Што кога некоја личност ви каже дека ве сака а вие не можете да и возвратите. Доста непријатна ситуација нели? Било да е некој со кој сте на почеток на врска, мувачот, бившиот и знаете дека навистина и значите на таа личност. Што тогаш?
Сум се нашла во таква ситуација...многу е непријатно, ама секоја опција е подобра од тоа да возвратиш а да не се чувствуваш така.... На ТЕ САКАМ имам одговорено со ОООО многу си мил, дури еднаш и со ФАЛА!!!! Катастрофа
Ама ме потсети темава на една случка. Втора средно бев и пресно во врска, некои 2 месеци. Ме испраќа типот и ми вика ТЕ САКАМ Сосема неочекувано... Не дека не го сакав, тоа ми беше најдолгата врска која траеше една година, ама во моментот на неочекувано му се изнасмеав сочно во фаца После тоа пробував да се извадам ама не биваше. Сирот дечко ми тогашен, кога ми викаше пак те сакам делуваше толку несигурно ... Шејм он ми
Многу непријатна ситуација. Се имам најдено во ваква ситауција и посакувам веќе никогаш да не се повтори. Не ни сакам да се ставам на местото на тој што кажува ТЕ САКАМ и не добива ист одговор.
лелеееее.....и мене ми се слочи и тоа не еднаш него поисе пати со децко ми со кој сум сеуште (3години). беше тоа на почетокот на врската, знаев дека тој треба да замине неколку месеци во странство, се плашев да се заљубам да не ми е тешко после, ги штедев чувствата, и на неговото ТЕ САКАМ ја викав: КЕ ТИ ПОМИНЕ ненормална бе
Леле добри сте девојки еј баш сте откачени ама во позитивна смисла На тоа вообичаено одговарам и јас финтата е даваш позитивен одговор никој не се чувствува непријатно,а сепак не си кажала те сакам и волкот сит и овците на број
Уф сум била во таква ситуација бев вљубена во друг кога момчето ми рече Те Сакам не беше мој тип ми изгледаше смешно неможев да му возвратам подоцна сватив какво било момчето тој беше заборавил на тоа како да не постои и сега ми е многу добар другар
И јас неможам да возвратам на Те сакам, или си преќутам кога ми речат такво нешто или во краен случај кажам „и јас“, и онака за срце, душо, ова она, како со клешта зборовите од уста да ми се влечат, кога кажам некој таков збор. Ете го сакам, се` е супер, ама тешко ми е да кажам такво нешто. Во пораки сум пишувала се` и сешто, а за во живо сум сум тапа
Јас досега на мојот дечко не му имам речено дека го сакам, иако го сакам најповеќе на свет! Тој во секој момент ми кажува те сакам, те сакам, а јас на тоа му давам одговор...една топла прегратка! Нека потрае малку за тоа те сакам, не се кажува одма....зашто работата може да стане...светни - угасни, ќе се крене нечие его....
Сум била во иста ситуација. Пред две години Јас го направив првиот чекор, и типот се заљуби во мене. На секои 2 минути ми праќаше пораки, Те сакам, вака,онака... Ми вртеше, зборевме по 2 саати на телефон! Но не е тоа тоа, од моја страна.. Најнормално во фаца му кажав дека ги нема истите чувства од моја страна, како што тој ги има за мене. И му кажав дека не ме заслужува. Тој викаше дека сеа се вадам со тие зборови, бидејќи раскинувам но не, стварно не ме заслужуваше..
Во право си скарлет, и јас се плашам од тоа, дека доколку му велам дека го сакам, ќе му се крене егото и после ќе и си игра мајтап со мене, така да има време за се`
Тие скоро секогаш си играат со женските чувства (чест на исклучоците), па затоа кога си со машко, прави како што прават машките! Најдобра тактика што постои......мммм.....ќе трчка дечкото како кученце хеехехехе
Ми имаат кажано тројца. Еден во осмо, да, не го знаевме значењето на те сакам, така што го бришам него од листа. Вториот е друг бивш, година помал од мене, кој јас го сакав како личност, иако е идиот, но ништо повеќе. И лошото беше што моменти кога го кажуваше тоа беше мртов пијан, па после на трезно ми негираше. Патем, јас бев во долга врска тоа време. Ок, не знам колку е долга...една година. Третиот е овој за кој споменав, дека бев со него година, и три месеци се мувавме претходно. Ми кажуваше те сакам откако раскинавме, меѓутоа мене ми беше жал и чувствував вина. Огрубе после раскинувањето, беше како избркан од дома во изгледот, се запусте себе. И најлошо одбивање беше на нова година кога ме праша има ли барем шанси некогаш да ми се вратиш. Сите слават, јас и тој разговараме, а мене во тој момент најмалку ми беше дојдено до тоа со него да сум. Сабајлето ми пиша на фејсбук 1. Ме сакаш ли? 2. Ќе бидеме ли пак заедно? 3. Те сакам п.с. ми фалиш. После тоа уште неколку пати ми створи непријатни ситуации, од типот: Мери остави го него, не е за тебе. Во Колосеум повторно ме тргна на страна, истите муабети, и пред да си одам му викам чао, ме потегна, ме гушкаше неколку минути, притоа не смеев да се мрднам од што ме притискаше силно, и ми ја мирисаше косата. Вечерта на интернет крш: Сакам да бидеме пак Мери и Мики. Не сум ништо без тебе. Легнувам со тебе во мисли, те сонувам, се будам со тебе во мисли и во текот на денот се случува пак истото итн итн.... Лошото беше што тоа ми го кажуваше на фејсбук, а на скајп другар на братучед ми (на кој тој му дал надеж дека сакам да сум со него, моменталното момче мое) чекаше одговор на тоа дали ми се допаѓа и моите гледишта кон нас. И најтрагичниот дел хахаха, е што и тој беше дошол во Колосеум, но дојден со причина да зборуваме во живо, само што јас не знаев и си отидов дома, па мораше на Скајп да водам таков муабет. Во тие моменти не знаев кај сум од збрканост. Ех, јануари. ...Си се изнаприкажав јас. Поентата ми е беше непријатно, ми беше тешко и јас лично се мразев самата себе затоа што беше се така, но што се може против тоа? Последниот месец со сила му кажував те сакам на Мики (детето број 3 ), не ми идеше едноставно да го кажам тоа нешто. Ах, прва љубов.
да...сум била во ваква ситуација... на почетокот на сегашната врска дечкото ми кажа ТЕ САКАМ(околу 1 месец бевме во врска)...а јас неможев да му возвратам...дефининитвно нема полошо чувство...меѓутоа бев искрена и му кажав дека ми е многу мил но сеуште неможам да му ги кажам тие два збора.. а како би постапиле кога по одреден период во врска,пример после неколку години повторно не сте сигурни во кажувањето ТЕ САКАМ?
Треба многу време за да му кажеш на некој дека го сакаш.... не се засакува лесно...лесно се заљубува имајте го тоа на ум...
Јас сум таква I can't say I love you , It's not in my DNA.Но не било до тоа.Треба вистински да го чуствуваш за да го кажеш.Имав дечко 1ипол година неможев верувајте НЕМОЖЕВ да му кажам ТЕ САКАМ А сега со овој дечко одиме 4 месеци а досега 8912471984217ѕ28941 пати му имам кажано и сватив дека не сум сакала никој како него.
јас на првото "те сакам" не изреагирав никако од причина што ми беше страв, а толку многу сакав да му кажам. пред тоа бев изиграна многу пати и не знаев дали навистина го мислеше тоа. не ми требаше многу да сфатам дека ме сака и еве 3 години сме заедно.
Доста непријатна ситуација, Ми се има случено повеќе пати од личности кои најмалку очекувам. Ми беше пријател, шетавме и сосема неочекувано ми кажа дека ме сака, му реков дека ми е пријател и дека сакам така да остане... се дружевме уште некое време и тој се оддалечи. Ми беше жал но барем бев искрена
ме нервира што пример на фб ми става срциња на ѕид, а јас не можам да му вратам... и ајде ќе му вратам срце ради реда само...а после сакаам да ја отстранам неговата објава или евентуално да ја сокријам.. а и тоа не бива пошто ќе се налути, а сака сите да дознаат дека сме заедно