Во денешно време ако те мразат не се грижи од завист им е тоа е кога ќе стануваат добри со тебе тогаш знај дека нешто не е во ред со тебе затоа што никој не сака да те гледа во добро светло освен ептен блиските. И научете да уживате во слободата дечко и другарки можеш да најдеш и сеа излези пред врата ќе најдеш но не е работата во тоа уживај си во периодот исполнувај си ги можностите и се останато ќе си дојде на свое време никогаш не пробајте да бидете тоа што не сте бидете свои имајте свој став и цврсто стојде зад него..
Сум била во таква ситуација доолго време. Сама без ичије друштво, ичија љубов. И знаеш што работев на себе, учев, се надоградував, и денеска скоро да имам се. Заборави на грешките од минатото, сите сме грешеле, на свет нема безгрешен човек... и продолжи напред, работи на себе, твоето ќе си дојде.
@buba4e89 потполно си во право, проблемот е во тоа што луѓето продолжуваат да живеат и да се фокусираат во минатото, мислејќи потсвесно дека можат нешто да променат бидејќи длабоко во себе жалат за тоа што го сториле и едноставно не можат да се помират со тоа. Фатална грешка- секој треба да знае дека дури ни теоретски не е возможно да се вратиме назад во времето и најчесто си го поставуваат реторичкото прашање ,, Како можев да бидам толку глупав/а?,, Можеби @Rakometar треба да процени зошто го направил тоа. Преку процесите на самоперцепирање се тврди дека луѓето не секогаш знаат зошто го прават она што го прават. Кога ова се случува, се заклучуваат причините за нивното однесување со анализа на нивното однесување во контектстот во кој се случил. Надворешните набљудувачи на однесувањето ќе постигнат сличен заклучок како и поединецот кое тоа го врши. Потоа лицата извлекуваат логични заклучоци за тоа зошто се однесувале на таков начин.
Три години едно исто пишуваш по форумов....Одлучен сум за кратко време да се самоубијам...Буквално истото го пишуваш по сите теми. Тој што решил да се самоубива нема толку време едно исто да повторува...Се гледа дека ти треба внимание и разговор со некој....Ти кажав и во друга тема дека треба на психолог да појдеш. Не е ништо срамно, ни страшно. Ти само си седиш и се жалиш дека ќе се самоубиеш...А ништо не превземаш за да ти биде подобро. Еднаш те банираа (или сам си замина) и сега пак се зачлени со истите црни мисли...За цело ова време можеше да поработиш на себе со помош на психолог. Батали фемина мемина...Тебе ти треба стучна помош ВО РЕАЛНОСТА веќе со години, доста губиш време овде во виртуелен свет.
Добро те разбирам другар, бидејќи сум во слична ситуација. Знај само додека имаш кров на глава и имаш што да јадеш дека животот не ти е уништен. Мене пак сиромаштијата и осаменоста ме тераат да успеам во животот а не да си го одземам животот. Човек мака си има на нив насловот не им бил како што треба, епа не го читајте. Форум е за тоа, кои сте вие да кажувате каков наслов да има и имало ваква тема, па што ако има уште една?
@JollyGirl може тој не може да си дозволи финансиски психолог. Може тука му е најлесно да се искаже, затоа се темите нели...
А колку е за на психолог? Без пари...Кај матичниот одиш, ти дава упат и толку (или евентуално 50тина денари се плаќало некаде прочитав). ЗНачи не е до парите работата...За негово добро е да појде таму и да му помогне стручно лице. Доста сам се залажува дека ако пише на форумов полесно ќе му биде. Тоа се лаги и глупости. Друго е психолог, друго е овде лица со 8мо одд да ти солат памет. Од кога парите се побитни од здравјето?
Не е мака да се нема дечко/девојка и друштво на млади години, на средношколска возраст. Мака е да се нема родители, кров над глава, да нема што да облече и што да јаде.
Што кога, хмм ми прават задоволство да им направам работи по кој уште повеќе ќе ме мразат а јас ќе уживам во нивната омраза со насмевка и желба за уштее да ме мразат до бол
Не е тоа сигурно ако е до финансии нека не плаќа интернет неколку месеци нека иде кај некој психолог.
прочитај во темата петиција за спас кучињата што се си имаме пишано, признавам за се во таја тема беше во право
Да во право си но за некој мака е и да се нема дружтво дечко или девојка. И јас му велам дека не му е животот уништен штом има кров на глава и има што да јаде. Еве јас бидејќи немам пари немам ни другари, што правиме во таков случај? Мене сите ме избегнуваат поради што сум таков а сум пишувал и во други теми дека немам лоша душа, сум помагал многу иако не ми било возвратено ниту со едно благодарам. Но мене тоа што ми се случува ме тера да успеам иако се шансите мали.
Абе немој да се раководиш по туѓите мислења за тебе Не се грижи ако те мразат, be cool. Треба да ти причинува задоволство што си во фокусот на вниманието.
Колку што може општеството и семејството да нарушат нечија самодоверба не може никој. Луѓето се како овци, каде едната и сите по неа. Најчесто го осудуваат тоа што не го разбираат. Океј дечково можеби направил некоја глупост ама сигурно не до толку за сите да го мразат и избегнуваат. Не ги прифаќаат различните луѓе и со тоа ги одбиваат. Ти би требало да си гледаш "пред нос" и да оставиш што мислат другите, тргни си по својот пат и само напред со крената глава. Ич да не гледаш кој ти се смее или кој те мрази. Направи си некои планови и води се по нив.
Зошто? Ниту е грев тоа ниту пак криминал. Одиш таму за помош... Се' е во твојата глава. Не знам колку год имаш, реално скоро секој во животот ја минува таа фаза, најизразена е во тинејџерските години. И само затоа што не можеш да се вклопиш во околината, не значи дека те мразат
Ако сакаш промена во животот мора прво да почнеш од себе. Да, знам колку е лесно да се каже, а тешко да се направи. Посебно кога немаш подршка. Имаш 17 години и не треба да се замараш со тоа што немаш девојка. Притисоци од општеството, од дома за дечко/девојка има и чувствуваш потреба дека "морa" да бидеш во врска. Ако не си среќен и задоволен со самиот себе, нема да бидеш ни во врска. Знам колку е тешко да немаш друштво, сум била во таква ситуација. Ете за некоја година ќе завршиш средно. Можеби ќе се вработиш, ќе студираш и ќе имаш можност да запознаеш некој. Подобро еден пријател, но вреден отколку десетина кои љубоморат и не се вистински. Секој прави грешки, научи ја лекцијата од грешките и остави ги во минатото.
За да те сакаат другите, треба прво да се сакаш самиот себе. Ако ти на себе гледаш како на нешто лошо, нема другите да ти се восхитуваат. Се што добиваш во животот е рефлексија на она што ти самиот го даваш, го правиш, го мислиш. Треба да сфатиш дека секој, буквално секој човек има вредност, значи имаш и ти. Препознај ги твоите квалитети и вниманието насочи го на нив. Сакај се себеси за тоа што си, не се мрази за тоа што не си.