Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога те споредува со неговата мајка?

Дискусија во 'Врски' започната од 2468, 27 јануари 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до сега ниту еден ме нема споредено со неговата мајка-можеби затоа што сум премногу различна од нивните мајки, се надевам во позитивна смисла
    неколку пати само еден од бившите ми кажуваше дека како и правел со косата на мајка си и тоа е се
    а еднаш капката ја прелеа чашата во секунда со сегашниов и кога се изјаснив дека не можам да ја поднесам, ептен се навреди, и дури и подарок и купив за да се извинам :) иако на жената не и беше јасно што се случува, а изговор беше мал знак на внимание :D
     
  2. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    А замислете некој да и речи на девојката дека таа ништо не знае како мајка му. :shake:
     
  3. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    до сега тоа не ми се има слушено :)
     
  4. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Мене дечко ми знае да ми каже (ретко) дека за некои работи сум како мајка му, и не ми пречи тоа е комплимент. Сепак таа е жена која никој неможе да ја замени, мајка му е. Штом споредува значи дека му значите многу повеќе.
    Ако споредува со мајка е добро. Но ако почне да ве споредува со бивши тогаш секирајте се.
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Секогаш, ама секогаш мама ќе биде подобра од жената/девојката. Ретки се случаите кога е девојката или жената подобра. И јас бев добра, еднаш :lol: Конечно да признае дека и јас знам да направам нешто поубаво од мајка му :D :D А често знае да каже: ете зашто се погодувате вие две - исти сте, имате исти размислувања за некои теми, па си се погодувате. А, и навистина е така. Ама, има и теми за кои не се согласуваме воопшто, како на пример денес. Не реков ништо, ама не се согласувам со нејзиното мислење, воопшто :D И нека ме споредува, не ми пречи.
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Јас кога го карам или советувам за нешто ми вели: Добро мамо :D

    Ме слуша повеќе од мајка му, тоа е добар знак :D Илииии, делам добри совети, мајчински за негово добро.

    Додуша на сите делам мајчински совети :wasntme: :lol:

    Шала на страна, такви споредби е лошо да се прават, па и било какви други. Сепак мислам дека тоа најмногу зависи од мајката, затоа што најчесто родител како родител така го воспитува своето дете, во случајот она го воспитала така да се однесува, контролира со каква девојка синот излегува и тн. Широка тема за дискусија, и секој пример е различен.
    Ако мајката прави се' од себе да се идеализира пред синот, значи не е подготвена да го препушти на друга жена за да може да влезе во неговиот живот. А синот во тој случај оди во потрага кон девојка која има најблиска сличност на својата мајка.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш би му рекла дека во таков случај нема место за нас двете во неговиот живот и би си заминала пошо да се изјасни така значи дека нему му фали нешто, не на мене.
     
  8. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    мама си е мама незаменлива или баба му ова или она го готви феноменално
    САМО ВО КРЕВЕТ СУМ ЈАС СО НЕГО
    мое мислење е дека немозам јас да му го заменам мислењето кое го имал 20 и кусур год како најдобро
    а тука се и разлики во готвења секоја кука има разлицно некоја става зацин др несто др.........
    јас за одредени јадења кои ги обозува од мајка му му велам иди кај мајка ти нека ти го зготви
    и не се замарам тој ден сум слободна не сум во кујна и немам кавги со него или доказувања кој е подобар
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    jas mislam deka toa im se zdosaduva na niv i ne sakam nikogas a i nikogas ne me sporedil so negovata majka.Zenata e ok neam nisto protiv no ednostavno sakam da bidam svoja i toj go saka istooto i ocigledno e podobra sum od negovata majka :!: . Mi ima kazano da ne se menjam i deka naskoro ke pocneme da ziveeme zaedno :) odvai cekam :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    јас и мајка му сме слични ама различни..има некој работи многу го потсеќаат на неа..а има моменти коа сротивно е се.коа се спрема слава обавезно идам да помагам и секогаш коа ќе ме види со нејзе во кујна се топи буквално.
    единствено не се согласуваме со некои теми пр.одмор, роденден, свадба..и тогаш јас зборам едно она друго и неможе крај да ни најде

    јас си ја сакам жената и искрено би сакала да го потсеќам на мајкаму пошо он и се восхитува буквално, она има кариера добра, чува внуци, маж, деца,свекор и свекрва, редовно ги посетува нејзините(пошо не живеат во ист град, имам еднаш отидено) итн. и никогаш ја немам чуено да се пожали..
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.340
    Пол:
    Женски
    Не ме споредил, ама не би ми сметало да ме спореди. Иако не ја знам мајка му многу добро, ми се гледа за фина жена, баш е мила како мајка. Ме има споредено со мајка ми (поточно дека се претварам во неа) и тоа многу не ми праи кејф, ама генетика што да се прави... :lol:
     
  12. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Јас сум јас.Што знам,кога би ме споредувал можда и би ми сметало,а може и не.Не дека таа е лоша жена,далеку од тоа.Баш напротив,женава си ја сакам меѓутоа,ниту јас можам да ја заменам неговата мајка во смисла да се ставам на нејзино место,ниту пак таа мене може да ме замени.Секој си има свое место во животот.
     
  13. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Бившиот стално ама баш стално ме споредуаше : Мама вака би напрајла, мама тоа не го прај така, да беше на твое место мама вака би рекла, мама никогаш не го прај тоа, мама ова мама она..епа ој земи ја мама нек ти биди жена :D
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене не мe споредувал, зошто сум неспоредлива. :emo: :lol:
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    До сега ме нема споредено но би ми мило голема чест кога би ме споредил со мајкаму бидејки е прекрасна жена Жена - борец за своето семејство и жена во вистинска смисла за зборот Едно големо браво за таа жена жена за гордост е ....
    инаку незнам зошто ви смета кога би ве споредил со неговата мајка па вие сте тие две жени кои што најмногу ве сака во животот подобро ли е да те спореди со девојка на другар му ??? или со некоја кошика ????? СЕКАКО ДЕКА НЕЕЕЕ !
    ТАКА ДА радувајте се кога ве споредува со мајкаму бидејки мајкаму сигорно многу ја сака како и вас !
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    никогаш не ме споредил со мајка му зошто нема што да споредува различни сме како ден и ноќ, но често ме споредува со мајка ми :D што ужасно ме нервира ама знам дека само ме зеза. кога ќе му речам крени си ги чорапите или земи отвори да се проветри ќе рече добро Стојне :D

    исто никогаш не кажал мама вака прави или онака, ако нешто правам поинаку да речеме јадење кое незнаел дека се прави и на друг начин само внимателно ќе рече ее ова вака може? не сум знаел... :D и ај ќе му речам а мајка ти како го правеше и ова она... :D ама одговара многу кратко. кај нас за жал постои ситуација што ние не сакаме да бидиме како нашите родители и воопшто не се споредуваме.
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не за жал, туку настојуваме да бидеме подобри и од нив :)

    Не ме споредил али ако ме спореди (недај Боже) ќе добие кутлача во глава и ќе ми светне сијаличка дека сеуште не се оделил од папокот на мама и ќе дојде во конфликт со мене :geek:

    Ова нешто слично кога девојките бараат дечко/маж да го препознаат нивниот татко во нив. Пораснете веќе еднаш.
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ке си ги собере парталите и деф ке се сторе :D :D :D
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило да ме спореди, ама ако се обиде прво би му направила еден добар муабет, а ако продолжи ќе почнам да го споредувам со некој другар или колега од работа, да осети :lol:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Уште нема таков момент дојдено, ама кога ќе дојде, ќе се подзамислам малку.