Тука иако немаш добро објаснето, сепак.... ќе се обидам да ти одговорам. И јас имав проблеми со моите другари, не ме почитуваа. Се замарав и нервирав, додека не ја прифатив вистината, дека не ми се другари. И ти треба најверојатно да го сториш истото. Запамти, пријателството се заслужува. Ќе најдеш вистински пријатели некогаш сигурно, а можеби и има такви кои ги познаваш али ти не си им дала шанса....
Тука има неколку можности за тоа. На пример можеби си премногу ладна или затвроена кон нив. Не те познавам како личност и на би можела да ти кажам, а да зборам на празно нема смисла. Друга причина е што можеби ти се љубоморни, завидливи. Можеби ти имаш нешто што они немаат. Сум била во такви периоди. Но сепак верувај, ќе помине, сето тоа се периоди, кои само ти ќе можеш да ги промениш. Факт е дека пријателот од небо нема да ти падне директно на кревет и да ти реќе ај на по едно кафе. Ќе мораш да се активираш во социјалниот живот. А тоа дека треба да бидеш многу позитивна и подготвена за компромис го имам напишано и во други постови. Мислам дека тоа е најдобриот совет што можам јас да ти го кажам.
Пријателки во вистинска смисла и јас немам,но тоа воопшто не ми е проблем...Односно имав добра пријателка со која се делевме,но на крајот ме изневери и ми требаше долги години да можам да стекнам доверба кај луѓето, и упс само што стекнав доверба кај оддредени луѓе од мојата околина, повторно истото.Ама баксуз сум била . Затоа сега практикувам комуникација со сите во околината, а премногу добро знам да најдам тема за разговор, преку коментирање за времето или што е тренд оваа година,но НЕ дозволувам да се доверувам и да им дадам можаност да завизам од нивната волја...Ама затоа тука секогаш се МАМА и ТАТО, ДАДИЧКА и дечкоми на кои им се обраќам за сите проблеми и предизвици, и кои се секогаш тука за мене. Многу подобро се чувствувам....
Периодот без пријатели е најлошиот период од мојот живот кој го имам искусено,беше вистински кошмар, се сеќавам завршував основно и останав без другарки бидејќи тие од класот ме имаа само за корист,ме најдоја срамежлива и секогаш што учи па можеа да ме вртат како сакат, знам дека не требаше да дозволам но тогаш бев едноставно таква. Тоа лето, од осмо за прва го преседав дома, цел распуст, но нешто сватив дека проблемот што немав пријатели не беше во нив туку во мене, после операцијата што ми се случи се затворив во себе, не комуницирав многу со луѓето,па затоа решив кога ќе започнам средно тоа да се промени. Прва година средно, во класот не познавав никој,бев сама но и тоа го сакав да не ме познава никој за да можам да се поопуштам, таа Нова година ја поминав буквално сама дома но беше и последна, после тоа се се промени,пронајдов вистински пријатели на кој можам да се ослонам, пријатели кои ме прифатија онаква каква што сум, но сето тоа оти јас се потрудив и ја тргнав својата срамежливост на страна. Затоа Пипито ослободи се, поопушти се,најди си личности за кои мислиш дека добро ќе се согласуваш, разговарај со нив, покажи му дека можи и со тебе да биде забавно, дека знаеш да даваш совети и дека си верен пријател. Верувај ми, пролазен период е, се ќе помини но мора и ти да се потрудиш а не само да седиш дома и да се јадиш себеси зшто немаш пријатели, тие нема да дојдат сами на врата и да те побараат.Превземи ги работите малце во свои раце.
Сум имала и повеќе и помалку пријатели во мојот живот. Ама, често пати се прашував колку пријатели имам кои навистина вредат, и на кои можам да се потпрам. Честопати скоро ниеден. Така, убаво е да имаш со кого да се подружиш, да излезиш...ама уште побитно е да имаш пријател кој е навистина вреден (нека е барем еден), кој ќе е тука да те сослуша, разбери, помогни, да те насмее, а исто и ти него. Зошто, некогаш и помеѓу 10 пријатели можеш да се чувствуваш празно и незадоволно.
Сега јас сум без пријатели.Да ми е убаво не ми,ама искрено полесно ми. Можеби погрешно мислам ама не ми требаат пријатели.Бидејки несакам да глумам и да се однесувам како нив.Јас сум си јас.Чудна ама јас сум си.Во школо со сите од клас зборам ок е,ама надвор не.Мојот единствен пријател сум јас...Само пред себе можам да си бидам искрена и да искажам слободно што чуствувам и да се однесувам каква што сум.Искрено,порано кога излегував мислиш прекрасно друштво ама кога ке дојдев дома бев изморена,изморена од глумење,лажно смеење.....Ама не,повеќе тоа не ми е потребно.
Сега е периодот таков , ама ќе видиш еден ден кога ќе ти требаат многу , за подршка , за помош за било што , а нема на кого да се обратиш , сега да не ти требаат , ама кога ќе ти затребаат и ќе ги нема ќе се каеш. Јас во мојот живот никогаш не сум бил без пријатели , такво ни е друштвото , еден за сите , сите за еден на моја среќа
Не е дека немам пријатели, али имам 2/3 тука блиску и стварно уживам во последно време и не сум баш многу дружељубива и не е по моја вина тоа. Понекогаш само сакам ништо од ова што ми се случи да не ми се случеше но по неколку секунди сваќам дека ќе го изгубев најголемиот пријател во животот.. И многу ми е мило за тоа го добив на многу тежок начин но го задрживи многу ме прави среќна.. А за твојот проблем можда треба малце да се отвориш нека започне на фејсук барем така е најлесно и јас имам многу добри пријатели кој ги запознав баш на фејсбук.. Спојлер И за нешто добро служел фејсбукот
^Точно! Инаку во моите 25 години од животот, никогаш не сум дошла во таква состојба, а не ни сакам! Ама на некој ако му треба совет, ние сме тука!
Сум го доживеала истото. Пиевме кафе секој дне и сета негативна енергија ја празнеа на мене. Кога се враќав дома се карав со моите заради исфрустрирани мочли да кажам кои не вредат ништо. Цело време се фалеа како од дома се им дозволуваат, нон стоп нешто купуваат, ќе одат таму ќе одат ваму. Нема врска тоа е лечење фрустрации. За нијанса имаа повеќе пари од мене и летаа во облаци. Кога ги откачив се родив повторно. Сега се дружам со кој сакам, имам 2 другарки, пиеме кафе 2-3 пати месечно , ама барем се позитивни, реални, приземјени.
Многумина мислиме дека сме го доживеале но никој не сме.Само тоа ние така мислиме.На пример јас со другарките од училиште.Мислев дека немам другарки.Но сватив дека имам.Можеби не вистински (некогаш сигурно сум ги нерввирала) но сум имала со кој да излезам,да се забавувам но мислев дека немам.Сега никој нема ептен вистински пријател,кој никогаш нема да го изневери,никој нема,НИКОЈ.Сите се ужас на овој свет.... како и да е јас сум и плачела поради оваа,но сватив дека тоа не е најбитно,кога ке основаме семејство,дури тогаш сваќаме што е најбитно поздрав и негрижете се феминки.
иста ситуација, само што ја цело основно го поминав без другарка.. сеа за средно ќе видиме. да, ми било тешко многу пати, и да сакам нешто да споделам со некого - неможам. но јас секогаш ја имав сестра ми, (3 год е постара од мене) монекогаш искачам со неа и со неколку нејзини другарки, али не е тоа - тоа. За совет, незнам... порано плачев и сега се случува ама ретко, едноставно се навикнуваш, што е до мене се градиш себе си повеќе - посилен си, сам си,- и ќе знаеш не секому да веруваш, - џабе ќе ги имаш коа се лажни.
И јас се наоѓам во ваква состојба.Сама сум немам никој покрај себе.Другарките на едната рака можам да ги бројам и тоа кој од 7 одд,кој од 6 одд и една комшика.Со тие од другите одд само на одмори муабет,а со комшикава се гледаме еднаш месечно.А цело школо ме мразат,не се дружат со мене.Чувството е неподносливо,кој осетил знае.Се надевам дека во средно ке можам да си најдам другарки,се надевам дека нема вака да се чувствувам,значи од прво до сега до осмо не сум се дружела со девојчињата од мое одд и од другите од моја генерација,никој. Знам дека сите се од корист и дека никој не се сака меѓу себе,но сепак другите имаат со кој да излезат,да прошетат,на кафе,шопинг,на родендени,забави...
ништо... секој ден се надевам дека ке ја сретнам некаде ... Ч) иако не ја ни познавам ама ке се најди вистинската
Секогаш се имам самата себе. Јас ако не си помогнам нема кој друг да ми помогне. Кога сум тажна плачам. Не ми помага ама собирам се во себе и потоа го исплакувам. Веднаш кога ќе осетам дека тонам и дека ова што го чувствувам може да стане подлабоко се фрлам на решавање на проблемот или ако не е до мене за да се реши нештото што ме прави тажна го пребродувам со боење, музика и многу зајдисонца. И јас немам другарки којзнае колку, ретко и излегувам со нив, ама доволно време патев за другарки. Се нервирав и плачев скоро секој ден во текот на една недела ама си ставив во глава дека мора да истрпам и да поминам низ се што ќе ми донесе животот. За девојчето што рече дека не е блиска со мајка и: Стани блиска. Поправи ги односите. Ако не можеш да ги поправиш односите барем натерај ја да те ислуша, мушни и се во прегратка и исплачи се. И јас не сум блиска со мајка ми. Верувај - таа ќе ги чува твоите тајни подобро од било која другарка. Немора ни да и кажуваш тајни. Само дај и до знаење дека ти треба потпора. Вистинското пријателство денес е стварно ретко. И неможе туку така да се створи одеднаш.
Прв пат одам на ваков форум каде за првпат сфакам дека сепак не сум единствената со таков проблем. Имам 18 години..не сум имала сериозна врска. Имам две другарки најдобри за кои можам да кажам дека се НАВИСТИНА НАЈДОБРИ. Да не се тие не знам што би правела. До осмо ја немав таа срека. Имав шанса да бидам во популарно друштво..но доста сум повлечена по природа и не успеав да се задржам со нив. Тие две ми се најдобри имам уште една но не е од исти град но одиме заедно на школо. Проблемот е што машките како да не ме забележуваат..ке излажам ако кажам дека не сум убава.Можеби делува нарцисоидно но самата се доживувам така. Висока сум.. немам проблеми со тежината.. имам проблем со нови луге пошто тогаш ми е срам..и потребно е време додека го запознаам добро човекот. Потоа станувам ЈАС. За излегување нокниот живот овде е тапа.. имаме диско.. но и тоа е затворено моментално.Ми фали дечко.. не знам како да простапам.. постојано ми е незгодно, а потоа кога видам дека ништо не бидува се каам. Совет, pleasE?
Се' додека не jа пронаjдов оваа тема мислев дека сум единстввена што се чувствува осамено.. Па мислам, коj не би, кога ги гледаш другите околу себе шетаjки со нивните наjдобри другарки, споделуваjки ги своите таjни, радуваjки се на нивните победи и тагуваjки на поразите. Го имав тоа еднаш и навистина ми недостига и личноста и чувството дека заедно сте посилни од се`. Како и да е, имам приjателки, но некако сите сме одделени, и покраj моите безброj залудни обиди да се зближиме повеке. Имам дечко коj е вистинска срцка но не е тоа тоа, чувството дека имаме наjдобар другар ми фали и мислам дека на никому не сум му потребна, но читаjки ги вашите коментари се почувствував полесно, сега знам дека не сум единствена, ми дадовте сила за да се соочам со оваа ситуациjа. Jас можам, ке продолжам понатаму, па, кога-тогаш среката ке ме пронаjде. Како што велеше маjками, ако му се насмевнеш на сонцето, и тоа тебе ке ти возврати со насмевка