Оти јас не верувам во вакви прикаски...или сум јас неверни Тома или чупево си има фалинка и со сила се прави црна несакана овца!??
Колку години сте? Изгледа немате доживеано вакво нешто, разлистајте низ фемина и видете уште колку ова го трпат за жал
бабе ти имаш едни години а таа други. Низ светот многу тинејџери си го одземаат животот поради вакво нешто. И повеќе би сакала да е трол и џабе да јадам симит овде неголи утре да чујам на тв дека се убило девојче и да ми е криво зошто сум игнорирала.
Секој си има свое мислење и свое однесување...јас нејзината приказна не ја игнорирам, едноставно не ја прифаќам за вистинска, многу пренапумпана ми е..а она па толку пасивна...оф леле мајко..
Гледам дека бараш одговор односно решение, ама тука од нас нема да го добиеш за жал. Единствено ти сама на себе можеш да си помогнеш. Да сфатиш дека ништо не ти можат освен да зборат. Враќај со иста мера, одговарај им на глупостите, пробај да ги снимаш и да покажеш на директор, родители па и на полиција. На крај па и нека те истепаат, провоцирај ги намерно, ти ќе одиш модра некој ден ама и некој ќе биде избркан пред крај. Јбг стапот има два краја. Од 35 души со ниту еден не збориш и не си блиска? Многу ме интересира кој е синот на градоначалникот, кое е искомплесираното дериште... Аеродром и бутел млади ми изгледаат градоначалниците, влахов и арсени ми дојдоа на памет од стручните...
Не се тие две, инаку што и да им одговорам пак јас сум виновна.Кажав на класната дека ме малтретираат, не помогна.Утре ќе видиме дали ќе има ефект и каков, чекам правничка да ми помогне. Што и да зборам, што и да вратам е против мене.
Ја би ти кажала да ги игнорираш тотално, ама воопшто да не им обрнуваш внимание и не дозволувај ништо да не допре до тебе од тоа што тие ќе го кажат. Не е лесно да ги игнорираш, но вреди да пробаш. Нема потреба животот заради нив да си го уништуваш ниту пак за други. Се гледа дека тие нема да одат многу далеку, сето тоа ќе им искочи низ нос некој ден. Ти само учи си, гледај да си имаш убави оценки. И јас имав такви некои личности во мојот клас, се дигаа, ги закачаа послабите, а не знаеа да пишуваат.
И не знаат ни да зборат, да не им се врскиве немаше ни 1 година да завршат, за жал на доста нечесен начин некој од нив не се ни испрашани, доцнат на час, зборат и никој не ги задева
Би го запалила школото со се директорот и класната! Со полиција на класен да мочаат у гаќи и пред табла еден по еден да искачаат. Родители додека не дојдат нема мрдање, со слики со тв со све пред школо со прст цела мк да ги покажува и нив и родителите. Одговорните отказ и забрана за работа. Наставникот е пред се педагог. Училиштето покрај образовна е и воспитна установа. Затоа има право да тужи и директор и училиште како институција, дајте правник нека потврди/негира. Гниди од прв до последен што се прават глуви.
Секаде има такви неправди немој да мислеш само во школо. И на работа и на други мести има такви. Едноставно треба да се соочиш со нив, да бидеш силна
Игнорирај ги ваквите коментари, нормално дека не би разбрале ваква ситуација некои што и сега како возрасни на обичен форум доаѓаат со главна цел да буцкаат, исмеваат и да се прават паметни и пресмешни со тоа. Јас во основно бев во дно од одделение, уште тогаш (пред 7-8-9 години) меѓу такви „школски каубојци“ имаше вакви работи, со коментари, тагови на „карикатури“ на Фејсбук и одвратни „мемиња“ за повлечени и несакани соученици на тогаш актуелната Демотивација. За жал, со годините во нашиве училишта често е случајот да доаѓа сè понезаинтересиран за вакви проблеми кадар, со што се остава простор за вакви мизерии да продолжуваат да си ги лечат фрустрациите. Тие трошат толку време јавно да исмејуваат некого, а она да барала стручна помош за карактерот? Каква сака нека е, нема никакво оправдување за ваков булинг. Второ, иако веќе е четврта година средно - ова се случува низ сè уште ранлив тинејџерски период, на којашто возраст има многу жртви на вакво училишно насилство на кои им е тешко да се одбранат и вратат. И да, на тие години ваква екстремна ситуација нормално е да е катастрофа за нечии чувства. Инаку, вака обично им прават на ученици кои се посветени на учењето. Не знам дали попуштањето во оценките ти се случува само во последно време, но не смееш да дозволиш идиотизмот на таа багра да ти влијае на тоа поле. Во училиште си сепак првенствено за да учиш, да се оствариш понатаму во животот. Посвети се на тоа преостанатите месеци, поправи ги оценките и размислувај за иднината. Нив почни да ги игнорираш колку што можеш или пак да им враќаш на саркастичен начин, а за физичко насилство ако се повтори - во крајна мера полиција.
Мене едно не ми е јасно како викаш дека само 3 месеци те делам до матура од тоа училиште...и сега ли ти го пишуваш проблемот иако поминале 4 годиниНемој да ме разбереш сега погрешно но малку ми е чудно ти си скоро возрасна девојка а и твоите ученици не знам ама кај мене ова го нема т.е. се занимава секој со својот сопствен живот другите ниту нас не интересира ниту нив нашите животи.А и друго прашање што имаат тие против тебе толку каков е твојот став кон нив...Секој има право да одлучува за школо и сл.И уште нешто не ми е јасно како овој проблем не бил забележан од некој стручен во школото па мене вакво нешто веднаш ќе одев кај директор,психолог,па ако не имаме ние и други институции...НО НИКОЈ НЕ Е ПОДЛОЖЕН ДА ТРПИ ФИЗИЧКО ИЛИ МЕНТАЛНО НАСИЛСТВО.
Земи рашамарај ги рошлите , има ко пацови да избегаат. Такви ти се тие, а им писне некој, одма виткаат опаш и бегаат. Затоа и те малтретираат, оти им трпиш. И ич да не ти биде гајле крива дали ќе бидеш, ако ти рече некој нешто, кажи му ако ќутел додека те малтретирале, да си ќути и сеа. Моеш и у фаца да го плукнеш слободно. И без тоа дека насилството не решавало ништо...Самоодбраната решава, нарочито ако си имаш работа со стока. Поздрав и со среќа.