Луѓе фала ви многу на убавите зборови и подршката. Знам дека се зависи од мене и дека треба да поработам на случајот бидејќи пријателствата мора да се создаваат и негуваат и мора да научиме да се потпреме на себе во секоја ситуација. Малце бев во депре и вашите зборови многу ме охрабрија и се надевам дека ќе успеам да ја надминам оваа ситуација и похрабро да си го живеам животот.
Така е че успееш СИГУРНО! Сега знам дека не тие лесно ама со тек на време се посилна и посилна ќе бидиш а тие ќе останат со прст во уста сами и измеѓусебе ќе се хејтаат. Глава горе девојко силна си ти ,можиш,мораш и ЌЕ УСПЕЕШШШ!!!!!
Душичка нема за што фала, и мило мие навистина многу што помогнавме и што те охрабривме бидејки ти заслужуваш многу повеке
@Sinatrovka Убави совети ти дадоа. Само едно да ти кажам мила, велиш немаш никаков проблем, но нешто не оди. Без самодоверба ништо. Понатаму во животов многу ќе те кочи. Не само со другарки, туку и во секое поле. А самодовербата може да ти биде голем проблем. Млада си, убава, верувам имаш добри квалитети, само малку треба да се потрудиш. Дотерај се, нашминкај се и излези. Верувај дека еден ден ќе ги бараш овие години. Што било поминало. Тие "другарките" не се ништо повредни од тебе.
здраво, јас сум нова на форумов ама ми треба совет имам 2 другарки со кои си живеам и излегувам ама не ми се многу блиски и на пример овој викенд ќе излезам со едната друг викенд со другата ама сакам да ширам познанства а не знам, а годинава завршувам основно ама не знам како да ширам познанства (бидејќи сум срамежлива) . Ве молам за совет
Здраво, не знам дали оваа тема е вистинското место за ова, но сепак би сакала да прашам; Што кога проблемот во немање пријатели е анксиозноста? Или социјална анксиозност? Јас, не дека буквално немам никого, на училиште имам со кого да зборувам и се, но никого не чувствувам толку близок иако сакам и се обидувам некако да се "спријателам" со моите врсници но едноставно не можам. Секогаш кога сум со некого мислам што да правам и да кажам, буквално не знам обичен разговор ниту да почнам ниту да продолжам. Како да се форсирам себе си да се доближам до нив, бидејќи кога сум сама знам дека сум нормална и дека можам да бидам како сите други, но ако веќе ги имав тие пријатели. Некогаш се чувствувам чудно кога треба да кажам "фала" или да поздравам некого и гласот ми излегува некако чудно....? Пред некој ден бев кај другарка од училиште (еден обид за спријателување ) и потоа и дојдоа нејзини другари кои не ги познавам и ми беше многу незгодно, едноставно цело време седев додека тие зборуваа бидејќи не знаев што да кажам, а во меѓувреме бев нервозна и се тресев, не знам зошто, така ми е секогаш кога сум со непознати. Инаку слично нешто ми се има случено 2-3 пати и другарка ми ме гледа како некој чудак, но јас знам дека не сум. Помош некој?
@laitselec Социјалната анксиозност не е нешто за занемарување, туку вистински сериозен проблем. Прво, добро е што си свесна каков проблем имаш и желба да го решиш. Најпрво, не се форсирај дека одма мора да се спријателиш со некого. Оди чекор по чекор, залак по залак. Ваквиот специфичен проблем не се решава во еден ден, туку малку по малку. Бидејќи проблемот е психички, односно се чувствуваш како заробена во сопствената психа и мисла, проблемот таму единствено ќе го решиш. А ќе го решиш со тоа што секојдневно, ќе си поставуваш мали цели и мали тестови, со кои полека полека ќе се ослободиш од овој затвор. Но, најпрво, седни да разговараш со некој од домашните Прв чекор во решавањето на било кој проблем, кажувањето отворено, неговото споделување и признавање дека постои. Можеш да разговараш со мајка ти или пак ако имаш сестра/брат. Поддршка во надминување на проблемот ти треба.
Ти благодарам на одговорот. Инаку, знам дека состојбата не може да се промени за еден ден и затоа пред некое време си поставував цели и тестови. Особено во училиште, бидејќи бев многу "срамежлива", не изустував збор без професорот нешто лично да ме праша, ниту пак дигав рака. А не сум од оние кои што не учат, напротив, сум од оние што ги имаат најдобрите оценки во моето училиште, а како што почнав да се "опуштам" на часовите и станав подлободна тоа повеќе се покажа. И многу ме радува тоа. Но, сепак сеуште не успевам да се ослободам пред моите врсници, особено надвор од училиште. Како што кажав, често заборавам што сакам да кажам и мозокот ми се блокира кога зборувам со непознати, а тогаш се појавува тоа неудобно чувство и физички почнувам да се тресам, а психички сум смирена.
Исто така, заборавив да кажам дека всушност и немам на кого да кажам. Моето родители се разведуваат и целото семејство е поделено на две страни и не сакам да создадам уште еден проблем.
@laitselec Тогаш еве го форумот за поддршка Со разговор и секојдневно вежбање, се се решава, само не се затворај во себе и не се откажувај Се ќе се среди! За да се ослободиш пред друштвото во школо и општо, најдобро оружје ти е хуморот. Преку него, ем најлесно се пристапува до некого, ем забавува, ем и ти самата ќе се повеќе опуштиш така. За надвор од училиштето, како стои ситуацијата? Се чувствуваш комотно сама пр. да отидеш во маркет или не?
Зависи во кој , ако е место каде што би сретнала некого што познавам тогаш, не. Всушност, има и предели покрај кои што избегнувам да поминам само за да не сретнам некого. Чудно ми е и не знам како ќе реагирам, едноставно не знам што да им кажам. Но највеќе ми е за тоа кога сум со некои што не ги познавам. Да кажеме проаѓам покрај место каде што се собираат мои врсници и гледам некој од школо и се поздравувам некако и тој ме вика со него да останам и секако јас можам да кажам не и да си продолжам но, да кажеме велам да, останувам со тој другар и куп други луѓе што не ги познавам и тие си зборуваат и јас седам и сега
@laitselec Добро, значи ќе се опуштиш, не е ништо страшно. Можеш за сигурност пр. телефонот да си го држиш во рака или нешто сл. што ќе те направи да се почувствуваш дека си сигурна налик како да има некој со тебе. Па така, ако поминуваш покрај оние што ги познаваш, ќе кажеш едно здраво, па и да отидеш за муабет, моментот кога ќе се почувствуваш лошо, искористи го телефонот како изговор и си тргни. Полека полека, додека се стекнеш со сигурност и самоувереност, мора вакви мали трикчиња или ескејп пленс да си правиш Но, не и секогаш се обидувај да бегаш. Понекогаш притисни се и направи нешто храбро, послем тоа ќе се смееш колку навидум тешко ти се чинело, а уствари колку лесно е. Ќе добиеш чувство на ослободување
Сум била во таква ситуација, сама без никој и тоа баш сега во пубертетот кога највеќе сум ранлива.Ама самата се изборив самата си помогнав.Сам ако не си помогнеш нема кој.Еден ден ќе имате се, друг ден ништо ама се е минливо, нема нерешлив проблем.
Сум била во ситуација кога никој сум немала покрај мене и тоа е дел од животот коешто мора да го искусиме. Сега имам само неколку пријатели коишто можат на едната рака да се избројат доволно ми се и толку. Несакам многу пријатели само за да имам многу и да се фалам еј јас имам многу пријатели и ми е убаво така не, не јас сакам вистински пријатели што ќе ме почитуваат. Може само и една пријателка да имам, ама вредна којашто ќе вреде за многу повеќе од другите.
Извинете, ама не можете да немате пријатели. Ама стварно.И еден да е, пријател ти е. И во глобала, во животот искрени пријатели повеќе од двајца - тројца преку сила, нема. И тоа најчесто се стекнуваат во рано детство. Се после тоа се познаници. Проблемот е во вас. Или премногу очекувате од луѓето, и давате премногу па сите ве разочаруваат и си одите, или пак премногу очекувате, а премалку враќате, и тие си одат од вас. И право пријателство не е да се гледаш секој ден и само во убаво, туку да бидеш покрај некој кога му е најтешко, па било тоа и само два пати годишно. Тоа е. Не се тешете дека е друго.
Кога бевме помали, мојата најдобра другарка имаше десетици другарки, секој ден беше излезена, од едната одеше кај другата, дома не се прибираше. Искрено, се чудев како успева во тоа, како може да е толку опуштена, комуникативна, како магнет за луѓе беше, додека јас имав 2-3 другарки максимум, сите ми беа блиски но немав рандом некој за да излезам на кафе. На моменти ми пречеше тоа, еднаш дури се случи истава другарка да ми искоментира, ти немаш никој кога бевме во сред расправија. Тогаш тоа ме скрши, трагично ја доживував таа ситуација, да немаш со кого да излезеш и да отидеш негде. Денес ми е многу сменето мислењето, и не сметам дека е трагично да не излезеш, туку да немаш на кој да се повериш, да можеш да му кажеш се', да биде со тебе и во добро и во лошо, макар тоа биле само двајца луѓе. Тие десетици другарки на другарка ми со текот на времето се намалуваа, се губеа контактите, луѓето си го покажуваа вистинското лице, пораснавме и почнавме на друг начин да ги сфаќаме работите. Неодамна, баш седнав со неа и ми рече колку не сме биле во право за тоа дека ќе ти биде супер ако си опкружен со толку луѓе. Ми кажуваше како и сестра и на времето имала по 10 Наташи, 10 Симони па сега ни пола од тие "другарки" не и дојдоа на свадба. Сакам да кажам, не е поентата да се имаат 30 другарки кои ќе те оговараат зад грб, и да ти служат само за кафе, најважно е да имаш искрен пријател, макар и еден, на кој можеш да се потпреш во секој момент, а таков верувам - сите имаат. Во случај да немаат, нека се запрашаат дали можеби во нив е проблемот, да не се премногу срамежливи, недружељубиви, затворени, со некои лоши особини... Зачленете се во некоја организација, запишете се на некој курс, таму може да најдете луѓе со исти интереси како вашите, а тоа е почеток на добра конверзација. Дури и да не испадне некое огромно пријателство, секогаш ќе можете да имате некој за дружба и убаво поминато време кога ќе се почувствувате осамени.
Mn.tesko na denesno vreme vistinski prijatel ili drugar da se najde,i zatoa neka se cuva toj sto vistinski vredi,inaku prijateli ke imas mn.ama kolku ke se vistinski...a bez prijateli i bez luge okolu sebe ne moze,kakov ke e toj zivot togas?
Пред околу 4 години, имав еден период во кој бев многу нервозна, буквално било каква ситница можеше да ме изнервира и расплачи. Сега кога гледам на тоа време, сметам дека друштвото воопшто не ми одговарало. Со нив едноставно не сум била онаа која што навистина сум. Сум правела некои работи кои не ми одговараа, само за да се вклопам со нив, но сепак не е тоа тоа. Работите кои мене ме смееа и задоволуваа за нив претставуваа глупост и досада. Ми се допаѓаа машки скроз обратни на нивните желби. Си велев ајде, што има врска дека сме различни, немора поради ова да го прекинуваме дружењето. Ајде можеби ќе почниме со исти интереси и друго.. Не го бидна и не го бидна. После некое време дружење мене ми се смачи да се гледам себеси како се обидувам да се вклопам едноставно кај што не треба да бидам. 2 месеци не излегував од дома, гледав само филмови и серии, излегував од дома само по потреба а ако потребата беше мала-ич не излегував. Немам ни некои си роднини врсници, сите се или дупло поголеми или дупло помали од мене за да можам да си излезам на кафе, да си направам муабет. Ќе завршеше една серија, па луѓе не сте свесни мислев крај на свет е сега нема да можам друга серија да изгледам дека сите досадни ќе бидат Полека полека си почнав да се нормализирам, ја викнав мајками за на кафе, па за шопинг (мајками се зачуди оти секогаш ја одбивав за излегување демек срамота е со мајками да ме виделе незнам си што-кој филм си тепав тогаш) После некое време се најдов со другарки кои сме учеле заедно основно, со нив друштвото ми одговараше скроз! Ете до ден денес сме заедно и мислам дека за ништо не ги менувам, златна 3ка
Секогаш велам дека сум била комплициран „пубертетлија“, па периодот основно и почеток средно ми се скинаа неколку жички и неќев никој покрај мене. Ете една остана покрај мене и се сеќавам кога почнав средно за роденденот нејзин мајка ми ми предложи да ѝ честитам роденден од неа во смисла „Среќен роденден и секоја чест шо ја трпеше ќерка ми толку долго“. Та ми беше единствена другарка до средината на средно кога запознав уште две, изгубив две потака, добив уште една и пак, изгледа навика ми е во пар по три да се движам. Кон крајот на средно се запознав со сегашното друштво - куп машки. Ете тие се другари и за мајтап и за се, искрено ете кога гледам сега и седам со нив, си викам основно и средно доколку би ги имала нив се би било поинаку, повесело, а не онака како шо беше, темно, мрачно и морничаво.