мене ме мразат апсолутно сите, сите ме исмеваат немам друштво немам девојка скоро никогаш не сум ни имал, животот ми е уништен никогаш нема да биди подобро секогаш ќе бидам сам. Немам веќе причина за живот одлучен сум во многу кратко време ако нешто не се промени ќе си го одземам животот
Никој не те мрази како што ти мислиш, туку секој си го гледа својот живот. Животот секако нема да си го одземеш а поминувајќи го времето во кукање на форум ништо нема да промениш, ќе стоиш во место а и уште толку ќе уназадуваш. Негативни луѓе и луѓе со ниска самодоверба никој не сака. Зарем ти би се дружел со некој кој константо е негативен и само се жали и кука? Нова тема за ова немаше потреба да отвориш, можеше да пишеш во некоја од темите а и насловов ти е ептен безврска. Ние не можеме никако да ти помогнеме се додека ти не ги смениш размислувањата и се ослободиш од негативната енергија.
Од психолошки аспект, омразата претставува длабоко и екстремно недопаѓање. Тоа може да биде насочено кон поедници, групи, предмети, однесувања или идеи. Омразата е најчесто поврзана со чувства на лутина, гадење и наклонетост кон непријателство. Преку твојата порака гледам дека ги изразуваш твоите фрустрации кон твојата непосредна околина. Жал ми е што ги имаш овие тешкотии. Како прво и основно, важно е да знаеш дека животот дефинитивно не ти е уништен. Твојата изјава дека сакаш да си го одземеш животот е всушност знак на некој кој страда и кој сака и му е потребна помош. Постои желба кај тебе оваа ситуација да има пресврт бидејќи длабоко во себе веруваш во подобрување. Тоа е уште еден добар знак кој покажува дека дури ни ти не ги сакаш твоите размислувања и одлуки за кои се сметаш дека се најрационални во моментот. Кога мислиш дека сите се против тебе, треба да научиш да не ги слушаш другите, туку твојот внатрешен глас. Запрашај се и самиот побарај одговор на прашањата за кои си мислел дека нема да ги најдеш, или дека ќеги најдеш во другите околу тебе. Прва и основна грешка што ја правиш е твојата замисла дека твојата среќа лежи и зависи од другите луѓе. Тоа не е точно, бидејќи постојат можности токму тие луѓе кои се во твоето опкружување да не ти одговараат. Со други зборови, првиот чекор кој треба да го направиш е да ја пронајдеш среќата во себеси, а откако ќе го направиш тоа, ќе почнеш и да ја наоѓаш среќата и во другите луѓе...
Не бери многу гајле за тоа ако не те сакаат. Живеј си го животот, не секој се согласува со тебе, не секој те чита ама затоа ти си знаеш најдобро за себе. Јас не знам како се одлучувате за вакви непромислени глупости да се самоубивате, животот е толку убав доволно убав да не береш гајле за туѓите мислења.
Ќе се запрашаш - Зошто баш Сите ме мразат??! Ајде еден двајца..ама сите? Значи, вината ќе ја бараш во себе. И ќе се промениш ти, па ќе ти се промени се
@buba4e89 потполно се согласувам со тебе. Меѓутоа никако не можам да сфатам зошто денес ако немаш друштво и љубовен партнер, тоа го доживуваш како крај на светот? Зарем тоа е многу поважно од сопствената среќа која треба да започне од тебе и од твоите желби, стремежи и интереси? Мора да научиме дека ние самите ја создаваме сопствената среќа и дека всушност можеме да опстоиме и без ,,друштвото,, кое реално никогаш нема вистински да те сака, особено во овој модерен период во кој живееме, каде што скоро и не постои вистинко пријателство. Навистина е апсурдно...
Бубаче оној кој сака да се самоубие не кука на форум постојано и не кажува дека сака да го стори тоа. За другото се согласувам.
Животот ми е уништен да имало шанса за промена веќе би се случила, точно донекаде јас сум крив за ова што ми се случува.
Знаеш и самата дека денес е многу тешко да се најде друшство и солиден партнер. Такво време сме. Девојкава/дечково нека нема научено или воочено дека се почнува од самиот себе. Соништата, стремежите. За жал и општествето во кое живееме е доста себично, тоа доведува до затварање во себе си, преиспитување што ни фали и филм во главата каде сите ти се смеат. Него/неа тоа го боли и оп тука згаснува потребата за живеење. Погрешно изберен правец. Во врска со болдот потполно се согласувам, мислам дека личноста е многу млада и правецот и паѓа тешко да го совлада, за жал притисокот кој внатрешно го создава ја притиска. Од друга страна луѓето се нивните ставови и мислења ( дека они се право, они се интелегентни, они се паметни, они имаат се) тоа се луѓе кои треба да ги стави на игнорирање. Тој повеќе ги слуша и повеќе го затвора тоа, а всушност тие личности си имаат многу комплекси. Жално е, секој поминува низ некаква борба ама тоа не значи дека треба да се самоубива.
Епа соочи се со тоа и промени се. Едит: Не им прави кеф на другите, ако си го одземеш животот исто како да си ги нахранил уште повеќе. Направи им инат и за инат ЖИВЕЈ!
Не биди толку сигурна. И не го провоцирај со вакви коментари. А не се работи за „сакање“, туку тоа се мисли кои се вртат низ глава.
Јас лично никогаш не сум имала најдобра другарка, друштво, ниту пак дечко иако имам 19 години. Од кога сум се преселила овде не сум била прифатена од другите , веројатно бидејќи сум била различна од другите , но на позитивен начин. Едноставно сметам дека немам апсолутно никаква потреба од друштво и од дечко, самата себеси сум си доволна. Јас самата ја создавам сопствената среќа, почнувајќи од тоа да ги остварам моите желби и стремежи, да ги развивам моите најголеми интереси. Освен тоа, отсекогаш сум мислела дека општеството е најголемиот виновник за сето ова. Бидејќи токму тоа општество ни налага ,,правила,, по кои треба да ги живееме сопствениот живот. И што е најтрагично, сите го прифаќаат тоа, како да им се испрани мозоците. Немаат сопствено јас, а штом видат некој кој е различен од останатите, да речеме по однесување, веднаш го гонат и по него плукаат, го критикуваат... Навистина жално е тоа што денес луѓето често имаат затворен ум, не се отворени, односно не се подготвени да се запознаат со луѓе различни од нив, сметаат дека СИТЕ мора да бидат како нив, а во реланоста тоа не е возможно.
Мене најубавото време си го поминувам сама, незнам зошто за некои тоа е крајот на светот. Искрено уживај си во слободното време, вистинските луѓе сами ќе си дојдат
@Briar Rose многу ми е мило што прочитав вакво убаво мислење. Потполно си во право за се во врска со тоа немам што да додадам.
@buba4e89 ти благодарам Јас го разбирам ова бидејќи сум го почувствувала на своја кожа, но кога ова ќе го кажеш на некој друг, ретко кој сака да прифати дека тоа е точно. Сепак мило ми е што постојат членови овде кои тоа го разбираат. Понекогаш посакувам да се родев во друг временски период...
@Briar Rose сега си тука и можеш да им даваш потпора и позитива на другите членови и луѓето околу тебе. Се надевам дека и членот@Rakometar кој ја отвори темата ќе се премисли, без оглед сите правиме глупости, се случило и тоа е зад нас. Без секој се може, дечко, другарки.. Исто така приметив дека и вниманието најмногу има удел во се.
Најважно е што ти си свесен за ова. За решавање на некој проблем прво себе треба да си признаеш дека постои прпблем и од каде потекнува.