не за друго, за жал такви се кој не верува нека дојде на место и ќе се увери.
     
    На buba4e89, Miss.A. и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па би пробала да го најдам коренот на проблемот. И би учела повеќе.
    Како ќе студираш во странство со двојки?
     
    На buba4e89, CameliaMiller, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Дали имаш барем една другарка која е со тебе? Јас бев блиска со уште две другарки, и они ја контактираа класната, а таа никому ништо и другарка ми рече јави се на родител нека дојде, се јавив на татко ми и дојде разговараше со класната, директорката ме префрли во друг клас, повторно за време на големите одмори се среќавав со нив но не ме ни погледнаа, не ми правеа потоа никаков проб. и од социјалните мрежи ги избршав, бројот на моб не ми е сменет уште никој не ме замараше (иако порано знаеа да замараат) сепак ова моево беше од пред пет години, ама треба да покажеш и ти заби, да не им ќутиш, вака те гледаат оставена на се или ништо и намерно ти прават проблеми, мене од 3та год мислам почнаа да ми прават проб одредени девојчиња, во 4та ме префрлија и супер се снајдов со новиот клас а они се откачија, иначе 4 год не си се сетила да се префрлиш барем? Сега да, касно ти е, ама ти штом си издржала 4 год...ајде после ќе се запишеш на факултет и ќе заборавиш на ова, само не треба да влијае на тебе до тој степен за самоубиства што ти знам...и мене памтам еднаш ми кажа една "умри ма сељанко" и ете не умрев , жива сум :rofl: сепак, секоја кажана реченица е одраз на културата на самата личност која ја кажала истата, со што мене воопшто не ме интересира, сега кога веќе ме наврати на тие денови, можам да кажам само дека ги жалам :)
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Не знам како ми се промакна темава.
    Прво мора да се согласам со неколку членови погоре - не можи да се сите против тебе и да се замараат со тебе. Во глобала зошто имаат свој живот, има еден, двајца кои се the bullies, другите само повторуваат по нив. Претпоставувам дека тие кои први те малтретираат се доста популарни и сакани од остатокот од класот. Поправи ме ако грешам, ама најчесто е вака. Но, ти си моментално со намалена самодоверба, кревка и постојано мислиш дека сите гледаат во тебе и дека ти се смеат. Тоа е нормално однесување и чувство во твојата ситуација.
    Не прочитав сите мислења, ама ме интересира, оваа ти е последна година. Дали ова траеше од самиот почеток? Ако да, зошто најголема грижа во моментов ти е матурата, која према мене е најневажниот дел од цело средно, туку со години си трпела психичко и физичко насилство? Каде е психологот и педагогот во училиштето?
    Сега следно. Не баш одамна, бев и јас средно. Имаше едно девојче кое никој не го сакаше во класот. Јас бев од оние кои не беа заинтересирани, но некогаш знаев да седам со неа за да не ја малтретираат. Некои луѓе се монструми, ама насилство не е одговорот. Сепак, за ова девојче кое ти зборувам имаше причина зошто на сите му одеше на нерви. Едноставно не сакав јас и другарка ми да бидиме плус луѓе кои дотураат бензин во огнот. Направи добра интроспекција, дали навистина нема причина за нивното вакво однесување?
    Исто така, кога почнав јас средно, бев со ниска самодоверба и баш кревка. И бев нападната, но успеав да се изборам зошто сакав да ги плукнам јас последна. Одговорот како треба да постапуваш го пиши низ сите овие страни. Кога си емоционално ранет, со ниска самодоверба ти си кревок и лесно паѓаш под сугестија. На пример, ти сега веруваш дека не вредиш. Со тоа што веруваш дека не вредиш, ти веќе се предаде. Ама, моментот кога ќе се соочиш со проблемот и кога нивните зборови ќе престанат да стигаат до тебе - нема да им е интересно. А за физичкото насилство сигурна сум имаш одредени докази на телото со кои можиш да ги кажиш кај психолог, педагог, директор, или најдобро - полиција. Застани цврсти и игнорирај ги. Некогаш возврати самоуверено со саркастична реченица и повлечи се. Некои луѓе не заслужуваат внимание. Не заслужуваат да ги гледаш, да плачиш за нив, да се грижиш за нив. Некои луѓе само заслужуваат да се свртиш на другата старна и да ги оставиш да плукаат дур им здосади и си најдат нова занимација.
    И за крај, ако се ова, трае цело средно и не си презела ништо - само им помогна тие да станат полоши кон тебе, а ти да трпиш ужасни работи. Дури и се плашам дека сега е касно, уште за три месеци, да се преземи нешто, но немој да се откажуваш. Направи им сопки за понатаму во животот зошто кога ќе се докажи дека тоа што го зборуваш ти е вистина, тие кои ти наштетиле навистина ќе наидат на сопки во иднина. Надежно, ќе добијат отворено досие. Искрено, заслужуваат. Па нека размислат во иднина повеќе од три пати дали психички и физички да малтретираат некој, пак.
     
    На Juicy, martovsko cveke, Ladybbc и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Тогаш потруди се околу твоите родители. Обиди се да звучиш уверливо, мораш да ги убедиш во твојата приказна. Ако тие не му веруваат на своето дете тогаш кој. Со нивна помош и иницијатива верувам дека ќе успееш да се избориш против класот. Тие ако застанат зад тебе како поддршка ќе успееш.
     
    На theowndemon и RAF Camora им се допаѓа ова.
  8. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Какви сопки е најдобро да се направат? Немам никогш возвратено, инаку од старт ова го трпам, немаше причина погоре пишав како им посакував се најдобро и стигнав до тука..Што би им направила не знам?
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е легално да снимаш некој без нивно знаење, но добро е да се обидиш па прво ќе зборуваш со родителите твои, па кај директор, психолог, педагог во училиште и доколку никој не презема ништо јас и би тужела. Еве, за добар почеток. Ако врз тебе е вршено физичко насилство тоа значи дека ти имаш белези на телото, синејци, удари. Тие удари можи да се докажат дека врз тебе е вршено физичко насилство. Можиш да тужиш за тоа. Исто така, во меѓувреме, можиш да ги игнорираш и понекогаш, кога мислиш дека треба, да возвратиш саркастично, покажи заби, иако немаш самодоверба, прави се дека имаш. Посети психолог, добро освежување ќе ти дојди.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    ^ Не е легално да снима некој без дозвола, па такви снимки нема да се земат во предвид како доказ.
    Ама девојчето нели веќе има докази по социјални мрежи?
     
    На buba4e89, Luciferovog zlo♧ и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Има коментари?
    Зошто јас сфатив дека ретко кој има на социјални мрежи, дека не ѝ коментираат туку ја демнат и после во живо на училиште ѝ зборуваат за тоа што постира.
     
  12. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Колку би помогнало од социјални мрежи?
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па напиша ја исмевале по твитер/ инстаграм.
     
    На Abeja и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Коментираат некогаш и на нив, ставаат статуси, работи, и сл. и таму ме ругаат
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Ах, го испуштив тој детал. Извини.
    Во тој случај можиш да ги сликаш овие делови како доказ за вршено психичко насилство врз тебе. Рече дека родителите не те земаат сериозно, доколку им ги покажиш овие статуси ќе сфатат големината на проблемот. За почеток.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @lasthope епа штом се само 3 месеци, стисни заби, друга опција немаш.

    Игнорирај ги, а ако си спремна да одиш до крај, тогаш има институции кои можат да те заштитат. Ја ти верувам дека ситуацијата е неподнослива, и кај мене имаше луѓе кои без причина ги напаѓаа соучениците. За жал, bullies имало и ке има.

    Те ругаат со нешто конкретно или ти играат мајтап со некој параван? Пример ако ти смислиле некое име кое не е поврзано со твоето вистинско име, ништо не можеш да докажеш.

    Беше ли кај психолог или педагог во училиштето? Што велат тие?
     
  17. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Со конкретно име е ругањето, и за да биде уште полошо до детали ругаат.
    Психологот не се замараше баш, пак си продолжија..
     
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Не е лоша идејата која веќе и други ти ја дале да снимаш. Снимај почесто, начекај момент каде јасно до израз доаѓа нивното безобразие и изживување. Снимката покажи ја дома и заедно со некој од твоите родители одете кај класната и директорот и заканете се дека доколку не превземат ништо работата ќе стане многу поголема. Може да кажете на директорот дека доколку уште еднаш се повтори такво нешто ќе пријавите и во полиција и снимката ќе ја испратите и до некоја телевизија ако треба. Верувај дека нема да му биде воопшто сеедно училиштето и неговото име јавно да бидат истакнати. Во секое школо скоро има такви безобразни дечишта и нажалост најчесто сите нив ги бранат. Во текот на моето школување, наставниците, директорите и останатите служби секогаш беа на страна на багабонтите. Треба само остро и без никаков осет со нив. Ако си стоиш така мирно со наведната глава нема да ги решиш проблемите.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Во темава се спомна дека не било легално да се прават снимки. Ај нека каже некој правник ако има на темава, ако нема консултирај се со адвокат.
    Мислам дека може да ги покажеш снимките на директор, полиција, родителите, но не да ги ставишт на нет и да ги споделуваш со (не)пријатели. Но сепак нека каже некој стручен.
     
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш имаш со што да одиш кај директорот. Вака ми звучиш како разумна девојка, мора да го решиш тоа.

    А убаво ти кажале, тие 2ки се од неучење, поправи ги нив. Не спиј на тоа уво дека во странство со раширени раце ке те примат со таков просек.