1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога не можете да возвратите на „Те сакам“

Дискусија во 'Врски' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Што кога некоја личност ви каже дека ве сака а вие не можете да и возвратите. Доста непријатна ситуација нели? Било да е некој со кој сте на почеток на врска, мувачот, бившиот и знаете дека навистина и значите на таа личност. Што тогаш?
     
  2. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Сум се нашла во таква ситуација...многу е непријатно, ама секоја опција е подобра од тоа да возвратиш а да не се чувствуваш така.... На ТЕ САКАМ имам одговорено со ОООО многу си мил, дури еднаш и со ФАЛА!!!! Катастрофа :?:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    :D Ама ме потсети темава на една случка. Втора средно бев и пресно во врска, некои 2 месеци. Ме испраќа типот и ми вика ТЕ САКАМ :o Сосема неочекувано... Не дека не го сакав, тоа ми беше најдолгата врска која траеше една година, ама во моментот на неочекувано му се изнасмеав сочно во фаца :lol: После тоа пробував да се извадам ама не биваше. Сирот дечко ми тогашен, кога ми викаше пак те сакам делуваше толку несигурно ... :lol:
    Шејм он ми :tmi:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу непријатна ситуација. Се имам најдено во ваква ситауција и посакувам веќе никогаш да не се повтори. Не ни сакам да се ставам на местото на тој што кажува ТЕ САКАМ и не добива ист одговор.
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    лелеееее.....и мене ми се слочи и тоа не еднаш него поисе пати со децко ми со кој сум сеуште (3години). беше тоа на почетокот на врската, знаев дека тој треба да замине неколку месеци во странство, се плашев да се заљубам да не ми е тешко после, ги штедев чувствата, и на неговото ТЕ САКАМ ја викав: КЕ ТИ ПОМИНЕ :tmi: ненормална бе :fubar: :rofl:
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fragolina

    fragolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Леле добри сте девојки еј баш сте откачени ама во позитивна смисла :sun:

    На тоа вообичаено одговарам и јас финтата е даваш позитивен одговор никој не се чувствува непријатно,а сепак не си кажала те сакам
    и волкот сит и овците на број
     
  7. slatkoto-malenko

    slatkoto-malenko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Уф сум била во таква ситуација бев вљубена во друг кога момчето ми рече Те Сакам не беше мој тип ми изгледаше смешно неможев да му возвратам подоцна сватив какво било момчето тој беше заборавил на тоа како да не постои и сега ми е многу добар другар :D
     
  8. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    И јас неможам да возвратам на Те сакам, или си преќутам кога ми речат такво нешто или во краен случај кажам „и јас“, и онака за срце, душо, ова она, како со клешта зборовите од уста да ми се влечат, кога кажам некој таков збор. Ете го сакам, се` е супер, ама тешко ми е да кажам такво нешто. Во пораки сум пишувала се` и сешто, а за во живо сум сум тапа :lol:
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас досега на мојот дечко не му имам речено дека го сакам, иако го сакам најповеќе на свет! Тој во секој момент ми кажува те сакам, те сакам, а јас на тоа му давам одговор...една топла прегратка! Нека потрае малку за тоа те сакам, не се кажува одма....зашто работата може да стане...светни - угасни, ќе се крене нечие его.... ]:) :devil:
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Сум била во иста ситуација. Пред две години :)
    Јас го направив првиот чекор, и типот се заљуби во мене. :wasntme: На секои 2 минути ми праќаше пораки, Те сакам, вака,онака... Ми вртеше, зборевме по 2 саати на телефон!
    Но не е тоа тоа, од моја страна..
    Најнормално во фаца му кажав дека ги нема истите чувства од моја страна, како што тој ги има за мене.
    И му кажав дека не ме заслужува. Тој викаше дека сеа се вадам со тие зборови, бидејќи раскинувам но не, стварно не ме заслужуваше.. :?:
     
  11. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски

    Во право си скарлет, и јас се плашам од тоа, дека доколку му велам дека го сакам, ќе му се крене егото и после ќе и си игра мајтап со мене, така да има време за се` ;)
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Тие скоро секогаш си играат со женските чувства (чест на исклучоците), па затоа кога си со машко, прави ]:) како што прават машките! Најдобра тактика што постои......мммм.....ќе трчка дечкото како кученце хеехехехе
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ми имаат кажано тројца. Еден во осмо, да, не го знаевме значењето на те сакам, така што го бришам него од листа. :D

    Вториот е друг бивш, година помал од мене, кој јас го сакав како личност, иако е идиот, но ништо повеќе. И лошото беше што моменти кога го кажуваше тоа беше мртов пијан, па после на трезно ми негираше. Патем, јас бев во долга врска тоа време. Ок, не знам колку е долга...една година. :D

    Третиот е овој за кој споменав, дека бев со него година, и три месеци се мувавме претходно. Ми кажуваше те сакам откако раскинавме, меѓутоа мене ми беше жал и чувствував вина. Огрубе после раскинувањето, беше како избркан од дома во изгледот, се запусте себе. И најлошо одбивање беше на нова година кога ме праша има ли барем шанси некогаш да ми се вратиш. Сите слават, јас и тој разговараме, а мене во тој момент најмалку ми беше дојдено до тоа со него да сум. Сабајлето ми пиша на фејсбук 1. Ме сакаш ли? 2. Ќе бидеме ли пак заедно? 3. Те сакам п.с. ми фалиш. После тоа уште неколку пати ми створи непријатни ситуации, од типот: Мери остави го него, не е за тебе. Во Колосеум повторно ме тргна на страна, истите муабети, и пред да си одам му викам чао, ме потегна, ме гушкаше неколку минути, притоа не смеев да се мрднам од што ме притискаше силно, и ми ја мирисаше косата. Вечерта на интернет крш: Сакам да бидеме пак Мери и Мики. Не сум ништо без тебе. Легнувам со тебе во мисли, те сонувам, се будам со тебе во мисли и во текот на денот се случува пак истото итн итн....
    Лошото беше што тоа ми го кажуваше на фејсбук, а на скајп другар на братучед ми (на кој тој му дал надеж дека сакам да сум со него, моменталното момче мое) чекаше одговор на тоа дали ми се допаѓа и моите гледишта кон нас. И најтрагичниот дел хахаха, е што и тој беше дошол во Колосеум, но дојден со причина да зборуваме во живо, само што јас не знаев и си отидов дома, па мораше на Скајп да водам таков муабет. Во тие моменти не знаев кај сум од збрканост. Ех, јануари. :D

    ...Си се изнаприкажав јас. Поентата ми е беше непријатно, ми беше тешко и јас лично се мразев самата себе затоа што беше се така, но што се може против тоа? Последниот месец со сила му кажував те сакам на Мики (детето број 3 :lol:), не ми идеше едноставно да го кажам тоа нешто. Ах, прва љубов. :D
     
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    да...сум била во ваква ситуација...
    на почетокот на сегашната врска дечкото ми кажа ТЕ САКАМ(околу 1 месец бевме во врска)...а јас неможев да му возвратам...дефининитвно нема полошо чувство...меѓутоа бев искрена и му кажав дека ми е многу мил но сеуште неможам да му ги кажам тие два збора..


    а како би постапиле кога по одреден период во врска,пример после неколку години повторно не сте сигурни во кажувањето ТЕ САКАМ?
     
  15. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Треба многу време за да му кажеш на некој дека го сакаш.... не се засакува лесно...лесно се заљубува :D имајте го тоа на ум...
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    треба време за да кажеш на некој те сакам ..пред се треба добро да го познаваш и да му веруваш..
     
  17. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Јас сум таква I can't say I love you , It's not in my DNA.Но не било до тоа.Треба вистински да го чуствуваш за да го кажеш.Имав дечко 1ипол година неможев верувајте НЕМОЖЕВ да му кажам ТЕ САКАМ :talk: А сега со овој дечко одиме 4 месеци а досега 8912471984217ѕ28941 пати му имам кажано и сватив дека не сум сакала никој како него.
     
    На macysh и Moni-Monique им се допаѓа ова.
  18. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    јас на првото "те сакам" не изреагирав никако од причина што ми беше страв, а толку многу сакав да му кажам. пред тоа бев изиграна многу пати и не знаев дали навистина го мислеше тоа. не ми требаше многу да сфатам дека ме сака и еве 3 години сме заедно. :)
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Доста непријатна ситуација, Ми се има случено повеќе пати од личности кои најмалку очекувам.
    Ми беше пријател, шетавме и сосема неочекувано ми кажа дека ме сака, му реков дека ми е пријател и дека сакам така да остане... се дружевме уште некое време и тој се оддалечи.
    Ми беше жал но барем бев искрена :)
     
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    ме нервира што пример на фб ми става срциња на ѕид, а јас не можам да му вратам... и ајде ќе му вратам срце ради реда само...а после сакаам да ја отстранам неговата објава или евентуално да ја сокријам.. а и тоа не бива пошто ќе се налути, а сака сите да дознаат дека сме заедно :sweat: