Што кога немате никој покрај себе?

Дискусија во 'Психологија' започната од bebus-sk, 24 март 2011.

  1. bebus-sk

    bebus-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Видов дека има неколку групи но повеќето беа во стил осамена,досадно..или незнам како..
    Но во оваа група сакам да си се искажете..
    Дали секогаш,кога ви е тешко имате некој покрај вас?

    Јас имам голеем проблем..што постојано сум осамена..Имам поголема сестра но таа сега има дечко и никогаш не разговараме,секогаш е зафатена..мајка ми е исто така секогаш зафатена а и таа не ме сваќа никогаш...
    Имам премногу пријатели,но ниеден вистински..
    Во основно имав 2 најверни другарќи но тие повеќе не живеат во Македонија и се слушаме сега само на Facebook,Skype...и преку летниот распуст..но навистина ми фали другарка на која ќе и кажувам секогаш кога ми е тешко...такви ѓи имам но како што реков не се вистински...
    Имам 16 скоро 17 години а немам со кого да излегувам..секогаш излегуваат оние што се најдобри другарќи а јас немам таква:worried:...
    Ме викаат само кога јас ќе ги прашам каде ќе одат(зборувам за другарќите)кој ги запознав во средно,а тие се познавале уште во основно...секогаш сум осамена и ми се плаче за тоа поминувам низ најубавите години затворена дома..не е тоа тоа ако излезам со нив само кога јас ќе им кажам сакам да имам онака другарка која се би дала за мене како што бевме со таа во основно...Душата би си ја дала само да имам некој покрај мене ...имам и дечко но тој е машко неможам секогаш за се да зборувам со него..Зошто животот е толку не фер..
    МНОГУ ЗБОРУВАМ ЗНАМ ...НО ТЕШКО МИ Е!!..
    САКАВ САМО ДА ВЕ ПРАШАМ ДАЛИ НЕКОЈ ГО ИМА ИСТИОТ ПРОБЛЕМ ОНАА ОСАМЕНОСТ ВО СЕБЕ,БЕЗ ПРИЈАТЕЛИ А ЗНАЕ ДЕКА СЕ БИ НАПРАВИЛ САМО ДА БИДЕ САКАН...
    ДАЛИ СЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОГА ВИ Е ТЕШКО?
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Немате никој покрај себе!

    Бејбуш ретки се таквите што ИМААТ а не што немаат ... :| некој кој ќе им биде рамо за плачење од кој ќе добијат искрен совет топол збор и мила насмевка . Ги нема ИЗЧЕЗНАА !!! :!: :@ Секоја чест на среќниците кои имаат вакви пријатели кои се поретки и од самите дијаманти. Ист случај имам "другарки " со кои онака излегувам кафе излегување во град ..... НО немам личност со која може да бидам ИСКРЕНА со која може да се отворам да се исплачам да ме разведри а да нема скриена намера. До сега тие што биле околу мене само гледале како да ме сопнат како да ми наштетат што би рекол народот сеир само да гледаат . Имам приближно до овој модел 2 личности но и двете се далеку секој со своја обврска и не се гледаме често .Најтешките моменти ги пребродувам сама како знам и умеам се затворам во соба тешко плачам ама собирам во себе и кога чашата ќе се излее може да си замислиш а утредента како ништо да не било... И некогаш кога ќе размислам па вака е подобро никој не знае кои се моите најтешки моменти подобро така одколку да се плашам дали тоа ќе биде прераскажувано...
    Го ценам другарството ама она искреното најмногу на свет зошто е толку ретко и недостижно се би дала да најдам личност со која ќе може да споделам повеќе од некое крпче за излегување и доживувањата за помината вечер со она момче ... ама што е тука тука е продолжуваме понатаму сепак . Животот е како станица многу луѓе ќе доаѓаат и ќе си одат а ти секогаш ќе треба да продожиш понатаму .... Потпирај се само на себеси ....
     
    На Anacid, zara, 1234girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Немате никој покрај себе!

    Бебуш, биди среќна што немаш таква другарка, која поради големата близина и искреноста меѓу вас може еден ден да ти наштети и тогаш нема да знаеш што да правиш.
    Кажа дека имаш другарки со кои можеш да излезеш на кафе, во дискотека и сл. Тоа е супер. Денес успева само такво другарство.
    На денешно време таа што ти се прави најдобра другарка, само сака да те за*бе.
    Подобро купи си куче, 10000000000 пати поверно ке ти биде, отколку некоја која еден ден може ке ја злоупотреби твојата искреност.
    Кога ти е тешко (ако неможеш на дечко ти) кажи и на Фемина, секогаш ке бидеш посоветувана и прочитана од останатите кои ке сакаат да те утешат. Среќните моменти споделувај ги со дечко ти.
    Пробај па ке видиш.
    Биди силна, сите во животов сме имале таков период, порано или покасно.
    Тоа е само период, ке помине брзо, биди силна, не се разочарувај одма.
    Да додадам, животот е пред тебе, има многу поважни работи кои ке бидат не фер а ти ги приредил животот. Во споредба со тие работи, оваа ке ти биде смешна :)
     
    На Unica и 1234girl им се допаѓа ова.
  4. bebus-sk

    bebus-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Немате никој покрај себе!

    Благодарам многу....имам кученце и да морам да признаам тоа е секогаш тука кога ми е тешко и плачам..секогаш знае да ме лижне по рачето како да сака да ми помогне..и да ми каже дека ме разбра...Ве сакам многу <3
     
  5. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    8
    Немате никој покрај себе!

    Бебуш и јас се чуствувам слично... на факултет сум во Скопје, семејството и другарките ми се во моето градче.. си живеам со колешки но тие си имаат други друштва и дечковци и неможам да рачунам на нив... дечко ми исто така не студира во Скопје и не можам да се потпрам на него... Но се имам самате себе си, жива сум и знам дека треба да бидам среќна поради тоа... :) Да, понекогаш ме фаќа криза и плачам кога сум сама, но се трудам да го потиснам тоа чувство.. пуштам гласна музика и си правам шоу низ дома, вежбам, си правам третман на стапала и слични третмани за разубавување низ дома :) А тука ми е и форумов и кога ќе немам шо да правам, за да не мислам, си се ставам на форумов и се релаксирам... И си ги сакам моите феминки најмногу на свет :*
     
  6. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    Немате никој покрај себе!

    убаво е да си сам некој период тоа те прави посилен
     
  7. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Немате никој покрај себе!

    и јас имав една таква другарка.Заедно бевме 8 години. Каде она , таму јас, каде јас ,таму она едноставно бевме не разделни, заедно спиевме , последното парче леп го делевме , секогаш беше крај мене кога ми беше тешко а сега каде е ? х. си отиде лепо фино си продолжи со животот и ме избриша од него... а јас сега сама тажна и осамена си пролевам по една река солзи на ден , а најлошото е тоа што несакам ни да се потрудам да ја заборавам... за џабе не рекле немој премногу да сакаш, ке прегориш ....... :':)':)':)'(
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Немате никој покрај себе!

    Мене песот ми е како брат. Дете единче сум, а за некои проблеми не можам да зборувам ни со најдобрите другарки (не можат да ме разберат зошто не поминале низ тоа), па неретко се наоѓам во ситуација да дојдам дома, да се чувствувам како да го носам целиов свет на плеќи, да имам кнедла во грлото од што ми се плаче, ама во моментот кога ќе му го видам тоа опавчето размафтано и кога ќе почне да ми цвили од радост и да ми се вртка низ нозе - знам дека тој секогаш ќе биде тука за мене.

    Никој не може да те разбере подобро од куче.
     
    На Fallin-ForHisSmile му/ѝ се допаѓа ова.
  9. curiosgirl

    curiosgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Немате никој покрај себе!

    За жал некогаш постоеше другарство , она вистински да си го сакаш другарчето и да сакаш се да поделиш со него и да се радуваш за него и да тагуваш со него, и мислам дека иако се во мал број сеуште постојат такви луѓе (таму некаде). Колку тажно ....да не се знаело да се има другар без ништо за возврат освен љубов!
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.873
    Ретко кој го сфаќа другарството во правилната конотација.
    На денешно време сите сме другари за слави и пиење.
    Тагата и несреќата не не спојуваат. Тогаш не се познаваме. Тогаш гледаш дека си сам.

    Не верувам дека на некого не му се случило да најде неискреност кај некој што го мислел за дел од себе, за другар. Тогаш точно е да почувствуваш и осаменост и разочарување, колку во него, толку и во себе затоа што си верувал.
    И мене ми било тешко. Некогаш ќе се најдел некој, повеќето пати никој. И се навикнав со тоа. Голема сум сега. Знам се сама да си истерам на убаво.

    Ќе научиш и ти. Не може вечно да ти е лошо. Проблемот е само додека се навикнеш дека утопијата е наша имагинација. Дека другарството е ретко, а можеби ти сеуште не си имала можност да го најдеш.

    Најдобар другар можеш самата себе си да бидеш. Да се увериш дека нема никогаш од себе да се разочараш.
     
    На Dashing:), eliesaab, Trnche и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Се согласувам!
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Точно така! Тоа те прави посилен, поиздржлив ;) Некогаш е подобро да си сам (на одредено време, секако :) )
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Па сум имала такви периоди, сум останувала сама, буквално сама. Сум плачела и сум се нервирала заради тоа, за на крај да разберам дека е залудно. Тешко е да немаш кому да се искажеш, но можеби е и подобро така. Да останеш сам и да размислиш за се, затоа што веќе ретко на кого може да му се верува. Осаменоста е лоша работа, но можеш да бидеш и во огромно друштво, покрај многу луѓе, а пак да си осамена. Вистинските пријатели-ги нема, тие се мисловна именка. Човек може да си биде најдобар пријател само на себеси...
     
  14. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Имало и такви периоди. На нервоза ме водеше. Тепко е да имаш нешто а да немаш кому да му речеш, сите да се излезени а ти дома.
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.169
    Мене искрено кога ми е тешко све што сакам сама да сум. И нејќам ни другарки ни никој до мене ...

    У најжешко кога ке е сама ми е поубаво , зашо само јас можам да си се разберам како ми е а и така најубаво доаѓам до излез и решение на самата ситуација.

    А вака уште по тапа би ми било кога би имало некој до мене и да ми збори како ме разбирал а уствари знам дека врска си нема од разбирање !

    Финтата не ми е дека не верувам на моја најдобра другарка , туку едноставно ја се осеќам поубаво вака ... А тек после кога ке се олади ситуацијата и чуствата и време малку да помине макар и нареден ден знам да побарам луѓе околу мене ...
     
  16. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    7.493
    кога немам никој покрај мене, односно кога мислам дека немам никој, си го користам времето да си исплачам онака убаво, да потечам во очите и да си се обвинувам себеси како е можно толку да сум глупава и на сите да верувам и да им помагам, а мене кога ми треба помош нема никој. Ама после ќе се приберам, и пак по старо си продолжувам
     
  17. zuzuu

    zuzuu Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Имало тешки моменти кога ме фаќале депресии и сум се јавила на единствените 2мои "пријателки" а и двете ме "одјебаа" како да немале 5 минути да одвојат од своето време за другарка..И јас имам дечко ама сепак за другарка се би направила..Се извади со тоа што неможела да излезе да ме ислуша а подоцна разбрав дека отишла кај дечко и..Многу сум разочарана а несакам дечко ми да го малтретирам со вакви работи..Убаво е чувството кога можеш да излезеш на кафе со една другарка и да си ги кажеш маките ;( за жал тоа го имам одамна заборавено..Мислев дека само мене ми се случува ова и верувале или не,ме расплакаа коментариве.. :|
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Денеска е луксуз да ја имаш таа привилегија. Еве и јас го имам тоа заборавено од средношколски или факултетски денови. Изгубив доверба во сите или сите тргнаа по нивни патови со нивни проблеми. А не дека не, ама и сега некогаш ја имам таа потреба ама ја компезирам со кафе за бош муабети колку да се разманам моментално од тековните проблеми.
    Некогаш и кога имаш некого покрај себе пак се чувствуваш осамено затоа што сакаш да си осамен (бар јас така го разбирам моментот). А осаменоста и те како некогаш те прави посилен.
     
    На 1234girl и zuzuu им се допаѓа ова.
  19. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Имав ужасно друштво 10години и сега за среќа(моја секако!) сум надвор од тоа друштво..Сега имам само една блиска пријателка од класот,и неколку пријатели,но веќе на никој не му верувам..Единствено вашата мајка може да ви биде вистински пријател(и дечко ми исто да не си го заборавам!!)..Не секој ви мисли добро,во ова време има само лицемерие и користољубие..Не верувајте му секого..И не дружете се со секој,многу лесно може да бидете повредени :)
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    2.033
    Да убаво е да си сам на одредено време, но понекогаш незаеш што да правиш со самата себе, конретно јас имам две вистински другарки, значи со нив се смеам, плачам секогаш биле тука за мене но еве сега не се и двете заминаа надвор од државава и нема да се вратат 1 година, тешко ми е нема на кого да кажам како се чувствувам, дечко имав и тој не беше од мојот град, раскинавме далечината и љубомората си го направија своето, тешко ми е посебно викенд кога јас треба да излезам да се забавувам јас дома седам и плачам немам со кој да излезам... ;(