Што кога не добивате поддршка од партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од OrdinaryGirl, 26 јануари 2011.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Заедно сме скоро 4 години и имаме изградено стабилна и сериозна врска. Никогаш не сме имале големи караници, љубовни проблеми и секогаш имало доверба меѓу нас. Арно ама, пред некое време навистина почна да ме нервира тоа што не ми дава поддршка за ништо што јас планирам да го остварам, безразлика дали станува збор за обични работи или големи планови.

    „Правен?! Што бараш на правен? Правници има со лопати да ги ринеш!“
    „Ама не разбирам зошто да се фарбаш кога убаво ти стои шатирана коса.“
    „Леле, ти наместо да се фокусираш на студиите, си се запнала за некаква јога. Какво фајде имаш од тоа чепатење?“

    Знам дека ова се банални работи, но пред некој ден се замислив што ќе биде кога понатаму ќе донесувам животни одлуки од кои ќе ми зависи иднината! Дали и тогаш нема да ми излезе во пресрет?
    Не дека ми забранува нешто, ги почитува моите одлуки и планови, но како да ми вели: Препуштена си сама на себе.
    Јас ако се решам да направам нешто, ништо нема да ме спречи, но самиот факт дека тој не ми дава поддршка - ме кочи! Психички негативно ми делува во остварување на моите планови. Никогаш немам чуено од негова страна: Браво! Супер идеја, стојам зад тебе.
    За разлика од него, јас секогаш му пружам поддршка и тука сум за него, дури и кога не се согласувам со неговите мислења.

    Имам пробано да му објаснам дека сето тоа негативно ми влијае, но тој се правда дека само ги искажува своите ставови, а на крајот - одлуката е моја.

    Според мене довербата и поддршката се најважните столбови во една врска, но ете - од негова страна оваа вторава работа изоставува. Каков совет би ми дале вие? :?:
     
  2. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    јас би ти рекла да пробаш да разговараш со него,на убав начин,полека и да му кажеш дека ти значи кога тој е тука за тебе,те ислушува и секако кога ти дава поддршка,па дури и да не се согласува со тоа.Разговорот е најдобар начин да се решат проблемите,но ако гледаш дека не ја бива,можеби едноставно бара причина за кавга...
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Во долги врски од искуство зборувам тој сака да наметне контрола за носење одлуки,ги фаќа скоро сите некој синдром на супериорен алфа мазјак.Тој потсвесно сака тој да одлучува или не дај Бозе сама без консултација да донесеш одлука,се ќе направи да ја минира.Убаво е да се разговара и да се носат заеднички одлуки и планови,ама и јас пишував за ваков проблем во мојата врска,а јас си сум бунтовник,ама секогаш СО ПРИЧИНА,па не му дозволувам да ми наметнува ставови кои не ми одговараат без разлика дали да се однесуваат на мене лично или на врската.Да ти речам разговарај,сигурно веќе си го направила тоа,па ќе ти речам не му попуштај кога не се согласуваш,убаво е да се има поддршка,ама и да ја немаш кога знаеш дека си во право остани си своја!А времето секогаш е на страна на оној кој е во право,па ќе мора да те поддрзи кога ќе нема веќе каде,кога ќе излезеш како победник од ситуација!
    А и ние си сме криви што сме толку поддрзувачки настроени,па ја дозивуваат нашата поддршка здраво за готово,а и не се машките барем повеќето многу склони кон претерани анализи на се што ни се случува во врската,па некогаш не дека не саккат да дадат поддршка,туку не сватиле дека треба и ние очекуваме,па некогаш треба и да си ја побараме сами од типот „мислиш ти или не дека треба да ме поддрзиш во ова„ што е секако реторичко прашање,не се чека одговор,туку реакција од него.
     
    На Springy и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Мислам дека повеќето машки се такви, барем пример еве и пример маж ми, решив да се запишам на втор факултет и му велам Ќе се запишам на втор факултет, и тој така како незаинтересирано ми вели Арно(добро). и редум редум вакви примери. Видов една гарнитура( кога уредувавме дома) , да ја видиш дали ке ти се допаѓа и тебе, штом тебе ти се допаѓа порачај ја :?: , сакам да ја сменам работата, сакам да се насочам на смер што сум учела средно и на факултет- седи си таму што ти фали. Но сепак мислам дека нема да се смени-тоа ти е карактер, таков го запознав таков си остана и таков си го сакам. Не се нервирам веќе отрпнав .
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Имав еден ваков душевадник во осетлив период и го откачив.
    Зошто,зошто ми вршеше психичко насиље (ова ти што го кажуваш е дел од психичко насилство) и сфатив дека кога би продолжила со него,освен фрустрација,чувство на помала вредност,тага,полуудавени амбиции,ништо друго нема да имам,а рака на срце нема ни да се поправи.Тоа е затоа што тој ти завидува,не сака да бидеш среќна,може не е свесен,но најчесто и се свесни,но ете,така им иде бе.Не сакаат ти да бидеш успешна,не сакаат да си ги исполнуваш желбите и амбициите.Со самото тоа што ќе ти рече дека нешто е лоша идеја,еднаш,два пати,три пати ти почнуваш да чувствуваш дека не си у ред човече.Се преиспитуваш,си викаш што ми е на мене што толку грешам?!Многу барам и многу очекувам,дај да си ги намалам желбите...тоа е еден смешен,магичен потсвесен процес...и ќе те бутне доле на крајот.
    Ти си знаеш што ќе правиш,мое беше да споделам,но не очекувај дека ќе го смениш.
     
    На Hopeful, Annath, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    90.972
    Пол:
    Женски
    Ако тој не ми дава поддршка тогаш од кого да очекувам? Секогаш е тука за мене, ме поддржува во се што мисли дека е правилно. Многу пати сум била во ситуација да сакам да направам нешто што подоцна би ме чинело многу, па секогаш тој размислувал трезвено и ме одвраќал од помислата за да не жалам во иднина. Јас не знам како четири години го поднесуваш тоа? Секоја чест, но јас избувнувам. Тој треба да биде секогаш тука за тебе и да те води напред, а не да ти дава совет да стоиш во место.
     
    На srcekrsacka, Annath и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Па искрено со таков фидбек каков што си опишала, не би издржала таков човек покрај себе.
    Сум преживеала нешто слично, ти ја цеди самодовербата, те тера да се преиспитуваш, ја доведува во прашање твојата вредност и моќ на расудување, и во еден момент да е трагедија - можеш и да поверуваш во сето тоа.
    Не знам од која причина го прават тоа мажите, сакаат ли да бидат наши заштитници, потајно да не успееш па да те пречека со ширум отворени раце и да те теши за да се почувствува супериорен,
    или не е способен да се носи со фактот дека има успешна и самостојна девојка, со свои цели и соништа и уште полошо - сила сама да си ги оствари,
    или едноставно е плашливко кој не сака да ризикува и му е удобно само на територија која му е добро позната,
    или пак е мрчатор кој сака да тестира нечии живци...

    Причини за вакво однесување има премногу, само ќе кажам не е на арно и јас би го откачила, или ќе му го дотерам паметот со една убава лекција за убаво однесување.
    Мојот избор не мора да го сака, НО МОРА ДА ГО ПОЧИТУВА и да ме поддржи.
    That's what relationships are for - to help us achieve our silly little dreams ;)
     
    На Hopeful, Annath, OrdinaryGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Ordinary girl немој погрешно да ме сватиш али мислам дека е почетен стадиум на караници во врската (дај Боже да не сум во право) али истото на мене ми се случуваше точно во период од 4та годишнина од мојата врска со мојот екс.....
    значи почна неговото да е се во право, а моето т.е. што и да одлучам , што и да направам не само да не го поддржува и почитува, или во крајна мера да биде рамнодушен, туку почна баш да ми контрира и секој чекор да ми го омаловажува,
    најпрво почна да ми префрла, зашто сум одела на шпански, што ќе ми бил шпанскиот????? залудно сум трошела пари?! :!: после почна факултетот да ми го омаловажува и да не го цени тоа што се трудам и сл. после почна работата да ми ја префрла, несмеев ни да се пожалам нешто ни ништо....
    незнам дали е некој показател дека нешто почнува да не функционира како што треба или почнува да работи суетата..... или од инает како намерно да те осудуваат, т.е. да не те подржуваат за работи кои ти сама ги цениш и се битни....
    јас си го ставив малце прстот на глава и си се запрашав, овој сега ако ми ги рачуна моите пари, за моја едукација или на крај краишта нека биде и задоволство некое што ќе биде утре задутре????? мене ми пукна филмот пошто видов дека нема разбирачка, а и нормално ми сметаше тоа што немав пподршка од човекот од кој најмногу ја очекував
    кај мене беше само почеток на крајот, нажалост....или за среќа....
    и чудно беше што истиот човек кој го познавав со години години, наеднаш почна се да му подзасметува .....
    во секој случај многу лошо чувство, едноставно како да си сам на светот, си со некој близок а немаш никаква поддршка од тој од кого ја очекуваш најголемата......
    седни и разговарај, кажи му дека те повредува тоа и анализирај дали нешто ќе се смени....... јас не успеав во тоа, се надевам ти ќе успееш :)
     
    На Hopeful, OrdinaryGirl и Theodora им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ординери, сосема можам да се ставам во твоја ситуација (а и сум била во истата) и да замислам колку те иритира тој факт и тоа мрчење од страна на партнерот, макар и за ситници.

    Биди сигурна дека тоа не е убаво. Јас разбирам дека ние сме од Венера а мажите се од Марс, и работи како фризура, мода и слично не им се важни па ајде, да речам мавнуваат со рака, ама ако постојано ти пререкува за нешто и чуствуваш дека не ти дава поддршка, тогаш би требало да направиш муабет со него, со оглед на тоа дека се работи за долга врска.
    Знаеш јас постојано велам, не ми треба маж за да е тука во убавите денови, потребно е да се покаже во најтешките моменти. Имам јас стегнати мускули, ама во моменти на исцрпеност кога ќе паднам, сакам да ме придржи некој за да не се струполам на земја.

    Имав и јас ваков дечко, тој беше и сеуште е крајно ироничен и саркастичен. Што не ми пречеше, ама некогаш тоа ги надминуваше сите граници и чуствував дека го прави тоа за да ме направи мене помалку вредна од него. На некој начин како своите комплекси да ги лечеше со такви некои примедби кои мене страшно ме иритираа. Знаеш, некои луѓе кои имаат некаков комплекс на пониска вредност ќе почнат силно да се дерат за да го одвлечат вниманието на друга страна па останатите да не успеат воопшто да ги забележат нивните недостатоци. Закони на психологијата се тоа.
    Е сега јас нормално не го познавам твојот дечко, но примедби од тој тип кои ти ги наведе во најмала рака навистина иритираат и нервираат. А ако нешто не сакам е тоа е омаловажувачки начин на разговор, а тие примедби ми се дадени токму во таков некој стил. Плус што не ти дава поддршка на таков начин, ама баш никаква.
    Најнормално, најсмирено поразговарај со него, прашај го зошто така ти вели. Ќе видиш реакција, ќе бидеш попаметна и ќе знаеш како понатаму ;)
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам зошто чувствуваш дека си препуштена сама на себе. Велиш дека врската ви е убава, без проблеми, со љубов и разбирање. Колку што разбрав не се согласува со некои твои одлуки, мое мислење е дека понекогаш е добро да имаш објективен посматрач кој ќе се коси со твоите одлуки и поинаку ќе размислува, зошто е тоа толку трагично? Маж ми на пример понекогаш се залетува и кажува некои идеи во врска со работата што мене воопшто не ми се допаѓаат и јас отворено му го кажувам тоа, дека не ми се допаѓа и дека ако не успее во реализацијата на идејата да ни си ја лупа после главата од ѕид. Јас треба да му викам Браво, супер идеја, а за мене тоа е погрешно? Значи сега јас не му давам подршка ако размислувам поинаку. И обратно, пред да ја сменам бојата на косата ми кажа дека вака ми е убава, јас сакав да пробам и згрешив, се зезнав. Има и други примери ама да не замарам.
    Напротив мислам дека не ти треба подршка буквално за се, и зошто негативно влијае? Зошто психички те уништува, поубаво ќе ти биде ако секогаш вика Да, драга?
    И размисли дали ако твоите родители или некоја другарка, некој друг близок ти го каже истото, ќе се налутиш и ќе мислиш дека и тие те кочат во остварување на твоите планови. Секој има право на свое мислење.
    Нема ништо лошо ако понекогаш промрчи, убаво ти кажал тоа е негово мислење а одлуката е твоја.
    Исто така мислам дека грешиш што за се го подржуваш, биди искрена со него и стави му на знаење дека и ти понекогаш не се согласуваш со него. Зошто го подржуваш а сметаш дека греши?
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Ама па не може за сите работи да греши...
    Плус, тонот е различен во ваквите дискусии
    "Сакам да се запишам на втор факултет".
    - Што ќе ти е, ти со првиот немаш абер за ништо, па сега и втор, не си ја тупи главата!
    - Мислам дека не ти е потребно и само ќе изгубиш време, ама ако така сакаш пробај си.

    И сега?
    Кое е подобро да се слушне?
    Неговиот став не се согласува со вашата одлука, ама треба малку такт и внимание при изнесување на истиот.
    Па никој не сака да слуша дрскост и песимизам, па најмалку од оној со кој планираш да го делиш остатокот од животот.

    Башка, за некои работи шансите се секогаш 50/50, од кај па партнерот ја има таа моќ на предвидување, за да знае каков ќе биде исходот од нечии планови?
    Никој не вика дека треба да се лажеме и да го боиме животот розево - Сакам да си купам авион,
    - Да мила, ако работиш доволно, ќе си купиш. :^)
    Ама факт е дека поголемиот број од желбите се реални и остварливи, треба само малку верба и поддршка.
     
    На prashinka, Hopeful, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Ајде вака да почнам со ред.

    Dakle, ова не трае 4 години (ако траеше до сега ќе експлодирав :@), ова почна да се случува во последно време. Што знам, можеби и јас како средношколка не сум имала не знам какви планови, но како што поминува времето почнав да се интересирам за различни активности кои сами по себе носат промени во мојот живот. Што значи дека не сум ни била во таква ситуација и не сум имала можности да ја видам неговата реакција.
    Не би рекла дека сака да ми наметне негово мислење, затоа што не е наметлив тип. Имам забележано дека и кога води дискусии со некој што има поразлично мислење од него, воопшто не се обидува да го убеди. Тој ќе си го каже своето - па после ти што сакаш мисли. Тој ти е незаинтересиран тип!

    „Што мислиш да си ја купам ташнава?“ - „Мислам дека имаш милион ташни дома и не ти е требна оваа. Ама ти како сакаш, парите се твои.“
    Како што кажав и претходно - јас ако сакам нешто да направам, нема да ми влијае ничие мислење освен моето (инаку бик сум во хороскоп :wasntme: ) па така влегов и си ја купив ташната. Кажувам банален пример, ама кога се работи за некои поголеми планови, тогаш ми мава у психа!

    Инаку lolyta777, за тоа што ме праша зошто да го поддржувам ако мислам дека не е во право - едно е да не се согласуваш со неговото мислење, друго е воопшто да не го поддржуваш! Имало работи за кои јас не се согласувам со него, на пример сакаше да се запише на втор факултет и да учи два паралелно. Му кажав дека не ми се допаѓа неговата идеја и му ги кажав причините, но со тоа што му давам поддршка сакам да му кажам - Ако ти е потребна помош и не можеш да постигнеш - ќе ти помогнам. Ако се откажеш и не успееш - ќе бидам тука.

    Инаку му кажав дека сакам викендов да одиме некаде на вечера, си одбрав мирно место каде ќе искористам можност да му кажам се што мислам. Нормално, не му најавив, затоа што му се темни кога ќе му кажам дека сакам да разговараме. :lol: Ќе пробам прво на овој начин да му кажам дека сакам барем малку поддршка од негова страна, а ако продолжи понатаму со иста песна... па боже мој. Свесна сум дека за да успее една врска не е потребна само љубов, туку и многу други работи. А ако некоја од нив изоставува, тогаш не планирам да се мачам. Не сум од оние што упорно ја продолжуваат врската само за да не си ги губат поминатите години заедно.

    Инаку убаво е кога ќе видиш дека не си единствена што имала таков проблем и ви благодарам што ги споделивте мислењата и искуствата со мене. :)

    (се извинувам за долгиов пост)
     
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Кога не добивате посддршка од партнерот го мењате партнерот на време. Зошто? Зошто евентуално ќе дојдете до точка кога ќе сакате да го направите тоа секако, ама ќе биде потешко зошто на врат ќе ви се закачат сите „жртви“ што сте ги направиле за него - па сеа џабе ли толку сте се труделе...Па времето поминато заедно и спомените...Па неговата тешка состојба од било каков тип-финансиски, семеен, ЖИВОТЕН ( најчесто се у таква тие кои што патат од ваков тип на синдроми од нижа вредност), па вашите заеднички пријатели, па куп глупости од типот на - џабе ли сме граделе нешто сеа за „без причина’ да го расипуваме...
    А од мое лично искуство, врските што сакате да ги раскинете без никаква посебна причина туку од нетрпеливост со партнерот - се оние што се најплодни за раскинување, пошто во другите случаи може да сте понесени од моментална нервоза, повредени чувства, изневерено его, доверба и слично...Кога нема конкретна причина а не сакате да сте со човекот...значи е до човекот.
    Никој не е должен да трпи ничии сра*а во име на нешто што има аномалична форма на љубов.
    Се надевам дека не ти звучи мојов став престрого,с епак, не сум ти во кожа и има фактори кои се во игра а само ти си ги знаеш, ама некогаш субјективните моменти само го одложуваат неодложното, а објективното мислење е од некој непристрасен од страна...
    Во секој случај, биди силна и не прави компромиси со себеси и својата иднина...
     
    На LaraSolare, Annath и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    дафни ова твое мислење воопшто не ми се допадна(а во главно ми се допаѓаш и те почитувам) , многу е лесно да се каже од страна остави го ваков е или онаков. јас искрено не верувам дека дечкото на ординери сака да ја омаловажува тулу напротив кога си во долга врска партнерот ти мисли се најдобро и ти кажува се најискрено, од машка гледна точка зото ти е ташна кога имаш 100. зошто правен кога имаш милион правници што седат дома па утре пак мене да ми кукаш дека немаш работа. како што кажа ординери си го кажува мислењето и и остава слобода сама да си реши, тоа според мене е баш на место.
    знаете што значи да се нема подршка од дечко? кога мајака ви умира од рак и вие паѓате во депресија зошто треба да се грижите на 20 години за 2 помали браќа и стар татко а дечкови во тој момент ве напушта зошто му е напорно тоа и не сака да се замара.е тоа е неподршка од дечко а не некој што не ги подржува каприците или мисли за доброто за вашата иднина.

    ординери мажите воглавно се мрчатори зошто ташна зошто чевли зошто јога се е за нив глупости а посебно ако дечко ти е постар од тебе.

    кога почнав да живееам со мојов и јас го имав истиот пробел не ми беше јасно како се нешто негу му пречи и не ме подржува ама подоцна сватив дека воопшто не е тоа тоа, тој се грижи за мојата среќа и не ми дава да се опуштам и ретко вика браво или слично и мислев дека не гледа и не цени и не ме подржува НО подоцна кога разговараме со моите родители или било кој тој гине за мене во поглед на сето она што сум го направила или сум се потрудила да го направам, фалење и истакнување на моите желби и успеси ама не само за фалење туку онаму каде што има потреба...

    разговарај со него и кажи му сигурна сум дека ти мисли само најдобро а ние си увеличуваме...


    поздрав
     
    На prashinka, lolyta777, OrdinaryGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Според мене ова е причината што почнал така да се однесува.Си пораснала, почнуваш да се менуваш и му е страв дека повеќе нема да си неговата малечка и дека ќе те изгуби.Јас не би го откачувала веднаш.Пробај да разговараш, ама не го напаѓај, кажи му дека се менуваш, ама тоа не значи дека ќе се смени и твојата љубов кон него, дека сакаш низ сите тие промени да поминете заедно и дека неговата поддршка ти значи.
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Доаѓаме до темата на Трендафилка: Колку долго може да опстојат средношколските врски :lol:
    Се согласувам со коментарот на femina90, впрочем и јас тоа го увидов. Ние растеме, се менуваме и нормално е да внесеме и промени во врската, ама треба да направиме и компромиси.
    Инаку ми се допадна твојот коментар joelle. Знам дека некогаш си преувеличувам и него му е чудно кога ќе го седнам да разговараме за некоја не толку битна работа која мене ми пречи.
    Поддршка од оној тип како што спомена ти од негова страна секогаш сум имала. Во овие четири години сум имала многу проблеми, падови, тешки моменти и бил тука за да ме сослуша и да ме утеши додека јас сум плачела и сум се лигавела :lol: Далеку од тоа дека ме оставал сама во тие ситуации. Барем кон мене - не е воопшто себичен.

    Мене ме нервира фактот дека не наидувам на поддршка од негова страна за некои мои планови што ги споменав. Затоа и ја отворив темава, ми требаше мислење од другите. За да знам дали јас си преувеличувам или сум во право. :)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Јас темава ја сфатив како „ кога не добиваш поддршка од партнерот“.. За мене не добивање на поддршка, во сите моменти од најтешките до оние сеуште неизреализираните подразбира отсуство на разбирање и непотребна нетрпеливост.. А од моето емпириско искуство, и тргнувајќи од својот карактер, не гледам причина зошто безцелно да се вртам во круг и на некој упорно да му објаснуввам дека сакам да сака да ме поддржи и да биде покрај мене, за да градам кула од карти која ќе се сруши при првото развигорче...
    Ама кажав и погоре, не сум во нејзина кожа и не ги знам сите околности. Зависи од многу фактори дали треба да прекине...
    Не мора да се согласите со мене ни па да го послушате мојот совет... Јас само кажав што јас сум направила кога ми се случило истово и што би направила кога би ми се случило пак.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Тука дефинитивно се согласуваме, зашто и ние женчињата некогаш аздисуваме, вака реално :lol:
    Ако очекуваме дечковците да скокаат од радост на секој наш предлог за промена на фризура или купување нова чанта, тогаш - да престанеме да живееме во илузии.
    Срце, ќе си купам нови чевли!
    - Пепелашко моја, најубава ќе ми бидеш, срце мое, буци, буци...
    :D

    Ним ич не ги боли таквото за такви работи, сите превртуваат очи |(
    Тоа е еднаквопропорцинално кога се попалуваат за фудбал или ќе се з'гнат на Маракана да ги гледаат Партизан со организиран превоз, а возењето и малтретирањето траат 5 пати подолго од самата утакмица.
    Можеме ние жените да го сфатиме тоа?
    - НЕ!

    На сите до една ни е бесмислено и кретенско.
    Епа тука некаде е и нивното мислење за нашите женски стварчиња.
    ;)
    Нема љутиш тука.

    Сепак, останувам на мислењето дека си треба поддршка за некои битни работи.
    Со убав муабет, се' може да се реши, а мене ми личи дека нашата Обична девојка си има се' под контрола. ;)
     
    На OrdinaryGirl, LivingGlam, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Mногу е точно ова од Трендафилка, за битни работи треба подршка.
    Мора да ме подржи за факултет, работа, битни одлуки, сакам совет да ми даде, сакам да дискутира со мене.
    Ама не очекувам леле срц колку се убави чевливе и он ќе ми рече нели имаш дома многу пара чевли? И јас ќе речам леле не памтиш дека немам плави???
    Немој да очекувате за ташна, чевли, фризури, за тоа дека во собата си ја ставиле вазната на друг крај, дека си купила книга, дека нови чаши си купила а тој не се радува.
    Исто како што јас нема да се радувам кога он ми покажува какви бандаши си купил за колата. Мене ми се исти како секој бандаш. Ама него не му се! А јас само ќе климнам со главата и ќе речам добро убаво.
    Сум приметила многу жени ги напнуваат мажите леле види ми го лакооооов, леле види ми ги чевлите а тој 3 секунди гледа и вика добро.
    Купи долна облека е таа и тоа како ќе ја гледа и памти :lol:
    Ние жените сме ситничари, многу збориме се што треба и не треба, се лутиме што глупости не забележуваат, што не не слуша секогаш кога му раскажуваме за на другарката, сестра па нејзина прва братучетка имала дечко кој ја варал пред неа и ние цели внесени а тој си гледа Долина на волците и само вика Да да така е...
    Мажите се поинакви од жените, едните сме + другите се - ама едни без други не можеме.
    За некои муабети, за некои подршки тука се мама, другарките, дада, ама не и дечкото тој може да даде совет, ама ќе го даде колку да не се налутиш.
     
    На Justinna, LilMissBossy и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    значи вака:
    од самиот почеток му објаснив дека сум девојка што е постојано активна и мегу другото посетувам курс за медитација, и ајде му предложив да дојде да види како е , што правиме, кога го прашав дали му се допага, ми рече не, ова не е за мене.Знае типов дека мене тоа ме релаксира, опушта и сл, и до сега никогаш не ми кажал не оди на медитација ваму или онаму, можеби е сеуште рано, но кога би дошло до тоа би поразговарала со него, ако покаже разбирање ок, ако не, аста ла виста бејби.
    на крајот на краиштата ова е МОЈ живот, ке одам каде што ЈАС сакам и се чуствувам убаво, и ке трошам пари на што јас сакам(не е важно дали трошам пари на јазици, козметика, накит, јога, чанти или незнам што)трошам МОИ пари, а не негови :)