Што кога си немоќен?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 2 јуни 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Ајде феминки, потребен ми е совет, потребен ми е ум, стратегија или што било да се излезе од оваа моја шах мат позиција, немоќ состојба....ситуација каде што има сила а нема правда, ситуација каде што
    си имаш работа со психијатриски случаи и ако реагираш било како, и со добро или со лошо, можеш само да си наштетиш на себе и на твојата фамилија..значи нема ништо да се постигне...:(

    Ситуација на врзани раце...седиш, гледаш, патиш, душа ти се раскинува....Не сум знаела дека најлоша работа на светот е да си НЕМОЌЕН;(

    Има ли некој што бил во ваква безизлена ситуација, немоќна???:(

    Велат Бог ни дал слободна воља за донесување одлуки..а јас што и да одлучам, па по мој грб ќе се удри:(
    Мораш да молчиш за да заштитиш свое а гледаш како пати некој друг..немоќен да помогнеш....луд е овој свет(facepalm)
     
    Последна измена од модератор: 2 јуни 2018
    На Osamena devojka, anageluska, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Да, очекував дека нема никој да напише нешто...шах мат позиција....седи. ќути и трпи си....
    како велат- од будалиот, паметниот бега:(
     
    На Dashing:), Rama, minneymouse82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    295.835
    Сум била немоќна и сум морала да трпам сечии будалаштини.
    Па и денес има такви случки.

    Јас лично - трпам.
    Немам висок праг на толеранција, ама бидејќи трпам , од надвор изгледа како да толерирам:)
    Се сретнувам со ,,психо случаите,, само ако морам.Ако морам секој ден, тогаш си ќутам.Ако ме вмешуваат знам да одвратам и да не учествувам во нивните глупоштини.
    Понекогаш мора да ќутиме, за свое добро и доброто на фамилијата.

    Само едно да знаеш - тркалото се врти:)
     
    На Rama, SummerGirl, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Тркалото се врти душо, ама додека се заврти, отиде и здравјето..катастрофални последици непоправливи останувааат....Многу тешка состојба е кога си во нешто оневозможен,кога немаш решение, кога не смееш да го спроведеш и да го имаш..меч со две оштрици:(
     
    На Hellobeautiful, Rama, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Штом си немоќна,не е време да се превземе нешто,само трпение.
    Најтешко е навистина да бидеш трпелив,особено при очигледна неправда.
    Ако си со чисто срце и намери,ќе го почувствуваш моментот во кој е можна правилна акција.
    Решението понекогаш доаѓа само од себе.
     
    На Hellobeautiful, Rama, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    15.641
    Пол:
    Женски
    Што знам.... Јас сум човек што игнорира , и ги игнорираам тие луге .. Продолжувам со својот живот (тешко но одам напред)
    Има некој инает во мене , некогаш знам да возвратам силно и дрско и не отстапувам од моите мислења !
    Но игнорирањето (не ги рецкаш ни 1%)и живеењето својот живот е најдобра опција .
     
    На eliesaab, Dashing:), Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Машки
    Не сфатив за што конкретно бараш помош?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Помош за давеник во неправда, совет за неправда и злоставување кое го гледаш секојдневно а неможеш да помогнеш, несмееш да се побуниш оти многу усијани глави со краток фитиљ едвај чекаат за гуша да се фатат...безизлезна...нем сведок во живот во кој гледаш тортура ама за нечиј туѓ мир и ти веднаш глава.

    Незнам дали ме разбра...ако би работеле како треба правните и социјалните служби во оваа држава, можеби и ќе има решение за проблемот, но сепак ќе стои стравот дека еден ден ќе дојде за освета.
     
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Машки
    Да, ама ти пак не даваш конкретен пример. Кој те дави, кој те злоставува, зошто те злоставува, кои се тие усијани фаци, зошто се усијани, ти претат ли и така натаму.
     
    На g8lQQk и stilas7 им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Неможам точно проблемот да го опишам, затоа и прашав како да останеш паметен во ситуација која е тешка и безизлезна...дали е можно такво нешто, дали да оставиш судбината сама да го реши проблемот, но така ќе имаш вина на душа..или пак да се побуниш и да направиш војна!?
     
    На Dashing:) и Dadusicka им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    54.902
    Пол:
    Женски
    Доколку твоето семејство не е засегнато директно, ја би ти рекла да стоиш на страна.

    Сите сме возрасни личности и наше е да се избориме со проблемите и препреките. Не можам ниту јас, ниту ти, ниту останатите да се грижат за сите проблеми на овој свет.

    Ако ти си трета страна во ситуацијата, постои можност да го извлечеш подебелиот крај, иако имаш добра намера. Освен ако директно не побараат твоја помош, остани нем сведок.
     
    На Rama, stilas7, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    Игнорирај не фермај жива сила, отиди на одмор некаде или пресели се да живееш сама, не се замарај со будали.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.968
    Пол:
    Машки
    Кога си немоќен до тебе треба да имаш позитивна будала со лудачка енергија за да те мотивира и да собереш сила од петни жили. И не чекај Бог да ти помогне само , треба и сама да си помогнеш за и тој да ти помогне. Поради таква будала што чекаше Бог да му помогне без да ја прифати мојата помош за да му го спасам животот сега ме јаде јанѕа бидејќи не знам што стана со него. И сега мене потсвеста ме уништува бидејќи се си мислам дека можеше да биде поинаку, иако што сторив се што можев да го убедам. Ај да ве насмеам со една култна сцена од еден култен филм.

     
    На Rama, Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    31.314
    Пол:
    Женски
    Во ситуации кога си немоќен се претвараш во нем сведок и набљудувач
     
    На Dashing:), minneymouse82 и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.760
    Допаѓања:
    54.357
    Пол:
    Женски
    Со добар дилер нема немоќ. :D Добро ти кажува Raf.
    Ма батали сѐ што е негативно, смени тоа очилата со кои гледаш на светот, стегни заби и речи Јас можам сѐ. :muscle: Нема пасивност и немо гледање одстрана. Ако нешто можеш да промениш, искористи ги сите средства за да го промениш, ако не можеш, тогаш батали и не се замарај со тоа.:sun: :handshake:
     
    На Rama, baba Rada и RAF Camora им се допаѓа ова.
  16. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    5.895
    Јас ти препорачувам да се избориш за своите права смирено и мудро. Сепак се тоа основните човечки права :праведно судење, право на слобода,на социјална заштита,слобода на мисла,став,мислење. Барај соодветни средства и алатки. Човековите права и слободи постојат за луѓето да можат да живеат среќни и исполнети животи и важат за сите без разлика на потеклото или положбата во општеството :muscle:
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.284
    Пол:
    Женски
    Само ќе гледаш што се случува и ќе се јадосуваш. :(
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    На голема жалост, трагедија права, тоа и правам во моментов, седам, гледам и се јадосувам:(8-|:)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.384
    Допаѓања:
    13.611
    Пол:
    Женски
    Во поглед на поимот немоќ од психолошки аспект, би прокоментирала дека контролата претставува многу релевантен елемент за психолошката благосостојба и психолошкото здравје за човекот.

    И како што сум убедена дека случувањата во нашите животи не секогаш зависат од нас, со оглед на тоа дека се работи за статистичка не/веројатност, одредени луѓе тешко ја поднесуваат таа нова ситуација каде не ги држат сите конци во своите раце и покрај тоа што се приморани да се адаптираат на неа.

    Меѓутоа, постојат две извори на контрола во нашите животи: избор и моќ.

    Мотивот за контрола кај човекот е толку важен во неговиот живот, што изборот и моќта можат да се заменуваат една на друга.

    Логиката овде е мошне јасна - Ако целта која им е важна на луѓето е контрола, тогаш во ситуациите каде луѓето се немоќни, треба да бараат ситуации кои им даваат повеќе избори. А во ситуации каде луѓето имаат ограничени избори, треба да бараат моќ.
     
    На ana992, Feminka192, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.290
    @baba Rada na zalost nemokta e del of sekojdnevieto so koja treba da se naucime da ziveeme.
    Sto si po vozdrasen toa poveke imas razbiranje za okolnostite pod koj se slucila taa nemok.
    80% of zbidnuvanjata vo nasiot zivot se bez nasa kontrola, "nekoj za nas I vo nase ime gi ureduva".
    Trpenie e resenie za mnogu nesta.

    Nemokni sme bile site vo najrazlicni situacii, no najgolema mudrost e trpenieto I zatvorena usta.
    Of koga nauciv da sum trpeliva I da si zakutuvam proprateno so milen pogled I mala blazena nasmevka, zivotov mi se promeni, na podobro kon odlicno. Da izigruvam Goce Delcev, zrtva da pagam demek svetot ke go spasuvam, ni sum bila ni ke bidam nit pa gledam deka tie sto zivi vo ogan se frlaat uspeaa nesto.
    Rabotite treba da se pustat vo samokontrola, mislam, ostavi vremeto da resi sto ke bide. Vo meguvreme (10-20 god) nekoj nesto rekol, napravil I rabotata sama si nasal svoe mesto, bas onaka kako treba da se resi, a ne kako jas vo toa vreme sum mislela deka e najdobro resenie.
    Imalo niza raboti na koj sum bila nemokna da pomognam. Gledas preku staklo kako roditel ti umira , a toj samo 50 god, nemoken si, taka mora da bide. Pa vo toa vreme smisluvas sto bi bilo ako bi bilo, da 6 meseci po negovata smrt svatis deka toa bilo najdobro resenie, se drgo bi bilo pekol za site ostanati, a najveke za nego.

    Kolektivna nepravda;
    Od cista mira dosle gi porobile, istepale, Im nametnale kultura, jazik, hrana...... I ete bas taka gi drzat vo transparentno zarobenistvo so vekovi.
    Zemja kade dominantno naselenie e so izrazito temna koza ti se pojavuva doktorka, stiklosana sto e najvazno so race vo dzebovite of mantilot, super bela. Taa prezima se, a domorodnite se sestri, bolnicari,.... Navidum se slobodni I demokratski funkcioniraat, a doktori, advokati,... nemozat da bidat. Kako be majko mu of 4 mill. narod samo vo toj grad, eden ne se najde tolku pameten da moze da bide doctor.
    Abe vesti citaat samo beli luge, a na ulica nigde bel covek nemozes da vids.
    "What the f*ck".
    Toa e, kuti, trpi I rakopleskaj, eden den nesto ke se resi.

    Nesto citam "ignoriraj".

    Tamu kade emocii se razvivaat, bilo toa da se pozitivni ili negativni, nema teoretski ni tu pak prakticni sansi da se "ignorira".
    Nemozes da ignoriras nesto sto te prati vo mislite, koe ne ti dava da zaspies, koe na bilo koj nacin go objasnuvas preku sonot, koe ti go odzema lepceto of usta,.... Mozes samo da se obides da go odlozis za nekoe drugo vreme prietno da te iznenadi so sosema drugo resenie nego tvoeo segasno, "edinstveno I najdobro".

    Vreme I samo vreme e edinstvenoto I najrelevantno resenie. :nod:
     
    Последна измена: 7 јуни 2018
    На baba Rada и Thallia им се допаѓа ова.