Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога сите те мразат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Rakometar, 4 април 2017.

  1. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    9.138
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам како можи да мислиш дека сите те мразат?! Не можи сите да те мразат. Тоа е само твоја перцепција,можеби и моментална.Ако е така,се надевам дека ќе се среди(ш) за скоро време.А,ако е во право @JollyGirl дека и порано си се жалел и си бил со вакви црни мисли,тогаш,навистина ти треба стручна помош.
    Друго,ако не се лажам,ти си истиот што во темата Разлика во години,имаше пишувано дека се гледаш со девојка постара од тебе 6 години,значи,ти 17,таа 23 и дека околината не е ок со тоа(како шо памтам).
    Ок.Прашањето ми е,дали овие твои чувства и мисли се последица на пропаднатата "врска"?Се случи нешто што те натера така да мислиш или има нешто подлабоко скриено?
    Во вијугите не можам да ти влезам.Ама,до некаде и те разбирам, затоа што си во такви години.

    Падни,стани,падни,стани..таков е животот.Најлесно е да избегаш од проблемите.Сети се дека има луѓе кои те сакаат и дека ќе им биде жал ако нешто лошо ти се случи(не дај Боже).
    Луѓе сме,се случуваат пропаднати врски/бракови,разделби со пријателите,роднините,не ти посветуваат внимание како што сакаш и очекуваш,те издаваат,не се тука за тебе баш кога најмногу ти требаат итн итн.

    Затоа :!: најважно од се' e, ТИ да си тука кога најмногу си потребен на себеси. Дури и да ти се чини дека сите избегале од тебе,ТИ остани.

    Се надевам дека ќе успееш да ги прескокнеш овие пречки( сам или со помош) и ќе се радуваш на убавите моменти во животот.:sun:
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    Абе зошто воопшто се замараш дали луѓето околу тебе те мразаат или не?
    Живеј го својот живот. Не им давај причина да те исмеваат.Докажи го спротивното дека можеш да промениш се и не се предавај така лесно.
    Луѓето се хранат со туѓиот неуспех и болка не им го дозволувај баш тоа.
    Биди насмеан и секогаш со исправена глава макар и кога највејќе те боли не давај причина некој да биде среќен на твојата несреќа.
    Не можам да разберам како можете да помислите да си одземете живот за нешто што не е вредно.
     
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Абе луѓе, бе..нa крaјoт oд денoт нa никoму не му е гaјле зa никoгo! Сфaтете. Сaкaјте се себеси, ценете се, имaјте пoчит спремa себеси. Живoтoт не ви зaвиси oд дечкo или девoјкa и oд друштвa. Тие дoaѓaaт и си oдaт.

    @Rakometar не знaм кoлку гoдини имaш. Акo си среднo/фaкултет, тoгaш гледaј си гo oбрaзoвaниетo. Oбрaзoвaниетo мене ми е нa првo местo, a пoтoa љубoвтa. Тaкa и ќе oстaне. Ниту еднa девoјкa, ниту еден другaр немa дa ти ги плaќa сметките и речиси ниту еден немa дa ти пoмoгне кoгa ќе ти биде тешкo. И дa, ми се ќењa oд oнaa фрaзa: Некo имa пaрa, a некo другaрa.
     
    На Luciferovog zlo♧, Kitty23, Angie24 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Сепак ..Мистер Хајнекен убаво кажа ..
    Во животот можеш да имаш или многу пари или многу пријатели ... но не и двете ...
    Кога ќе стигнеш до стадиумот да имаш мн.пари, ќе видиш..

    А ти ракометарче, ранчето на рамо и на планина.
    Остани едно 2 недели па да видиш што значи да си сам...
    Па ќе ги цениш дури и оние што те мразат, затоа што верувај - без причина никој никого не мрази
    А после патот под нозе и на психолог .. никој нема да дознае, ако не кажеш самиот.
    Не се секирај, луѓето во какви каши се, па да те гледаат чудно за еден психолог. Ехее

    Сами сме креатори на..
    Нашата среќа
    Нашата тага
    Нашите правилни одлуки
    Нашите погрешни одлуки

    ..на нашиот живот ;)
     
    На Rebecca_R, simonka93, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Кој те мрази воз да го згази,
    Со кого се сакате од иста чинија да макате,
    Девојка убава да најдеш и да се залапате,
    А, за ситни души мува да не те лази. :)
     
    На simonka93, cresa-jagoda, Mr. Right и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Ааххахахахахахах да си ми жив и здрав слатко ме насмеа :rofl::rofl::rofl: и ја сакам еден да го згази воз, ама никако да го згази их бре :rofl::rofl::rofl::rofl: ај малце да се насмееме со мојот оф топик :D:D
     
    Последна измена: 5 април 2017
    На sj *O*, buba4e89, I I и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Јас искрено мислам дека не те мразат туку дека не си доволно близок со никој, поради тоа не се замараат со тебе и ни ти посветуваат внимание а ти тоа го разбираш како да те мразат. Дури и да те мразат, за тоа сигурно постои некоја добра причина. Никој никого не мрази туку-така, ете тргнувам од себе, зошто да мразам некој кој не ми направил ништо лошо? Може да има на пример одбивно однесување па да го избегнувам и да не сакам да сум во негова близина но сепак тоа е далеку од омраза. Поработи на себе и преиспитај се дали коректно и фер се однесуваш кон останатите.
     
    На sj *O*, Em.Emily и augustd им се допаѓа ова.
  8. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може сите да те мразат. Ај некои, ама баш сите.?.. Баш сите?
     
  9. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    99% Ме мразат, Јасно е дека е во мене проблемот јас несум никој и ништо.
     
  10. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    21.313
    И ако психолозите на државна за 60 ден. што работат биле никакви тогаш дечкото да чека на форум да му дадат совет ?
    Дали знаете и се читате што пишувате некогаш?

    За ваква сензитивна работа само помош од стручно лице.

    И јас го приметив дечкото дека во неколку теми уште од по одамна го зборува ова.
    Или побарај си стручна помош или довери се на родителите.
    На форум до немај каде ќе се исправат криви дрини и ќе ти кажуваат оти психолозите не ги бивало, ко да тука на форумов многу стручни има па ќе ти помогнат.
    Ако стварно ги имаш тие мисли тогаш не седи по форуми туку побарај веднаш помош од стручни лица.
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Наместо да се окривуваш дека проблемот е во тебе подобро земи работи на себе и подобри се..Но, не во нивна полза туку во своја ;). Кога ќе застанеш пред огледало самиот да си речеш браво за тебе, зашто никој друг нема да ти каже браво бидејќи не им е гајле. Тоа што нон-стоп истото го зборуваш не ти помага.
     
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Зарем ти живееш за другите што ке кажат?зарем не гледаш да си го средиш проблемот со самиот себе,него гледаш дали другите ке те гледаат добро или лошо?Пријателе психијатарот е и измислен за ЛУЃЕ,јас не гледам ништо лошо во нив,баш напротив тие се добро за народот кој си има проблеми со самиот себе а неможе да најде решение.Слободно оди си ич да не ти е гајле како другите ке речат,па и на крај краева никој немора да знае дека си бил,ќути си и не кажувај на никој дека си бил на такво место.
     
    На Someonespecial и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  13. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Овој уште плачи на форумот за девојка и за другарите.Јас шо да речам шо останав сам без родители на 20 години,морам да работам,да студирам,се сам да плаќам.Како не бев на твоето место
     
    На simonka93, sj *O*, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Истото го доживеав и јас само не на 20 него на 23 години,никогаш не се предадов а нема ни да се предадам,само напред и јако и све ке си дојде на свое место.
     
    На simonka93, Chica.Loca, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Никогаш искрено не би отишол на психолог и така лошо мислење луѓето имаат за мене то че биди врв
     
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Зошто така гледаш на посета на психолог?
    Тоа ти е посета како и кај секој лекар специјалист. Разговорот си останува меѓу вас.
    И зошто толку се замараш што ќе речат другите??
     
    На cresa-jagoda и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  17. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Што кога сите те мразат? Па ако сите те мразат веројатно проблемот е до тебе, или евентуално имаш умислено дека си многу битна личност па затоа сите те мразат. Јас мислам дека треба секоја од нас пред да го впери прстот во некој друг дека е лошиот дека ве мрази, да се запрашаме дали можеби проблемот е во самите нас односно вас.
    Ако тргнеме дека не постои човек кој вели за себе дека не е во право, голема е веројатноста да грешката биде некаде во вас.
    Со таа мисла дека не сме ние тие кои грешат туку другите всушност си правиме еден ментален штит плашејки се од промени и уживајки во улога на жртва.
    За да пластично го објаснам ова ќе го споредам со некои психички заболувања каде болниот одбива да се соочи со проблемот и сопствените стравови туку секогаш наога изговори дека од утре почнува со решавање на пробемот и така секое утре се претвора во наредн утре и така во недоглед, потоа наога вина во другите дека не го разбираат....
    Јас сум особа која ужасно мрази да се жели или ужасно ми пречи таа улога на жртва, секогаш се обидувам недоразбирањето да го решам низ разговор па ако сум згрешила да кажам извини, тоа е подобро отколку да се играме расипан телефон.
    Инаку зборот извини делува ужасно тежок само првиот пат, додека не сфатиш во главата дека тоа не е слабост туку всушност да знаеш да кажеш извини значи всушност деа си изградена личност а не кукавица.
    Мене не ме мразат лугето, има луге кои не се согласуваат со мојот начин на функционирање и се обидуваат да ме вратат во некој стандарден калап, но тоа не значи дека тие луге не ми сакаат најдобро туку напротив.
    Да мразиш некого е голем збор го користиме често несвесни за неговата огромна тежина. Денес многу зборови мегу кои и те сакам го изгубија неговото вистинско значење па се изговара премногу лесно.
    Ослободете се од омразата во вашата душа и ќе сфатите деа никој не ве мрази туку само има луге кои не го делат вашето мислење.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Како ке знаат луѓето дека ти си бил на психолог?
     
    На cresa-jagoda и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  19. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Не можи баш никој да не разбери.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    и така имаат луѓето лошо мислење за мене па одењето на психолог би било бинго за нив