@Mr. Right типот уствари е пубертетлија и сака социјално признание за да се чуствува подобро затоа уствари и тука полемизира животна фрустра и хејт. Кога прочитав дека има 17 години уствари ја разбрав динамиката, претходно мислев дека е над 22. @Rakometar сине релаксирај се малку, иди у планина гушкај дрва смеј се као ментален и прави што ти душа сака. Социјалниот притисок знам дека некогаш е прејак и праи да имаш чудни мисли али 100% планина е решението за да го канализираш стресот. Не кенкај као задњо прасе и удри си два шамара. Не е срамота да си невин на 17. Срамота е да се убиеш на 17 години ради саможалење. #Во спротивно Ако не идеш малку у планина и природа да се релаксираш ќе продолжиш да токсицираш луѓе наоколу као млад вампир што не знае што е и нема да направиш ништо позитивно.
Уште си тука? Па сите ти поставивме прашања, јас на пример ти пишав толкав пост, не ме удостои ни со лајк, бар да знам дека си го прочитал. Очигледно не бараш помош, туку уживаш во улогата жртва.
Мене ме интересира зошто си толку арогантен кон тие што сакаат да ти помогнат и самиот ти бараш совет? Ракометарче тебе никој не те мрази човече ти имаш преголема омраза во тебе ослоби се од неа сите ти дадовме совети и во темите и по лп бар не возвраќај на таков начин..
Мислам дека не сум арогентанен ако некој се почувствувал навреден се извинувам. Можеби и арогантноста е мојот проблем.
Омразата е потценета емоција и искривено претставена од разни религии. Не треба да се гуши туку да се насочи онаму каде што треба. Значи не по самарот туку по магарето, тука е најтешката замка. Ако те мразат, мрази ги и ти нив.
Нема шанси баш до толку сите да те мразат... и најзлобен да е човек (ништо лично), ќе најде некоја сродна душа и ќе се дружат или слично. А, доколку веќе мислиш така, јас би го побарала проблемот во себеси. Би се запрашала што толку другите се подобри од мене, физички или карактерно и прво би тргнала од себе. Би направила една листа со особини кои сакам да ги променам кај себе и би поработила на тоа. Исто така би се запишала на некој спорт, некој курс или слично каде што ќе запознаам нови личности и ќе им ја претставам мојата нова страна. И, знаеш како велат... тие по мене со камен, јас по нив со леб...
Мислам дека навистина се џабе коментариве. Во право си @Mr. Right (ама ти се погоди ников ), и јас го забележав истото што и ти. Буквално сите кои му имаат напишано реферати (вклучувајќи ме и мене) - махерски ги скока, и само се појавува со по некој патетичен коментар, вртејќи ја истата работа, тој бил ништо, не вредел, не го сакале. Си бара внимание, нема како попродуктивно да го искористи времето, и тоа е тоа. Секое чудо за три дена, ќе му помине досадата, ќе ја заборави и темава, и ќе продолжи да си се препуцава со форумџии на други теми... и така.
Физички така така сум има и подобри, Ако збориме искрено имам многу тежок карактер некој еден збор што не ми се допаѓа да кажаи можам да тупам за тоа нешто со недели
Од секој од нас има некој што физички е подобар во поглед на карактерот, нормално дека е во тебе проблемот и мораш да тргнеш од себе доколку сакаш и на другите да им се допаднеш... Еве на пример, прво на листата нека биде: ДА НЕ ТУПАМ ЗА НЕШТО СО НЕДЕЛИ, НЕКОГАШ ДА ЗНАМ ДА ПРЕМОЛЧАМ
душичке и јас имав слична ситуација на твои години иако не отидов во друго школо а требаше....ако сакаш пиши ми лп ќе ти помогнам колку шо можам
Ракометар ти имаш проблем што не се вклопуваш не е до другите. Кога ќе решиш да проработиш на себе и да разграничиш што е пристојно а што не можеби ќе живееш во подобар свет. Не се труди да го промениш туѓото туку своето. Ако од некаде треба са почнеш тоа е од себе си.
Ништо не сум ти пишала,ама сега ќе ти напишам. Наместо да седиш тука и да се жалиш, почни да работиш на себе. Искрено почна да ме нервираш со твоите мислења. Речиси сите теми ти се поврзани со тоа и речиси секаде кажуваш дека си решен да се самоубиеш. Прво научи да се сакаш самиот себеси, а потоа да бараш другите да те сакаат. И јас имав лоши периоди кога мислев да посегнам по својот живот, ама ми поминаа.
Немој да мислиш дека сите те мразат.Омразата е јако чувство а сите луѓе не се занимиваат со тоа тебе да те мразат.Имаш погрешно мислење и став.Можеби затоа што моментално си во период кој не ти дава други избори и позитивни мисли.Живееш за себе ,не за луѓето.Од олку луѓе на планетава сигурно има барем 10 добри,кои ке имаат прилично убаво мислење за тебе.Па за инат ке живееш,за се друго е многу лесно.Како можеш да пишеш дека ако не се промени нешто ке си го одземеш животот? Зарем не те радува самата помисла дека еден ден ке станеш татко,ке имаш нешто твое,семејство,љубов? Сите имаме лоши моменти во животот,добро е да знаеш да се избориш со нив.Па и не сакам сите луѓе да ме сакаат,сигурно сум тогаш луда,болна,или не знам каква,скраја да е..ова е лудо време,и да се одлучиш да се поклониш на светот,светот нема пред тебе...во секој случај продолжи да живееш..Верувај сите се доволно добро ''сјебани'' барем повеќе пати во животот за тебе да те исмејуваат...Играј го животот што те боли за остали..ајде само напред
@corapce Социјален притисок е вид на друштвено влијание во форма како отворена или прикриена принуда која ја врши социјалната заедница на поединецот. Социјалниот притисок може да биде во облик на експлицитна наредба, закана или совет, молба, општо согласување, имплицирано очекување од нормата на групата. Социјалниот притисок е средство за одржување на групна кохезија како и формирање и менување на мислења, ставови и однесувањето на поединецот.
дете шо напрај? овде сите навалија на тебе, барем да кажеше како оди работата...или досадно ти е па темава ти е чисто тролање..? толкаво мразење кон себеси не е здраво. размисли кај си згрешил, оти не е можно некој толку да те мрази освен ако не си згрешил кон него...или пак тој некој е искомплексиран. ко ќе сфатиш кај ти е грешката работи на нејзино исправање, наместо жалење. не е битно колку пати ќе падниш ама битно е дали ќе станиш потоа. биди сигурен дека има луѓе на светот што те сакаат и кои би можеле да ти бидат друштво. друштвото најчесто споделува исти или слични интереси со тебе. размисли кои се твоите интереси, тие нека те водат. ако си ракометар, оди на утакмици. ако читаш книги оди во библиотека. итн. исто важи и за наоѓање на девојка. сума сумарум, работи на себе. и ништо не е срамно ако побараш помош од психолог.
. It's a funny thing, how much time we spend planning our lives. We so convince ourselves of what we want to do, that sometimes we don't see what we're meant to do... За да стигнеш таму кај си планирал, почни полека уште од денес, со мали чекори без големи планови