Во тие моменти (без разлика дали се по моја желба) се имам себеси. Тоа е кога сакам да сум сама, да ја оставам главата да размислува на раат, без да замарам никого со моите проблеми, зашто знам дека не е еднаш ги имаат чуено. Се случило случајно да не е ми е најдобриот другар тука, а да не сакам да се празнам на форумов. Затоа тука се музиката, солзите и размислувањето. Ништо не ми е подобро од тоа сама да си ги решавам проблемите, без разлика колку долго и да трае тој процес. Знам дека сум се трудела да дојдам до тоа нешто со разгледување на сите позитивни и негативни работи, од мојата и од другата страна. Многу убедувања и разубедувања, спротивности и компромиси. Секако ми е важно да чујам и друго пообјективно мислење за ситуацијата од другар ми или другарка, но можам да поминам и без тоа аку сум убедена дека тоа е правилно. Инаку, скоро секогаш ми е другарот тука. Тука да ме ислуша и да ми даде разумен совет и јас сум му секогаш благодарна за тоа. И за тука исто.. ако нема која да ми пише збор-два за совет, барем јас се осеќам полесно што сум ја испразнила душата и што сум ги кажала маките. Самата јас, тој и форумов = моето Свето Тројство.
Веке 2 месеци се чувствувам вака, имам 1000 луѓе покрај мене, ама никој покрај мене во права смисла. Значи некој кој ке се заинтерисира за тоа што мене ми се случува, да праша што ме мачи, оти треба да си слеп за да не видиш дека има тага во мене. Дури сама прееска се погледнав во огледало и си помислив колку тажен поглед имам. Значи нема никој, јас разбирам сите си терат свој филм ама ме нервира тоа што јас препознавам кога нешто не е во ред со било кој и прашувам што е работата, барам начин ако може некако да помогнам без разлика дали со совет или со некоја постапка, а кога мене ми треба никој нема. Или ако веке има, се се` сведува на кафе во град озборување итн, а не длабок муабет кој навистина ми треба. Форумов многу ми помага ете вака кога ми е тешко овде си пишувам без разлика дали некој чита ама она инстантно олеснување е тоа што се бара. Сепак виртуелно е ова, па скоро и да не се важи.
.... .......па веќе 3 год раб во странство,имам околу мене полно луѓе ама уствари сум сама... . ... ...зошто???????затоа што тие се мои колеги и соработници,другаруваме ама она што ми е понекогаш потребно,како мал допир за рака,нежен збор,кога сум полна со негативни мисли,се тоа сакам да го поделам а не можам со нив....што правам тогаш??????па ако ми е нешто тешко одам под туш и се исплакувам убаво,да ми олесни,се трудам позитивно да мислам,се вклучувам на форумов да си се искажам,и ми поминува...за се има навика и одвика....така да се научив да спијам сама,да ги контолирам мислите,има сепак и нечто позитивно,свесна за себе си,и ми се зголеми самодовербата.. ..
Кога си сама и немаш никој покрај себе треба да мислиш на тоа колку си силна и некој друг на твое место би се скршил. А ти чекориш секој ден со крената глава и со надеж дека ќе дојде денот кога ќе најдеш сродна душа што ќе те разбира и чува.
Секогаш човек треба сам себеси да биде најголем стожер! Луѓето околу нас доаѓаат и си одат, животот е една фреквентна крстосница и не секогаш стои полицаец, кој ќе ни помогне да го регулираме текот на настаните. Некогаш треба сами да се раководиме по десно правило ...
Фала богу, моите дома и дечко ми,како и 2/3 пријателки ама буквално секогаш биле до мене. Имало и такви тешки моменти, не велам не...,но многу ретко.Скоро па ич.
Се трудам тогаш да не потпагам во депресии туку да си најдам занимација било со читање на книга било со вежбање пилатес,аеробик.....па се ке си дојде на свое место-има секакви ситуации и човек мора да биде спремен на се во животот и никогаш да не му ослабува духот и сигурноста во сам себе!
Јас само на поминување, колку да ве потсетам сите кои се чувствувате сами да погледнете околу себе и да видите колкава потпора ви се луѓето околу вас дури и тогаш кога мислите дека не се. Тие се вашиот бедем ако за ништо друго, барем затоа што ги имате. Имам другар на кој и мајка му и татко му се починати, нема браќа и сестри и нема воопшто роднини тука во Македонија. Е за него можам да кажам дека нема никој... И кога ќе помислите колку сте осамени и немате никој, потсетете сте колку сте богати всушност, дека некогаш може сте осамени, ама не сте сами.
Не знам дали постои ваква тема, побарав но не најдов. Дали некогаш сте биле сами, осамени без никој покрај вас? Да немате со ког да излезете да немате кој да ви дојде на гости, да немате со кој за дочек на Новата година или пак да немате со кој да направите муабет? Што тогаш? Пред извесно време можеби една година ми се случи еден проблем, и одтогаш не можам да се опоравам. Немам пријатели, НЕМАМ НИКОЈ ПОКРАЈ МЕНЕ. Ајде еден совет од вас феминки навистина ми е потребен.
здраво Пипито многу ми е жал што си во ваква состојба и мислам дека секој од нас барем еднас во животот доаѓа во ваква состојба кога е осамен и кога нема никој кога мисли дека веке се е изгубено и не му се живее...и јас сум имала таков период и мислам дека тоа е најужасното чуство што мозе да го има еден млад човек..морас прво сама да си дадеш сила и да си казес дека сто и да е ке дадеш се од себе за да тргнес нанапред и да си ги оствариш сите цели што ти се поставени во животот.каков и да бил проблемот ке се трудис да не мислиш на тоа и да гледаш кон иднината и нанапред.незнам дали работиш или учиш но во кругот околу тебе колку и да е мал мора да пробас да најдес барем еден или една другар со кој ке почнеш да се дружиш...би сакала да знам како ти поминува еден обичен ден ...
Незнам која возраст си но дефинитивно ќе треба да се активираш за нови познанства. Можеш да пробаш и старите познанства да ги активираш но полесно е со нови да почнеш од ново. Тоа е најдобро ако се запишеш на некој курс на пример. Но треба да знаеш дека неможеш да чекаш некој тебе да ти приоѓа и да се зближува.Мора иницијативата да биде од тебе и ако бидеш пренападна може и контраефект да има. А можеш и овде на форумов поактивна да бидеш и да си створиш нови пријателства кои од виртуелни може да станат и вистински.
Се согласувам со феминката над мене, добар совет! Искрено, не сум се нашла во ваква ситуација, незнам како се чуствуваш, не сум го осетила на своја кожа, но сум била до некој на кој му се случило тоа, сум била до некој на кој му требало совет за истото. Како што кажа Напоминување можеш да се запишеш на некој курс, да почнеш со некој нов спорт, активност. За старите познанства и пријателства незнам колку е добра идејата повторно да ги обновиш.. тоа зависи од причината зашто сеуште не сте пријатели. Можно е да не вреди да се трудиш да ги обновиш, можеби не го залужиле они тоа. Исто така и на форумов можеш да се зближиш со некого. Звучи чудно и можеби неостварливо но треба да знаеш дека веќе и се има случено тоа, и тоа верувам не само неколку туку повеќе пати се случило.
Еј Пипито, ич да не се грижиш. Ќе си најдеш пријатели.Сите сме биле во иста ситуација. ЈАс сум расположена за нови познанства секогаш па пиши во лична порака и ќе те најдам на фб, и таму ќе муабетиме.
Ништо. Јадење, дремење на фејсбук, форуми, филмови и спиење. Така ми се одвива животот одамна веќе. Порано за викенди бар излегував, времето ми беше исполнето, а сега сум за никаде. Ќе полудам вака дефинитивно.
плачам.. фрлам се што ќе ми дојде при рака.. но кога ќе помине за 2-3 сати се враќам во нормала како ништо да не било.. насмена
истиот проблем го имам и јас сега средно сум од основно сите другарки си фатија на други страни јас останав сама и сега од класот се зближив и кога ќе им кажам ме викат ама глупаво е како да се буташ не е тоа тоа а најубави години сите излегуват се забавуваат ти дома сама седиш и само си замислуваш многу ме мачи ова се чувтсвувам грозно
Јас џабе и ги имам моите другарки кога ништо сериозно не ме сфаќаат.Една сум и мислат дека се ми е удоволено,дека немам проблеми.Јас секогаш им се отварам,им кажувам се што ме мачи тие се прават дека не слушаат и како воопшто да не е важно.Јас секогаш сум тука за нив им помагам во се,тие мене на сосема друг начин ми враќаат.Разговарам и со мајка ми за ова.Не сакам да се однесуваам како нив за да ме почитуваат.И не знам зошто но со некои луѓе не можам да се разберам.Се однесува добро со нив и сакам да се здружам,но тие едноставно како да ме мразат.Не можам да сфатам дали е проблемот до мене?Се чустувам тажно и многу осамено.
Ane,твоите другарки ти завидуваат сигурно затоа така се однесуваат кон тебе,или се многу злобни во душата .секогаш е така,ако си добар другите ќе те газат,затоа биди и ти резервирана кон нив,нека почувствуваат дека не е убаво тоа.