Здраво феминки .... дали некоја од вас имала проблеми со партнерот поради тоа што тој е против работата што вие ја работите ? Еве јас на пример , најдов работа во слаткара меѓутоа останувам до 12 навечер втора смена и тоа ми предизвикува проблеми, и секој ден се караме поради тоа. А јас имам потреба и од пари и од работа, иако оваа работа ми е за привремено. Што мислите , дали треба да го послушам партнерот и да ја напуштам ( на што ме тера цело време ) или да продолжам да работам. Што да направам, што да разговарам со него?
Штто кога партнерот е против вашата работа ? пеперутке,не дозволувај дечко ти да те уценува или да ти наредува што да правиш!ако ти е потребна таа работа,работи си а тој сакал нејќел треба да го прифати тоа.веројатно му пречи затоа што немаш слободно време за викенд,но тоа е себично ,тој си размислува дали на него му одговара твојата работа.ма дај,немој да мислиш работата да ја напуштиш поради него ? колку време сте заедно?
Штто кога партнерот е против вашата работа ? ...па дечко ти е, не ти е маж... што има да бара од тебе да се откажеш од моменталниот извор на егзистенција, нек ти најде он подобра работа па ке му кажеш му дека ке си многу среќна со тоа... ...ај да ти е сопруг и да имате деца, можеби и навистина би сметало да не е мајката цело време со децата, не за друго не дека неможе и машко да замени( и тоа боље ) туку на децата им е потребна и мајката како дел од семејството...
Штто кога партнерот е против вашата работа ? Пеперутке и јас се согласувам со Хермоса. Дали твојот дечко размислува за твоите потреби во смисла на работа и пари? И кога ти вели да ја напуштиш работата дали ти нуди алтернативно решение за друга работа, дали е загрижен за тебе или пак за себе?
Штто кога партнерот е против вашата работа ? Ако работи во јавна куќа тогаш би бил против,инаку не се мешам во нејзиниот избор на работа.
Штто кога партнерот е против вашата работа ? две ипол години хаха .. многу си вицкаст работам како продавачка во пекара
Штто кога партнерот е против вашата работа ? Нели е само привремено, што бунтува? Според мене, ова не е добар партнер. Како прво, себичен е. Треба да разбере дека имаш потреба од пари и работа и да направи се за да ти олесни да не ти е толку напорно, треба да бидете сложни и да наоѓате време да се гледате. Моја тетка работеше во пекара и спиеше и до 2-3 попладне. Ако и ти спиеш во тоа време, ќе се гледате попладне. Не, никако не можам да разберам зошто ова му е проблем. Уште еднаш ќе повторам, треба да те поддржи дури и да е нервозен некогаш. Зборувај со него. Ако тебе ти одговара работата остани си. Те тера нели? Не е по твоја волја значи, затоа те советувам да си останеш. Којзнае на господинот што ќе му биде по ќеф. Од ова откажи се, од друго откажи се и ќе нема крај. Арно ти кажаа, нека тој ти најде поарна работа.
Штто кога партнерот е против вашата работа ? Искрено Пеперутка кога ќе го виде човек насловот, да си помисли она што Витомир пиша, дека ти треба да се срамиш од својата работа. Како смее дечкото да ти забранува да работиш кога таа работа ти е за егзистенција и самата си кажа дека ти е потребна и потребни ти се парите. И што ако си на работа до 12 часот, место да биде горд што си вредна и сама си заработуваш, тој како дете мало се жали затоа што не му се вклопува тоа во неговиот дневен распоред, па не можете да се гледате. Т.е грешка може и пред да одиш на работа да се видите. Глупост жива, никако да не ни размислуваш да си ја напуштиш работата што те издржува за да му исполниш еден каприц на човек, кој очигледно нема баш разбирање. Мене едно ме интересира, тој работи ли? Знае ли колку е тешко да најдеш работа сега, да се издржуваш сам, била тоа привремена или стална работа?
Неколку пати имам работено во кафич, летно време кога не сум била на факс. Гледав огласи за да си најдам некоја работичка, да имам нешто пари. Дечко ми ми рече дека ако дојдам до толкава потреба да морам да работам, попрво он ќе ми дава дневница како во кафич, отколку да се согласи да работам како келнерка. Јас сум студент, и од дома ми даваат пари, така да не сум во криза да морам да работам (поготово до доцни саати). И го сфаќам зошто вели дека би бил против тоа. Меѓутоа сме збореле на темата дека еве ќе завршам факултет, и што би било ако не можам да најдам работа по струка. И тој се согласува дека во таква ситуација секој треба да работи тоа што може да најде, колку и да не му е тоа по кејф. Така да, моето мислење е дека во период кога потребни се финансии, се додека си спремна за работа (чесна работа, да си бидеш платен поштено за тоа што ќе го завршиш), воопшто не е битно на какво работно место ќе бидеш. Во твојот случај, се работи за привремена работа, додека не дојде нешто подобро. Па сигурно нема да е подобро во меѓувреме дома да седиш без пари за едно кафе, отколку да си ги заработиш сама кога веќе имаш можност за тоа.
Дечко ми никад ама баш никад не ми „солел памет“ за работното место. Едноставно ми кажал дека ми треба попросперитетна работа каде ќе имам поголема можност за надоградување и повисока плата. Газдите се топ, имаат разбирање, сите вработени сме жени, никој не ми се пушта, немам ниту мобинг. Така да нема ни зошто да ми збори. Ако за нешто се противел е тоа дека заслужувам да имам повисока плата и да си го ценам својот труд, за што е и во право.
Tvojata rabota e tvoja egzistencija.Pa ti ne ides na ku....e pa da se buni, odis na rabota. Izvini ama tipot e iskompleksiran i nesiguren vo sebe.Ako sega ti zabranuva rabota utre ke ti ogranicuva dvizenje, zadutre ke ti gi bira drugarkite...pa ako ti fali um(izvini na izraz) togash moze i da te tepa nedaj boze zasto taka misli. Izvini ama vo denesno vreme da me kontrolira nekoj ocite ke mu gi izvadam...izvini
Odsekogas se sum rabotela od 18 god sekogas cesno, i faktot deka nikogas ne sum bila bez denar vo dgep i da cekam za kafe me napravil da sum nezavisna. Nekogas toa bile slabo plateni raboti drug pat podobro plateni no kapnuvalo. Zar e podobro da gledas turski serii i da visis na igrici na pc? Edna rabota vodela da najdam druga rabota, nekogas i dve raboti odednas, leto vo stranstvo zime tuka i si kupiv kola uste kako studentka. No sekogas treba da se biraat cesni raboti za da ne se padne vo nevolji i da se iskomplicira zivotot.
Никогаш не би дозволила ниту дечко ниту маж да ми кажува што да работам. Во ова лудо време кога тешко се наоѓа работа среќен треба да биде што имам и заработувам за да утре здравје ако се земеме имам паричка во џеб отколку на негов грб да бидам и едвај крај со крај да врзуваме. Ако не му се свиѓа мојата работа а е толку кадарен како што е јак на зборови нека ми најде подобра работа, молим лепо. До некаде и јас имам малце глупаво работно време па понекогаш останувам во канцеларија до 7 попладне, нели коа не си во државна фирма нема идење дома во 3 часот па треба да е свесен дека дневни кафиња и ручеци и шетања со мене нема да ги има. Од друга страна за наши услови добро заработувам па можам да си приуштам многу работи, така да според мене тоа е побитно него шетањето и дремењето преку ден по кафичите. Сепак, до некаде разбирам дека лошо работно време може да биде пречка во една врска. Сите знаеме кое е нормално време за шетање, излегување и дружење. Сигурно тоа нема да го правам рано посабајле во 7 часот или ноќе после 12. Имав дечко кој што работеше во кафич и мене ми сметаше што нашето гледање се состоеше од изегување на некоја кратка пијачка пред да иде на работа, или дремење кај него на работа додека он има некоја минимална пауза меѓу служење маси или после работа во глуво доба. Можеби себично од моја страна но јас му раскинав бидејки не се гледав себе си во таква врска, каде не функционираме како што еден нормален пар треба да функционира. Да не бидам погрешно сфатена дека двојни аршини поставувам со тоа што сакам за мене да се има разбирање ако останам до 7 во канцеларија а јас немам разбирање ако некој има работно време до 12 часот навечер зошто тоа е сепак мое мислење и нешто со што јас не можам да се носам. Во последно време тоа ми е еден условите ако сака некој да биде со мене . Јас разбирам дека тоа можеби би му сметало и не би се наљутила ако прекине со мене. Затоа и врската е ствар на договор, така да ако ви смета работата на партнерот подобро на почеток кажете си и разделете се ко људи. Не е крај на свет, секој има свои побарувања и идеја како неговата врска треба изгледа и да тера. Не го доживувам тоа како навреда или како наметнување став, напротив и на мене е да не му ги ограничам оние работи кои нему му предизвикуваат уживање само затоа што не можам да ги правма со него.
Веројатно би имал причина штом не би сакал да работам нешто. И веројатно би бил во право. Но не верувам дека некогаш би се нашла во таква ситуација, знам да си одберам добро работно место кое нема да предизвика негодување.