1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога немате никој покрај себе?

Дискусија во 'Психологија' започната од bebus-sk, 24 март 2011.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас ја сакам тишината и мирот во неа...
    често сакам да сум сакам и да не се замарам со ништо..
    често сакам да легнам и да не мислам воопшто на никој и ништо(па ни на мене)
    но сепак и јас сум човек кој сака да се друзи и забавува со добро друштво..
    често знае и тоа да ми е потребно,да се изнакажат некои случки
    да се насмееме на некој настан,да јадеме и пиеме.. животот е тоа..
     
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас си имам кажано, си имам расчистено со тоа. Секогаш, ама баш секогаш си сам со себе.оставен сам на себе... Да, точно е дека треба да имаш другари и другарки, пријатели, дечко, но... Доаѓаме до моменти кога сфаќаме дека тој што ти бил најблизок наеднаш ти е толку далечен што се прашуваш како, кога и каде наеднаш се се сменило. Вистината е дека никој не те сака тебе повеќе одколку себе, никој нема да се остави себе за да ти помогне тебе. Сам ако не си пружиш задоволства и сам ако не си помогниш никој нема. Сами сме. Незнам дали во денешно време може и вреди на некој безрезервно да му се верува, пошо ако те ,, заебе,, можиш дури тогаш ептен да тресниш на земја. Јас денес на никој не му верувам безрезервно. Суров е светот, а и луѓето во него. Во ред е да имаш пријатели, да се дружиш со нив, да излегуваш итн...ама секогаш во себе ќе чувствуваш дна доза на осаменост, затоа што луѓето не се како порано. Светот се менува, а со него и ние
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Сите се чувствуваме некогаш вака. Јас се чувствувам во поголемиот дел од времето.
    Никој не сака да ги слуша твоите проблеми најнормално. Зошто, кога тие не се негови проблеми?
    Зошто да се замара и да ти помага кога може тоа време да си го искористи за себе?

    Кога мене ми требало помош, ретко кога сум ја наоѓала. Скоро никогаш, а во последно време не ја ни наоѓам, а се помалце ја барам од било кој. Кога мене ќе ме побара некој, јас сум тука да одвојам 5-10 минутки да сослушам некој оти си има некој проблем. После тоа се чувствувам ко будала, оти истата таа личност пред месец, два, немала време за мене.

    Не очекувам повеќе помош од никого, и така секогаш сама си се справувам со себеси. Али жими мене, и јас ќе станам себична и гајле нема да ми биде дали некому му треба помош од мене.
     
  4. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Незнам дали никој не сака да ги слушне моите проблеми .....Но стварно мене овај проблем многу ме мачи и на никого од домашниве не би му го кажала.. :x
    Музичко ми пиша точка и ми рече ке се видиме во август.. :swear: ако ме оставиит на полагајње Готова сум.!! :devil: уште не е пишан кецотт 1 час неделно имам од него.. и + тоа четврток неучиме така да уште 1 час до крајот ако ми даде можност да направам 2....
    Аа ако му кажам на татко ми може врски да фати.....али неможам немам храброст да му кажам :(
    Ајј некој совет, од корист ќе ми биде Ве молааааааам..... :)
     
  5. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Испеј една песна и ке ти стави 2 :D
     
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Јас и со безброј пријатели покрај мене, некогаш се осеќам премногу осамено.
    На никој не сум се отворила толку, едноставно не сакам да ширам таква енергија,
    па никој нема поим што се ми поминува низ глава :x .
    Инаку музиката многу ме дига во такви моменти,
    поготово песната The voice within на Кристина Агилера :)
     
  7. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    ништо се е навика
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Главата горе и идеш даље !
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Овој проблем ми е добро познат . Всушност , целиот свој живот се чувствувам осамено и никогаш не сум имала личност пред која можам да бидам вистинската јас и на која ќе можам да и се доверам . Моите дома би ме разбрале и утешиле но не сакам да им задавам дополнителни нервози заради моите проблеми.
    Лани , имав период кога останав буквално сама . И тие неколку другарки што ги имав ме напуштија заради моите здравствени проблеми.Неколку недели подоцна раскинав и со дечкото. Во тој момент целиот свет ми се сруши , се затворив во соба и само плачев , неможев да сфатам со што заслужив да останам сама , зашто ме напуштија личностите за кои јас бев спремна да направам се , и тоа во најтешкиот период од мојот живот . Денеска за мене сите тие луѓе се само минато , во почетокот ми изгледаше тешко и страшно но не ми требаше многу време за да го надминам тоа . За среќа сега имам вистинска другарка која неколку години беше надвор од нашата држава и сега се врати . Имам многу миленичиња кои што ме прават многу посреќна од некоја лажна другарка.Сфатив дека јас сум најбитна. Еднаш си дозволив да плачам заради други но повеќе не ! Со текот на времето станав многу ладна личност кога се во прашање другите , речиси ништо не ме допира и не ме засега . Денеска само самата себеси се повредувам . Жално и иронично но вистинито .
     
    На Chica.Loca и Libera им се допаѓа ова.
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    и тоа како ми е тешко
     
  11. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Потполно исто се чувствувам како тебе :/ Имам другарки кои како што рече ме викаат кога сама ќе им речам. Некогаш и сама да им речам не ме викаат. Нема со кого и каде да одам по цел ден сум дома затворена :( Сакам само барем неколку другарки искрени...ама нема...немаш појма колку ми е тешко. Секој ден плачам ама немам никого :/ НЕМАМ! Се надевам дека оваа ситуација брзо ќе помине оти ми се чини дека ќе умрам вака :/
     
  12. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    не биди разочарана......иди прошетај.....ќе најдеш другарки......не се затворај во себе.............
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^^^

    Не заборавај дека по дождот сонце изгрева. Ако немаш до толку другарки од училиште, комшивки и слично сигурно имаш некоја брачеда. Биди покомуникативна, биди секогаш на располагање и кажувај дека сакаш постојано да излегваш. А за вистински другарки вервај, ретки се... Ретко во денешно време има искрено другарство :?:
     
  14. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Не можам да ве разберам зошто кукате што сте немале искрени и блиски другарки, а сте имале само другарки за излегување низ град, на кафе, диско... :^) А што мислите какви се другарките денес? НЕМА СОВРШЕНИ ЛУЃЕ. Додека вие плачете дека сте имале другарки кои ви биле само за излегување, некој го нема ни тоа ;) на пример јас... Е сега не дека воопшто немам другарки, имам некои од на училиште си имаме здраво, се дружиме на училиште, но со никоја од нив неможам да излезам затоа што ме одбиваат бидејки си имаат свои друштва со кои си излегуваат...И ете, да не фантазираме, не сакам блиска, искрена, добра, дружељубива, секогаш спремна да ми помогне, (и уште ред други работи) другарка затоа што знам дека таквите се многу ретки, скоро и да не постојат :| Барем да имав некој со кој би излегла низ град, да не седам само дома би било и повеќе од доволно.
    Затоа малце размислувајте, и повеќе уживајте во она што го имате колку-толку :fubar:
    Најдобри другари/другарки можете да си бидите само сами на себе затоа што и да им кажете на луѓето околу вас на 50% нема воопшто да им е гајле, а на другите 50% ке им биде мило што ги имате.
    Одете, излегувајте со оние што ги имате макар што и немора да ви бидат којзнае колку блиски, не мора да споделувате тајни или да ви бидат најдобрите другарки на светот, едноставно ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ зато што МОЖЕТЕ. :*
     
    На Blondy-07 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Јас немам никој покрај себе.Апсолутно никој.Имам еден пријател кој го сакам повеке од се,за кој животот би го дала,ама тој веќе е маж,работи,има обврски не е мал како мене и затоа нема мн време.Се труди да одвои време за мене,ама сепак тоа е мноогу малку.Освен него немам друг,немам.
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    И јас немам блиска другарка. Имам другарки во друштво поголемо сме, си се дружиме онака. Имав многу блиски другарки во разни периоди од животот мој но секоја знаела само да ме повреди и да ми сврти грб. Многу сум верувала но уште толку повеќе се имам изгорено. Од сета таа добрина што сум ја давала за возврат било само издавање, завист, љубомора, и наштетување. Ништо друго. Не можев да разберам. Денес сум онака, со неколку така поблиска, но да споделувам тајни, интимни работи и сл. ниту една. Секоја од нив ме познава 50% но не повеќе од 50. Може на некоја не и се верува, но така е. И уште толку ќе се менувам со текот на годините.

    Не сум себична, само знам дека ако се отворам пак ќе завршам на истото што ми се случуваше порано. Има денови кога сум комплетно сама, кога нема да се видам со дечко ми и тоа време го исполнувам со серии, филмови, едноставно си правам она што ми е по ќеиф. Ако не друго, ќе научам нешто ново.
    Има денови кога сум со друштво, и времето поминува релативно брзо, но за многу работи не можеш да комуницираш со секој. И јас понекогаш посакувам да правам муабет, и тоа со некој странец кој воопшто не го знам и да споделам мислење. Тоа ми е како некое ново искуство. А и не се поврзувам многу со луѓе. Зборам за пријатели. И ок ми е вака да пишувам мислења на Фемина, барем знам дека некој ме чита, јас читам други и така на некој начин комуницирам со странци. Барем тука нема никој да ме повреди или да ми наштети.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Исто е и со мене......ако некој има и осеќа потреба за разговор нека пише лична порака.
     
  18. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Имав некогаш зад мене ;( А сега сме далеку и не ни ми треба никој..Сама си отидов од Македонија, сама се снаоѓам овде, сама се справувам со се, сама го поминав најтешкото,сама се вселив..
    Инаку постојат мобилни ако нејќете да давате за роаминг има едно се вика фејсбук,скајп..
    И да лошо е да гледаш како сите имаат некој а ти ги имаш само новите пријатели (нови или не си ги засакав) и немаш каде да се вратиш за викенд немаш што да правиш таму а истовремено да си ни таму ни ваму..Да неможеш да уживаш конечно бидејќи има нешто што те пртиска за да дојдеш да зборуваш за една тема што нема да се заврши никогаш..
    Можеби таму немам никој покрај себе, но знам дека тоа се променува кога се будам во Књажево, гледам како одам накај мојата дома и знам дека нема да бидам сама ни минута иако ми недостига тој што требаше да биде избришан а не сеуште да не се знае до кај сме и што сме..
    И лошо е да сакаш или да оставиш се зад себе или да се помириш,промениш и слично..А да си на пола да неможе да се најде решението и да си во сред нигде..До кога вака незнам..Само се молам овде да ми биде добро,нека се тргне од мене,доволна ми е вратата од спротива.. ;( И да сама ќе уживам кога ќе се среди се, не ми е гајле за ништо..Вечер знам дека пак ќе ми дојдеш во сон,исто така пак ќе сонувам како шетам низ Скопје ама ќе пробам да се разбудам да сватам дека е сон, да сватам дека сум во мојот дом а не кај тебе..И да, од сабота официјално ќе немам никој :) Не ни имав ама барем нема да се надевам.. ;)
    И нема да мислам иако имам се а пак фали нешто..Овој пат не..
     
  19. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Мислам дека денес нема искрени луѓе.
    Ако некој каже дека има 30 најдобри другарки или другари тогаш е во некоја голема заблуда.
    Реалноста е таква.Никогаш не сум имала најдобра другарка.Другарки-ДА,ама најдобра-никогаш.
    Секогаш некој ќе те заебе,нема да внимава на своето однесување па после ќе се кае или па воопшто не му е битно да биде искрен.
    Некои луѓе сакаат само глума од типот "срце,душо,злато".Јас искрено МРАЗАМ вакви луѓе.Не ми треба никој да ми глуми,подобро ќе бидам сама или ќе имам само 1 искрена другарка,отколку некој да ми праи лице дека мнооогу ме сака.
    Затоа,не се замарам многу.Не сакам лаги и глумење.
    Си се дружам со сите што сакаат да се дружат со мене.Ама тоа се секојдневни муабети,нема кажување тајни,проблеми.Затоа што верувајте,некој се радува на вашата мака.
    Така да,тајните и проблемите ќе си останат само за мене,се додека не почуствувам дека можам да му ги кажам на некој друг.А како тргнала работава,тоа нема да се случи во брзо време.
    Таков е животот...
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Имам еден најдобар другар со кој сме баш онака, блиски, најдобри другари, уште од средно. Нему можам се да му кажам и без колебање му кажувам се што му паѓа на памет. Уствари бевме тројца ама третиот ни замина во Австрија. Си се жени дечкото, си има ќеркичка... топ му е, си го среди животот.
    Јас пак имам друг проблем. Неам стално друштво за излагање... т.е. се текот на времето го изгубив.
    Во средно си бевме друштвото од средно плус другарите од маало... На факс другари од факс... Јас седев премногу во СК и така ги изгубив другарите од маало.... со другарите од средно така поретко се гледавме... сега тие или останаа во СК или се отселија.... И еве ме мене сега, во својот роден град без онака... банда другари. И чудно е. Тапа е. И сеа излагам одвреме навреме со братучеди и сл. Со стари другари.... Ама не е тоа тоа. Сите тие си имаат свои друштва. Можеш со нив да се видиш еднаш двапати, ама не можеш редовно да излагаш со нив.

    Чаре?
    Ми се чини полесно е да си фатам женска отколку друштво да фатам. :)