И јас се наоѓам во некаква таква безвезе ситуација... Другарка ми (едната најдобра) се пресели во Штип и таму ќе се мажи... Другата најдобра речиси и да не ја гледам ич ради вереникот... Превише и брани и ја контролира.. Се преселив привремено во друга населба и таму немам никој... Имам неколку другарки, со кои поретко контактирам... Но, највеќе од се ми фалат дружбите со нив... Ипак најдобри другарки се најдобри другарки..
И кај мене е истото, перницата не само што ме слуша, туку и ми ги брише солзите. Многу е тешко да немаш никој покрај себе, да те ислуша, да биде покрај тебе во добро и лошо... а да не заборавам син ми е покрај мене, кога плачам ми ги брише солзите и вели не плачи мамо мила душа моја единствена... Меѓу другото, јас сум сосема сама
Вака кога прочитам, како некој има некого покрај себе да го сослуша, да се исплаче во глава ми минува мисла, Зар го има тоа? Никогаш не сум имала другарка/пријателка на која ќе можам да се исплачам, да и кажам се што ми лежи на душа. Всушност јас сум била таа која секогаш ги сослушувала другите, советувала, давала подршка ... Денес имам неколку познаници, малку пријатели, а другарка хм ... Може да се каже дека имам една, која не те бара само кога има потреба од тебе. Не сум личност која лесно се отвара пред други, поготово пак да ги споделувам моите маки. Во животот научив дека најголем пријател кој можеш да го имаш си самиот ти! Подобро сам, отколку во лошо друштво.
Никогаш не сум имала другарка на која ќе можам да се исплачам, да и кажам се што ми лежи на душа. Секогаш се во себе сум собирала бидејќи не сум личност која се лесно отвара пред други. Имам една другарка кога одевме на училиште бевме по блиски сега не толку, но сепак се дружиме. Имам и неколку познанички со коишто понекогаш одам на кафе и толку. Јас сум личност која многу внимава на својот углед и можеби затоа немам многу другарки.
Исто и јасс.Онака познаничка за едно кафе( и тоа не сме од ист град)некогаш ретко и ништо повеќе.Немам некоја блиска другарка што нонстоп и сегде би биле заедно.
Тргнав во средно и запознав многу луѓе, се дружев со нив многу долго а се запознав и со многу други се беше прекрасно летав во облаци се им кажував буквално дури и семејни проблеми за сеа беа информирани и секогаш бев тука за нив мислев ме сакаат и на крајот се изгорев и тоа многу убаво толку многу муабети и глупости се раширија за мене и вистини и невистини, немав лице да се појавам пред одредени личности и така сега скроз сама си останав... ни дечко имам ни друштво никој... никогаш не верувајте на никој никогаш....
Имам две личности покрај себе моите две најдобри пријателки. Секогаш се тука да ме сослушаат, но понекогаш тоа повеќе го посакувам од моите родители
За човек да нема никој покрај себе или треба да е премногу добар кон сите, онаа добрина која се граничи со голема наивност или пак да е премногу злобен.
Имав другарка што ми беше како сестра. Двете заедно имавме голем круг на пријатели и се дружевме со исти личности. Ги знаеше сите мои тајни,секој проблем секој недостаток, ми беше позитива во животот. Всушност ме знаеше како дишам. Ме предаде толку болно, ми забоди нож во грбот што и ден денес плачам кога ќе помислам колку ме повреди. Престанавме да се дружиме и меѓусебно, и со останатите пријатели. Останав сосем сама, но не заборавајте дека Господ секогаш го спрема најдоброто за нас, но прво не' учи да бидеме силни и храбри ))
Периодов ми е ужасен, депресивен.. Со сите другарки со кои бев блиска, веќе не сум се оддалечив, зошто кога ми беше најлошо никоја немаше е затоа. Немам, а и не сакам со никого да споделувам дека не се осеќам добро. Некако гадно се осеќам, не знам што да правам, многу осеќам личен неуспех
Имам 20 години и веќе подолг период се чуствувам осамено и празно, имав пријателки излегував правев се што праи едно нормано девојче на моја возраст , но како што растам немам никого тие што ги сметав за блиски ме разочараа и сватив дека немам пријателки едноставно викаа само кога имаа корист, на никого му неам згрешено секогаш сакав тие околу мене да се среќни , ме загрижива и тоа што немам дечко , имав кратки врски со но неможам да најдам некој што ми одговара , моментало цел лето никаде не излегував се до сеа кога ќе почнам на факултет. Скоро секој ден плачам и смачено ми е знам дека не сум таква личност , јас сум сосема друга весела секогаш кога сум со други сум ендоставно интересна но дома кога ќе дојдам се чуствувам празно и плачам, Незнам што е проблемот со мене премногу сум чустивтелна , од се ова сватив дека немам никого да си го пополнам времето , се трудам да направам нешто што ќе ме направи среќна но тешко за сеа. Се плашам дека ќе останам сама , сакам да бидам со луѓе кои ме разбираат со тие што немам веќе контакт сватив дека погледите не ни се исти во животот ,сметам дека што повеќе растам премногу сум различна во размислувањата . Барам помош но неможам да најдам освен да плачам ,се затворив дома како во дупка , единтвено што прави да се чусвувам убаво е мајками со неа за се разговарам и ме теши скоро секој ден дека ќе биде подобро, нз што се случва со мене незнам која сум но знам дека ова не сум јас и мн ми е тешко. Знам дека не се соочувам само јас со вакво чувство, сепак сакам да споделам со вас, се надевам дека ќе ме разберете позз
А, што толку си се замислила за другарките? Важно ти е што ќе речат другите? Ајде крени главата, докажи дека и сама можеш. Што ќе ти се лажни другарки, користољубиви. До некаде те сфаќам, млада си сакаш да шеташ со другарки, па дечко сето тоа е Ок. Ама, има едно АМА, дали ќе бидиш среќна доколу ги имаш тие лажни другарки и дечко кој само ради реда ќе го имаш? Смени нешто кај тебе, напиши работи што ги сакаш, прави го забранетото, уживај во слободата. .. Верувај, многу поубави работи ќе ти дојдат. Научи да се радуваш на ситници. Најди некоја работа колку да можеш да почнеш да шириш познанства, биди насмеана, разубави им ден на луѓето. Биди комуникативна, тагата криј ја зад себе, покажи среќа и задоволство. Кога ќе бидиш сама дома отвори се пред самата себе и запрашај се дали си задоволна од таа личност што си сега? Барај промена, среќата е најважна работа.
@samegirl2 , сега, кога ќе почнеш да одиш на факултет, ќе си најдеш друго друштво. Само не се откажувај од комуникација со што поголем број луѓе. Ќе биде полесно и ќе се чувствуваш поисполнето...
Тоа е океј, само не прави илегални работи! Инаку Советите од типот биди среќна, крени ја главата горе, обиди се да уживаш на никој не му поногнале до сеа. На лугето у таква ситуација им треба step by step а не општи филозофии. Ја сфаќам желбата за помош али ако неможете да помогнете не пишувајте ништо. За ова немам совет јас, фуцк ит. Сигирен сум дека ќе дое некој со добар практичен совет.
ЗНАЧИ скоро сите сме го имале овој проблем во животот ... мене другачките престанаја да ме дружат откако си фатија дечко , им беше страв да не им ги преземам , и онака завршија неславно ...... мораш да си превземиш нешто , или на факултет да се трудиш да стекнеш пријателства или запиши се во теретана , прави нешто